Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Аргентина мораше да игра дополнителни триесет минути и да го даде својот максимум за да го победи амбициозниот тим на Зеленортските Острови, а Лионел Меси по средбата излегол со искрена изјава поврзана со настапот на „гаучосите“. Актуелниот светски шампион обезбеди осминафинале, но Меси е свесен дека неговата репрезентација мора да се подобри ако сака да го повтори успехот од Катар. – Денеска вложивме многу труд, на моменти играјќи добро, а ...
Еден гол и беше доволен на репрезентацијата на Колумбија да ја совлада Гана (1:0) и да обезбеди пласман во осминафиналето на светското фудбалско првенство. Гана стана седма од деветте африкански репрезентации кои го завршија настапот во првата нокаут фаза, а ги разочара своите фанови на дуелот во Канзас Сити, на кој не упати ниту еден удар во рамките на голот. Колумбијците беа многу поопасни, но погодија во целта само еднаш и тоа преку Аријас ...
Јирген Клоп е приоритет број еден на германската фудаблска Федерација, особено откако водечките луѓе успеаја да го убедат Јулијан Нагелсман да си поднесе оставка. Неколку дена по мундијалското фијаско, Нагелсман самиот откри дека става крај на својата селекторска авантура и покрај тоа што имаше поинакво мислење по мечот со Парагвај, но откако прекинот на соработката беше официјализиран, ДФБ кратко објави дека веќе се отпочнати преговори со ...
Новак Ѓоковиќ се намачи против Артур Риндеркнеш и мораше да ја пронајде најдобрата верзија од себе за да слави со 3:1, а и самиот по мечот призна дека наишол на доста проблеми во текот на мечот. Српскиот тенисер ги надмина непријатностите и успеа да покаже истрајност како во безброј наврати во својата кариера, па победата со 3:1 му донесе и нов рекорд. Ноле се израмни со Рожер Федерер и сега двајцата имаат по 105 победи на Вимблдон, со тоа ...
Валтер Ѕенга долго време држеше еден неверојатен рекорд на Светските првенства, рекорд поставен на мундијалот во 1990 година, рекорд кој падна на турнирот кој сега се одржува во САД, Канада и Мексико. Италијанецот имаше учинок од 517 минути без примен гол, но сега истиот е надминат од шпанскиот репрезентативец Унаи Симон. Симон ја сочува својата мрежа и на соочувањето со Австрија и дојде до серија од вкупно 519 минути без примен гол, серија ...
Фудбалот е непредвидлив спорт кој секогаш носи интересни ситуации на теренот, а последен доказ за такво нешто е 1/16 финалниот меч меѓу Аргентина и Зеленортски Острови. Апсолутниот фаворит и актуелен светски шампион се очекуваше да има лесна задача против големиот аутсајдер, но наместо тоа, гледавме еден од највозбудливите натпревари во првата нокаут рунда. Во едно не толку атрактивно прво полувреме, Аргентина направи доволно за да води со ...
Искусниот играч за врска, Гранит Џака донел конечна одлука за неговата иднина во Сандерленд, тим во кој се пресели минатото лето од Баер Леверкузен. Џака донесе искуство, квалитет, лидерство кај „црните мачки“ кои остварија импресивни резултати во првата сезона по камбекот во Премиер лигата, сезона во кој се изборија за излез во Европа (Лига Европа) Овие изданија на Гранит покажаа дека се уште може да одговори на значајни предизвици, па Челси ...
Египет е втората репрезентација од Африка која успеа да избори пласман во осминафиналето на Светското првенство и тоа откако вечерва го доби маратонот со Австралија во Тексас. Ова беше соочување во кое двете екипи добија по едно полувреме, „фараоните“ го добија првото со погодокот на Ашур во 13, додека „кенгурите“ второто со автоглот на Хани во 55 минута. Со ова Хани влезе во историјата на мундијалите, ама во негативен контекст затоа што ...
Шпанија имаше доминантен настап против Австрија, сигурна победа од 3-0 со која ја мина првата пречка во нокаут фазата на 23. Светско првенство. Шпанците покажаа на кое ниво можат да одиграат кога се во вистински ритам, но веќе наредното коло, рунда ќе покаже дали оваа селекција може да оди до самиот крај затоа што ривал ќе им биде соседот Португалија. -Сега почнува Светското првенство. Ако загубите си одите дома [во нокаут фазата]. И ние не ...
