Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Чави Алонсо дочека слична судбина како Рафаел Бенитез во Реал Мадрид и успеа да истрае само неколку месеци како лидер на проектот на Флорентино Перез, нешто што претходно му се случи и на трофејниот стручњак кој со големи успеси работеше во Валенсија, Ливерпул и други клубови. Бенитез лошо заврши во Реал Мадрид и доби отказ после само неколку месеци во ситуација кога сакаше да промени доста работи во тимот, а бидејќи нешто слично му се случи ...
Македонскиот фудбалски стручњак Југослав Тренчовски сезонава е на клупата на Олимпија и ќе се обиде да ги оствари клупските амбиции на составот од Љубљана. Тренчовски во своето последно интервју за словенечки медиум зборувал за своите очекувања од сезоната, потенцијалните засилувања до крајот на преодниот рок, но и својата иднина во редовите на словенечкиот клуб во пресрет на својот јубилеен, 50-ти роденден. – Се надевам дека ќе го прославам ...
Луис де ла Фуенте се превтори во вториот селектор кој донесе светска титула за Шпанија по Висенте дел Боске, успех кој автоматски го внесе фудаблскиот работник во фудбалските читанки на шпанскиот фудбал. Пред четири години, малку кој веруваше дека Де ла Фуенте ќе биде човекот кој ќе го наследи Луис Енрике, но откако „фуријата“ импресивно измаршира до европската титула, ова лето покажа завидна доминација и на најважните натпревари за светска ...
Вардар ја прекина лошата низа на резултати и после два порази запиша важна победа во домашното првенство, и тоа во партија која беше најдобра од „црвено-црните“ во последно време. Актуелниот шампион го победи Силекс со 4:1 на домашен терен и ја впиша втората победа во Првата лига, а еден ден подоцна, од клубот пристигна информација дека ростерот е збогатен со нов играч кој треба да делува во срцето на одбраната. По заминувањето на Дарко ...
„Случајот Хулијан Алварез“ предизивкува голема нервоза на релација Мадрид-Каталонија поради нарушените односи меѓу Атлетико и Барселона, па во ситуација кога „душекџиите“ се држат до ставот дека нема да го продадат Аргентинецот на „Камп Ноу“, се пократко е времето да се смени нешто во позитивна насока до крајот на преодниот рок. Алварез самиот побара да направи трансфер уште за време на Светското првенство и со тоа уште повеќе го зголеми ...
Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да направи изненадување и доживеа пораз од Маи Хонтама во првата квалификациска рунда на Ју-Ес Опен. Лина посакуваше резултат како на Вимблдон каде преку квалификациите дојде до главната фаза, меѓутоа ќе мора да почека некоја друга шанса за тоа кога е во прашање грен слемот во Њујорк. Хонтама која е подобро пласирана од Ѓорческа на ВТА листата ја оправда улогата на фаворит со славје ...
Тотенхем продолжува со своето трансфер лудило ова лето и денеска официјално реализираше уште еден голем трансфер, па така сумата која досега ја потрошија за нови засилувања надмина и 300 милиони евра. По ангажманите на Фернандеш, Тонали и Ван Хеке, „петлите“ ги договорија сите детали и за Бразилецот Савињо, кој во касата на Манчестер Сити ќе остави импресивни 100 милиони евра. Иако немаше некои позначајни изданија во синиот дрес на Сити, ...
Рожер Федерер се подготвува за големиот спекткал од кој ќе биде дел на централниот терен на Ју-Ес Опен, а како најава на тоа, легендарниот Швајцарец вчеравечер одржа прес-конференција и имаше полесен тренинг со Лоренцо Музети. Федерер вечерва ќе биде главна ѕвезда во егзибицијата од која дел ќе бидат и Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси, но пред да дојде до главниот настан на „Артур Еп“, Рожер издвои време за новинарите и одговараше на ...
Челси отвори со победа на стартот на новата сезона во Премиер лигата и го доби трилер дуелот со Фулам во малото лондонско дерби, но иако Чаби Алонсо може да биде задоволен од офанзивниот дел на играта на неговиот тим, јасно е дека ќе мора да коригира доста нешта во дефанзивна смисла. Фулам знаеше како да нанесе штета и постигна два гола во поразот од 2:3, па во период кога Челси троши многу пари и се очекува да добие уште некое засилување до ...
Унај Емери остана без голем број ѕвезди во својот тим ова лето, па иако клубот донесе замени кои ги одобри шпанскиот стручњак, се чини дека ростерот во овој момент е значително послаб од лани. Клубот од Бирмингем има уште една недела да ги поправи нештата и да доведе важни засилувања во завршницата од летниот преоден рок, особено ако се земе во предвид дека пред заминување е и Оли Воткинс кој неочекувано реши да преговара за транфер во ...
