Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Лионел Меси не успеа да се израдува на уште една светска титула со Аргентина, а веднаш по завршувањето на мундијалот решил да се врати во својот роден град и да одмори во кругот на својата фамилија. Приватниот авион на фудбалската ѕвезда слетал во Росарио, Меси и неговото семејство избегнале средба со насобраните фанови, по што со автомобил биле префрлени на неговиот приватен имот во предградите на родниот аргентински град. Потегот на Лео е ...
Англиската фудбалска сцена остана без еден од најугледните судии, бидејќи Ентони Тејлор реши да стави крај на својата судиска кариера и да се повлече во пресрет на новата фудбалска сезона. 47-годишниот Тејлор донел одлука дека е вистинско време да се повлече од професијата, оставајќи поголем простор за помладите колеги, но англискиот и европскиот фудбал дефинитивно остануваат без еден од најквалитетните и најискусните судии. Последен ...
Лука Модриќ користи заслужен одмор по настапот на светското првенство, но очигледно ја решил најважната дилема поврзана со неговата иднина. Хрватскиот ветеран донел одлука да одигра најмалку уште една сезона на највисоко ниво, односно ја прифатил понудата на Милан за потпис на едногодишен договор. Модриќ размислуваше дали да ја заврши кариерата, но на крајот се одлучил да игра под водство на новиот тренер Рубен Аморим, односно да му помогне ...
Раководството на Рома се повлекло од идејата да го ангажира талентираниот Крисенсио Самервил, а причина за таквиот потег е понудата која Вест Хем ја добил од Ал Хилал. Италијанскиот тим беше подготвен да понуди дури 50 милиони евра за холандскиот репрезентативец, се чинеше дека е блиску до неговиот потпис, но во ситуацијата се вмешал клубот од Саудиска Арабија. Рома не е ни блиску до можност да му парира на Ал Хилал, затоа што екипата ...
КК Маџари со гордост најавува дека во следните три сезони својот дом ќе го има во спортската сала „Јане Сандански“, како и воспоставување стратешко партнерство со Македонскиот олимписки комитет (МОК). Со исполнување на високите организациски и спортски стандарди потребни за настап на регионално ниво, клубот продолжува со подготовките за новите предизвици, вклучувајќи го и настапот во АБА 2 лигата. Ова е значаен чекор напред за КК Маџари и ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...
Алехандро Гарначо веројатно ќе ја започне новата сезона во нов клуб, а тоа ќе биде премиерлигашки ривал на неговиот актуелен состав Челси. Пристигнувањето на Чаби Алонсо во лондонскиот состав беше најава и за очекувани промени во ростерот, а аргентинскиот фудбалер е на списокот играчи кои не му се потребни на шпанскиот стручњак. Неговиот агент веќе му пронашол нова дестинација и тоа веројатно ќе биде Астон Вила, екипа која прифатила да го ...
Екипата на Барселона имаше голем број претставници во редовите на шпанската репрезентација која го освои СП 2026, но раководството сега размислува да се обиде да доведе уште едно засилување од актуелниот состав на Луис де ла Фуенте. Жоан Лапорта и неговите соработници ќе ги разгледаат опциите за евентуален трансфер на Ајмерик Лапорт, дефанзивецот кој неодамна се врати во Шпанија и потпиша за Атлетик Билбао. 32-годишниот Лапорт ги потврди ...
Џон Дуран се промовираше себеси како еден од најголемите таленти во својата генерација, но одредени одлуки го доведоа во ситуација да ја загуби препознатливата форма, па и да остане без место во националниот тим за СП 2026. Колумбиецот сега договорил ангажман во Бенфика, што значи дека има седми различен клуб на 22-годишна возраст, нешто што е вистински раритет на фудбалската сцена. Дуран доаѓа во Лисабон како позајмен играч од Ал Наср, а ...
Аргентинските репрезентативци доживеаја тежок удар со поразот во финалето на светското првенство, а неколку дена по поразот од Шпанија со порака до фановите се јави и Емилијано Мартинез. Голманот е еден од најискусните членови во составот на Лионел Скалони, имаше уште едно одлично првенство, но тоа не беше доволно за посакуваниот епилог. Мартинез денеска преку социјалните мрежи призна дека поразот од Шпанија бил болен, истовремено ...
