Навивачите на Реал Мадрид не можат да бидат незадоволни од летниот преоден рок, па покрај враќањето на клупата на авторитет како Жозе Мурињо, раководството обезбеди и шест нови и квалитетни имиња. Португалскиот тренер смета дека му требаат дополнителни засилувања, но и со актуелниот тим Реал ќе биде кандидат за борба за сите трофеи за кои ќе се натпреварува. Сепак, она што се промени ова лето е клупската политика на „кралскиот клуб“ за ...

Рафаел Ходар немаше многу тешка задача на последниот дуел на Мастерсот во Синсинати, но затоа реши да им одговори на критичарите со еден интересен потег. Шпанскиот тенисер го испровоцира претходниот ривал Денис Шаповалов, откако два пати го прекинуваше третиот сет за да ги промени скинатите врвки на патиките, а ваквото однесување му предизвика критики и од многу тениски фанови. Посебно што Ходар го направи истото и на претходните два турнири ...

Алесио Такинарди не е само поранешен фудбалер на Јувентус, туку поради својата посветеност кон клубот и харизмата, еден од милениците на фановите на „бјанконерите“. Медиумите често го користат како стручен коментатор или од него бараат коментари за одредени ситуации, а сега некогашниот играч за врска зборувал за последните случувања во Јувентус, вклучувајќи го и заминувањето на Душан Влаховиќ како слободен агент. – Разочаран сум од Влаховиќ, ...

Тод Боли и неговиот близок соработник Марк Волтер планираат да ги продадат своите акции во Челси и да се повлечат целосно од сопственичката структура на премиерлигашот. Американските милијардери имаат по 12,8 проценти од акциите на Челси, а според актуелната проценета вредност на клубот, би требало да заработат над 600 милиони фунти за својот дел. Боли и Волтер би ги продале акциите на мнозинскиот сопственик, конзорциумот „Клирлејк Капитал“, ...

Милан вчера го договори трансферот на Диего Мореира од Стразбур, а најавите на италијанските медиуми е дека „росонерите“ на крајот можат да платат најмалку 50 милиони евра за трансферот и евентуално активираните бонуси. Информацијата ги изненади медиумите и фановите, пред се бидејќи белгискиот фудбалер претходно не беше поврзуван со Милан, но и поради сумата, но од друга страна работите стануваат појасни ако се знае дека агент на Мореира е ...

На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, ...

Францускиот интернационалец Жаел Трепи вчера стана топ тема во италијанските медиуми, но не поради добра причина. Фудбалерот на Калјари доживеал несреќа додека се забавувал со пријатели на базен во вила на Сардинија, по што итно бил пренесен во болница, каде лекарите се одлучиле за индуктивна кома поради големата количина вода во неговите бели дробови. Инцидентот предизвикал сериозен проблем за младото момче, а дека истиот не е наивен ...

Рома долго преговараше со Порто за трансферот на Родриго Мора, а се чини дека од синоќа фудбалерот добил зелено светло за резервација за билет за Рим и потпис на договор со својот нов клуб. „Волчицата“ му понудила амбициозен проект на талентираниот Португалец и еден од најдобрите светски фудбалери во својата генерација, па тој самиот инсистирал да добие дозвола за трансфер. Порто ќе добие 25 милиони евра сега, а ќе задржи 50 проценти од ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и аптеки ВИА ФАРМ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна поддршка за медицинската грижа во Националните тимови. ВИА ФАРМ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребни медицински средства и суплементи, со цел да се обезбедат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка на фудбалерите. За нашата федерација, ваквите партнерства ...

Документарниот тв серијал посветен на Пеп Гвардиола и неговата успешна ера во Манчестер Сити ќе биде достапен од утре на една од стриминг платформите, а медиумите веќе објавија дел од поинтересните сцени кои досега не им беа познати на фановите. Покрај фактот што на фудбалерите им открил за разводот по поразот од Јувентус во Лигата на шампионите, во документарецот има и сцена од жестока расправија со тогашниот капитен на Сити, Кајл Вокер. ...

Новиот менаџер на Њукасл, Матијас Јајсле се обидува со одредени засилувања да ги покрие најдефицитарните позиции во екипата која ова лето трпи сериозна реконструкција. Излезните трансфери значеа разделба со најголемите ѕвезди, па „црно-белите“ мора да инвестираат соодветно за да избегнат нова разочарувачка сезона во Премиер лигата. Амар Дедиќ е новото име кое пристигна во англискиот клуб и потпишал за Њукасл откако ги поминал прегледите, па ...

