Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Барселона ќе се соочи со Расинг Сантандер во осминафиналето на Копа Дел Реј, меч на кој ќе го имаат статусот на фаворити, но ќе треба да бидат внимателни затоа што се соочуваат со состав кој е на врвот во втората лига. Многу е веројатно тренерот Ханси Флик и да ги измеша картите за ова соочување со оглед на напорниот распоред и предизвиците кои следат, ама во исто време ќе треба да биде претпазлив да не му се случи тоа што му се случи на Реал ...
Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски постигна убав гол за Истанбулспор против Трабзонспор во Купот на Турција. Крстовски го отвори резултатот на ова соочување со погодок со глава во 29 минута, но ова како да го налути прволигашот кој во продолжението „испука“ шест „парчиња“ во мрежата на противникот и славеше со 6-1. ⚽️ İstanbulspor, Mario Krstovski’nin golüyle Trabzonspor karşısında 1-0 önde! #ZTK pic.twitter.com/Iax18lUudF — A Spor ...
Мароко како домаќин на турнирот ќе биде дел од големото финале на Африканскиот Куп на нации, па во недела ќе има шанса да се бори за прва титула на континенталниот собир по далечната 1976-та година. Избраниците на Валид Реграги не успеаја да најдат решение за цврстите Нигерици во регуларните 90 и во дополнителните 30 минути игра, но затоа во клучниот перид на голот го имаа мирниот Боно. Поранешниот голман на Севилја од времето е познат како ...
Мохамед Салахе ќе мора да чека нова шанса за успех со египетската фудаблсак репрезентација, откако денеска му се повтори судбината од 2022-ра година во полуфиналето со Сенегал. Репризната на финалето од пред четири години сега доби свое продолжение во полуфиналето на актуелниот Африкански куп на нации, но како и тогаш, повторно поуспешен на теренот беше Садио Мане. Реално гледано, Сенегалците беа далеку подобри и заслужено стигнаа до победа и ...
Арсенал ја доби првата од двете закажни епизоди против Челси во полуфиналето на Карабао Купот, па ќе стартува со предност на реваншот кој се игра на „Емирејтс“ на почетокот на месец февруари. Гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ тргна според планот за гостите од самиот старт, бидејќи „топчиите“ поведоа со својот специјалитет од корнер уште во 7-та минута. Бен Вајт беше најснаодлив и ја искористи лошата реакција во одбраната на Челси, а новиот ...
Отказот за Чаби Алонсо дефинитивно не предизвика позитивен шок во редовите на Реал Мадрид, бидејќи три дена по болниот „Ел Класико“ пораз, пристигна нов шок за шпанскиот великан. Алваро Арбелоа дебитираше на најлош можен начин како тренер на првиот тим на Реал, а за такво нешто се погрижија играчите на Албасете кои режираа сензација за која ќе се зборува уште некое време. Домаќините водеа во два наврати и беа поблиску до победа цело време, па ...
Интер успеа да профитира од новиот кикс на Наполи во италијанската Серија А, па утре доста мирно ќе го гледа и тешкото гостување на Милан кај Комо. Лидерот во италијанската елита одигра далеку под очекувањата против 17-топласираниот тим на табелата, но во услови кога се игра фудбал на секои три дена, можеби и очекуван е пад како овој денеска. Интер се мачеше против Лече и никако не успеваше да пронајде дупка во одбраната на гостите, се до ...
БАерн Минхен запиша нова победа во Бундеслигата и продолжи да маршира кон одбрана на титулата, но денеска беше доста добро предизвикан од Келн на гостувањето на „Рајн Енерџи стадионот“. Домаќините успеаја да го изненадат фаворитот по една контра и ја искористија лошата реакција на Нојер за водство од 1:0, а погодокот на Маина во 41-та минута беше доволно добар тест за баварците уште до крајот на првиот дел. Баерн целосно нападна и создаде ...
Заминувањето на Жељко Обрадовиќ предизвика голема бура во Партизан, но какошто стојат работите, испадна дека легендарниот Жоц бил сосема во право кога излегуваше со заклучоци дека овој тим на „црно-белите“ е печен за целосен ремонт. Искусниот стручњак си замина од клубот и оттогаш Партизан стана најлош тим во Евролигата, нешто за што потврда е и денешниот резултат во „Пионир“ арената. Српскиот великан го претрепе седмиот пораз во низа во ...
МЗТ Скопје стави крај на зимската пауза поради обврски во регионалната АБА2 лига, но македонскиот првак денеска го претрпе вториот пораз во низа во натпреварувањето во кое сега има половичен учинок од три победи и три неуспеси. На домашен терен во Аеродром, МЗТ се враќаше од големата негатива против Војводина, па иако се доби впечаток дека има сили и за комплетен пресврт, на крајот поуспешен беше ривалот од Нови Сад. Гостинот беше далеку ...
