Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Третото коло од англискиот Карабао куп подразбира вклучување и на екипите кои имаа најдобар пласман во Премиер лигата минатата сезона и на тој начин изборија и пласман во европските купови. Фановите со нетрпение ја очекуваа ждрепката за оваа рунда, по која стана јасно против кого ќе играат и најелитните и најамбициозните клубови, а најинтересната двојка дефинитивно е Ливерпул-Тотенхем. „Црвените“ ќе бидат фаворити и ќе играат на домашен ...
Норвешкиот фудбал доживува вистинска експанзија, па откако репрезентацијата блескаше на Светското првенство сега гледаме како во нагорна линија се движи и клупскиот фудбал. Имено оваа земја ќе има два претставници во групната фаза на Лигата на шампионите, односно на Бодо Глимт вечерва му се приклучи и Викинг. Викинг го доби Динамо Загреб со 3-1 во реваншот и со вкупни 5-3 испиша нова страница во историјата. Оваа вечер ќе ја памети и ...
Екипата на Реал Мадрид ја забележа втората победа во вториот сезонски натпревар во шпанската Примера. Тимот предводен од Жозе Мурињо славеше над Реал Сосиедад со 4-1 и со тоа им се приклучи на Севилја и Бетис на врвот на табелата, состави со 100 процентен учинок во досегашниот тек на шампионатот. Првото полувреме донесе два гола во самата завршница Мбапе погоди во 40, Сучиќ одговори во 44 за 1-1 на паузата. Фаворитот се наметна по одморот, ...
Тотенхем доживеа потоп на отварањето на новата сезона во Премиер лигата и токму поради тоа се очекуваше соодветен одговор, реакција на вечерашниот меч против Чарлтон во Лига Купот, реакција до која дојде со оглед на остварената победа од 5-1. Мур и Соланке погодија во првиот дел, Дансо, Дејвис и Савињо во второто полувреме. Ова за Бразилецот беше деби во дресот на „петлите“, за 20 минути освен гол забележа и асистенција. ТУКА погледнете ги ...
Премиерлигашот Астон Вила прави огромни промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок и тимот ќе изгледа комплетно изменет за натпреварувачката 2026/2027, состав за кој допрва ќе видиме дали ќе може да соодветно да одговори и донесе добри резултати. Актуелниот освојувач на Лига Европа остана без услугите на неколку клучни играчи како Роџерс, Конса, Тилеманс, Дињ…листа на која сега ќе биде додаден и Оли Воткинс. Англискиот ...
Нов ден, ново засилување за македонскиот второлигаш Пелистер кој има јасна цел и амбиција експресно да се врати во првата лига. Клубот од Битола вчера ја засили офанзивната линија со Иван Ивановски, додека пак денеска се пофали со потписот на Марко Стојилевски. Тој може да покрие повеќе позиции во дефанзивата со тоа што најчесто е користен како десен бек. Беше дел од Вардар, Брера Струмица и Смедерево од Србија. Нов ден, ново засилување за ...
Ракометарите на Алкалоид со пораз од Партизан од 39:31 го започна настапот во Регионалата лига. Ова беше соочување на актуелниот и поранешниот македонски селектор Кире Лазаров и Раул Гонзалес, а поуспешен беше Шпанецот кој пронајде начин неговата екипа да слави во Автокоманда. „Црно-белите“ од Белград имаа подобри решенија на натпреварот, ја контролираа играта и заслужено дојдоа до триумф. Партизан водеше со 17:15 по првото полувреме, ...
Екипата на Еурофарм Пелистер забележаа нов триумф во Регионалната лига, овојпат во соочувањето со Ловќен кое го добија со 45:33. Избраниците на Лино Червар беа расположени за игра и без проблеми се справија со ривалот од Црна Гора. „Зелено-белите“ наметнаа свое темпо и ритам уште во првото полувреме кое го реализираа со 24:15 и на тој начин го најавија триумфот. И по паузата Пелистер беше подобар тим и ја заврши работата за второ славје во ...
Нови порази претрпеа одбојкарската и ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Таранто. Одбојкарките загубија од Грција со 3-1 во сетови во меч во кој добро го отворија и поведоа (25-22), меѓутоа потоа таа игра не ја повторија, противничките покажаа зошто се фаворити и со 26-13, 25-7, 25-17 дојдоа до посакуваниот резултат. Следно за избраничките на Милош Гавриловиќ е соочувањето со Алжир. Ракометарките пак немоќни во ...
