Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Барселона почна да подготвува и други опции за нападот во ситуација кога Атлетико Мадрид одбива да започне било какви преговори за Хулијан Алварез, а интересно е тоа што втор пик на шпанскиот шампион е уште еден Аргентинец. Лаутаро Мартинез се поврзувал со Барса и во минатото, но секогаш на крајот останувал во Интер, па иако од Шпанија пристигнаа најави дека тоа може да се промени до крајот на месец август, Кристијан Киву воопшто не е ...
Жозе Мурињо денеска ја одработи првата прес-конференција пред еден натпревар во Ла Лига откако се врати во Реал Мадрид, а тоа значи дека овој викенд и официјално стартува неговата втора авантура во „кралскиот клуб“ на официјален меч. Реал одлично ги одработи подготовките со Жозе и забележа низа добри резултати, но моментот на вистината допрва следи и ќе биде интересно да се види во какво светло ќе го видиме неговиот тим на утрешниот натпревар ...
Хулијан Алварез самиот си ја искломпликува работата со отворената изјава дека сака да направи излезен трансфер од Атлетико Мадрид уште за време на Светското првенство, па иако неговиот став е јасен речиси два месеци, неговиот актуелен клуб не прави никакво поместување за да му ја оствари желбата. Атлетико цврсто стои на ставот дека нема да го продаде својот најдобар напаѓач на Барселона и исклучиво не посакува да преговара со каталонскиот ...
Брегалница не пропушти шанса да стигне до втората победа во новата сезона, додека Скопје ремизираше со Тиквеш и ќе чека нова шанса за прв триумф. Штипскиот прволигаш го победи Башкими со 3:0 и рутински си обезбеди нови три бодови на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Глигоров се истакна со два гола за домаќините, а еден е впишан на контото на Калпачки. Скопје и Тиквеш одиграа со резултат 1:1, а домаќините водеа на полувреме со ...
Рој Кин имаше точна прогноза пред една година и погоди дека Арснеал после долго време ќе ја освои титулата во Премиер лигата, а откако „топчиите“ ставија крај на дводецениското чекање, легендарниот Ирец е убеден дека тимот на Микел Артета ќе продолжи да доминира. Во низата прашања кои му беа поставени во пресрет на новата натпреварувачка сезона која стартува денеска, Кин без размислување типуваше дека Арсенал ќе ја одбрани титулата во ...
Жозе Мурињо дефинитивно ќе бара од своите играчи во нападот да се фокусираат и на играта во одбрана, а колку и да звучи тоа едноставно да се посака, на Португалецот дефинитивно нема да му биде лесно со ѕвезди како Мбапе, Винисиус и Диоманде кои не се навикнати да се враќаат во својата половина. Тоа посебно важи за Мбапе и Винисиус кои најчесто сите сили ги чуваат за дриблинзи и клучни потези во нападот, па сега двајцата станаа вирален хит на ...
Кришенсио Самервил значајно си ја „набилда“ цената на трансфер пазарот благодарение на добрите партии кои ги прикажа на Светското првенство, па иако тој водеше преговори со неколку премиерлигаши и со Рома, на крајот ќесето го одврза клубот од Саудиска Арабија кој немаше проблеми да му обезбеди стратосферска плата, но и да ги задоволи барањата на Вест Хем. Крилниот напаѓач се пресели во Ал Хилал за сума од 70 милиони евра и со цел да биде една ...
Џо Кол се издвои како фудбалски експерт кој често знае да предизвија и непосакувани реакции поради својот навредлив тон при изјавите, а бидејќи целосно го омаловажи Хал како повратник во елитата, легендата на Челси сега доби и одговор од спротивната страна. Кол прогнозираше дека Хал е веќе испаднат тим од Премиер лигата и дека експресно ќе се врати во понизок ранг, но дури и откри дека им спуштил слушалка на луѓето од „Ти-Ен-Ти“ кога побарале ...
Партизан одигра храбро против Хетафе во Мадрид и беше на чекор од поволен резутлат пред реваншот во Белград, но спрскиот вицешампион во финишот се распадна и прими два гола за пораз од 3:1. Завршните минути го расипаа впечатокот од сериозниот натпревар кој го одиграа „црно-белите“, а во ситуација кога атмосферата сериозно се наруши пред реваншот за седум дена, свој удел во утехата решил да има пилотот на авионот. Еден од пилотите им се ...
