Шпанија успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство и тоа буквално без помошта на двајцата најдобри играчи од Европското првенство, двајцата играчи кои одиграа клучна улога за освојување на пехарот Ламин Јамал и Нико Вилијамс. Двајцата го дочекаа овој турнир неподготвени, не залечени од повредите со тоа што Јамал влезе во ритам и доби минути за разлика од членот на Атлетик Билбао кој и за време на СП се повреди и одново ...

Хрватска добива нов селектор по скоро една деценија, период во кој националниот тим имаше огромни успеси под водство на Златко Далиќ. Хрватите беа втори во Русија, трети во Катар, а се прикажаа во добро светло и на СП што се уште се игра, беа елиминирани од Португалија во 1/16 финалето во меч кој донесе контраверзии и доста коментари. Фудбалската федерација на оваа земја веќе донесе одлука околу наследникот и тоа е Славен Билиќ. Билиќ е ...

Жоан Лапорта пред некое време официјално го започна новиот мандат како претседател на Барселона, мандат кој носи нови предизвици, мандат во кој главната цел ќе бидат топ резултати и освоени титули. Барса дефинитивно ќе доживеа промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок иако засега навидум се изгледа мирно со исклучок на ангажманот на Ентони Гордон од Њукасл и заминувањето на Роберт Левандовски како слободен играч. Си отидоа и некои ...

Екипата на ГРК Охрид се наметнува на домашната и меѓународната сцена каде направи огромен успех со освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ, меѓутоа македонскиот прволигаш се уште е немоќен кога на вратата ќе затропаат „поголеми риби“. Имено Охрид останува без специјалистот за одбрана, најдобриот дефанзивец Ориол Реј Моралес. Шпанецот доби примамлива понуда од Висла Плоцк од Полска, па иако „гладијаторите“ беа против негово заминувања активирана ...

Манчестер Јунајтед ќе ја засилува средината на теренот во овој преоден рок во кој досега требаше да име обезбедено две засилувања, но една зделка дефинитино е откажана и тоа онаа на Едерсон кој требаше да пристигне од Аталанта. Андреј Сантош од Челси е ас кој наводно веќе е договорен за да денеска стигне информација која говори дека Јунајтед е пред потпис со еден од најдобрите белгиски фудбалери, ѕвездата на Астон Вила, Јури Тилеманс. Повеќе ...

Англичаните и нивната јавноста се познати како „многу скромни“ кога е во прашање фудбалот или поточно нивната репрезентација, постојано има „чукање во гради“ дека фудбалот се враќа дома и дека секое натпреварување е нивно, а реалноста е дека на Европските и Светските првенства имаат освоено само една титула и тоа во далечната 1966 година. „Трите лава“ ќе играта полуфинале на СП во САД, Мексико и Канада, а нивен ривал им е селекцијата на ...

Италија по трет пат во низа остана без пласман на Светските првенства, а тоа беше знак дека време е за сериозни промени и по изборот на Џовани Малаго за прв човек на фудбалската федерација дојде и информацијата за враќањето на легендарниот Паоло Малдини. Малдини прифати да биде технички директор, потег кој е добро прифатен на Апенините и дава надеж дека пред италијаскиот фудбал се подобри времиња. -Ова е одлична вест за италијанскиот фудбал, ...

Денеска е ден за одмор на Светското првенство, но утре се враќаат возбудувањата со првото полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Франција и Шпанија. Ова е соочување на актуелниот светски вицешампион и актуелниот европски шампион, соочување на две селекции кои многу добро се познаваат и се очекува вистински спектакл во Тексас. ФИФА веќе го одреди судијата кој ќе ја дели правдата, а тоа е 35-годишниот Иван Бартон од Ел Салвадор. Се работи за ...

Екипата на Пролет 62 нема да биде дел од ракометната Суперлига во натпреварувачката 2026/2027, информираше скопскиот тим. Клубот кој има огромна традиција останал без главниот спонзор и токму поради тоа е донесена одлука да се повлече од најсилната домашна ракометна конкуренција Соопштението на Пролет ви го пренесуваме во целост: Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, -Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува ...

Македонскиот кошаркарски талент, Александар Сотир се наметна и успеа да се избори за договор со еден од најквалитетните клубови во Шпанија и Европа, Уникаха Малаха. Сотир некое време се гради во Шпанија, претходните две сезони ги мина во редовите на Елче и со својата посветеност, ангажираност се избори за трансфер во Уникаха каде што во следнава кампања ќе настапува во јуниорскиот тим до 18 години. Со оглед на тоа што работи три години на ...