Навивачите на Барселона вчера имаа задоволство да го проследат пристигнувањето на Родри и Жоао Кансело, двајца фудбалери кои од различен аспект имаат голема важност за екипата и тренерот Ханси Флик. Кансело конечно ја заврши етапата во Саудиска Арабија и потпиша договор со Барса, екипа за која настапуваше и минатата сезона како позајмен играч, додека Родри е големо засилување од редовите на Манчестер Сити. Иако во сенка на позитивните вести, ...

Микел Артета и Арсенал долго чекаа и педантно го градеа тимот кој минатата сезона конечно ја донесе титулата во Премиер лигата, а актуелниот преоден рок покажа дека „топчиите“ се движат во правилна насока и со право се најавени како први фаворити и во новата сезона. Големите, но и правилни инвестиции донесоа квалитет на секоја позиција, но и соодветна поддршка од клупата, нешто што Пеп Гвардиола умешно го правеше со финансиската поддршка на ...

Јувентус денеска веројатно ќе го промовира голманот Гилјелмо Викарио како ново, шесто засилување во актуелниот преоден рок, но активностите на новиот менаџмент не се завршени. „Бјанконерите“ треба да реализираат неколку излезни трансфери за да го задржат финансискиот баланс, но и да го намалат бројот на членови на првиот тим пред почетокот на сезоната, а Рики Масара и Џовани Карневали работат и на дополнителни засилувања кои може да бидат ...

Аманда Анисимова е тенисерка која припаѓа на светската тениска елита, а периодов се обидува да ја врати препознатливата форма откако се врати по паузата поради повреда. На Вимблдон, американската тенисерка ја совлада нашата гордост Лина Ѓорческа во првото коло на турнирот, подоцна не успеа да стигне до завршницата на грен-слем турнирот, а сега повторно е актуелна поради потегот кој го направи на меч во Синсинати. За време на една од паузите ...

Мемфис Депај реагираше жестоко откако Коринтијанс објави дека нема да му го продолжи договорот, но неколку дена подоцна, бразилскиот клуб сепак го смени својот став. Целата драма започна откако сите во бразилската јавност, па и холандскиот фудбалер беа убедени дека тој останува во Коринтијанс, а такво нешто му било најавено и од клубот. Но, раководството направи целосен пресврт во својот став и објави дека поради деликатната финансиска ...

Барселона го доби потписот на Родри, односно само рутинските прегледи го делат шпанскиот шампион од официјална промоција на најдобриот играч на последниот мундијал, а дел од шпанската стручна јавност има интересен став околу причините за изборот на својот следен клуб од страна на фудбалерот. Фановите очекуваа дека Реал Мадрид нема да ја пропушти можноста да го доведе Родри, посебно кога на Жозе Мурињо навистина му е потребен таков фудбалер, ...

Пеп Гвардиола е минато и дел од најзначајните моменти во клупската историја на Манчестер Сити, а најновата документарна серија посветена на оваа етапа од неговата кариера ќе открие интересни детали за фановите. ТВ серијалот „Убава опсесија“ ќе им биде достапен на гледачите од утре, а во англиските таблоиди веќе се појавија детали со кои се најавуваат дел од поинтересните моменти кои досега не беа познати за јавноста. Еден од нив е говорот на ...

Пол Сколс се вклучи во серијата прогнози на познатите стручни коментатори за изгледот на завршната табела во Премиер лигата, а не понуди изненадување околу очекувањата за шампионот. Легендата на Манчестер Јунајтед смета дека Арсенал е пресилен за останатите и ќе го одбрани трофејот, додека не очекува Ливерпул да избори ниту Топ 4 пласман. – Арсенал делува пресилно и мислам дека повторно ќе стигнат до титулата. – Сити веројатно ќе биде втор, ...

Долго најавуваниот трансфер на Родри во Барселона е пред сама официјализација, откако искусниот играч за врска вчера пристигна во Каталонија и во текот на денешниот ден треба да ги комплетира сите формалности пред потписот. МВП играчот од Светското првенство и даде предност на Барселона пред Реал Мадрид и само поради тоа веќе им ги освои срцата на фановите во Каталонија, а дека сите во клубот се свесни каква ѕвезда доаѓа, најдобро говори и ...

Пјер Емерик Обамејанг се докажа како расен голгетер во секој клуб чии бои ги бранеше во својата кариера, а така продолжува и на стартот на својата нова авантура во Шпанија. Обамејанг направи изненадувачки трансфер во Депортиво А Коруња по разделбата со Марсеј и како слободен агент го избра повратникот во елитното друштво, па веќе на првиот натпевар во Ла Лига покажа дека ќе биде големо засилување на „Риазор“. Некогашната ѕвезда на Борусија ...

