Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Македонската ракометка легенда, Стојанче Стоилов во новата сезона ќе го гледаме на кормилото на прволигашот Бутел Скопје. Тој денеска ја имаше првата прозивка, првиот тренинг со тоа што екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед. Инаку Бутел ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци ...
Вардар доживеа пораз на уште еден натпревар пред своите гледачи во Европа и одново на туѓ терен ќе мора да брка негатива, овојпат против Рига во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ загубија од Летонците со 3-2 и ќе мора да одиграат перфектно на реваншот ако сакаат да обезбедат пласман во наредната фаза. -Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од ...
Челси се подготвува за живот под водство на шпанскиот стручњак Чаби Алонсо и веќе се повлечени влези и излезни трансфери кога е во прашање пазарот во овој летен преоден рок. Оние кои пристигнаа во таборот на „сините“ се Морган Роџерс и Марко Палестра, се споменуваат и други имиња, но англиските медиуми денеска излегоа со вест дека Челси посакува двајца ветерани од Премиер лигата, играчи кои се родени 1990 година. Се работи за Џордан Хендерсон ...
Екипата на Њукасл нема по добро да ја памети натпреварувачката 2025/2026, сезона во која клубот не успеа да избори пласман во Европа, а тоа донесе сериозни промени во играчкиот кадар во досегашниот преоден рок. „Страчките“ како да градат нова екипа, ангажираат млади играчи, но во исто време останаа без двајца клучни играчи во имињата на Сандо Тонали и Антони Гордон, а се оечкува нивните стапки да ги следи и капитенот Бруно Гимараеш. Меѓутоа ...
Андреа Пирло беше на пат да стане нов италијански селектор, наследник на Џенаро Гатузо, избор на Паоло Малдини и Леонардо кои неодамна добија позиции во федерацијата, но од тие најави, тоа сценарио на крајот ништо нема да се реализира. Италијанците се кренаа на нозе поради одредената инволвираност на Пирло со руска компанија за обложување и сега одново ќе почне процесот на барање на селектор со тоа што останува отворено прашање дали Малдини ...
Англиските клубови и ова лето се или ќе бидат најактивни на трансфер пазарот и сигурно ќе потрошат најголеми суми на пари, веќе видовме неколку „тешки“ операции, зделки со цифри над 100 милиони евра како Елиот Андерсон во Манчестер Сити, Морган Роџерс во Челси и Сандро Тонали во Тотенхем. Се очекуваат и други вакви трансфери, а според некогашниот англиски менаџер Алан Пардју најголемата „бомба“ ќе ја активира Арсенал со потписот на Винисиус ...
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов го реши клупското прашање и тоа со кам-бек на полската фудбалска сцена каде имаше добри настапи за Јагелонија. Сефа офанзивецот ќе биде дел од тимот на Погон Шчечин, тим со кој потпиша двегодишен договор со опција за за уште една сезона. Тој во оваа средина доаѓа од турски Коџаелиспор, а во кариерата досега има настапувано и во Германија и Англија. Во Погон ќе го носи дресот со број 21. Инаку Погон ...
Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо го прифати повикот од „Стемфорд Бриџ“ и ќе го води премиерлигашот Челси. Првото големо засилување за Алонсо во новата средина е Морган Роџерс од Астон Вила, играч за кој „сините“ платија околу 140 милиони евра. -Ни беше потребен важен играч на таа позиција и сигурен сум дека немаше многу подобри опции од Роџерс. Потребни ви се играчи кои можат веднаш да имаат влијание и сигурен сум дека на Морган нема да му ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство. По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денес, 27 јули, во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград. Репрезентацијата утре патува за Србија, каде во рамките на групната фаза ...
Јирген Клоп минатата седмица беше претставен како нов германски селектор и наследник на Јулијан Нагелсман, но во период кога многу се зборува за низата радикални потези кои планира да ги преземе новиот тренер, од Федерацијата најавуваат дека една позиција ќе остане непроменета, а тоа е онаа капитенската. Руди Фелер како директор на германската Федерација смета дека Јозуа Кимих ќе остане лидер на националниот тим и под водство на Јирген, без ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер влезе во фаза од летото кога го конструира тимот за новата сезона, а откако вчера го претстави Благој Димитриев за прво засилување за новата сезона, денеска пристигна потврда и за второто. Пелистер во новата натпреварувачка сезона ќе биде воден од тренерот Тане Спасев и планот е до крајот на летото да биде осигуран квалитетен ростер, од кој дел ќе биде и Алонзо Едвард Денинг. Пелистер денеска се пофали со потписот ...
