Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски продолжува да импресионира со своите настапи во Хрватска во дресот на Славен Белупо. Напаѓачот има навистина импресивна сезона во која денеска додаде уште два гола на своето име со што стигна до бројката од девет погодоци во ХНЛ со што е трет стрелец зад Белјо од Динамо Загреб и Фредриксен од Истра. Прилепчанецот беше двоен стрелец против Горица и тоа во лудиот натпревар во кој паднаа ...

Денеска се одиграа два натпревари од Првата македонска фудбалска лига, две дерби средби меѓу Струга Трим Љум-Шкендија, односно Силекс-Вардар. На овие соочувања ВАР технологијата беше доста употребувано, беа забележани вкупно пет интервенции кои според ФФМ придонеле за донесување правилни и оправдани судиски одлуки. ФК СТРУГА Трим Лум– ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу ...

Карлос Алкарас има неверојатни 24 часа, па и нешто помалку на АТП Мастерсот во Париз каде вчера беше на чекор од елиминација за да денеска оствари триумф со кој се пласираше во финалето на овој турнир. Имено вчера Карлитос спаси две меч топки во трилер соочувањето со Тејлор Фриц, но таа драма не остави последици врз него ако се погледне денешната партија против Каспер Руд каде одигра без грешка и преку два сета се избори за завршниот меч во ...

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ со топ издание го предводеше Арис до петта победа во низа во првата лига на Грција. По поразот од Хапоел Ерусалим во Еврокупот, избраниците на Спанулис бараа рехабилитација против Лефкада, триумф за враќање на самодовербата, мисија која беше успешна и во која ги предводеше токму нашиот Димитријевиќ. Нено беше расположен за игра, шутираше „шест од шест“ за три поени, постигна вкупно 25 поени ...

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ има нов предизвик во кариерата и го гледаме во американската колеџ-кошарка каде има одличен почеток на приказната со Тексас Арлингтон Маверикс, па по квалитетното издание против Норт Тексас Далас тој одигра уште подобро против Портланд во НЦАА лигата. Во соочувањето на турнирот „Аутригер Рејнбоу Класик“ во Хаваи нашиот ас блескаше и одигра клучна улога во славјето над Портланд од 89:85. Центарот доби ...

Програмата во Првата македонска фудбалска лига донесе две големи дерби пресметки, додека во Втората лига се одигра цело натпреварувачко коло ова попладне. Единаесеттата рунда донесе едно изненадување во режија на Кожув кој успеа да освои бод во дуелот со Пелистер, додека фаворитите Охрид и Работнички одработија според планот. Пелистер не успеа да победи како гостин и мораше да се задоволи само со нерешени 1:1, додека Охрид и Работнички беа на ...

Поранешниот светски рекет број еден, Карлос Алкарас успеа да избори место во полуфиналето на АТП Мастерсот во Париз. За првпат во неговата кариера ќе игра полуфинале на овој турнир, фаза до која стигна откако вечерва на чудесен начин го доби исцрпувачкиот меч со Тејлор Фирц. Фантастичен тенис понудија Шпанецот и Американецот, надмудрување кое траеше скоро три часа и кое на крајот сепак му припадна на Карлитос со 2-1 во сетови. Драмата беше ...

Машката пионерска репрезентација на Македонија успешно го реши вториот тест и славеше над Косово со 35:33 на Регионалниот Челинџ Куп кој се одржува во Подгорица. Вчера нашите надежи беа поразени од домаќинот на турнирот Црна Гора, додека денеска имавме проблеми во дуелот со Косово, го загубивме првото полувреме (16:15), но по одморот заигравме подобро, направивме пресврт и дојдовме до посакуваното славје. Следниот турнир од 6 до 8 јануари ќе ...

Екипата на Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиер лигата и тоа откако денеска со доста мака ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Хал Сити. Хал е тим кој е познат по тоа што знае да се бори, да не се предава, но против себе го имаше актуелниот првак кој од друга страна знае да биде трпелив, да не го фаќа паника и да ги дочека своите минути за да дојде до посакуваниот резултат. Токму тоа и се случи на „Емирејтс“ каде ...

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд со победи го затворија овој дел од сезоната или поточно ги положија последните испити пред новата репрезентативна пауза. Двете екипи остварија идентични победи и со тоа остануваат на делба на првото место во Бундеслигата по 9. кола со по 21 освоен бод. Бранителот на пехарот Баерн беше подобар од Мајнц 05 со 2-1. Кејн не се запиша во листата на стрелци, ама подели две асистенции до Кимих и Карл. Единстениот ...

