Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Хрватската фудбалска легенда, Давор Шукер жестоко го нападна или поточно му одговори на англискиот селектор Томас Тухел кој по поразот од Аргентина порача дека битката за третото место на Светското првенство е бесмислена и дека никој не сака да игра таков натпревар. Има и други имиња, фудбалери од „високото друштво“ кои го имаат ваквио став што за некогашниот напаѓач на Реал Мадрид и Арсенал е погрешен. -Мислам дека само богатите не сакаат да ...
Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Рексам од 1-0 во првиот подготвителен меч за новата сезона. Ова беше дуел кој се одигра во Хелсинки, дуел на кој Мајкл Карик не можеше да смета на доста играчи кои беа или се уште се на Светското првенство, а тоа дефинитивно придонесе за славјето на клубот од Чемпиошип лигата. За Јунајтед дебитираше летното засилување Андреј Сантош кој пристигна од Челси, беше стартер и го одигра првиот дел во кој се случи ...
Норвешка веројатно ја имаше најубавата приказна на ова Светско првенство, репрезентација која по долго време обезбеди место на мундијалите, но во исто време селекција која покажа дека има одлична генерација која може да биде и вистински хит на големите турнири. Норвежаните стигнаа до четвртфиналето на СП, фаза во која несреќно беа елиминирани од Англија и тоа по дополнителните 30 минути. Скандинавците претходно во нокаут фазата се справија со ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели се избори за нова пол позиција во Ф1 шампионатот, овојпат во квалификациите за трката за Големата награда на Белгија. Антонели потврди зошто е најдобриот возач во тековната сезона и по шести пати ќе тргне од позицијата број еден со тоа што во првиот ред друштво ќе му прави поранешниот шампион Макс Ферстапен. Третата и четвртата позиција ја освоија Ландо Норис и Џорџ Расел со тоа што овој првиот ќе ја започне ...
Шкендија внимателно ги бира потезите во овој летен преоден рок, а изминативе два дене доведе две засилувања, засилувања кои сигурно ќе го кренат квалитетот на екипата за предизвиците на домашната и меѓународната сцена. Прво беше доведен напаѓачот Марко Ѓорѓиевски кој пристигна по епизодата во Романија за да денеска потпис со „црвено-црните“ стави и репрезентативецот Јован Манев. Манев од 2022 година настапуваше надвор од Македонија откако ...
Андрес Иниеста е човекот кој и ја донесе првата светска титула на Шпанија во нејзината историја, а 16 години подоцна, избраниците на Луис де Ла Фуенте ќе имаат шанса да стигнат до втор најголем успех. Шпанија на доминантен начин се пласираше во големото финале и прикажа фудбал кој цела спортска јавност ја остави без зборови, па водејќи се по тие најави, „црвената фурија“ влегува и како благ фаворит за златниот трофеј. Шпанците одбиваат да ја ...
Односите на Рома и Јувентус значително ќе се заладат во наредниот период и причина за тоа е „кражбата“ која ја режираше клубот од Торино со Зеки Челик, играч кој наместо во Рим, по крајот на својот летен одмор заврши во Торино. Иако ги имаше договорено сите услови со Рома за продолжување на соработката, турскиот фудбалер на крајот заврши во редовите на Јувентус и вчера беше потврден како второ летно засилување, вест која дефинитивно ...
Томас Тухел уште еднаш застана во одбрана на совјата идеја и потезите кои ги повлече во полуфиналето со Аргентина, но исто така призна дека неговиот тим се уште има да надополни одреден јаз за да биде на нивото на трите најдобри селекции во светот. Германскиот стручњак верува дека Англија има потенцијал да се бори за самиот врв, но според него, Аргентина, Шпанија и Франција се за едно ниво погоре од англискиот национален тим. – Ќе повторам ...
Славко Винчиќ дочека врв на својата кариера откако беше делегиран за главен судија на големото финале на Светското првенство, момент кој го дочека со многу емоции и солзи во очите. Словенечкиот судија заврши во прегратка на Пјерлуиџи Колина откако славниот арбитар му ја соопшти убавата одлука, па во моменти кога Винчиќ испишува убава историја за својата земја и воопшто за балканските земји, медиумите почнаа да се занимаваат и со неговата ...
Иако звучи чудно, Лионел Меси и Ламин Јамал имаат врска која датира од пред од 19 години, иако и двајцата не беа свесни дека речиси две децении подоцна, токму таа заедничка слика ќе означува најлуда најава за финалето на Светско првенство. Меси како голема ѕвезда во налет во Барселона се фотографирал со новородено бебе чии родители се големи фанови на Барселона, а детето кое го држеше во рака пред 19 години, сега ќе биде негов голем ривал во ...