Бруно Фернандеш не планира да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на овој преоден рок, клубот исто така не помислува на продажба, но морал експресно да реагира по атрактивната понуда која Португалецот ја добил од Галатасарај. Турскиот клуб бил подготвен да плати 50 милиони евра за Бруно и до неговите агенти испратил информација дека актуелниот капитен на „црвените ѓаволи“ би заработувал 20 милиони евра по сезона. Иако Галатасарај не ...

Политичките тензии во екс-ју регионот одамна прават раздор меѓу жителите на екс-ју републиките, но еден момент од последното ЕП во атлетика покажува дека спортот отсекогаш ги надминувал сите непотребни граници. Во Бирмингем дури две атлетичарки од регионот се најдоа на победничкиот подиум во дисциплината фрлање копје, а најуспешна беше хрватската атлетичарка Сара Колак. 30-годишната Колак имаше фрлање од 62,43 метри за кое ривалките немаа ...

Фудбалерот на Калјари, Жаел Трепи се уште се наоѓа во вештачка кома, а информациите од Италија потврдуваат дека младиот спортист води голема битка за својот живот. Неофицијалните информации велат дека на 20-годишниот фудбалер му се слошило додека се забавувал со пријатели на базен во вила на Сардинија, а додека бил извлечен од базенот веќе заработил сериозни последици по своето здравје. На Трапи му била укажана лекарска помош, по што итно бил ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) официјално му врачила отказ на Кевин Ламур, еден од високите функционери и близок соработник на Џани Инфантино. Ламур кој официјално беше Извршен оперативен директор, меѓу првите јавно го критикуваше Инфантино и сите останати инволвирани за проектот со која ФИФА сакаше да продаде дел од правата на светските првенства на приватни инвеститори. Проектот наиде на жестоки критики во целиот свет и посебно од ...

Барселона не пропушти шанса да го ангажира Родри откако самиот шпански репрезентативец изјави дека преферира да го облече дресот на Каталонците, а фановите можат да бидат задоволни од овој многу важен трансфер во актуелниот преоден рок. По одличниот настап на светското првенство, каде беше прогласен и за најдобар фудбалер, Родри сега им се враќа на клупските обврски, а дресот на Манчестер Сити го замени со тој на Барселона. Играчот за врска ...

Јувентус денеска одигра контролен натпревар со својот втор тим, нешто што е долга традиција во клупската историја и има свои специфични карактеристики. Иако во оваа модерна ера натпреварот е префрлен на стадионот „Алијанц“, останува традицијата фановите да го прекинат натпреварот во вториот дел со влетување на теренот и обид да добијат некој сувенир од „бјанконерите“. Денеска, тој прекин веројатно се случи многу рано, односно во првите ...

Ливерпул и ПСЖ изминатиот период беа во секојдневна комуникација околу трансферот на Бредли Баркола, но уште пред некое време медиумите пренесоа дека во позадина се разговара и за друга комбинација, која не е директно поврзана со првата и поатрактивна. Вечерва дел од поугледните француски медиуми објавија дека премиерлигашот добил зелено светло од Ибрахим Мбаје да ги интензивира преговорите со ПСЖ и да се обиде да ги договориле условите за ...

Жозе Мурињо не е докрај задоволен од трансферите реализирани во летниот преоден рок, па и натаму инсистира засилување во средниот ред, она што требаше да биде покриено со Родри, кој сепак одлучи да се пресели во големиот ривал Барселона. Португалецот притиска кај раководството да успее да се договори со Арсенал за трансфер на Мартин Зубименди, но голем проблем е што англискиот клуб е во позиција да бара сериозна трансфер сума за шпанскиот ...

Жозе Мурињо не е докрај задоволен од трансферите реализирани во летниот преоден рок, па и натаму инсистира засилување во средниот ред, она што требаше да биде покриено со Родри, кој сепак одлучи да се пресели во големиот ривал Барселона. Португалецот притиска кај раководството да успее да се договори со Арсенал за трансфер на Мартин Зубименди, но голем проблем е што англискиот клуб е во позиција да бара сериозна трансфер сума за шпанскиот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
91%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
88%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
79%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
98%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
86%
1025
weather icon

Тирана

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
2.06
85%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
93%
1026
Currency

61.577

Currency

55.056

Currency

73.822

Currency

37.948

Currency

39.11

Currency

67.241

Currency

8.2594

Currency

0.67154

Currency

0.34797

Currency

0.52359

Currency

1.0978

Currency

0.58615

Кобалт

33.53

Платина

50123.01

Злато

132371.05

Паладиум

32600.86

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Родиум

297394.41

Бакар

12.71

Калај

46.53

Сребро

1691.13

Иридиум

321507.47

Алуминиум

3.05