Ипсвич сезонава ќе биде повратник во англиската Премиер лига, а во своите редови ќе го има амбициозниот Дајзен Маеда, досегашен фудбалер на шкотскиот шампион Селтик. Маеда пет сезони наназад го носеше дресот на шкотскиот премиерлигаш, постигна 79 голови во зелено-белиот дрес, а последната сезона ги одлучи клучните натпревари, на кои Селтик успеа да ја освои титулата во битката со Хартс. Ипсвич ќе плати 10 милиони фунти за Маеда, а Јапонецот ...

Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, во своето последно подкаст гостување зборувал и на темата „Златна топка“, потенцирајќи дека Хари Кејн не може да се надева на освојување на престижното индивидуално признание. Прашан за тоа што мисли за шансите на англискиот репрезентативец, кој собори голгетерски рекорди во Баерн Минхен, Пети излегол со цврст став дека Кејн не е меѓу најсериозните кандидати за наградата. – Хари Кејн нема ...

Андреа Пирло беше најавен како иден селектор на италијанската фудбалска репрезентација, но медиумите на „чизмата“ пренесуваат дека може да остане без функцијата поради неговиот контроверзен договор со руски букмејкер. Пирло беше изборот на Паоло Малдини и Леонардо за наследник на Џенаро Гатузо и двоецот очекуваше максимална поддршка од новото раководство на федерацијата, но претседателот Џовани Малаго е под притисок поради поврзаноста на ...

Милан вчера ремизираше со Селтик на пријателски натпревар, но она што го загрижи новиот тренер Рубен Аморим е повреда на засилувањето во дефанзивната линија. „Росонерите“ пред две недели го официјализираа трансферот на Марио Хила од редовите на Лацио, а тој вчера бил принудно заменет уште по дваесетина минути на теренот. Шпанскиот дефанзивец влегол во игра на стартот на второто полувреме, но е повлечен во 67. минута откако почувствувал болка ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да остане во Италија и во новата сезона, но сега е најблиску до дресот на Јувентус. По одличната соработка со Антонио Конте во Наполи и комплиментите кои ги добиваше од тренерот и фановите, Елмас очекува разрешница за неговата иднина, која дефинитивно не е поврзана со РБ Лајпциг, клуб со кој има договор на уште две години. Добро информираниот „Тутоспорт“ денеска на својата насловна страница излезе ...

Кошаркарскиот клуб Партизан прави нова реконструкција на ростерот, а последните најави од европските медиуми се дека покрај досега потврдените засилувања, „црно-белите“ договориле трансфер на поранешен играч на Црвена Звезда. Се работи за аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса, кој доколку навистина се врати во Белград, ќе предизвика дополнителна тензија на дерби натпреварите меѓу српските ривали. Вилдоса минатата сезона потпиша тригодишен ...

Милан Илоски повторно беше клучен играч за Филаделфија, екипа која стигна до победа во МЛС против Сиетл. Напаѓачот со македонско потекло го постигна единствениот гол со атрактивна завршница, а натпреварот заврши со минимални 1:0 и пораз на Сиетл, во чии редови Дени Мусовски влезе во игра во финишот на натпреварот. Клучниот момент се случи во 31. минута, кога Илоски ја искористи одличната асистенција на Вестфилд и го совлада гостинскиот ...

Интер Мајами успеа да го победи Монтреал со гол од пенал, а минималниот триумф во МЛС беше одбележан и со дебито на Касемиро, но и една застрашувачка ситуација за сите на теренот и трибините. Гостите кои се ослабени поради отсуството на Меси и уште неколку други фудбалери, сметаа на Касемиро како стартер, нешто што беше неизвесно бидејќи Бразилецот во последен момент ја добил потребната виза, а со тоа и право на настап на овој натпревар. ...

Ливерпул го победи Сандерленд на првиот натпревар на својата американска турнеја, но менаџерот Андони Ираола по средбата најмногу зборувал за негативниот аспект на оваа средба во Нешвил. Џо Гомез побарал замена уште на почетокот на средбата и многу веројатно е дека ќе мора да направи одредена принудна пауза, што е сериозен удар за „црвените“, кои и онака се дефицитарни во одбраната. Засилувањето од Рен, Жереми Жаке, допрва треба да се ...

Кристијан Ромеро зад себе остави уште еден импресивен турнир како член на Аргентина, а после големото незадоволство кое го собра во себе за ужасната сезона која ја имаше Тотенхем во Премиер лигата, предвидувањата се дека Кути дефинитивно ќе си замине до крајот на летото. Тотенхем испорача неколку импресивни трансфер потези и потроши огромна сума на пари до оваа фаза на месец јули, но покрај засилувањата во средниот ред, ангажманите на Ван ...