Ерик Тен Хаг прекратко траеше како тренер на БАерл Леверкузен и заработи отказ уште пред да добие вистинска шанса за докажување, а неколку месеци подоцна, со отказно решение се соочи и неговиот претходник во германскиот клуб. Тен Хаг му се приклучи на Баер со цел да го наследи Чаби Алонсо, а неполни шест месеци по неговиот отказ, бруталноста на фудбалот ја почувствува и младиот шпански стручњак. Алонсо заработи отказ од Флорентино Перез по ...
Макс Алегри го запали олимпискиот оган и го носеше олимпискиот факел како најава за зимските олимписки игри во Милано и Кортина, но за време на церемонијата која се одржуваше на улиците во градот на модата, тренерот на Милан слушал и довикувања од обичните минувачи и фановите. Масимилијано го означи овој момент како голема гордост за него поради тоа што Олимписките игри се најдобра промоција за спортот, па покрај тоа што даде изјава за ...
Елиф Елмас одигра извонреден натпревар против Интер на дерби пресметката и физички се потроши во текот на сите 90 минути, па така денеска доби поштеда од Антонио Конте и го почна натпреварот против Парма од клупата. „Наполитанците“ влегоа како големи фаворити на домашен терен против Парма, но кусата ротација и недоволно добриот одмор во краток временски интервал направија шампионот да забележи нов кикс. Наполи не успеа да го скрши отпорот на ...
Мохамед Салахе ќе мора да чека нова шанса за успех со египетската фудаблсак репрезентација, откако денеска му се повтори судбината од 2022-ра година во полуфиналето со Сенегал. Репризната на финалето од пред четири години сега доби свое продолжение во полуфиналето на актуелниот Африкански куп на нации, но како и тогаш, повторно поуспешен на теренот беше Садио Мане. Реално гледано, Сенегалците беа далеку подобри и заслужено стигнаа до победа и ...
Стартот на зимските подготовки во сите ракометни клубови се во доста изменет состав поради тоа што месец јануари е предвиден за Светски и Европски првенства, па во таква атмосфера почнаа и припремите на Еурофарм Пелистер. Македонскиот шампион назначи нов тренер на стартот на годината и најави дека Стевче Алушовски ќе биде предводник на тимот во вториот дел од сезоната, но новоназначениот тренер сепак не беше дел од првиот тренинг. Во отсуство ...
По вчерашната објава на шкотски Харс дека постигнале договор со Роџерс Мато за слободен трансфер во летниот преоден рок, Вардар демонстративно испорача соопштение во текот на денешниот ден, појаснувајќи дека луѓето од управата постигнале договор за продажба со Канзас Сити и дека фудбалерот од Уганда ќе игра во МЛС лигата. Соопштението на македонскиот великан беше своевиден одговор на објавата која ја имаше шкотскиот клуб, но бидејќи беа ...
Комо е тимот кој е најблиску до петте водечки екипи во италијанската елита, а четата на Сеск Фабрегас утре ќе има вистински тест околу тоа дали може да направи и нешто повеќе оваа сезона. Натпреварот против второпласираниот Милан ќе биде огромен предизвик за Комо, но на ист начин го гледаат овој натпревар и гостите од Милано, нешто за што доказ беше ротацијата на Макс Алегри на натпреварот против Фиорентина. Тренерот на Милан одмори неколку ...
Мајкл Карик вчера беше промовиран како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, одлука со која се стави крај на неизвесноста која владееше во англиската јавност. Иако се споменуваше и враќање на Оле Гунар Солскјер, водечките луѓе на клубот решија да му се доверат на Карик, па така поранешниот играч за врска ќе има втора етапа како привремен менаџер на театарот на соништата. Втората траеше далеку пократко и дојде по ...
Декември донесе празнична прадост и многу добивки за играчите на ВЛТ. Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 67.001.570 денари или нешто повеќе од милион евра, на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во перидот од 01.12.2025 до 31.12.2025. Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Среќни бројки во декември: 3 „РОЈАЛ џекпот“ добитници → заедно поделија 31.255.989 денари 18 „МИЛИОНЕР џекпот“ добитници ...
Максимилијан Ибрахимовиќ има за цел да ги следи стапките на својот татко и да стане познат професионален фудбалер, а патот го однесе до клубот во кој своите почетоци ги имаше токму Златан. Со оглед на тоа што Ибра е директор во Милан, Максимилијан беше дел од младинската школа на „росонерите“, но од денеска е член на холандскиот великан Ајакс. Клубот од Амстердам го добива како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, но Холанѓаните задржаа и ...