Изминатиот период се огласи многу познати фудбалски имиња, Федерации и Конфедерации кои му изгласаа недоверба на Џани Инфантино, но ако првиот човек на ФИФА го навлече гневот во Европа, Азија и Северна и Централна Америка, мора да се признае дека во Африка се уште ужива голема доверба. Самуел Ето како прв човек на камерунскиот фудбал застана во одбрана на претседателот на ФИФА и посочи дека тој мора да остане главен раководител на најважното ...
Рома со доминантно издание и спектакуларна претстава ја отвори новата сезона во Серија А, па уште во раната фаза се добива впечаток дека Џан Пјеро Гасперини оваа сезона ќе ужива во изданијата на Пауло Дибала и Дониел Мален. Аргентинецот беше повреден во добар дел од втората полусезона кога Мален блесна во италијанската елита, но стартот на новата кампања донесе натпревар на кој првиот запиша три асистенции, а вториот постигна три гола. Мален ...
Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа беа двајца тренери кои го водеа Реал Мадрид минатата сезона, а судбината посака новата да ја отворат со директна пресметка како новоименувани менаџери во Премиер лигата. Јавноста во Шпанија создаде непотребен јаз меѓу двајцата пријатели и се појавија шпекулации дека Алонсо му е лут на Арбелоа што прифатил да биде негов наследник кога доби шокантен отказ од Флорентино Перез, па во ситуација кога ниту еднаш не се ...
Јан Рајт отворено распали по Арсенал и Микел Артета за начинот на кој го третираат и ја негуваат цела ситуација со Габриел Мартинели, фудбалер кој со години му даде многу на клубот, а кој сега се најде во ситуација да биде непожелен во првиот тим. Бразилецот беше изоставен на двата официјални натпревари кои ги одигра Арсенал и доби јасен сигнал од Артета дека не е дел од неговиот проект за новата сезона, а во ситуација кога ги брои последните ...
Столе Димитриевски благодарение на извонредните партии се избори за стартерски статус и доби нов побогат договор од Валенсија, но по инсистирање на Карлос Корберан, тимот во новата сезона одново ќе има двајца голмани кои ќе се борат за стартната позиција. Димитриевски беше недопирлив во изминатиот период и немаше вистинска конкуренција во голмани кои не се дел од плановите на Корберан, па затоа Валенсија како клуб инсистираше да донесе ...
Манчестер Сити се очекува да биде супер активен во завршницата на овој преоден рок и да доведе неколку засилувања по продажбата на добар дел од играчите. Средината и нападот се линии кои треба да бидат освежени, да бидат додаден дополнителен квалитет, а како што стојат работите крилната позиција ќе биде засилено со интернационалец од Бразил. Повее извори пренедуваат дека „граѓаните“ си подале рака со Палмеирас за услугите на 22-годишниот Алан ...
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас конечно го реши својот клупски статус и тоа одново со ангажман во Италија, овојпат како позајмен играч во редовите на Аталанта. По Наполи и Торино, популарната „Ла Деа“ е трет клуб за нашиот офанзивец на Апенините, клуб во кој е надеваме ќе добие соодветна минутажа, можност вистински да покаже што знае и умее. Во Аталанта го очекува големо друштво од овие простори и тоа може да му биде од значајна ...
Словенечката кошаркарска репрезентација наредните денови ќе игра во квалификациите за СП, а предизвиците ќе ги дочека без првата ѕвезда Лука Дончиќ во своите редови. Дончиќ се наоѓа во својата татковина, но периодов беше фокусиран на тим билдингот со соиграчите од Лејкерс, чиј домаќин беше на прошетките низ Љубљана и околината. НБА ѕвездата одамна најави дека ова лето нема да настапува за националниот тим и ќе ја искористи паузата за одмор и ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Тунис од 43:11 на Медитеранските игри во Таранто. Нашите ракометарки немаа решение и одговор за денешниот ривал кој издоминира во двете полувремиња. Репрезентативките на Тунис го добија првиот дел со 20:4, вториот пак со 23:7. Ова беше втор пораз за Македонија на овој настап по оној од Грција, следи соочување со Алжир. Женската ракометна репрезентација на Македонија ...
Дарко Велковски го заврши вториот мандат во редовите на Вардар и во иднина повторно ќе игра надвор од Македонија. Македонскиот дефанзивец се реши да ги напушти „црвено-црните“ и да ја прифати понудата од Бахреин од екипата на Ал-Калдија, амбициозен тим кој ќе игра и во азиската Лига на шампиони. Велковски со ова се враќа на меѓународната сцена каде настапуваше уште за Ријека, Ал Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски. Кога е во прашање ...
Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто и тоа од селекцијата на Турција со резултат од 3-0. За разлика од првото коло во кое ја сочувавме недопрена нашата мрежа против Тунис (0-0), овојпат трипати бевме матирани и тоа од еден играч-Оздер Ожџан. Оздер погоди двапати во првото полувреме (26 и 41 минута), а хет-трикот го комплетираше во 59 минута. Во третото коло ќе се соочиме со Мароко, ...
Чаби Алонсо со победа ја започна приказната како тренер на Челси, победа над Фулам кој го предводи неговиот сонародник Алваро Арбелоа. „Сините“ како гости славеа на „Креjвeн Котиџ“ со 3-2 и со тоа најавија далеку подобра сезона од минатата во која останаа и без пласман во Европа. Меѓутоа овој тим предводен од Алонсо е сосема поинаков од оној од натпреварувачката 2026/2027, состав кој допрва треба да расте, напредува и го покаже најдоброто. ...
Рома е тимот на воведното коло во Серија А, а причината за тоа е убедливиот триумф над Фиорентина од 4-0. Клубот од италијанската престолнина со стил ја отвори новата кампања и тоа против Фиорентина, состав кој добро се засили и од кого се очекува да се бори за Европа во натпреварувачката 2026/2027. Во елемент беа Мален и Дибала, двајца играчи кои испораа хет-трикови во различни категории, Холанѓанецот со погодоци, Аргентинецот со асистенции. ...
Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер донесе повеќе засилувања за натпреварувачката 2026/2027, сезона во која екипата ќе биде водена од искусниот Лино Червар. Меѓутоа пред да тргнат оние вистински возбудувања, предизвици клубот од Битола повлече еден неочекуван потег и објави дека е завршена соработката со Омер Мехмедовиќ. Тој беше промовиран како освежувње за „зелено-белите“ на крајот на месец мај, играч кој требаше да се засили ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за предизвикот Австрија, меч од од втората претквалификациска фаза за Европското првенство. Средбата со Австријците е закажана за 30 август во Виена, а нашиот национален тим за овој натпревар ќе биде сериозно засилен со повратникот во националниот тим Ненад Димитријевиќ како и со центарот Мозес Рајт. Димитријевиќ знае дека Австрија има свои квалитети, но верува дека можеме ...
Македонските борачи донесоа голем резултат и успех за нашата земја на Медитеранските игри во Таранто, настан на кој се освоени три медали. Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари се имињата на тројцата јунаци кои донесоа знаечаен резултат, два сребрени и една бронзена медала. Вејсели и Хајдари се закитија со сребра, двајцата загубија во финалните средби од Ислам Дудаев и Даурен Куруглиев во категории до 74 и 97 килограми. Магомедов пак ...
Тимот на Шкендија продолжува да игра без грешка во Првата македонска фудбалска лига, а што е уште позначајно за нив доби уште едно дерби против директен ривал за врвот на табелата. „Црвено-црните“ пред две кола го решија Вардар со 2-0, додека оваа вечер беа подобри од Струга Трим Љум со 2-1. Првото полувреме беше решено со голот на Нзенгуе во 29 минута со тоа што на истиот играч му беше поништен уште еден погодок поради офсајд. Во вториот ...
Македонскиот шампион Вардар 1961 оваа среда требаше да го игра вториот меч од регионалната ракометна лига, но соочувањето со Динамо Панчево е одложено за друг термин. Имено „црвено-црниот“ тим е погоден од повреди и вирус по што е побарано овој натпревар да се одложи, барање на кое позитивно е одговорено од српскиот клуб и раководството на лигата. Македонскиот шампион Вардар 1961 оваа среда требаше да го игра вториот меч од регионалната ...
Сантијаго Кањизарес во еден дел од својата кариера бранеше за првиот тим на Реал Мадрид, а како поранешен член на „кралевите“ кој добро е запознаен со вредностите и традицијата на клубот, не пропушти да испорача нов рафал критики против Винисиус Жуниор. Кањизарес не е голем симпатизер на бразилскиот крилен фудбалер и причина за тоа се големите број препирки кои ги има со противничките играчи и фановите, а по најновата епизода која ја имаше на ...
Екипата на Лацио ги шокираше своите фанови со сензационалната елиминација од Мантова во Купот на Италија, па сосема очекувано тие имаа мали очекувања за денешниот првенствен меч со Болоња на „Ренато Дал’Ара“. Меѓутоа тимот што го предводи Џенаро Гатузо покажа реакција и успеа да ги освои трите бода на ова гостување за победнички старт на сезоната во Серија А. Екипата на Лацио ги шокираше своите фанови со сензационалната елиминација од ...