Џани Инфантино како претседател и ФИФА како главен организатор на Светското првенство претрпеа голем број критики за време на мундијалот кој го оставивме зад себе, но мала е веројатноста дека нешто ќе биде преземено и покрај сите поплаки кои пристигнаа и од актерите кои беа на самиот терен. Новите правила, задолжителната пауза поради хидратација, невообичаеното шоу за време на полувремето на финалето и ред други работи ги разбеснија ...
Карим Адејеми ги мина лекарските прегледи и ги заврши сите потребни детали за да стане нов играч на Барселона, но промоцијата се одложи поради финалето на Светското првенство, односно поради отсуството на двајцата најважни луѓе. Жоан Лапорта и Деко беа во САД да ја гледаат завршницата на мундијалот, а откако претседателот ова попладне слетал во Каталонија, на новинарите им потврдил дека Адејеми утре ќе биде претставен како второ летно ...
Златан Ибрахимовиќ ја заокружи својата авантура како стручен аналитичар на „Фокс Спортс“ на најоригинален можен начин, односно со впечатлив коментар за завршните сценарија во финалето на Светското првенство. Ибра не остана изненаден од агресијата која ја покажаа Аргентинците по претрпениот пораз во Њу Џерси, но призна дека останал шокиран од пацифизмот кај голем дел шпански фудбалери, кои едноставно не влегле во клинч со „гаучосите“. – ...
На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 ...
Македонската одбојка веќе со години наназад ја влечат напред неколку важни репрезентативци, а еден од нив дефинитивно е Александар Љафтов. Поради проблеми со повреда, Љафтов не можеше да им помогне на соиграчите на трите турнири во Европската лига, но во период кога се рехабилитира од проблемите со скочниот зглоб, пристигна и информација за неговиот нов клуб. УГД Штип се пофали со потписот на еден од најдобрите македонски репрезентативци, ...
Светската спортска јавност полека извлекува заклучоци и го сумира впечатоците од сето она што беше понудено на 23-то Светско фудбалско првенство, а откако ФИФА веќе им ги додели наградите на најдобрите поединци, дел од најпознатите светски медиуми се занимаваат и со играчите кои целосно потфрлија на овој мундијал. Како и обично, имаше голем број разочарувања и играчи кои понудија неочекувано лоши перформанси, но угледниот „ЕСПН“ реши да се ...
Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со иницијатива за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа. Во мрежата која е дел од оваа иницијатива, вклучени се советувалиштата во Скопје, Куманово, Прилеп, како и советувалиштето во Радовиш кое започна да функционира од април годинава. Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј ...
На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 ...
МЗТ Скопје работи во полна пареа во овој летен преоден рок, па откако ги врза браќата Стојановски и доведе играчи како Лука Стојановски, Емир Крајиниќ и Никола Василевски, денеска пристигна официјална вест за уште еден продолжен договор. Македонскиот првак сака да ги задржи најдобрите играчи кои означуваа костур на тимот во сезоната која измина, а еден од нив дефинитивно е и репрезентативецот, Андре Маслинко. – Андреј Маслинко останува во ...
Дел од аргентинските фудбалери покажаа лоши манири и се покажаа како лоши губитници по големото финале на Светското првенство, бидејќи нервозата која ја чувствуваа во себе решија да ја истурат врз противничките фудбалери. Гави, Родри, Гарсија и Олмо добија удари од противниците и влегоа во физички контакти со Аргентинците, но убедливо најлошата слика пристигна пред да биде подигнат златниот медал. Шпанците се поставија во шпалир за ...
Гери Невил беше составен дел од Светското првенство преку разни емисии кои ги водеше како домаќин, а во својата завршна анализа за Светското првенство, сосема очекувано се посвети на анализа на големото финале кое се одигра во Њу Џерси. Англиската јавност со големо задоволство го дочека поразот на омразената Аргентина и се израдува на втората светска титула на Шпанците, па иако Невил во своето обраќање не ликуваше и не искажа претерано ...