Челси реши да се ослободи од Алехандро Гарначо една година откако вложи доста за него, но начинот на кој се објави разделбата јасно става до знаење дека постои анимозитет меѓу двете страни. Аргентинецот не ги оправда очекувањата и потсети на својата најлоша верзија од Манчестер Јунајтед, а откако не се наметна во два англиски великани, сега среќата ќе си ја побара под водство на Унаи Емери. Амбициозната Астон Вила остана без клучни играчи ...
Рома не успеа да се носи финансиски со Ал Хилал и ја загуби битката со саудискиот клуб за Кришенсио Самервил, но многу брзо успеа да најде алтернатива и да се утеши со поевтина опција. „Волчицата“ беше подготвена да плати 50 милиони евра и да го направи Холанѓанецот најскапо засилување во историјата на клубот, меѓутоа откако стана јасно дека тој се сели во Саудиска Арабија, Џан Пјеро Гасперини се насочи на втората опција. Многу побрзо од ...
Тотенхем на драматичен начин избегна испаѓање од Премиер лигата и успеа да се спаси од голем срам, а фактот што беше добиената битката со Вест Хем ги запали сите аларми во клубот кога се во прашање нови идеи и нови играчи. „Петлите“ тргнаа амбициозно на трансфер пазарот и потрошија импресивни 237 милиони фунти до оваа фаза од летото, преоден рок во кој успеаја да договорат дури шест засилување. Матеус Фернандеш чинеше 85 милиони фунти, за ...
Наддавањето за Морган Роџерс достигна 117 милиони фунти и Челси комплетираше британски трансфер рекорд со ангажманот на фудаблерот на Астон Вила, а потврдата на овој ангажан донесе двојна радост на „Стемфорд Бриџ“ поради тоа што беше добиена битката со Арсенал. Двата клуба од Лондон се бореа за потписот на англискиот репрезентативец, но Челси беше тој што се покажа поистраен и подобар во преговорите, но и во задоволувањето на желбите на ...
Клаусура шампионатот во Аргентина стартуваше неколку дена по крајот на Светското првенство, а воведната рунда ова лето донесе и еден неочекуван резултат кој малку кој можеше да го замисли. Фаворизираната Бока Јуниорс претрпе тежок пораз на гостувањето кај Депортиво Риестра, но начинот на кој беше затворен натпреварот е навистина спектакуларен. Третиот гол беше дело на Александер Диаз, а начинот на кој успеа да се прослави направи да стане ...
Џани Инфантино доби серија критики за своите постапки на Светското првенство и многумина побараа од него да си поднесе оставка, но додека јавноста му дели лоши зборови за одредени одлуки кои ги повлече како прв човек на ФИФА, познатиот фудбалски работник реши да се огласи со соопштение кое дрско им одговара на критичарите. Инфантино го оценува завршениот турнир во САД, Мексико и Канада како најдобар и најизвонреден во историјата на ...
Паоло Малдини дојде со голема желба и страст да му помогне на италијанскиот фудбал во најтешките премержја во историјата, но после само две недели како технички директор, се поверојатно е дека легендата на Милан ќе се повлече и ќе си поднесе оставка. Политичките притисоци кои направија да му се стави вето на Андреа Пирло како селектор на Италија предизвикаа голем потрес на „чизмата“, а истиот се очекува да резултира со повлекување на двајцата ...
Тибо Куртоа и оваа година беше составен дел од познатиот музички фестивал „Тумороуленд“ кој се одржува во неговата Белгија, а фактот што се уште е на летен одмор го искористи за да биде дел од неколку шоуа. Голманот на Реал Мадрид ги полни батериите по настапот кој го имаше на Светското првенство, но гостувањето на познатиот фестивал го искористи за да даде и позитивна вест до сите фанови на Реал Мадрид околу неговата повреда. Тибо се повреди ...
Уште едно големо признание за македонскиот спорт и потврда дека Македонија има свое место во светските спортски структури. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката ...