Македонската кошаркарска репрезентација доби супер квалитетно засилување во името на Мозес Рајт, еден од најдобрите центри во Евролигата во минатата сезона, ас кој прифати за игра за нашата земја. Тој веќе работи со новите колеги, соиграчи и со нетрпение го очекува важниот меч со Австрија во Виена закажан за 30 август. –Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе ...
Поранешниот македонски шампион Работнички официјално потврди уште едно засилување за натпреварувачката 2026/2027. Нов член на скопскиот тим е Атанасиј Трајанов кој доаѓа од Партизан Водно Санс. Се работи за младински репрезентативец на Македонија кој ги покрива позициите три и четири. Претходно центарци ги доведоа Дарин Говенс, Тарик Брунчевиќ,Фатјон Реџа и Кристијан Николов, додека соработката беше продолжена со Дамјан Робев, Лука Петровски ...
Брегалница повторно е дел од најсилната домашна фудбалска конуренција каде по првите четири кола забележа две победи и два порази. Клубот од Штип има цел да биде стабилен фудбалски прволигаш и токму поради тоа се обидува да изгради квалитетен и конкурентен состав. Токму денеска „сините“ обезбедија две квалитетни имиња, двајца играчи кои се повратници во Брегалница. Првиот е Иван Николов, фудбалер од средината на теренот кој по ангажманите во ...
Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...
Македонскиот боксер, Ален Рустемовски не успеа да направи дополнителен исчекор и освои бронза на Медитеранските игри во Таранто. Во полуфиналето во категоријата до 60 килограми нашиот ас загуби од Едвард Анрес Марин Ернандез со 4-1 на поени. Меѓутоа како кај него така и кај македонската делегација постои незадоволство од судењето на овој меч. -Дефинитивно мислам дека требаше да победам. Дури и со сигурна разлика од 5-0. Меѓутоа, не знам како ...
Македонската фудбалска репрезентација со убедлив пораз од Мароко од 5-1 го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто. Ова беше најслабиот наш настап на овој турнир, меч во кој израмнивме преку Дарјан Тасев во почетната фаза, но потоа и дозволивме африканците силно да не нападнат и ни нанесат тежок пораз. Само за потсетување Македонија беше во група уште со Турција од која загубивме со 3-0 и Тунис со кого ремизиравме играјќи 1-1. ...
Родри направи голем трансфер во Барселона и клубот за неговите услуги плати околу 75 милиони евра, па иако пристигна во оптимални услови и во тренажен процес, сепак не можеше да дебитира на стартот на новата сезона во Ла Лига. Искусниот играч за врска беше поштеден и доби дополнително време за одмор по рутинската операција на грбот кој ја направи по Светското првество, но откако одработи неколку тренинзи со максимален интензитет во изминатите ...
Ливерпул двапати го победи Реал Мадрид во последните две години во Лигата на шампиони во натпревари кои се играа на „Енфилд Роуд“, но поради новиот систем и новото правило кое стапи на сила во Европа пред две сезони, големите европски ривали не би можеле да повторат таков двобој во новата сезона. Во пресрет на ждрепката која ќе следи за новата сезона во најелитното европско натпреварување, Ливерпул излезе со појаснување на едно малку познато ...
Фудбалските ѕвезди понекогаш се принудени да прават и непопуларни потези за да го добијат она што го сакаат, а последен доказ за такво нешто е Моизе Кин, италијанскиот репрезентативец кој веќе не се гледа себеси како дел од проектот на Фиорентина. Италија добива свој случај „Хулијан Алварез“ откако Комо ги договори сите детали со корпулентниот напаѓач за негова преселба во тимот на Комо, но опструкција во целата ситуација прави Фиорентина ...
Барселона го ослободи Марк Андре Тер Штеген ова лето и го испрати во Ајакс и јасно му стави до знаење на Германецот дека е надвор од проектот на Ханси Флик, но кога никој не очекуваше, каталонскиот гигант реши да искористи една опција која се отвори на трансфер пазарот. Шпанскиот првак реши да го купи Доминик Ливаковиќ како опција која може да биде доста добра за во иднина, па иако договорот со Фенербахче е конечен и сумата за трансферот ...
Алехандро Балде сосема неочекувано се претоври во мал проблем за Барселона во финишот од летниот преоден рок, бидејќи се отворија сомнежи дека левиот бек размислува за преселба во друг клуб во ситуација кога не му е загарантирано стартното место во тимот на Ханси Флик. Германецот не им подарува ништо на фудбалерите и за него секој играч треба секој ден да се бори за своето место во тимот, па откако јавно го прозва на крајот на минатата ...