Диего Симеоне има навистина добар биланс кога се во прашање нокаут дуелите со Барселона предводена од Ханси Флик, но аргентинскиот стручњак не сакаше многу да навлегува во минатото и исклучиво се фокусираше на тоа што следи. Утрешното дерби во Ла Лига е директна пресметка меѓу два тима кои ги делат само два бода, па јасно дека и Атлетико и Барселона ќе влезат со големи амбиции и цели во натпреварот кој се игра на „Метрополитано“ во 21:00 ...

Фановите на Манчестер Јунајтед и менаџерот Мајкл Карик имаа неколку помирни денови откако тимот направи импресивен пресврт против Рома во Лигата на шампиони, но она што беше добро сработено во вториот дел на „Олд Трафорд“, сега ќе треба да се надогради и утре. Јунајтед веќе седум меча не знае за победа во Премиер лигата и се најде многу блиску до опасната зона на табелата, а Карик како менаџер кој доби шанса да го извади тимот од многу ...

Френки Де Јонг се покажа одлично и во улога на стопер за Барселона, но фактот што Ерик Гарсија се враќа и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Атлетико Мадрид остава шанса Холанѓанецот да се врати на својата природна позиција. Тоа посебно добива на сила поради отсуството на повредениот Родри, но Ханси Флик ова попладне нагласи дека со сериозни шанси за стартерскак улога е и младиот Бернал од чии квалитети тој е презадоволен. – Гарсија ...

Луис Хамилтон покажа голема класа со начинот на кој му оддаде признание на новиот шампион Кими Антонели на трката за Големата награда во Мексико, но истовремено го искажа и својот бес преку тимското радио, но и по крајот на трката кога даваше интервјуа за медиумите. Седумкратниот светски шампион распали по тимскиот колега Шарл Леклер и го осуди за невнимателно возење уште во првиот круг и заклучи дека возачот од Монако ја компромитирал трката ...

Јаник Синер не можеше да се прости од Дарен Кејхил со настапи на тенискиот терен, но затоа му посвети специјално видео на својот тренер со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата. Кејхил најави повлекување од тренерските води уште минатата сезона, но по барање на Синер остана уште една година дел од стручниот штаб на Италијанецот, кој во иднина ќе соработува со Магнус Норман. Синер денеска официјално ја потврди разделбата со ...

По трите порази во низа, Голден Стејт целосно ја промени плочата во изминатите десетина дена, па во период помал од две седмици успеа да запише шестата победа во серија во НБА лигата. Стеф Кари и натаму е вистински лидер на „воините“ и прави главна разлика на теренот како организатор и пресуден шутер, па во тој стил се прикажа и во битката со Јанис Адетокумбо и пријателите. Голден Стејт го победи Мајами со убедливи 20 поени разлика и славеше ...

Чарлс Баси го заврши натпреварот против Мајами со задоволувачки за него 8 поени и 7 скокови, па иако заврши добра работа во двата правци, еден негов обид за тројка стана вирален хит. Резервистот во тимот на Голден Стејт служи за ротација и во моменти кога треба да се одмори стартната петорка, а во моменти кога победата над Мајами беше решена, тој успеа да ги измасмее двете најголеми ѕвезди на тимот. Стеф Кари доби одмор откако ги реши ...

Дербито во Кратово кое се одигра денеска од 13:00 часот беше речиси пресликано од она што започна еден час порано, но со единствена разлика што на второто победата ја однесе гостинскиот тим. Струга со минимални 1:0 ја победи Шкендија и го презема првото место на табелата, додека во второто дерби ова попладне, Вардар како гостин со истиот резултат славеше над Силекс во Кратово. Иако домашниот тим прв постигна гол во првото полувреме, истиот ...

Лука Дончиќ одигра антологиски натпревар рано утрово против Портланд и го заврши истиот со 53 поени, а во моменти кога испиша неколку рекорди во НБА со оваа партија, очекувано е тоа што Словенецот се најде во центарот на вниманието. Дончиќ има МВП бројки од стартот на сезоната и навистина игра во страшна форма, но по натпрварот во центарот на вниманието се најде и Заир Вилијамс кој успеа да ги помеша најдобрите белци во тимот. Остин Ривс ...

Струга и Шкендија одиграа тврд натпревар кој е карактеристичен за големите дерби пресметки во нашата земја, а како по непишано правило, на крајот решаваше еден момент на инспирација кој попладнево беше на страна на домаќините. Човек на одлука беше Христијан Малески кој мајсторски биеше со глава во 72-та минута за гол во мрежата на Шкендија, но мора да се нагласи дека голема работа претходно заврши и голманот Василев кој во неколку наврати ги ...