Килијан Мбапе го заврши турнирот во САД, Канада и Мексико како најдобар голгетер и ја доби „Златната копачка“, но десетте погодоци кои ги постигна не и помогнаа на Франција да освои некој од медалите. „Триколорите“ влегоа во завршната фаза како главни фаворити за трофејот, но поразите во полуфиналето и на натпреварот за трето место ги оставија со празни раце, а тоа донесе и одредено разочарување во француската јавност која традиционално има ...
Реал Мадрид во најскоро можно време треба да го добие петтото летно засилување во името на Јан Диоманде, но додека со „кралскиот клуб“ се поврзува и други ѕвездени имиња како Родри и Олисе, вреди да се напомене дека во шпанската престолнина мора да се направи и мала чистка. Диоманде ќе биде петта летна аквизиција за Жозе Муроњо по Конате, Дамфрис, Силва и Кукурелја, но пред да се размислува на нови понуди за играчи кои треба да го сочинуваат ...
Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, врвни уметници со богата меѓународна кариера, препознатливи по својата извонредна музикалност и интерпретации кои оставаат силен впечаток. Концертната програма ја поведе публиката на инспиративно музичко патување, од безвременските дела на Моцарт и Шуберт, преку романтичните звуци на Сметана, до ...
Трансфер пазарот е во пол ек по крајот на Светското првенство и веќе видовме неколку операции кои предизвикаа голем потрес во европскиот фудбал, а интересно е тоа што допрва се очекува расплет на комплексни трансфер операции во месец август. До крајот на летниот преоден рок има повеќе од еден месец и клубовите ќе имаат шанса да ги комплетираат своите замисли, но во период кога се трошат неверојатни суми во англиската Премиер лигата, ...
Дарко Чурлинов објави разделба со Кочаелиспор и стана достапен за сите други страни како слободен агент, а со оглед на доброто искуство кое го имаше во Полска, македонскиот репрезентативец стана интересен за неколку клубови од оваа земја. Иако во изминативе денови се поврзуваше со трансфер во Видзев Лоџ, Чурлинов на крајот ќе потпише договор со Погон Шчечин, а оваа информација на големо ја пренесуваат сите угледни извори од Полска. Според ...
Лионел Скалони не можеше докрај да се обрати во јавноста откако Аргентина загуби од Шпанија во големото финале на Светското првенство, па иако не е љубител на социјалните мрежи, аргентинскиот селектор го искористи својот профил на Инстаграм за да се обрати со ладна глава, една недела по случувањата во Њу Џерси. Скалони во повеќе наврати го прифати поразот и џентлменски им честиташе на Шпанците за втората светска титула, но од друга страна, ...
Една недела по големото финале на Светското првенство, Славко Виничиќ донесе радикална одлука за својата иднина, односно реши да стави крај на богатата судиска кариера која ја завршува додека е при самиот врв. Виничиќ стана првиот Словенец кој ја делел правдата во едно мундијалско финале и дуелот меѓу Шпанија и Аргентина беше круна на неговата кариера, во која претходно Славко судеше финалиња и во Лигата на Европа и Лигата на шампиони. ...
Андреа Пирло беше изборот на Малдини и Леонардо за нов италијански селектор, а откако се беше подготвено да стави потпис на договорот, во Италија се активираа политички притисоци и трети страни за да ја блокираа оваа зделка. Како што стојат работите во овој момент, легендарниот Пирло нема да стане нов италијански селектор, а причина за тоа е негов важечки договор со руски букмејкер од периодот кога работеше во Обединетите Арапски Емирати. За ...
Тимот на Партизан успеа да комплетира уште една операција и го доведе најинтересното име во овој преоден рок од проста причина што истиот во минатото играше за лутиот ривал Црвена Звезда. Нов член на „црно-белите“ е 30-годишниот аргентински интернационалец Лука Вилдоза кој во Белград доаѓа од редовите на Виртус Болоња. Плејмејкерот се враќа во српската престолната, ама сега ќе ги брани боите на Партизан во наредните две години. Тој е петто ...
Вест Хем се покажа како најголемо разочарување минатата сезона и на крајот ја загуби битката со Тотенхем која носеше спас во Премиер лигата, а испаѓањето во Чемпионшип автоматски значеше дека голем број ѕвезди ќе мора да го напуштат клубот. Поради намалениот буџет, „чеканите“ беа приморани да слушаат понуди за своите најплатени играчи, па иако се очекува да останат важни играчи како Боуен и Соучек, клубот веќе значително го ослободи ...