Англиските и италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесоа дека два елитни премиерлигаши го контактирале Милан и Рафаел Леао за можен трансфер до крајот на летниот преоден рок, но откако дознале за сложеноста на операцијата и високите финансиски барања кои ги има Португалецот, денеска пристигна нова информација дека двата клуба се откажале од намерата да го ангажираат. Астон Вила и Тотенхем не планираат да решаваат проблеми и да ...
Манчестер Сити се очекува да биде крајно активен во завршницата од летниот преоден рок, но за разлика од досега сите реализирани излезни транфери, до почетокот на месец септември би требало да потврди уште неколку квалитетни засилување. Клубот од „Итихад“ вчера ја официјализираше продажбата на Савињо во Тотенхем за 100 милиони евра, преговара и за заминувања на Нико Гонзалес и Омар Мармуш, но покрај сите најави за разделби со првотимци, ...
Станислас Вавринка го врти својот „последен круг“ во импресивната тениска кариера, па иако важи за легенда која со години им даваше огромен отпор на играчи како Ѓоковиќ, Федерер и Надал, Швајцарецот не доби почит каква што заслужува од последниот грен слем во годината. Вавринка ја игра завршната сезона во кариерата и следнава недела требаше да го има „последниот танц“ на Ју-Ес Опен, но наместо да дојде до такво нешто, тенискиот сојуз во САД ...
Диего Симеоне им даде два дена одмор на своите фудбалери по ремито кое го извлекоа против Вилјареал со играч помалку на теренот, а ова утро на предвидениот тренинг на „душекџиите“ не се појави ѕвездата која е најкоментирана веќе два месеци. Хулијан Алварез не се појавил на закажниот тренинг за ова утро и останал во својот дом во Мадрид, по што клубот брзо мораше да дава и кратко објаснување за оваа ситуација во период кога Аргентинецот прави ...
Рано утрово случување број еден во Њујорк беше враќањето на Рожер Федерер и двата егзибициски меча кои ги имаше некогашниот светски рекет број еден и петкратен освојувач на Ју-Ес Опен, но во ноќниот термин во САД, пристигна и информација која не влева голема надеж меѓу фановите на Новак Ѓоковиќ. Србинот се мачеше со спарното и тешко време во Синсинати и со раната елиминација потврди дека има потешкотии да игра во такви услови, а сега го ...
Џамал Мусиала се претвори во топ тема во германската спортска јавност на една недела пред стартот на новата сезона во Бундеслигата, а причина за тоа беа двата пада кои ги доживеа на теренот во период од четири дена. Младата ѕвезда на Баерн остана за момент без свест на подготвителните натпревари против РБ Лајпциг и Хајденхајм и го вклучи алармот во Германија, но набрзо после тоа самиот објасни дека не станува збор за сериозна здравствена ...
Бруно Фернандеш остави историска сезона зад себе во дресот на Манчестер Јунајтед и воопшто во Премиер лигата, бидејќи во завршното коло со додавањето кое му го сервираше на Патрик Доргу урна и еден рекорд кој изгледаше недофатлив. Фернандеш со 21-та асистенција во една натпреварувачка сезона стана апсолутен рекордер во Премиер лигата и го надмина рекордот кој го делеа Тјери Анри и Кевин Де Брујне, па во сезона кога беше апсолутен лидер на ...
Чави Ернандес се одлучи за еден поинаков тип на работа откако направи двегодишна пауза од клупскиот фудбал, па во иднина ќе го гледаме во улога на селектор на репрезентација која важи за една од поатрактивните во Европа. Легендата на Барселона доби повик од холандската фудаблска асоцијација и без многу размислување прифати да биде наследник на Роналд Куман, па вчера ја доживеа и официјалната промоција како нов селектор на „лалињата“. Ернандес ...
Кирил Лазаров е светски ракометен бренд кој ја претстави Македонија на најдобар можен начин за време на играчката кариера, а како најдобар амбасадор на овој спорт, реши да се посвети целосно на репрезентацијата и македонскиот ракомет и како тренер и селектор. Легендарниот бек веќе неколку години се справува со улога на македонски селектор и тренер на амбициозниот Алкалоид, па како човек кој дал многу и се уште дава многу за Македонија, во ...
Данил Медведев некогаш важеше за еден од најдобрите тенисери на тврда подлога и обично најдобрите изданија ги имаше за време на американската турнеја, но веќе неколку години наназад тоа не е случај. Русинот бележи голем пад во формата и често се истакнува само поради глупостите кои ги режира на тенискиот терен, па во период кога се играат квалификации за Ју-Ес Опен, Медо реши да темпира форма со настап на турнирот во Винстон Сејлем. Медведев ...