Норвешка имаше одличен настап на Светското првенство, турнир на кој се уште оваа репрезентација можеше да биде активна со оглед на тоа што прикажа подобра игра од Англија, но на крајот загуби со 2-1. На вакви натпревари важно е да ги искористите вашите моменти, да реализирате во вистинско време, да го матирате противникот, а токму таква моожност имаа Норвежаните при резултат 1-0 за нив. Се отвори идеална можност, Александер Серлот не претвори ...

Јан Зомер во изминативе три години беше дел од калчолигашот Интер, тим со кој во тој период успеа да ги освои сите пехари во Италија, но и да игра во финалето на Лигата на шампионите. Меѓутоа таа приказна е завршена и Зомер како слободен фудбалер си замина од Милано, а иако на негова адреса пристигнале понуди од Шпанија, Англија и Италија тој се реши да ја прифати понудата од Белгија на Клуб Бриж. Тој сакал да биде поблиски до родната ...

Влеговме во завршницата седмица на Светското првенство, турнир по кој се очекува да имаме големо, сериозно раздвижување на трансфер пазарот. И досега одредени клубови влечеа потези, но допрва да очекува да влеземе во фаза каде екипите ќе биде супер активни. Токму еден интересен трансфер е пред реализација и тоа на еден од играчите кој беше откритие на мундијалот во САД, Мексико и Канада. Станува збор за Жоан Манзамби кој беше најдобар играч ...

Селекцијата на Аргентина забележа уште една драматична победа во нокаут фазата на Светското првенство, овојпат над Швајцарија од 3-1 по продолженијата. Светските шампиони се мачеа против Зеленортски Острови (триумф по дополнителни 30 минути), потоа направија чудесен пресврт против Египет, а во неделата мораа одново да „копаат длабоко“ и да ја добијат Швајцарија со два гола во екстра времето на Алварез и Мартинез. Не е лесно да се биде ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа направи огромен успех со пласманот во главната фаза на Вимблдон, еден од најпрестижните турнири во светот на белиот спорт. Ѓорческа мина три рунди во квалификациите пред да дојде до главниот ждреб во кој на стартот на налета на една од најдобрите тенисерки на светот Аманда Анаимова, дуел во кој имаше добри и лоши моменти и на крајот загуби со 2-0 во сетови. Овој настап во Лондон и носи одличен ...

Арсими влече потези и го составува тимот за натпреварувачката 2026/2027, тим од кој дел ќе биде и младинскиот репрезентативец на Македонија, Матео Софијаноски. Софијаноски во последнава сезона беше дел од Македонија Ѓорче Петров за која одигра 34 средби во Првата лига со учинок од 2 гола и 4 асистенции. Играчот од средината на теренот претходно беше дел од младите категории на Њу Старс и Вардар, а потоа и од Воска, Брегалница и Тетекс од ...

Бајката на Норвешка на Светското првенство во САД, Мексико и Канада заврши во четвртфиналната фаза, па иако тоа се случи во услови кои беа и доста контроверзни, скандинавците знаеја како да покажат големина и во поразот. Ерлинг Халанд како главна ѕвезда на тимот одвои дел од своето време за различни медиуми по болната елиминација во продолженијата, а откако ги сумираше впечатоците за големата шанса која ја пропуштија тој и неговите соиграчи, ...

Јаник Синер покажа неверојатна ментална стабилност во тешки услови на централниот терен на Вимблдон, бидејќи Александер Зверев цели два часа изгледаше како непогрешлива сервис машина без ниту една мана. Германскиот тенисер имаше 80-постотна успешност на прв сервис и изгледаше навистина импресивно, па откако го доби првиот сет во тајбрејкот, товарот целосно се префрли кај италијанскиот тенисер. Причина за тоа беше и фактот што Синер цело време ...

Аргентина ја оправда фаворитската улога против Швајцарија иако мораше да игра дополнителни 30 минути, но победата од 3-1 им донесе пласман во следната фаза и полуфинална битка со селекцијата на Англија. Ова ќе биде посебно соочување поради повеќе причини, влогот ќе биде голем и тоа место во финалето на Светското првенство. За Лионел Меси ова ќе биде прв натпревар против Англија, натпревар на кој му се радува и за кого верува дека тие како ...

Кошаркарската секеција на Барселона е најслабо водена од оние ударните кога е во прашање шпанскиот великан, веќе некое време се случуваат чудни работи, еден куп играчи си заминаа, оние кои беа договорени како Џејмс и Рајт на крајот завршија во други тимови и останува да се види како на крајот ќе изгледа составот од Каталонија. Последната вест која е поврзана со тимот од „Палау Блауграна“ е дека Барса конечно ќе затвори клучно прашање и тоа ...