Како и на секој натпревар кој го игра, Енцо Фернандез прикажа беспоштедна борба и агресија кои се главно обележја на неговиот карактер, но за жал во големото финале на Светското првенство тоа донесе негативен резутлат за неговата Аргентина. Ѕвездата на Челси се претвори во трагиачар на финалето поради црвениот картон кој го заработи пред крајот на регуларниот дел, по што Аргентина со играч помалку на теренот не успеа да издржи во ...
Македонскиот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, кој како движечка сила се јавува зад повеќе настани од каде што секогаш упатува пораки за мир, со реч и со цртеж, по повод Меѓународниот ден на шахот – 20 јули, поттикна нова акција под мотото „Со мудрост до мир“. На специјално дизајнирана шаховска табла, каде што на секое поле доминира неговата креација „Цвеќе на мирот“, тој го покани легендарниот македонски шахист Интернационалниот ...
Вардар доживеа болна елиминација од Купс во првата нокаут рунда од квалификациите во Лигата на шампиони, но сега членовите на македонскиот првак ќе имаат дополнителен мотив да се борат за подобар резултат во Конференциската лига. По елиминацијата од првото по ранг европско натпреварување, Вардар се сели во квалификациите за Конференциската лига, а таму ќе ги одмери силите со Рига. Летонскиот шампион исто така испадна во воведната рунда од ...
Шпанија вторпат стана светски шампион во последните 16 години и само го оправда статусот на селекција која е најдоминантна во последните две децении, не само поради успесите на мундијалите, туку и поради трофеите кои ги освои на Европските првенства. По „златната генерација“ која доминираше од 2008-ма до 2012-та година, Шпанија дочека нова неверојатна генерација предводена од Луис де ла Фуенте, а додека на Пиринеите ситуацијата изгледа ...
Шпанската фудбалска репрезентација доживеа спектакуларен дочек во својата родна земја по освоената светска титула во САД, а во големата фешта која се одржа низ улиците во Мадрид, главен збор имаа голем број ѕвезди кои го остварија резултатот за кој сонуваше цела нација. Фудбалерите продефилираа низ улиците во Мадрид и на крајот заврши на плоштадот „Сибелес“, а оттаму добар дел од нив имаа и јавни обраќања до присутните фанови. Родри како ...
Новак Ѓоковиќ беше дел од „Фанатик фестивалот“ кој се одржа во Њујорк како добра увертира за големото финале на Светското првенство, па покрај тоа што имаше улога на модератор на настанот, големиот тениски рекордер имаше време да води и опуштени разговори со медиумите од САД. Српскиот тенисер низ годините прерасна во грен-слем рекордер и за многумина тој е најголем тенисер на сите времиња, но пред да дојде до голем број историски ...
Кошаркарската Федерација на Македонија прави сериозни напори за да ги едуцира тренерите од нашата земја за да достигнат уште повисоко ниво на светска и интернационална сцена, а поради тој повод, сега најави проект од кој ќе биде вкличен и еден од најдобрите тренери од Европа на сите времиња. Славниот Светислав Пешиќ ја заврши својата обврска како селектор на Србија минатата година и по крајот на оваа сезона се збогуваше и со Баерн Минхен, па ...
Винисиус Жуниор не се прослави на Светското првенство и доста рано мораше да се помири со елиминација, а како една од најголемите ѕвезди во тимот, мораше да трпи и критики во јавноста. Легендарните Роналдо и Ромарио не го поштедија Винисиус за лошиот турнир, а сега во средина на лето кога се очекува негово враќање во Мадрид, пристигна вест која доста ги изненади фудбалските фанови. Имено, Вини го искористил летниот одмор за да направи и една ...
Кристијан Смилев се истакна како најнадежен кајакар од нашата земја и како таков беше знаменосец на минатогодишниот Европски младински олимписки фестивал кој се одржа во Скопје, а сега оствари навистина одличен резултат на Европскиот јуниорски Куп кој се одржа во Чешка. 14-то коло од Европскиот куп на јуниори донесе најдобар резултат во слалом за нашиот кајакар, кој доминантно успеа да го освои првото место пред конкуренцијата. Смилев беше ...