Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Милијана Рељиќ ја донесе првата победа за Македонија на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто, но по воведниот триумф, нашата најдобра таеквондиста беше сопрена во четвртфиналето. Рељиќ влезе со амбиции да освои медал на јубилејните Медитерански игри кои се одржуваат оваа година, меѓутоа планот и го наруши Чаима Тауми од Тунис. Во категорија до 57 килограми, туниската претставничка оствари победа со 2:0 над македонската ...
Ландо Норис го возврати ударот на трката за Големата награда на Холандија, бидејќи во главните квалификациите му одговори на Џорџ Расел за триумфот во спринтот. Возачот на Мекларен беше за нијанса побрз од двајцата возачи на Мерцедес, па така Расел утре ќе го предводи Ф1 караванот на почетокот на трката во Зандворт. Друштво во првиот стартен ред ќе му прави Расел кој одново беше блиску до првото место, а третата позиција ја освои неговиот ...
Манчестер Јунајтед отвори исклучително лошо на стартот на сезоната, бидејќи тоа што од медиумите беше најавувано како прошетка за подновениот тим на Мајкл Карик, на крајот се претвори во кошмар на гостувањето кај новајлијата во Премиер лигата. Хал Сити го шокираше грогираниот гостин од „Олд Трафорд“ и успеа да се избори за победа од 2:0, а до таков подвиг стигна благодарение на храбрата и агресивна игра во првото полувреме. „Тигрите“ ...
Ковентри доби најтежок можен предизвик на почетокот на премиерлигашката сезона, а гостувањето кај шампионот Арсенал заврши со убедлив пораз на новајлијата во елитната англиска лига. Менаџерот Френк Лампард по натпреварот не го криел воодушевувањето од начинот на кој играл противникот и фактот што неговите играчи немале никаква шанса да парираат. – Тие имаат по малку од сè, многу се добри без топка, најдобриот тим во лигата без посед на топка ...
Раководството на Челси и менаџерот Чаби Алонсо и ова лето се соочуваат со преголемиот ростер и потребата да најдат клуб за голем број играчи од првиот тим. И додека трае тој процес во кој дел од членовите на премиерлигашот веќе знаат каде ќе настапуваат или нивните агенти се во потрага по соодветна понуда, Челси испрати јасна порака со еден свој потег. Лондонските „сини“ денеска се пофалија со потписот на нов договор од страна на Жоао Педро, ...
Енцо Мареска се откажа од неколку фудбалери во овој преоден рок, но очигледно Манчестер Сити се уште не завршил со трансферите и планира да доведе уште неколку нови имиња на „Итихад“. Едно од нив е Алан, напаѓач на Палмеираш го кој го привлекол вниманието на скаутите и директорите на Сити и за кого премиерлигашот веќе води преговори со бразилскиот клуб. Она што оди во корист на Сити е што трансфер сумата која Палмеираш ја бара за Алан е околу ...
Манчестер Јунајтед доживеа голем шок на премиерата во новата премиерлигашка сезона, претрпувајќи пораз на гостувањето кај Хал. Фановите се надеваа на многу подобар почеток на сезоната под водство на Мајкл Карик, но повратникот во елитата им испорача незгоден удар. Тимот на Сергеј Јакировиќ влезе храбро на натпреварот, му создаваше проблеми на Леменс, а во 17. минута Аџаји донесе и водство. Фаворитот не направи ништо посериозно да го поправи ...
Сериозните промени во составот на Јувентус во текот на ова лето најмногу се почувствуваа на голманските позиции, каде „бјанконерите“ решија да променат двајца од тројцата голмани во првиот тим. За да биде поинтересно, Лучијано Спалети реши да се откаже од првиот и вториот голман, односно од Микеле Ди Грегорио и Матија Перин, кои наскоро треба да бидат официјализирани во Борнмут, односно Палермо. Гилјелмо Викарио е доведен да го преземе ...
Менаџерот на Норич, Филип Клеман и натаму не може да го прежали поразот од Вест Бромвич Албион во Чемпионшип, на натпревар на кој противникот постигна еден гол со рака, но судиите не го забележаа тоа. Во Чемпионшип не се користи ВАР технологијата и токму тоа го налути менаџерот на „канаринците“, кој смета дека делува неверојатно дека во англиската втора по квалитет лига не се користи технологија, која е имплементирана во многу помали и ...
Леон Горецка одамна најави дека ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на претходната сезона, помина речиси цел преоден рок, а тој се уште нема потврдено клуб во кој ќе настапува во новата сезона. Германскиот репрезентативец очигледно не може да ја пронајде комбинацијата на клуб и услови која ја бара, а најновата информација е дека сега конечно има конкретни преговори и тоа со Астон Вила. Унај Емери има потреба од нови играчи во средниот ред, ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од денеска има нов клуб, а тоа е италијанскиот прволигаш Аталанта. Откако имаше успешни настапи во дресот на Наполи во текот на претходната сезона, Елмас повторно ќе игра на „чизмата“, но овојпат за составот од Бергамо. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли го доведе Македонецот како сериозно засилување за тренерот Маурицио Сари, а тоа подразбира нов заем од редовите на РБ Лајпциг. Аталанта веќе го ...