Уругвај беше едно од двете најголеми разочарувања во групната фаза на Светското првенство, а после големиот неуспех, беше јасно дека се става крај на соработката со Марсело Биелса. Искусниот стручњак презема одговорност и ја прифати разделбата со уругвајската Федерација, која две недели подоцна, носи важна одлука за иднината на националниот тим. „Ла Селесте“ смета дека во наредниот период од клучна важност е тимот да биде воден од човек кој ...

Норвежаните можат да бидат горди на мундијалското патување кое го имаа во САД, Мексико и Канада, а ако имаа малку повеќе среќа и клинички добра реализација, денеска можевме да говорима за нова сезнација. Евроголот на Шелдруп донесе предност за Норвешка против Англија, но во периодот кога „гордиот албион“ изгледаше раздрмано, Александер Серлот не претвори во гол една извонредна контра. Наместо да му додаде на Халанд кој во еден момент беше ...

Мурат Јакин не го криеше незадоволство и испорача низа забелешки за арбитражата на четвртфиналето против Аргентина, особено поради фактот што лошата проценка на судијата Жоао Пинеиро на крајот заврши кобно за неговиот тим. Судијата непотребно покажа жолт картон на Паредес и по проверката ја исправи неправдата, но тоа автоматски донесе втор жолт картон за Емболо и голем шок меѓу швајцарските фудбалери. Јакин по средбата призна дека не бил ...

Томас Тухел излезе со низа критики за своите фудбалери и порача дека среќно се пласирале во полуфиналето на Светско првенство, но за разлика од него, Џуд Белингам излезе со целосно поинаков став. На Џуд не му се допадна заклучокот на Германецот и нагласи дека тој очигледно не знае како е да се игра против силни фудбалери како Халанд, Одегард, Нуса и останатите, одговор кој отвори еден неоченуван дуел во англискиот табор по четвртфиналето. За ...

Александер Зверев покажа завидно ниво на тенис во своето прво финале на Вимблдон, но германскиот тенисер сепак немаше доволно оружја за целосно да го неутрализира расположениот Јаник Синер. Италијанецот влезе како фаворит во финалето поради искуството на централниот терен и добрата историја на резултати против Зверев, па иако го загуби првиот сет, во продолжение одговори со три сета во низа. Јаник ја преживеа револверашката пресметка во ...

Јаник Синер и Александер Зверев понудија спектакуларна завршница на Вимблдон, а во големото финале кое траеше речиси четири часа, на крајот видовме нова победа на светскиот рекет број еден. Синер имаше страшна доминација во светскиот тенис во периодот од февруари до месец мај, но фактот што пристигна на Вимблдон без ниту една грен слем титула оваа сезона, дополнително го зголеми притисокот врз него. Јаник не играше најдобар тенис во воведните ...

Големиот УФЦ настан во Лас Вегас заврши доста поразлично од очекуваното, бидејќи наместо спектакл, гледавме вистинско разочарување кое траеше само 69 секунди. Конор МекГрегор уште во воедната фаза на борбата изгледаше како повреден борец и не можеше да му парира на Макс Холовеј, па неговиот кам-бек во окатогонот по пауза од пет години траеше неполни две минути. Големиот шампион од минатото добива големи критики и дел од експертите и фановите ...

Брил Емболо со солзи во очите го дочека црвениот картон од судијата Пинеиро и мораше да биде тешен од своите соиграчи, кои во продолжение од средбата скапо ја продадоа кожата, но сепак потклекнаа во дополнителните 30 минути игра. Швајцарија беше подобра селекција во вториот дел и заслужено се врати со голот на Ендоје, но кога се чинеше дека фаќаат моментум за втор гол, пристигна контроверзниот момент на средбата. Првично му беше покажан жолт ...

Џуд Белингам направи клучна разлика во нападот на Англија и постигна два гола кој го однесоа фаворитот во полуфинале на Светско првенство, па иако ѕвездата на Реал Мадрид сосема заслужено ги собра речиси сите пофалби, дел од јавноста издвојува уште еден играч. Рио Фердинанд е еден од оние легенди кои се заљубени во најавеното засилување на Манчестер Сити, трудољубивиот работник Елиот Андерсон кој одново одигра беспрекорна партија во средниот ...

Ламин Јамал го разжести полуфиналето против Франција уште пред да дојде ред за офиицјална најава на големата европска пресметка, бидејќи младиот шпански репрезентативец испорача мала провокација веднаш по победата над Белгија. Ѕвездата на Барса потсети на последните два дуели на Шпанија и Франција и посочи дека „триколорите“ се тие кои треба да се плашат пред полуфиналето на мундијалот, изјава која сосема очекувано стана составен дел од ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.07
51%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.74
65%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
80%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
56%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
63%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.84
96%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
47%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
5.36
69%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.43
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96