Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Мичел Робинсон даде свој придонес за прва НБА титула за Њујорк Никс по навистина долго време, но веќе не е дел од актуелниот шампион. Медиумите потврдија дека Робинсон постигнал договор за тригодишна соработка со Бостон Селтикс и се сели во големиот ривал на Никс, кој за него ќе одвои 47,7 милиони долари. Во шампионската сезона, Робинсон одигра 60 натпревари и имаше важен придонес за екипата, додека во плејофот заврши со просек од 4,8 поени и ...
Англиската фудбалска репрезентација има негатива на полувреме на дуелот со ДР Конго во нокаут фазата на СП 2026, а дел од поранешните фудбалери сметаат дека Хари Кејн требало да добие пенал во спорната ситуација во финишот на првиот дел. Кејн имаше контакт со голманот Мпаси, но судиите проценија дека истиот бил инициран од напаѓачот, кој ги постави нозете, очекувајќи сценарио во кое неговата репрезентација ќе добие удар од белата точка. Алан ...
Нотингем Форест ќе има нов менаџер во новата сезона, а англиските медиуми тврдат дека веќе е познат наследникот на Витор Переира. Португалскиот стручњак преговараше за продолжување на соработката со „шумарите“, но тој и клубот дефинитивно не успеале да пронајдат компромис и Переира ќе ја напушти клупата на поранешниот европски шампион. Негов наследник би требало да биде Оливер Гласнер, австрискиот стручњак кој успешно го водеше Кристал Палас, ...
Новото раководство на Јувентус почна да повлекува први потези во однос на преодниот рок, па наскоро се очекува официјализирање на трансферот на талентиран напаѓач на Џенова. Се работи за 19-годишниот Џеф Екатор, кој минатата сезона постигна три гола во Серија А, но со својот талент и предиспозиции, го привлече вниманието на поголемите клубови. Екатор е напаѓач кој одговара на барањата на тренерот Лучијано Спалети, а оди и во прилог на желбата ...
Раководството на Челси реагираше експресно во завршните моменти од преговорите на Аталанта и Интер за Марко Палестра и на крајот успеа да го добие потписот на италијанскиот репрезентативец. Десниот бек доаѓа за сума од 47 милиони фунти, од кои дел се во вид на потенцијални бонуси и е прво официјално засилување во ерата на новиот менаџер Чаби Алонсо. 21-годишниот фудбалер потпишал шестгодишен договор со Челси, а Аталанта уште еднаш одлично ...
Јаник Синер денеска не мораше да игра пет сета за победа на Вимблдон, но доби сериозен отпор од Нуно Борхес. Во првиот сет Италијанецот не можеше да дојде до брејк против португалскиот ривал, но во тај-брејкот беше подобар со 7:4, а во вториот сет мораше да враќа брејк, за подоцна повторно да издоминира во тај-брејк завршницата. Третиот сет донесе еден брејк повеќе за фаворитот и резултат 6:4, па Синер по 154 минути игра се пласираше во ...
Лос Анџелес Клиперс прифатиле да се разделата со својата голема ѕвезда Каваи Ленард и ќе го испратат искусниот кошаркар во редовите на Торонто Репторс. Ленард се враќа во тимот со кој освои НБА титула во 2019 година, а за возврат Клиперс ќе ги добијат Брендон Инграм и Грејди Дик, како и уште неколку пикови за наредните драфтови. Ленард беше лидер на Торонто кој во 2019 година ја освои титулата победувајќи го Голден Стејт во финалето на ...
Калин Ивановски одлично го започна на силниот фјучрс во Скопје, победувајќи го уште на стартот првиот носител на овој турнир. Најдобриот македонски тенисер имаше сериозен ривал против себе, а тоа е рускиот тенисер Андреј Чепелев, но со доминантна и сигурна игра, стигна до посакуван триумф без загубен сет. Во првиот сет му беше доволен еден брејк за конечни 6:4, додека во вториот, Ивановски набрзина направи два брејка, а до крајот рутински го ...
Во период кога цела германска јавност пишува и зборува за новото мундијалско разочарување кое го режираше националниот тим, нормално е да пристигнат реакции од фудбалери кои во минатото со успех го носеа дресот на „Ди Маншафт“, а таков сигурно е и Михаел Балак. Германија повеќе од една деценија го бара својот идентитет и постојано се губи во почетната фаза на Светските првенства, но третото големо фијаско во низа отвора прашања кои ќе мора ...