Базата на Шпанија се наоѓа во Њу Џерси и сите членови од актуелниот европски шампион се подготвени за тоа што следи, односно утрешното големо финале против Аргентина во завршницата на Светското првенство. Ближењето на најважниот момент сосема очекувано буди реакции од актерите кои ќе влечат важни потези на утрешниот меч на „МетЛајф“ стадионот, а во најавата за големото финале, скромниот Де ла Фуенте нагласи дека единствена нервоза му ...
Емилијано Мартинез немаше главен збор на заедничкото обраќање кое го имаа селекторите и капитените на Аргентина и Шпанија, но како еден од најважните репрезентативци во актуелниот светски шампион, популарниот Дибу одговори на прашање кое е доста „скокотливо“ и кое се повторува веќе некое време. До пласманот во полуфиналето, Аргентина не одигра ниту еден натпревар против селекцијата од топ 10 на ФИФА листата и тоа им овозможи да имаат далеку ...
Голем број спортски ѕвезди беа дел од „Фанатик фестивалот“ во Њујорк кој се одржа во пресрет на големото финале на Светското првенство, настан на кој звучни имиња од различни сфери од спортот поставуваа прашања, а одговори даваа членовите од завршниот чин на мундијалот. Лионел Скалони, Лионел Меси, Луис Де ла Фуенте и Родри имаа за задача да одговараат на прашањата кои ги поставуваа Новак Ѓоковиќ, Том Брејди, Кевин Дурент и останатите, а ...
Новак Ѓоковиќ беше една од елитните спортски мега ѕвезди кои се беа дел од елитната најава на големото финале на Светското првенство, настан кој привлече огромно внимание пред завршното сценарио на мундијалот. Настанот во Њујорк се најде во центарот на вниманието бидејќи актерите од финалето добиваа прашања од спортски ѕвезди како Ѓоковиќ, Дурент и Брејди, па иако Новак имаше за задача да биде модератор и да поставува прашања до селекторите и ...
Марко Ѓорѓиевски нема да ја памети по добро годината која ја остави зад себе во романскиот фудбал, но после сезона која ќе сака што побрзо да ја заборави, некогашниот младински репрезентативец со огромен мотиви желба се враќа во мак-фудбалот. Корпулентниот напаѓач вчера официјално беше претставен како големо засилување за Шкендија и постигна двегодишен договор со македонскиот вицешампион, со кого сега има најголеми амбиции да се врати во ...
Угледниот француски медиум „Лекип“ вчера преку својата насловна страна испорача „бомба“ од кампот на француската репрезентација, објавувајќи дека Мајкл Олисе ќе направи се што е во негова моќ да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во клубот од соништата, Реал Мадрид. Крилниот фудбалер остави зад себе две импресивни сезони во Германија и го привлече вниманието на пошироката спортска јавност, а сега како една од најголемите ѕвезди во ...
Доналд Трамп како американски претседател имаше обраќање од Њујорк во пресрет на самата завршница на Светското првенство, а тоа е натпреварот за третото место кој се игра вечерва во Мајами, како и финалето кое е закажно за утре во Њу Џерси. Трамп привлече внимание на овој мундијал со некои контроверзни корекции на кои со позитивен одговор излегоа претставниците на ФИФА и со таквиот стави ги разлути фудбалските фанови, но сега пред завршниот ...
Лионел Меси и неговите соиграчи се подготвуваат за второ финале во низа на Светското првенство, а предизвикот не може да биде поголем за нив бидејќи за ривал ќе ја имаат разиграната Шпанија. Искуството и сите големи достигнувањата во кариерата прават аргентинскиот капитен да остане доволно мирен и да се подготвува за финалето како да е натпревар плус, а во најавата за неделниот меч кој се игра во Њу Џерси, Меси беше дел и од уникатна ...
Депортиво мина низ мала голгота во изминатите неколку години и стигна и до третиот натпреварувачки ранг во шпанскиот фудбал, но во моментите кога се допре дното, стана јасно дека ќе мора целосно да се менува курсот за да се врати клубот на старите патеки. Иако не беше лесно, Депортиво после осум години се врати во елитниот шпански фудбал, а кам-бекот во Ла Лига реши да го прослави со ребрендирање на своето име. Депортиво од Ла Коруња премина ...
Франција атакува на нова светска титула и имаше големи амбиции да стигне до завршното сценарио во Њу Џерси, но наместо тоа, „триколорите“ сега ќе се борат за бронзениот медал во „малото финале“ кое се игра вечерва во Мајами. Дидие Дешамп вечерва ќе го одработи последниот натпревар како француски селектор и тоа е доволна мотивација за него да го извади најдоброто од своите фудбалери, кои од друга страна се крајно демотивирани после болниот ...