Пјер Емерик Обамејанг направи големо изненадување кога го избра Депортиво како идеална дестинација за својата кариера, клуб во кој пристигна како слободен агент по раскинатиот договор со Марсеј. Искусниот напаѓач од Габон уште на првиот меч во Ла Лига покажа дека ќе биде огромно засилување во нападот и режираше мајсторија карактеристична за расен голгетер, па покрај тоа што веќе почна да ги освојува симпатиите меѓу фановите на Депортиво, сега ...
Роналдињо вчера пристигна во Равена и беше претставен како огромно засилување за италијанскиот третолигаш, клуб на кој има за план да му помогне на професионален и маркетиншки план во периодот кој следи. Легендарниот Бразилец ја прекина пензијата на 46-годишна возраст и планот е да одигра неколку натпревари со Равена, па иако цела јавност вели дека негова главна цел е да го постигне 300-от гол во професионалната кариера, самиот нагласи дека ...
Македонија на крајот на месец август ќе ја стартува втората рунда од претквалификациите за пласман на Европско првенство, а не неполни десет дена пред првиот предизвик, селекторот Жозеп Марија Берокал го достави списокот на повикани кошаркарки. Предводниот на националниот тим повика 15 играчи за овој августовски прозорец на ФИБА, во кој Македонија ја чека само еден предизвик, оној против Австрија во Виена на гостински терен. Повикани ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година. УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства на приватни инвеститори, а сега можат да ја прошират ...
Завршницата на Светското првенство доби и невкусна епизода по последниот свиреж на судијата Славко Виничиќ, бидејќи во моментите кога беше означен крај на мечот, Леандро Паредес и Нахуел Молина режираа сцени кои фрлија црна дамка на дуелот во Њу Џерси. Во моменти на голема нервоза, аргентинските фудбалери креираа голем хаос на теренот и почнаа да ги удираат шпанските ѕвезди, а во целата срамна ситуација се вклучи и Роберто Ајала кој го мавна ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на „Плазма Спортските игри за млади“, што се одржа во Сплит, Хрватска. Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од ...
Јаник Синер го вклучи алармот меѓу своите фанови и италијанската јавност со второто откажување во низа на важен турнир, а после најавата која пристигна од „Газета“ пред неколку дена, за жал денеска пристигна веста која никој не сакаше да ја слушне. Угледниот италијански медиум најави дека Синер има мали шанси да настапи на Ју-Ес Опен, па иако светскиот рекет број еден дал се што е во негова моќ да се врати побрзо на терените, четвртиот грен ...
По завршениот турнир во Струга, оваа недела се игра и меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, но јасно е дека за првиот официјален трофеј во македонскиот ракомет ќе се игра на стартот на месец септември. Новата натпреварувачка сезона во нашата земја ќе стартува со Суперкуп пресметката меѓу Вардар и Охрид, а денеска РФМ излезе со официјално соопштение, објавувајќи дека град домаќин ќе биде Гевгелија. – Новата ракометна сезона ...
Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата ...
Милан мора да го забрза процесот на продажба на прецртаните фудбалери, а поради тоа во Милано пристигнал и првиот човек на клубот, Џери Кардинале. Највисокиот претставник на сопственичката структура бил виден во „Миланело“, а главната цел е да помогне да се договорат одредени трансфери и заеми, кои ќе ослободат дел од буџетот, но и простор во тимот. Најкомплицираната задача е поврзана со Рафаел Леао, бидејќи и двете страни се согласуваат на ...
Јувентус работи на случајот за прочистување на ростерот од фудбалерите кои не се во плановите на Лучијано Спалети, а денеска е потврдено дека со еден фудбалер е постигнат договор за раскинување на соработката, додека друг преговара со италијански ривал. Артур Мело дефинитивно е потврден како поранешен играч на Јувентус, откако претходно стана големо трансфер промашување за кое италијанскиот клуб и плати на Барселона 70 милиони евра. ...