Калин Ивановски утре го очекува полуфинале во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Скопје, но тој нема да биде единствениот македонски тенисер кој ќе има можност да дојде до финале на „Macedonian Open“. Ивановски без загубен сет до победа над Вајс и пласман во полуфиналето Имено комбинацијата Обрад Марковски и Горазд Србљак забележа две победи на денешните мечеви во конкуренција на двојки и со тоа изборија место во полуфиналето во ...
Италијанскиот прволигаш Лацио го официјализираше првото засилување во овој летен преоден рок, засилување кое доаѓа од Шпанија. Се работи за некогашниот младински репрезентативец на Шпанија, играч кој има и еден настап за сениорскиот тим на „црвената фурија“, 30-годишниот Алфонсо Педраса. Тој доаѓа во Лацио како слободен играч по истекот на договорот со Вилјареал. Алфонсо може да игра како лев бек, но и како крило, а се обврза на договор до ...
Холандија многу рано го заврши настапот на Светското првенство и тоа во 1/16 финалната рунда во која беа елиминирани од Мароко на пенали. Овој резултат го натера селекторот Роналд Куман да си поднесе оставка и сега популарните „лалиња“ се во потрага по ново име, стратег кој ќе прифати да седне на жешкото столче, но и човек кој ќе мора да донесе резултати. Поранешниот репрезентативец на оваа земја, Рафаел Ван Дер Варт има фаворит за ...
Италијанскиот прволигаш Лацио го официјализираше првото засилување во овој летен преоден рок, засилување кое доаѓа од Шпанија. Се работи за некогашниот младински репрезентативец на Шпанија, играч кој има и еден настап за сениорскиот тим на „црвената фурија“, 30-годишниот Алфонсо Педраса. Тој доаѓа во Лацио како слободен играч по истекот на договорот со Вилјареал. Алфонсо може да игра како лев бек, но и како крило, а се обврза на договор до ...
Тимот на Ал Наср каде најголема ѕвезда е Кристијано Роналдо доби нов тренер, тренер кој има европска титула и тоа со Тотенхем. Се работи за 60-годишниот стручњак од Австралија, Анге Постекоглу кој го прифати предизвикот и ќе го води клубот од Саудиска Арабија во наредните две години. Анге во последниве години работеше на островот, прво беше успешен во Селтик што беше препорака да се пресели во Тотенхем каде во втората сезона му донесе трофеј ...
Селекцијата на Алжир не успеа да се справи со Швајцарија во 1/16 финалето на Светското првенство, меч кој го загуби со 2-0 со по еден гол во двете полувремиња кои беа дело на Емболо и Ндоје. Овој пораз за африканците донесе и уште една лоша вест затоа што во иднина нема да можат да сметаат на еден од најдобрите играчи Ријад Марез. Некогашниот офанзивец на Лестер и Манчестер Сити одлучи да ја заврши репрезентативната кариера на 35 години. Тој ...
Мексико е следниот предизвик за англиската фудбалска репрезентација, која досега не успеа да одигра комплетен квалитен натпревар и мораше да прави пресврт и на дуелот со ДР Конго во шеснаесетфиналето. Томас Тухел и неговите фудбалери сега се селат во Мексико, каде од денеска ќе се подготвуваат за дуелот со кодомаќинот во Мексико Сити. Англиските медиуми пренесуваат дека федерацијата го крие хотелот во кој ќе биде сместена делегацијата, ...
Австралија против Египет е првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство, соочување од кое победникот оди на подобриот од Аргентина-Зеленортски Острови. Египет бара на хартија важи за благ фаворит, но Австралија е селекција која е многу дисциплинирана, селекција која е искусна и е редовен учесник на овие натпреварувања. Добра вест за „фараоните“ е дека Салах е подготвен и тој заедно со Мармуш ќе бидат најголема опасност кон ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон оствари најдобар резултат и дојде до пол позицијата за спринт трката на Големата награда на Велика Британија на Силверстоун. Седумпрактниот Ф1 шампион покажа колку е опасен на домашен терен и успеа да ја добие битката со Кими Антонели од Мерцедес и тоа за само 11 илјадити делови од секундата. Lewis shines at Silverstone… again! #F1Sprint #BritishGP pic.twitter.com/XszNtvi8e6 — Formula 1 (@F1) July 3, 2026 Зад ...
