Вардар не успеа да ја елиминира екипата на Купс и го заврши своето патување во Лигата на шампиони уште во првото квалификациско коло, но тука не прекинуваат предизвиците за македонскиот првак ова лето. Тимот на Кристијан Фабијани се пресели во Конференциската лига на УЕФА и пред вардарци е двомеч во второто квалификациско коло, а поради евро-обврските кои бараат поголема посветеност, Вардар побара одложување на натперварот од првото коло. ...

Џуд Белингам се најде во центарот на вниманието по крајот на натпреварот во Атланта и беше посочен како лош губитник, од едноставна причина што ѕвездата на Реал Мадрид реши да удри аргентински фудбалер кој се радуваше пред него. Англискиот фудбалер му удри заушка на Валентин Барко и наиде на жестоки критики во јавноста за својот потег, па иако не сакаше да навлегува во детали и да открива зошто го направил тоа, медиумите од Островот ...

Мајка Ричардс е еден од најпопуларните и најхаризматични фудаблски експерти кои се појавуваат во светските студија, а како аналитичар кој ова Светско првенство го работи за „Би-Би-Си“, славниот дефанзивец на Манчестер Сити останал доследен на своите обврски и покрај големата семејна трагедија. Ричардс се вклучи во живо и ја водеше мундијалската програма во друштво на Вејн Руни и Џо Харт, но откако заврши целата програма резервирана зап ...

Англија пропушти голема шанса да се најде во едно финале на Светско првенство после цели шест децении, па иако беше на дофат на завршницата во Њу Џерси, на крајот сосема заслужено доби тежок нокаут од Аргентина и остана на дофат на второ финале. Аргентина наметна страшно темпо во завршницата и тоа беше потпомогнато од Томас Тухел кој играше со шест дефанзивци во клучната фаза од мечот, па откако „гаучосите“ постигнаа два златни гола вредни ...

Дербито меѓу Англија и Аргентина секогаш е едно од најжестоките на Светските првенства, а така беше случајот и вчера во Атланта, натпревар на кој видовме жестока борба, многу дуели и провокативни потези, како и завршна победа на „гаучосите“. Иако двете страни го најавуваат овој дуел како натпревар плус, реалноста е далеку од таква, а најдобар доказ за тоа е и политичката порака која ја испратија аргентинските фудбалери по крајот на мечот. ...

Шесте победи на шесте одиграни натпревари беа најдобра увертира за втората рунда од претквалификациите за Европско првенство, а нашата најдобра селекција денеска ги дозна ривалите со кои ќе се соочи во оваа фаза. Според денешната ждрепка која ја одржа ФИБА, Македонија се најде во групата Ф заедно со селекциите на Кипар и Австрија, а бидејќи и овојпат актуелен ќе биде двокружниот систем, нашиот национален тим ќе одигра по два натпревари со ...

Македонскиот првак МЗТ Скопје во новата сезона ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, а денеска во седиштето на светската кошаркарска организација беше направена ждрепка за изгледот на групната фаза. Судбината посака тимот од Аеродром да се најде во групата Е, во која уште се и екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. Станува збор за сериозни ривали кои сигурно ќе ги тестираат силите ...

Гери Невил беше убеден во победа на Англија против Аргентина и прогнозираше дека тимот на Томас Тухел ќе постигне најмалку два гола во мрежата на „гаучосите“, не поради голманот Дибу Мартинез, туку поради стоперскиот двоец кој тој го нарече „најдобар меѓу најлошите“. Невил ги потцени Лисандро Мартинез и Кристијан Ромеро и ги посочи како играчи кои даваат многу олеснувања за противничките напаѓачи во фаза на одбрана, а фактот што ги нарече ...

Аргентина стави во „шеста брзина“ во завршната фаза од полуфиналнето во Атланта и со пеколен финиш режираше кошмарна вечер за Англичаните, кои иако беа блиску до прво финале после 1966-та година, на крајот останаа на дофат на такво достигнување. „Гаучосите“ покажаа шампионски менталитет и со два гола во самата завршница ги шокираа избраниците на Томас Тухел, а по последниот судиски свиреж, дел од аргентинските фудбалери пронајдоа и едно шише ...

Златан Ибрахимовиќ дава едни од најуникатните коментари за време на Светското првенство кое се одржува во САД, а како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“, се најде во фокусот и пред второто полуфинале на мундијалот. Ибракадабра како голем поддржувач на Меси не штедеше пофалби за големиот Лео по големиот пресврт кој го направија Аргентинците вчеравечер во Атланта, но посебно вирален стана моментот кој претходеше на овој натпревар. Легендарниот ...