Едерсон беше најавен како прво засилување за Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, но англискиот клуб се повлече од идејата да го доведе, а Бразилецот и во новата сезона ќе го носи дресот на Аталанта. Англиските медиуми го објавија трансферот на играчот за врска како договорен и тоа за сума од 45 милиони евра, Аталанта бараше замена за одличниот фудбалер, за на крајот да се случи целосен пресврт, кој и ден денеска не му е јасен на ...
Баерн Минхен се подготвува за соочувањето со Борусија Дортмунд, а неодминлива тема поврзана со клубот е здравствената состојба на Џамал Мусиала. Невролошкиот проблем кој придонесе напаѓачот да колабира два пати во неколку дена ги исплаши фановите и сите бараат одговори за тоа што се случува со германскиот репрезентативец и дали тој е безбеден кога игра натпревари на така високо ниво. Тренерот Венсан Компани денеска открил дека клубот знаел за ...
Жозе Мурињо официјално го најави премиерниот официјален натпревар откако се врати на клупата на Реал Мадрид, а тоа е првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига. Реал му гостува на Еспањол во текот на утрешниот ден, а Португалецот одговарал на голем број новинарски прашања како увертира за второто деби во „кралскиот клуб“. Една од поинтересните теми била и вклопувањето на трите големи ѕвезди – Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, ...
Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Селекторот на нашата репрезентација до 15 години, Горан Георгиевски за ...
Екипата на Црвена Звезда со вчерашната победа се приближи до главната лигашка фаза на Лига Европа, а раководството очигледно смета дека тренерот Риера има потреба од нови имиња во составот. Токму поради тоа, српските медиуми го најавија трансферот на Бамба Диенг, сенегалскиот напаѓач чиј последен клуб беше Лориен во Франција. Она што е интересно е што вчера Италијанците објавија дека Диенг имал договорен трансфер во Лацио, но римскиот клуб се ...
Јувентус веќе ангажираше шест засилувања во актуелниот преоден рок, но раководсвтото и тренерот Лучијано Спалети имаат императив да доведат уште две квалитетни и проверени имиња. Спалети инсистира на квалитетен играч за врска и еден напаѓач, а во фокусот на Јувентус се Франк Кеси и Џошуа Зиркзе и двајцата со важно искуство во Серија А. Според медиумите, Јувентус има договор со Кеси, односно директорот Рики Масара е во одлични односи со ...
Џо Кол знае да предизвика реакции со своите контроверзни изјави, а сега успеа да се истакне со прогнозата за екипите кои нема да обезбедат опстанок во Премиер лигата. Во последното подкаст гостување, поранешниот англиски репрезентативец без размислување истакнал дека екипата на Хал е испадната уште отсега. – Тие се веќе испаднати, влегоа во лигата од задна врата, едноставно имаа среќа. – Потрошија 70 милиони фунти, ќе бидам шокиран ако ...
Компанијата MaxBet ја започна новата промоција „Лов на ваучери“, која на играчите во сите MaxBet локали ширум Северна Македонија им овозможува можност да освојат ваучери во вредност од 50, 100, 250 или 400 денари. Механизмот на промоцијата е едноставен – потребно е да се состави тикет што ги исполнува дефинираните услови, а во зависност од висината на уплатата и остварената квота, играчите имаат можност да освојат еден од понудените ваучери. ...
Документарниот серијал посветен на дел од кариерата на Новак Ѓоковиќ донесе интересни детали поврзани со тенисот, но и неговиот приватен живот, а во него е опфатено и трауматичното искуство на српскиот тенисер кој беше депортиран од австралиските власти во 2022 година. Ѓоковиќ не беше вакциниран за корона вирусот и не доби дозвола да влезе на австралиска територија и да учествува на Аустралијан Опен, а сега вели дека можеби немало да му се ...
Џо Кол знае да предизвика реакции со своите контроверзни изјави, а сега успеа да се истакне со прогнозата за екипите кои нема да обезбедат опстанок во Премиер лигата. Во последното подкаст гостување, поранешниот англиски репрезентативец без размислување истакнал дека екипата на Хал е испадната уште отсега. – Тие се веќе испаднати, влегоа во лигата од задна врата, едноставно имаа среќа. – Потрошија 70 милиони фунти, ќе бидам шокиран ако ...