Барселона се врати во посакуваното финансиски правило 1:1, но и понатаму останува дилема какви потези ќе повлече кога се во прашање засилувањата кои се потребни да се направи исчекор особено во натпреварувањето како што е Лигата на шампионите. Каталонците го доведоа Ентони Гордон, меѓутоа останаа без две важни опции во нападот како Роберт Левандовски и Маркус Рашфорд. Дефанзивата е уште една прашање кое како одново да се турка под тепих, па ...
Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години во август ќе учествуваат на Балканските шампионати, кои оваа година ќе имаат улога и на Зонски квалификации за Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи следната година. Селекторот на машката репрезентација до 20 години, Јован Шапе, заедно со неговиот асистент Миодраг Новески го објавија поширокиот список на кој се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови. ...
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер ја оправдааа улогата на фаворити и успешно го минаа третото коло на Вимблдон. Ѓоковиќ за ривал во денешната рунда го имаше Артур Риндеркнеш, ривал кој му даде силен отпор, но и ривал кој на крајот го „положи оружјето“ по повеќе од три часа игра. Србинот славеше со 7:5, 6:4, 1:6, 7:6 со тоа што последниот поен на мечот беше мајсторија, поен со кој главните актери на теренот ја кренаа публиката на нозе. Ова за Ноле ...
Екипата на Пелистер почнува да влече потези за натпреварувачката 2026/2027, а првата промена е во раководечката структура на клубот. Имено „зелено-белите“ ја информираа јавноста дека имаат нов извршен директор и тоа во името на Предраг Созовски кој доаѓа на местото на Филип Ивановски. -На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На ...
Силекс го очекува настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а во пресрет на соочувањето со Динамо Минск клубот од Кратово објави дека е продолжена соработката со капитенот Дарко Анѓелески. Тој од 2022 година е дел од македонскиот прволигаш, тим во кој пристигна од Победа и во кој ќе остане најмалку до 2027 година. -Играчот од средниот ред веќе четири години е еден од лидерите на тимот и остави значаен белег во поновата клупска ...
Хулијан Алварез засега останува член на Атлетико Мадрид и шпанскиот клуб не сака ни да слушне за понудите од ривалските клубови, кои се далеку од предвидената откупна клаузула во неговиот договор. Аргентинецот е во статус-кво позиција додека настапува за својата земја на СП 2026, а на мундијалот имал кратка средба и со тренерот Диего Симеоне. Чоло го посетил својот син и на медиумите им открил дека разговарал и со Алварез, за кого потенцира ...
Крајот на училишната година донесе и успешно заокружување на големиот број активности и реализирани настани во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и претседателката, Федерацијата и нејзината претседателка, Елена Мицковска со соопштение ја извести јавноста за реализираните настани за време на училишната година која останува зад нас. – Покрај националните првенства, Федерацијата се покажа како одличен организатор на ...
Хрватите загубија од Португалија во драматична завршница, во која најпрвин не успеаја да спречат погодок на Гонсало Рамош, а потоа им беше поништен гол поради уникатна офсајд ситуација за која беше искористен и сензорот вграден во топката. Во хрватскиот табор имаа многу забелешки и за судењето во текот на целиот натпревар, но Дејан Ловрен во гостувањето на ХРТ потенцирал дека и самите „коцкести“ имаат голема вина за раната елиминација на ова ...
Државното првенство навистина донесе возбудлива завршница. Во Општина Кисела Вода на едно место 580 ученици се натпреваруваа во Плазма Спортските игри за млади. Победниците од првата сезона во СИМ ќе учествуваат на големата меѓународна завршница која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. Во ракомет видовме одлични натпревари, а победник во финалето во машка категорија е тимот на „КИМ Шампиони“ од Велес, кој беше подобар од „Шампиони“ од ...
Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа, по историскиот настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза, се врати во Македонија. Министерот Ристoвски приреди прием во Министерството за спорт и ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на ...
Калин Ивановски оствари и трета сингл победа на фјучрсот во Скопје, а денеска беше подобар против Александер Вајс, кој играше во одлична форма од почетокот на турнирот. Дуелот меѓу Ивановски и Вајс беше соочување на двајца тенисери со амбиции да стигнат до трофејот, а денеска во Скопје до победата стигна домашниот тенисер и тоа без загубен сет. Неизвесниот меч донесе неколку брејкови, но и тај-брејк завршница во двата сета, а Ивановски два ...
Јуни донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари, потврдувајќи дека и овој месец носи нови добитници и нови успешни приказни. Во ...