Унаи Емери изовнредно ја води Астон Вила веќе неколку години, но ако треба да бира едно место кое е доста некомотно за него и неговите играчи, тоа дефинитивно е „Олд Трафорд“. Работејќи за три различни клуба во својата кариера (Валенсија, Арсенал и Астон Вила), Емери дури 11 пати гостуваше на театарот на соништата и не успеа да запише ниту една победа, а неговиот биланс од осум порази и три реми средби прави да влезе со максимален респект за ...

Манчестер Јунајтед му даде посебно значење на вчерашниот ден и објави низа спомени од времето кога Сер Алекс Фергусон го водеше тимот, од едноставна причина што вчера се одбележа 40-годишен јубилеј од моментот кога славниот Шкотланѓанец го презема великанот од „Олд Трафорд“. Вчера се навршија точно 40 години од фамозниот 6-ти ноември 1986-та година кога Фергусон за првпат седна на клупата на театарот на соништата, а со овој значаен јубилеј се ...

Матео Гендузи пристигна со статус на „персона нон грата“ на „Олимпик Парк“, а по крајот на натпреварот си замина од стадионот како човек кој е убедливо најомразен во градот Лион. Гендузи како поранешен играч на омразениот ривал Марсеј влезе со провокативен настап уште за време на загревањето кога им покажуваше среден прст на навивачите на Лион, а како што одминуваше натпреварот, тензијата го достигна врвот. Фенербахче успеа да победи со 1:2 и ...

Карлос Корберан побара двајца голмани кои можат да бидат стартери во секој момент за новата натпреварувачка сезона, а откако тоа го имаше во Столе Димитриевски подолго време, сега тренерот на Валенсија доби и втор голман. „Лилјаците“ го промовираа Кејн Ван Увелен кој дојде на позајмица од Ипсвич, па иако медиумите го најавија како човек кој треба да му биде сериозен конкурент на Столе, младиот 23-годишен Холанѓанец посочи дека доаѓа со желба ...

Новиот Реал Мадрид на Жозе Мурињо вчера се претстави на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се соочи со одредени проблеми во првото полувреме, во второто целосно го нокаутираше Реал Сосиедад и на крајот победи лесно со 4:1. Реално гледано, домаќините можеа да постигнат и многу повеќе погодоци во вторите 45 минути, но Мурињо си замина од теренот со голема насмевка на лицето, особено и поради фактот што ова за него претставуваше „второ деби“ во ...

Жоан Лапорта вчера имаше институционално обраќање и се огласи за „жешката“ тема наречена Хулијан Алварез, односно претседателот на Барселона отворено призна дека клубот се уште е во игра за ангажман на аргентинскиот напаѓач. Иако нагласи дека шпанскиот првак во еден момент се откажа од оваа операција, Лапорта образложува дека дошло до нова промена откако разбрале дека Атлетико го нуди Алварез на други клубови, па за нив се уште важи понудата ...

АЕК, Слован, Фенербахче и Викинг ги пополнија последните четири места во главната фаза во Лигата на шампиони, а во пресрет на денешната ждрепка која е закажана за 18:00 часот, УЕФА го одреди и изгледот на четирите шешири. Со оглед на новиот распоред кој е на сила веќе трета сезона, Лигата на шампиони брои 36 тима во главната рунда и секој тим ќе добие по два ривали од секој квалитативен шешир, а пред ждрепката која ќе биде актуелна во Монако ...

Манчестер Јунајтед внимателно влече потези во овој преоден рок, трансфер пазар во кој фокусот беше ставен на засилувања на средината на теренот. По Андреј Сантош и Јури Тилеманс кои пристигнаа од Челси и Астон Вила, „црвените ѓаволи“ го доведоа Карлос Балеба, фудбалер кого го посакуваа и минатото лето. Јунајтед издвоија 65 милиони фунти, сума која може да дојде и до 70 со одредени бонуси, сума која е далеку помала од она што Брајтон го бараше ...

Ноа Фарахан е едно од новите имиња во редовите на МЗТ Скопје, американски интернационалец кој треба да биде еден од главните играчи во сезоната 2026/2027. „Штрковите“ ги очекуваат борби на повеќе фронтови, а Фарахан е подготвен да даде се од себе за да се остварат целите на клубот. –Скопје е навистина убав град, особено Аеродром каде што минувам најголем дел од времето, а луѓето се прекрасни и ме пречекаа со раширени раце. Стручниот штаб, ...

Њукасл се одлучи да ја обнови екипата оваа лето, остана без значајни играчи, но и доведе доста нови имиња од кои последното доаѓа од Манчестер Сити. Нов член на клубот од „Сент Џејмс Парк“ е 24-годишниот Нико Гонзалес кој потпиша повеќегодишен договор. -Навистина сум среќен што сум тука во овој неверојатен клуб. Слушнав само најдобри зборови за клубот и градот, па затоа сум навистина возбуден што живеам тука и што сум дел од овој проект. Веќе ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76