Шпанија утре ќе игра за втора светска титула во својата историја на завршното сценарио во Њу Џерси, па иако предвидено е Аргентинците да доминираат на трибините со оглед на тоа што ги има во далеку поголем број, дефинитивно ќе има и шпански фанови кои ќе ја бодрат „фуријата“. Во изминатиот период, видовме голем број шпански легенди кои продефилираа на трибините во Америка како главни поддржувачи на националниот тим кој го предводи Де ла ...
Чави Ернандес допатува во САД во улога на голем поддржувач на шпанската фудбалска репрезентација, која утре во Њу Џерси ќе игра за втора светска титула во големото финале против Аргентина. 16 години по историската прва титула која ја освои генерацијата предводена од Висенте Дел Боске, Шпанија одново се врати на европскиот врв под тренерската палка на Луис де ла Фуенте, а истата генерација сега е на чекор од светската титула. Големото финале ...
Англиската јавноста се уште не може да се помири со поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство или пред се со изданието на нивните миленици во второто полувреме и тоа откако дојдоа до предност. „Гаучосите“ издоминираа во преостанатиот дел, го свртеа резултатот и со 2-1 отидоа во финалето каде ќе ги одмерат силите со Шпанија. Најмногу се критикува селекторот Томас Тухел и тоа веројатно ќе биде можеби уште позасилено ако ...
Селекторите имаат доста тешка задача да мотивираат фудбалери кои доживеале голем шок и болен удар пред само два-три дена, но колку и да е тешко за самите ѕвезди, Французите и Англичаните вечерва ќе мора да истрчаат на терен и да се борат за бронзата на Светско првенство. Поразените селекции од полуфиналињата ќе ги вкрстат копјата вечерва во 23:00 часот во Мајами, а сосема очекувано, во најавата за истите повеќе се говореше за лошите спомени ...
Англиската јавноста се уште не може да се помири со поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство или пред се со изданието на нивните миленици во второто полувреме и тоа откако дојдоа до предност. „Гаучосите“ издоминираа во преостанатиот дел, го свртеа резултатот и со 2-1 отидоа во финалето каде ќе ги одмерат силите со Шпанија. Најмногу се критикува селекторот Томас Тухел и тоа веројатно ќе биде можеби уште позасилено ако ...
ФИФА американизираше неколку работи во пресрет на големото финале на Светското првенство и со своите потези предизвика голем револт во јавноста, но со цел да ја намали бурата која ја предизвика со најавата за доделување на златни прстени во стилот на НБА лигата, пристигна демант за информацијата која кружеше во јавноста подолго време. Покрај задолжителната пауза за хидратација која се користи за голем комерцијален профит, за големото финале ...
Брегалница ќе игра во Првата македонска лига во новата сезона, а целта е екипата да се претстави во најдобро издание како во шампионатот така и во Купот. Клубот од Штип го составува тимот, а дел од истиот ќе бидат Анџело Николовски, Мартин Миленковски и Дарко Стојанов. Николовски беше еден од најзаслужните за кам-бекот на Брегалница во елитната домашна фудбалска конкуренција и за тие партии беше награден со нов договор. Во Брегалница воедно ...
Шпанија и Аргентина ќе ги одмерат силите во финалето на 23. Светско фудбалско првенство, соочување закажано за в недела од вечерниот термин од 21 часот. Шпанија е актуелен европски првак, Аргентина актуелен светски и воедно најдобра екипа во Јужна Америка, па само ова е сосема добра најава за супер меч за крај на мундијалот. Ова е битка за која претседателот на Барселона, Жоан Лапорта верува дека ќе и припадне на „црвената фурија“, но во исто ...
Управниот одбор на Машката и Женската регионална ракометна лига (MRHL / WRHL) ја одржа својата прва – конститутивна седница. Седницата се одржа преку видеоконференциска врска, а Управниот одбор го сочинува по еден претставник од трите сојузи основачи: Ракометниот сојуз на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометниот сојуз на Црна Гора. Сите одлуки на седницата беа донесени со консензус на сите три члена. Донесени одлуки * ...
И додека се чекаат последните натпревари на Светското првенство, топката веќе се трката во европските купови каде на еден од натпреварите беше донесена одлука која директно влијаеше врз пласманот во второто коло на Конференциската лига. На соочувањето меѓу Хамрун од Малта и Рунавик од Фарски Острови резултатот беше 1-1 до судиското продолжение, резултат кој значеше дека ќе се играат дополнителни 30 минути за да се реши вкупниот победник затоа ...