Наполи веќе се договори со Челси за заемот на дефанзивецот Беноа Бадиашил, но посакува уште еден прекуброен играч во составот на Чаби Алонсо. Истовремено, Рома исто така го контактирала премиерлигашот обидувајќи се да ги засили своите редови со играч кој нема да добива минутажа од новиот менаџер. По договарањето на Бадиашил, за чиј заем на една сезона ќе бидат платени 3 милиони евра, Наполи се распрашувал и за Марк Гују, кој очигледно не е во ...
Арсенал ја започна сезоната на посакуван начин и со убедлива победа над Ковентри, а менаџерот Микел Артета по средбата можел релаксирано да одговара на големиот број новинарски прашања. Шпанскиот стручњак зборувал за настапот, победата и дел од играчите, а посебно го истакнал Кристос Цолис, кој летово дојде од редовите на Бриж. Цолис и вчера беше стартер на левата крилна позиција, направи важен потег во акцијата за првиот гол, асистираше за ...
Спортскиот директор Деко најави дека Барселона дефинитивно ќе го засили нападот со еден квалитетен играч до крајот на преодниот рок, но досега се уште нема ништо конкретно бидејќи главните фаворити за ваков трансфер не добиваат зелено светло од своите клубови. Хулијан Алварез и натаму е член на Атлетико Мадрид, неговиот сонародник Лаутаро Мартинез е покомплицирана опција бидејќи Интер не планира да се откаже од капитенот, а на списокот опции ...
Џорџ Расел ја задржа првата позиција од првиот до последниот круг на спринт трката во Холандија и одлично го продолжи гран-при викендот во Зандворт. Возачот на Мерцедес не им дозволи на ривалите да му се доближат доволно близу за да му ја загрозат позицијата и освои најмногу поени од денешниот спринт. Од останатите претенденти за највисок пласман, најголем дострел беше тој на Шарл Леклер, кој успеа да го претекне Ландо Норис и го освои ...
Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед и менаџерот Мајкл Карик очекува да му помогне на тимот со своите голови и искуство, а денеска стана јасно и дека ќе го добие дресот со број 9. Долго беше нејасно кој број ќе го носи Рашфорд, неговиот претходен избор, бројот десет е преземен од Матеус Куња, а сега ја доби „деветката“ која остана слободна по заминувањето на Расмус Хојлунд во Наполи. Англискиот репрезентативец очигледно добил ...
Дисциплинската комисија на МЛС ги испорача своите санкции за случувањата на дуелот меѓу Филаделфија и Интер Мајами во истиот ден во кој ФИФА испорача казни за аргентинските репрезентативци и нивното однесување во финалето на СП против Шпанија. Но, Лионел Меси помина многу подобро од Паредес и Молина, па МЛС реши да го казни само со парична казна за физичкиот контакт со противнички играч. МЛС го задржа правото да не го објави износот на ...
Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ, го стартуваше настапот на Медитеранските Игри со сигурна победа во осмафиналето во категоријата до 57 килограми. Македонката без проблеми славеше во дуелот со Ана Куорво, добивајќи ја борбата со резултат 2:0 и веќе може да се подготвува за следниот предизвик. Рељиќ во денешното четвртфинале ќе се соочи со Шаима Туми од Тунис, а борбата е закажана за во 15:38 часот. Борбите во оваа ...
Легендарниот напаѓач Крис Сатон ќе биде редовен прогнозер со точен резултат на премиерлигашките натпревари, а вчера имаше одличен старт со дуелот меѓу Арсенал и Ковентри. Сатон погоди дека натпреварот ќе заврши со резултат 3:0, што е одлична најава за неговите прогнозерски квалитети во пресрет на останатите средби од првото коло на новата сезона. Во продолжение и неговите прогнози по натпревар. Хал-Манчестер Јунајтед 1:2 Евертон-Кристал Палас ...
Клеј Томпсон ја заврши соработката со Далас Маверикс, па иако имаше најави дека ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, на крајот заврши во екипа од источната конференција. Американските медиуми најавија дека нов клуб на Томпсон ќе биде Мајами Хит, франшизата која составува квалитетен ростер со кој ќе има поголеми амбиции во новата сезона. Клеј ќе потпише двегодишен договор со Мајами и за истиот ќе заработи околу 13 милиони ...