Килијан Мбапе пишува нова историја на мундијалите од својот прв наста на Светските првенства кога ја освои титулата со Франција пред осум години, а сега после 18 одиграни натпревари на најважниот турнир во светот, актуелниот капитен на „триколорите“ има 18 постигинати голови. Мбапе почна да го добива епитетот „господи Светско првенство“ поради неверојатната гол-статистиката која ја има на мундијалите, но додека цела јавност говори за тоа и ...
Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус ...
Франција се прикажа во ново фуриозно издание и запиша четврта победа на ова Светско првенство, турнир на кој се обидува да дојде до трето финале во низа на Светските првенства. Со четвртиот триумф „галските петли“ изборија место меѓу најдобрите 16 во светот, но во ситуација кога јасна цел е големото финале и титулата до Светското првенство, мора да се посочи дека според прикажаната игра, избраниците на Дидие Дешамп полека се издвојуваат како ...
Един Џеко му правеше друштво на Сергеј Барабрез на официјалната прес-конференција која ја одржа Босна и Херцеговина пред натпреварот со Америка, натпревар кој добива дополнително на жар поради провокативните изјави кои доаѓаат од САД. Американските медиуми и експерти целосно ја потценуваат балканската земја и во мислите веќе се во осминафиналето, а бидејќи такви најави пристигнуваа и од Италија пред фамозното бараж финале, јасно е дека ова ќе ...
Станислас Вавринка и Матео Беретини го одиграа убедливо најдобриот и најквалитетен меч во првото коло на Вимблдон, а како квалитетни играчи кои се борат за различни цели во овој момент, на крајот победи помладиот Италијанец. Поранешниот финалист на Вимблдон славеше после четири возбудливи и драматични сета во кои постојано имаше тајбрејк завршница, па со оглед на тоа што нивото на тенис кое го понуди Вавринка беше импресивно, новинарката која ...
Карло Анчелоти ужива во својата улога на лидер на бразилскиот тим, а откако „кариоките“ се пласираа во осминафинале на Светско првенство, дојдоа и моменти за мало опуштање. Анчелоти ја врати бразилската репрезентација на посакуван колосек и засега се оди според планот, но покрај тоа што се обидува да наметне системи од Европа кои можат да им помогнат околу тактичката дисциплина, Италијанецот сепак не сака да им ја одземе магијата која ја ...
Тони Крос фудбалски се одјави во репрезентативниот дрес на Германија на Европското првенство кое се одигра пред две години, а ако тогашниот настап на „панцирите“ беше окарактеризиран како задоволителен, овој на Светското првенство во САД, Мексико и Канада добива тежина на големо фијаско. На трет мундијал во низа, четирикратниот светски шампион се покажа во ужасно издание и добивме потврда дека германскиот тим веќе не важи за фудаблска ...
Американската јавност со голема доза на потценување гледа на Босна и Херцеговина и дел од медиумите очекуваат висока победа на „змејовите“ во 1/16 финалната рунда, но пред да дојде ред да се игра мечот, своја шанса за давање изјави добија и претставниците на балканската земја. Посебно провокативен во најавите беше Тим Хауард, а како поранешен прв голман на Манчестер Јунајтед, неговите зборови силно одекнаа во светската спортска јавност. – – ...
Раздвижувањата во Мото ГП започнаа со потврда од Дукати дека нов тандем за наредната натпреварувачка сезона ќе бидат Марк Маркез и Педро Акоста, а уште во тој момент се знаеше дека тоа ќе предизвика домино ефект во падокот. По првиот повлечен потег од Дукати, пристигна информација и од Априлија за промена во возачкиот кадар за следната натпреварувачка сезона, која ќе биде посебно интересна и поради промена на агрегатите од 1000 на 850 кубни ...
Златан Ибрахимовиќ не жалеше премногу поради елиминацијата на Шведска од едноставна причина што смета дека ова е голем успех за тимот со оглед во каква ситуација беше пред само неколку месеци, а покрај тоа што даде признание за работата на Грем Потер, не криеше дека неговата селекција едноставно не можела да и парира на моќната Франција. „Триколорите“ со прикажната игра во досегашниот тек на турнирот се истакнуваат како најсериозен кандидат ...
Играчите кои оставија својата трага во македонската кошарка дефинитивно треба да бидат дел од развојот на спортот во нашата земја, па водејќи се по тоа правило, луѓето од Федерацијата сега му доделија важна улога на Предраг Самарџиски. Поранешниот центар кој беше дел од извонредната генерација на Македонија од вчера е дел од подготовките на младинската репрезентација на Македонија, пред која се настапи на Европско првенство во Б дивизијата. – ...