Лионел Скалони е доста емотивна личност и доста често не знае да ги крие солзите крај клупата за резерви, па иако му беше доста тешко, успеа во намерата да се воздржи по новиот голем потфат на неговата Аргентина. „Гаучосите“ беа пред пораз во полуфиналето со Англија и до доцната фаза од мечот губеа со 1:0, но Аргентинците покажаа шампионски карактер по којзнае кој пат на овој мундијал и успеаја да постигнат два гола за пресврт во завршницата. ...

Лаутаро Мартинез беше во втор план пред четири години кога Аргентина ја освои Светската титула во Катар, па иако стана резерва на Хулијан Алварез и во добар дел од овој мундијал, судбината посака популарниот „Торо“ да биде херојот на „гаучосите“ за второ финале во низа. Капитенот на Интер влезе во самата завршница кога Аргентина бркаше пресврт против Англија, а откако Енцо Фернандез погоди за 1:1, Лаутаро беше оној кој се најде на вистинско ...

Хари Кејн како лидер и капитен на Англија ја водеше селекцијата до уште една завршница на голем турнир, но како и многупати претходно, „Гордиот албион“ се сопна на последниот или претпоследниот чекор. Англија водеше против Аргентина и се предодреди за стратегија грчевито да ја брани минималната предност, а таквиот пристап на Тухел и неговите избраници на крајот брутално им се удри од глава. Брановитите напади на Аргентина резултираа со два ...

Џуд Белингам добива многу критики во аргентинската јавност поради заушката која му ја подели на Валаентин Барко по последниот судиски свиреж, но реалноста е дека Англичанецот влезе во дискусии и со неколку аргентински ривали за време на мечот, меѓу кои и Лионел Меси. Капитенот на Аргентина имаше мало недоразбирање со Џуд уште во раната фаза на натпреварот кога резултатот беше 0:0, а мора да се признае и дека не остана премногу воодушевен од ...

Томас Тухел презема одговорност за големиот пад кој го доживеа Англија по водечкиот гол против Аргентина, а дефанзивниот пристап и кукавичката игра на крајот им се удрија од глава со два гола во мрежата на Пикфорд. „Гордиот албион“ доживеа болна елиминација во самата завршница и сега преостанува да се бори за утешна награда во „малото финале“ на Светското првенство, па иако Тухел се најде во средина на рафал од критики во јавноста, Германецот ...

Лионел Меси одново беше клучен фактор во една голема победа на Аргентина на мундијалска сцена, бидејќи капитенот на „гаучосите“ испорача две асистенции во импресивниот пресврт кој го режираше актуелниот светски шампион. Аргентина одново беше пред елиминација на ова Светско првенство и повторно покажа карактер кога беше најпотребно, а опсадата која ја понуди пред голот на Англија на крајот резултираше со два погодоци во мрежата на Пикфорд. ...

Џуд Белингам беше еден од англиските фудбалери кои беа најборбени и кои претрчаа најмногу километри, но токму ѕвездата на Реал Мадрид беше онаа која го наести најлошото по првиот примен гол на Англичаните. Офанзивниот фудбалер остана во очај по погодокот кој го постигна Енцо Фернандез за 1:1, а неговите најлоши прогнози се оставри многу брзо во вид на втор погодок, кој воедно значеше пораз за „гордиот албион“ во полуфиналето. Драматичниот ...

Англија беше на дофат на прво финале на Светските првенства за првпат после 1966-та година, но таквиот потфат остана недостижен поради шампионскиот карактер кој го прикажа Аргентина во самата завршница. „Гордиот Албион“ поведе со голот на Гордон и се доби впечаток дека е селекција која е поблиску до мундијалскиот билет во финалето, но наместо да се доврши задачата, избраниците на Томас Тухел се одредија да го бранат водството и беа сурово ...

Манчестер Јунајтед игра паметно на пазарот во овој летен преоден рок и донесе две квалитетни засилувања на средината на теренот во имињата на Андреј Сантош и Јури Тилеманс. Премиерлигашот одлучи да не влегува во „војни“ за некои играчи и да плаќа огромни суми на пари, но тоа не значи дека нема широко да го отвори ќесето ако има добра можност на трансфер пазарот. Двајт Јорк беше дел од една успешна генерација на Јунајтед и токму тој има еден ...

Милан не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, резултат кој донесе сериозни промени во клубот, управата, оперативците, а сменет беше и тренерот Масимилијано Алегри и на негово место беше назначен Рубен Аморим. „Росонерите“ веќе почнаа со корекции на играчкиот кадар, доведени се напаѓачот Гонсало Рамош и дефанзивецот Марио Хила. Меѓутоа клубот од Милан сака да направи и сериозна чистка и од продажба на играчи да собере 150 милиони евра. ...

Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ја затвори групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Совладана беше селекцијата на Азербејџан со 67:57, триумф кој не носи во фазата на разигрувањето за пласман од 9. до 16. место. Ова беше еден чуден меч во кој актерите на двете екипи особено се истакнаа во вториот период кој заврши со резултат 9:7 за нас. Марко Луканоски беше најистакнат во македонскиот ...

Поранешниот англиски репрезентативец, Мејсон Гринвуд прифати да ја промени средината и за првпат во кариерата нема да игра во Топ 5 лигите во Европа. Имено Гринвуд направи трансфер во редовите на турскиот прволигаш Фенербахче кој за неговите услуги ќе издвои околу 40 милиони евра. Тој добро ќе го наплати овој трансфер затоа што ќе добие плата од околу 10 милиони евра, договор со важност до 2030 година. Сега Мејсон почнува нов предизвик во ...

Селекцијата на Аргентина издвојува победа над Англија од 2-1 во вториот полуфинален меч на Светското првенство. „Гаучосите“ покажаа зошто се актуелни шампиони и со пресврт ги матираат старите ривали, односно се на еден чекор од одбрана на пехарот со тоа што во финалето ги очекува најголемиот предизвик, борба со Шпанија. По мирното прво полувреме во кое видовме пред се само борба на теренот, ситуацијата се промени во 55 минута кога Гордон ја ...

Јонас Валанчиунас долго време беше дел од НБА лигата, најсилниот кошаркарски шампионат на светот каде мина 14 сезони, но тоа поглавје и веќе зад него и во иднина ќе го гледаме во Европа. Имено корпулетниот центар се враќа дома и тоа со потпис за најдобриот клуб од Литванија-Жалгирс. Петтиот пик на НБА драфтот од 2011 година потпиша двегодишен договор со тимот од Каунас и ќе биде огромно засилување во битката под обрачите. Валанчиунас ...

Македонските одбојкарски клубови во машка и женска конкуренција ги добија ривалите во европските купови. Шампионот Штип УГД во премиерниот настап во квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги одмери силите со Орион Старс од Холандија. Првиот натпревар нашиот првак го игра на гостински терен во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Македонија (27-29.10) Ако нашиот претставник ја мине оваа пречка, нареден ...

Вардар победи и загуби со Купс, а тоа не беше доволно да го мине првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ загубија на домашен терен со 2-0, со истиот овој резултат вратија во Финска по што се играа продолженија во кои македонскиот првак даде уште еден гол, ама прими два и иако славеше со 3-2 на крајот мораше да го заврши настапот во ова натпреварување. Во таборот на Вардар жалат за елиминацијата, но најавуваат ...

Пред нас е второто полуфинале, соочување меѓу Аргентина и Англија, две големи фудбалски репрезентации, селекции, земји кои не се „мирисаат“ од повеќе причини и сетоа ова носи нешто екстра плус пред вечерашниот натпревар од 21 часот. Сите очи ќе видат вперени кон Атланта, прашање е дали некој воопшто има предност па макар и на хартија, но сепак Серхио Агуеро издвои една работа која според него може да биде пресудна и да и помогне на Аргентина ...

Рој Кин, Гери Невил, Иан Рајт и Патрик Виера се добро познати имиња, фудбалски легенди кои сега ги гледаме во улога на стручни аналитичари, експерти. Меѓутоа во целиот овој простор, време во кое Светското првенство е во прв план има и простор за забава, па оваа четворка играше една игра која е популарна во Северна Америка. Играта се вика „Cornhole“ и главната цел е вреќичката е да се смести низ дупката на таблата или во најмала така да се ...

Шпанија е првиот финалист на 23. Светско првенство, фаза во која дојде со сигурни настапи од кои последниот беше против Франција, селекција која за многумина беше прв фаворит за пехарот. Шпанците им одржаа вистинска лекција на „триколорите“, ги неутрализираа и со по еден гол во двете полувремиња дојдоа до славје од 2-0. За ова издание сосема заслужени стигнаа комплименти на адреса на „црвената фурија“, а еден од оние кои ги пофали беше Златан ...

Англија или Аргентина? Тоа е главното прашање на фудбалската сцена оваа вечер, битка по која ќе го добиеме вториот финалист на Светското првенство, ривалот на Шпанија во завршниот меч на турнирот, соочувањето за титулата. Средбата во Атланта е закажана за 21 часот, а двајцата селектори се одлучија да направат промени во почетната постава, особено Томас Тухел. Во стартните единесет нема место за Сака, Мадуеке, Конса, О Рајли, Езе…односно на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Калај

56.77

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Сребро

2005.37

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27