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов го постигна првиот гол во дресот на Актобе, погодок со кој ја најави победата на неговата екипа над Окжетпес во првенството на Казахстан. Јани стандардно беше во почетната постава, а веќе во 5. минута се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе големо славје на трибините. Потоа Ерланов во 22 зголеми на 2-0, додека во 45 минута Умаров стрелаше за гостите за 2-1 што на крајот се покажа и ...

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со нокаут во втората рунда на борбата во тешка категорија која се одржа во Џеда, настан кој значеше емотивно враќање за Британецот во боксерскиот ринг. Џошуа ги облече ракавиците и се врати во рингот за првпат после трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа двајца негови пријатели од тимот, па иако важеше за апсолутен фаворит во дуелот со Албанецот Пренга, борбата започна на шокантен начин. Пренга ...

Чави Симонс уште долго ќе се опоравува од тешката повреда на коленото која ја заработи на крајот од сезоната, но како играч кој беше клучен во обидот да се избори опстанок, јасно е дека Холанѓанецот ќе биде важна алка од тимот на Де Ѕерби кога ќе се врати во текот на 2027-ма година. Играчот кој мина трнлив пат во изминатите години, мораше да се докажува на различни места пред да стигне до Премиер лигата, па иако има само 23 години, Чави за ...

Реал Мадрид е исклучително активен на трансфер пазарот по крајот на Светското првенство, па во овој момент се поврзува со низа звучни имиња како Родри, Диоаманде, но и Олисе. Првите двјца посебно добија на значење во изминатите 48 часа и се верува дека Реал Мадрид веќе има остварено иницијални коктакти со Манчестер Сити и РБ Лајпциг, но ако од овие две страни не излегуваат со било каков демант, од Баерн Минхен уште еднаш ретерираа дека Олисе ...

Борха Иглесијас одигра само неколку минути на ова Светско првенство кога во финишот од мечот доби шанса против Португалија, но тоа не го спречи да биде еден од најрасположените за време на шампионската прослава. Шпанија ја освои втората светска титула и истата ја прослави со сите почести во Мадрид, а пред плоштадот „Сибелес“ шоуто го украде токму Иглесијас. Резервниот напаѓач на Луис де ла Фуенте се покажа во улога на диџеј и ги забавуваше ...

Кевин Кампл го раскина договорот со РБ Лајпциг на средина на минатата сезона и самоиницијативно побара да биде ослободен од обврските, сето тоа како резултат на двојата семејна трагедија која му се случи во краток временски интервал. Во период од седум месец, Кампл остана без својот татко и без својот брат, а оваа голема семејна трагедија го натера да се повлече од професионалното играње фудбал на само 35 години. Словенецот беше одјавен од ...

Пресадувањето на коса стана метод кој се почесто го применуваат големи фудаблски ѕвезди, а последен во низата кои се одлучија на трансплантација е Хакан Чалханоглу. Голем број звучни имиња специјално одеа до Истанбул и Турција за да го решат проблемот со изретчената коса, па Хакан овој одмор во својата родна земја го искористи за да се приклучи на трендот кој е се позастапен. По разочарувачкото Светско првенство, Чалханоглу не доби продолжен ...

Роберто Фабијан Ајала ја призна грешката и зажали што го удри Дани Олмо по крајот на финалето на Светското првенство, но исто така додаде дека не му задал вистински удар на Шпанецот, и дека всушност бил испровоциран од него по последниот судиски свиреж. Помошникот на Лионел Скалони не остави најдобра слика за себе, а како славен аргентински репрезентативец од минатото, се најде и под очекуван притисок во шпанската јавност поради тоа што има ...

Кошаркарските јуниори денеска го претрпеа и вториот пораз на Европското првенство од Б Дивизијата кое се одржува во Ријека и Опатија, и тоа во финиш кој сигурно ќе влијае и врз нивната самодоверба. Нашите млади кошаркари водеа во најголем дел од мечот и се чинеше дека ќе ја запишат првата победа, но селекцијата на Босна и Херцеговина имаше повеќе нерви во финишот и се избори за драматична пресврт победа. Македонија водеше по првото полувреме ...

Струга Трим и Лум не посака топло добредојде за Шкендија Арачиново во Првата македонска фудбалска лига, бидејќи во натпреварот кој се играше денеска во рамките од првото коло, домашниот тим оствари лесна и убедлива победа со резултат 3:0. Дебитантот игра историска прва сезона во македонската елита и рано дозна дека квалитетот е на далеку повисоко ниво, бидејќи ако не застанеше, Струга можеше да постигне уште неколку голови. Домаќините се ...