Тјери Анри продолжува со своите стручни анализи на Светското првенсто, а вчеравечер имаше шанса одново да гледа нов извонреден перформанс во живот на Мајкл Олисе. Иако Килијан Мбапе постигна два гола и го понесе МВП признанието, за Анри повторно играч број еден во францускиот тим беше ѕвездата на Баерн, за која полека му почнуваат да му недостасуваат зборови во обид да ја објасни неговата класа. Олисе креираше безброј стопроцентни шанси и ...
Германскиот тим кој е надалеку познат како „Ди Маншафт“ режираше уште едно големо разочарување за цела нација, бидејќи наспроти сите големи желби за добар резултат после 12 години, следеше ново фијаско кое е топ тема во земјата. Германија доживеа болна елиминација од Парагвај во пенал рулетот и многу рано завршува трет мундијал во низа, а во период кога ќе се бараат одговори на важни прашања во Федерацијата, легендарниот Лотар Матеус реши да ...
Златан Ибрахимовиќ не жалеше премногу поради елиминацијата на Шведска од едноставна причина што смета дека ова е голем успех за тимот со оглед во каква ситуација беше пред само неколку месеци, а покрај тоа што даде признание за работата на Грем Потер, не криеше дека неговата селекција едноставно не можела да и парира на моќната Франција. „Триколорите“ со прикажната игра во досегашниот тек на турнирот се истакнуваат како најсериозен кандидат ...
Германската спортска јавност повеќе од 24 часа пишува за новото мундијалско фијаско кои го режираа „панцирите“, но исто така има и луѓе кои бараа одговор за поништениот гол на Џонатан Та, погодокот кој можеше да го однесе фаворитот во осминафинале. Стоперот постигна гол пред крајот првото продолжение и во прв момент сите се израдуваа на погодокот, па иако Парагвајците не се бунеа и главниот судија не забележа ништо, луѓето во ВАР детектираа ...
Периодот на Марсело Биелса во уругвајската фудбалска репрезентација беше исполнет со турбулентни и тензични моменти, а откако тимот доживеа фијаско на мундијалот, повеќе од јасно беше дека искусниот стручњак става крај на тригодишната етапа во оваа јужоамериканска земја. Биелса се соочи со огромни критики уште пред мундијалот кога реши да се откаже од фудаблски легенди како Луис Суарез и Единсон Кавани, проблемите продолжија со разочарувачки ...
Франција има неверојатно добри и моќни играчи на секоја позиција на теренот, па во ситуација кога двајца играчи се борат за едно место во стартниот тим, Дидие Дешамп има слатки маки кои најчесто знаат да донесат и незадоволство кај одредени поединци. Францускиот тим изгледа посебно брутално во напад каде има голем број ѕвезди како Мбапе, Олисе, Дембеле, Дуе, Баркола и Шерки, но овој последниот добива најмалку минутажа на овој мундијал. Шерки ...
Мексико игра како по ноти на овој мундијал и во секоја можна гледна точка ја користи предноста од домашниот терен, па така селекцијата која добива огромна поддршка од 80-илјадна публика на секој натпревар ќе ја гледаме и во осминафиналето. „Ацтеките“ се погрижија за делириум на „Ацетека стадионот“ уште во раната фаза на мечот против Еквадор, а во главна улога повторно беа играчите кои се истакнаа и во групната фаза. Кињонес со проектил го ...
Ерлинг Халанд делува застрашувачки добро на својот дебитантски мундијал, па како еден од лидерите на Норвешка, тој и соиграчите го повторија историски најдобриот резултат на оваа земја. 28 години по осминафиналето кое го играа „викинзите“ во Франција, Норвешка ќе биде дел од фазата од 16те најдобри светски селекции и во САД, Мексико и Канада, а предизвикот во оваа рунда ќе биде навистина голем. Норвешка вкрстува со Бразил и тоа ќе биде ...
Германија важи за една од најголемите светски фудбалски сили, но она што е очигледно и поткрепено со резултати е дека ова земја од 2014 го губи сјајот, поточно не е репрезентација од која сите треба да стравуваат. Од освоеното СП пред 12 години, Германците имаат огромни проблеми пред се на мундијалите каде во два наврати не ја минаа ниту групната фаза, а на овој турнир беа шокантно елиминирани во првата нокаут фаза од Парагвај. Избраниците на ...
Холандија имаше големи амбиции на овој мундијал и планот беше да се бори за највисоките места до самата завршница, па иако воведната групна фаза „лалињата“ ја одработија речиси перфектно, првата нокаут рунда донесе големо разочарување. Тимот на Роналд Куман беше надигран од Мароко и покрај тоа што водеше до 91-та минута, но откако прими гол во судиското продолжение, работите почнаа да одат надоле за играчите во портокалови дресови. Иако ...