Интер во овој летен преоден рок собра дури тројца искусни англиски фудбалери, а во оваа група покрај Џон Стоунс и Џед Спенс, сега се најде и Кртис Џоунс. Досегашниот фудбалер на Ливерпул потпиша договор со италијанскиот шампион до 2031 година, а ќе го чини Интер 30 милиони евра, плус 5 милиони евра во вид на бонуси. Во првото интервју за клупската телевизија, Џоунс истакнал дека долго време посакувал вакво сценарио во својата кариера. – Се ...
Унај Емери направи интересни трансфер потези со поддршка на менаџментот на Астон Вила, а очигледно решил да му дозволи да замине на еден од поважните играчи од последните сезони. Се работи за англискиот репрезентативец Оли Воткинс, за кого подолго време се шпекулира дека има атрактивни понуди од Саудиска Арабија и кој очигледно сериозно размислува за ваков потег. Најавите се дека најсериозен играч за потписот на Воткинс е Ал Ахли, а Емери ...
Јувентус реши да се откаже не од еден, туку од два голмана во ист преоден рок, па покрај Матија Перин, клубот ќе го напушти и Микеле Ди Грегорио. Досегашниот стартен голман на „бјанконерите“ ја загуби довербата на менаџментот и тренерот Лучијано Спалети, а најдобар сигнал за такво нешто беше доведувањето на Гилјелмо Викарио, кој треба да биде прв избор на торинскиот клуб. Ди Грегорио ќе ја продолжи кариерата во Борнмут, клубот кој ќе го ...
Арсенал на импресивен начин ја отвори новата сезона во Премиер лигата и го преслуша Ковентри со резултат 3:0, но за Јан Рајт, убедливиот триумф остана во сенка на одлуката која ја донесе Микел Артета за еден староседелец во тимот. Габриел Мартинели е дел од Арсенал од 2019-та година и имаше моменти кога беше најдобар играч и поединец во тимот од Северен Лондон, но сега се најде во крајно непријатна ситуација ова лето, а истата според Рајт ја ...
Манчестер Јунајтед наскоро ќе добие трето премиерлигашко засилување во средниот ред во овој преоден рок, откако оперативците на клубот ги договорите сите детали со Брајтон за Карлос Балеба. Фудбалерот кој беше трансфер мета на Јунајтед уште минатото лето, на крајот не направи трансфер поради пропаднат договор во завршниот дел од преодниот рок, но „црвените ѓаволи“ одново притиснаа во изминатите неколку дена и прилично брзо се договорија со ...
ГРК Охрид не успеа да го победи хрватскиот ривал Загреб (30:30) во последниот натпревар од групната фаза на турнирот „Крсте Андоновски“, но и реми му беше доволно на нашиот претставник да избори финале. По подобриот старт на домаќините, Загреб беше подобар противник до крајот на полувремето и на пауза замина со предност од 18:14. Сепак, ГРК Охрид успеа да се врати во натпреварот во вториот дел, но потоа следуваше нова серија на опасниот ...
Барселона преку спортскиот сектор предводен од Деко напорно работи на засилувања и во период од неколку дена ги договори Родри и Кансело, а откако беше претставено петтото летно засилување во текот на вчерашниот ден, денеска е комплетирана една излезна операција. Каталонскиот великан има за цел до крајот на летниот преоден рок да продаде неколку фудбалери кои не се во плановите на Ханси Флик, со тоа што денеска веќе е официјализирана една ...
Актуелниот англиски шампион Арсенал ја стартуваше одбраната на титулата со убедлива победа (3:0) над Ковентри. По триумфот на дербито со Сити во Суперкупот, „топчиите“ ја отворија и Премиер лигата во сличен стил, полнејќи ја мрежата на повратникот во елитата. Избраниците на Френк Лампард немаа решение за амбициозниот лондонскиот клуб, а епилогот го најави Хаверц уште во 15. минута. Осум минути подоцна, Сака зголеми на 2:0, а Одегард во ...
Ракометарите на Вардар стигнаа и до трета победа на третиот одигран натпревар на турнирот ,,Крсте Андоновски” во Охрид. Актуелниот македонски шампион го совлада словенечки Тримо со 28:26, во натпревар кој донесе израмнето прво полувреме со малку голови. Избраниците на Иван Чупиќ сепак одработија доволно за да забележат нова победа, која им го гарантира првото место во групата. Вардар со истото избори место во финалето на турнирот, а таму ќе ...
Енцо Мареска ќе има една од најтешките можни работи во модерниот фудбал, а тоа е да продолжи по патот кој го трасираше Пеп Гвардиола и да оствари резултати на какви навикнаа навивачите на Манчестер Сити во изминатите десет години. Италијанскиот стручњак ќе се соочи со огромен предизвик и на последниот меч со Арсенал дозна дека нема да биде воопшто лесно, особено не во ситуација кога тимот за новата сезона уште не му е комплетиран. Планот е ...