Кими Антонели за момент напредуваше на третата позиција поради казната која ја заработи Луис Хамилтон, но еден час по казната која му беше изречена на Британецот, идентична судбина го снајде и Италијанецот. Хамилтон беше казнет со три места во стартниот поредок на трката за Големата награда на Унгарија и падна во третиот стартен ред, но по најновата вест која пристигна од стјуардите, зад него заврши и Антонели. Младиот Италијанец напредуваше ...

Жозимар Диаш – Возиња прерасна во вистинска сензација на Светското првенство уште по првото одиграно коло, а како што се движеше турнирот до нокаут фазата, голманот на Зеленортските Острови си стекна статус на главен јунак меѓу голем број фудбалски фанови. Поради неверојатната популарност која ја доби, Возиња стекна 29 милиони нови следбеници на социјалните мрежи и во иднина може да се занимава и со инфлуенсерска кариера, но пред да ...

Кристоф Фројнд полека влегува во клучната етапа од преодниот рок кога треба да прави план за тимот на Баерн Минхен во друштво на Макс Еберл, а двајцата луѓе кои се задолжени за спортскиот сектор на клубот полека влечат потези и им ставаат до знаење на двајца играчи дека треба да си бараат нови средини. Иако има уште повеќе од еден месец до крајот на трансфсер пазарот, спортскиот директор Фројнд денеска издвои две имиња, односно спомена давјца ...

Вардар штедеше сили на денешниот натпревар против Брегалница со кој означи старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и во такви услови успеа да запише премиерна победа. Македонскиот првак доби за задача да има домашни обврски среде двата европски дуели со Рига во Конференциската лига, а денешното гостување на штипскиот тим се покажа како рутинска задача за избраниците на Кристијан Фабијани. За разлика од натпревар кој го ...

Луис Хамилтон беше на добар пат да ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија, но Ландо Норис го имаше завршниот обид и успеа да извозе неверојатно време со што го потисна својот сонародник на второто место. Ова беше првиот од двата удари кои ги доби Хамилтон во период од неполн час, бидејќи многу брзо по крајот на квалификациската сесија на Хунгароринг, стјуардите одлучија да му врачат казна на седмукратниот шампион. ...

Новак Ѓоковиќ веќе ја тера 40. година од животот, но и понатаму не размислува за крај на активната тениска кариера. Србинот веќе некое време внимателно ги бира сите турнири и најчесто е активен на грен слемовите каде игра значајна улога. На Вимблдон стигна до полуфиналето во кое беше целосно надигран од Јаник Синер, ама претходно во четвртфиналето успеа да го добие Феликс Оже-Алијасим. Меѓутоа и ваквите резултати не се доволни за некои луѓе ...

Челси влече потези на трансфер пазарот и со тоа испраќа јасна порака до ривалите дека овој проект воден од Чаби Алонсо треба да го врати клубот на врвот во Англија и Европа. „Сините“ се активни, работат на засилувања, доведени се Роџерс, Палестра…се најавуваат и други имиња, меѓу кои и на стоперската позиција. Лакроа од Кристал Палас треба да пристигне на „Стемфорд Бриџ“, но тој не треба да биде единствен дефанзивец, стопер како ново име, а ...

Актуелниот Формула 1 шампион, Ландо Норис успеа да ја освои пол позиција во денешните квалификации на патеката Хунгароринг во Унгарија. Ова ќе биде 11. трка во тековнава сезона, а Норис ќе започне од позицијата број еден и тоа пред сонародникот Луис Хамилтон. Возачот на Ферари до последните моменти имаше најдобар резултат, меѓутоа Ландо го имаше завршниот збор и дојде до резултат кој е добра најава за Мекларен. "Gorgeous" First pole of 2026 ...

Трансфер пазарот беше доста тивок додека траеше Светското првенство, но откако се спушти завесата на турнирот во САД, Канада и Мексико почнаа да се случуваат, комплетираат доста операции, а во исто време да се најавуваат и мега трансфери. Се очекува да имаме доста „бомби“ до крајот на летото, а најголемиот, најзначајниот трансфер може да го има англискиот шампион Арсенал. Имено „Атлетик“ пренесува дека „топчиите“ сериозно размислуваа за ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер официјално го претстави првото засилување за натпреварувачката 2026/2027, играч кој се враќа во Битола. Се работи за 26-годишниот Благој Димитриев за кого ова претставива кам-бек во „зелено-белото“ семејство. Во таборот на Пелистер доаѓа од Тиквеш каде во претходната кампања одигра 27 натпревари со учинок од 7,1 поен, 3,6 скока и 0,6 асистенции по натпревар. Инаку Благој претходно беше дел од ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Калај

56.77