Аматерски тенисер од Сиднеј го освои таканаречениот „One Point Slam“ кој се одржа во Мелбурн парк, возбудлив турнир кој понуди забава со голем број егзибиционисти, но и за професионалните тенисери. Концептот на турнирот беше да се измерат силите на аматерски и професионални тенисери и тенисерки, при што секој одигран меч беше составен од еден одигран поен. Човекот кој ќе го освоеше првиот поен го добиваше и мечот, па во такви услови видовме ...
Македонија полека влегува во последни подготовки за премиерата на Европското ракометно првенство, а на два дена пред одигрувањето на мечот со Данска, први најави пристигнаа и од противничкиот табор. Олимпискиот и светски шампион Данска влегува како главен фаворит за трофејот на континенталниот собир кој се одржува во три земји, па како кодомаќини на настанот, Данците ќе имаат уште поголема мотивација да слават на свое тло. Николај Јакобсен ...
Конор Галагер пристигна како големо засилување за Атлетико Мадрид пред една и пол година, но 18 месеци подоцна, клубот од шпанската престолнина го продава речиси за идентични пари за кои го купи. Англискиот играч за врска се пресели на „Метрополитано“ во трансфер вреден 42 милиони евра, но неполни две сезони подоцна, се враќа во Англија, и тоа во лут ривал на Челси. Галагер беше блиску до потпис со Астон Вила и изгледаше дека е на добар пат ...
Седум натпревари се одиграа во НБА лигата, а епилогот е пет победи на домашните и само две на гостинските екипи. Најпечатлив беше триумфот на Оклахома Сити Тандер над Сан Антонио Спарс затоа што шампионот конечно пронајде начин да слави над „мамузите“ во тековнава кампања. Шампионот конечно пронајде решение за Спарс, „езерџиите“ се истурија на Атланта (ВИДЕО) Токму од ова соочување се и најдобрите потези на денот, прв е Шеј со одбраната над ...
Во Мелбурн се играат квалификациите за место во главната фаза на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен, а токму тука во овие елиминациски средби бевме сведоци на чудна ситуација на пресметката меѓу Себастијан Офнер и Нишеш Басаваради. Ова беше исцрпувачки меч кој на крајот му припадна на Американецот со 2-1 во сетови, но претходно Офнер тргна да слави победа. Имено Австриецот водеше со 7-1 во третиот сет и мислеше дека ...
Започна празничниот караван „JINGLE BETS“ МЕГАВИН, кој носи новогодишна магија и забава во повеќе градови низ Македонија. Со овој забавен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван, полн со интерактивни игри и подароци, Државна лотарија сака да дополни магија во празничниот период и да подари дополнителни можности за радување, со многу дружење, смеа, музика и радост за љубителите на интернет игри на среќа, но и за сите над 18-годишна возраст. Во рамките ...
Броиме ситно до новиот настап на македонската репрезентација на големо натпреварување, овојпат на Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во тешка група со првиот фаворит за златото Данска, амбициозната и квалитетна Португалија и Романија која не е екипа за потценување. Ние добро ги одбработивме подготовките и токму поради тоа Филип Миркуловски смета дека ќе имаме што да ...
Поранешниот македонски ракометен шампион Вардар 1961 успеа да ги обезбеди услугите на еден од најперспективните млади македонски ракометари-Бобан Поповски. Поповски е играч кој првите чекори ги прави во Преспа по што заминува во Алкалоид каде настапуваше за младинските и кадетските селекции. Во актуелната сезона тој е дел од Мулти Есенс, настапувајќи за првата екипа во Првата лига, но и како стандарден член на младинскиот и кадетскиот состав. ...
Италијанскиот прволигаш Рома продолжува да ја засилува офанзивната линија па по ангажманот на талентираниот Робинио Ваз од Олимпик Марсеј пристигнува и проверено име од Премиер лигата. Имено нов член на клубот од „Олимпико“ ќе биде репрезентативецот на Холандија, Дониел Мален. Мален има 26-години и во таборот на „волчицата“ доаѓа од Астон Вила. Тој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, Рома ќе исплати 2 милиони фунти, а уште 25 ако ...
Празничната ВЛТ џекпот магија кулминира со последниот „РОЈАЛ ЏЕКПОТ“. Лицето А.А. од Пехчево е најновиот среќен добитник кој ја почувствува вистинската празнична еуфорија, освојувајќи импресивни 10.810.573 денари. Пехчево од синоќа слави! Радоста и возбудата се споделуваат со најновиот ВЛТ добитник, кој со едно играње стана дел од празничната магија што ги исполнува соништа. – Оваа 2026 година ми започна навистина прекрасно. Сè уште сум ...