Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Ерлинг Халанд повторно ќе биде главен адут во нападот на Манчестер Сити, а големата норвешка ѕвезда реши да направи голема промена во однос на својот имиџ. Напаѓачот на премиерлигашот преку социјалните мрежи најави „нова фризура за нова сезона“, потврдувајќи дека се збогувал со долгата коса, која беше препознатлива за неговата досегашна кариера. View this post on Instagram A post shared by Erling Braut Haaland (@erling) Халанд беше најдобар ...
Раководството на Рома конечно ја заврши потрагата по нов лев бек и изборот падна на Џејден Остерволде од редовите на Фенербахче. Холандскиот дефанзивец ќе пристигне во Рим на заем, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор за околу 18 милиони евра. Опцијата може да стане задолжителен откуп доколку бидат исполнети одредени услови, меѓу кои најверојатно и одреден број настапи. Преговорите меѓу двата клуба се интензивирале ...
Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието и за него најмногу се зборува по првиот натпревар на Реал Мадрид во новата сезона на Ла Лига. Од Реал обвинуваат дека Бразилецот е жртва на булинг од противничките играчи и навивачи, од таборот на Еспањол сметаат дека се што се случувало било во рамките на нормален фудбалски натпревар, а самиот фудбалер реши да реагира поради еден потег на член на домашниот тим. Кала и Винисиус беа ...
Манчестер Сити влегува во новата сезона со нов менаџер и многу промени во составот, а една од нив е разделбата со Родри, кој имаше многу важна улога во тимот кој сега е предводен од Енцо Мареска. Родри се пресели во Барселона, а Сити се уште преговара за неговите потенцијални наследници на клучна позиција во тимот. – Ќе се обидам да најдам нов Родри за Сити, мора да ја прифатиме реалноста. – Родри немаше освоено ниту еден важен трофеј пред да ...
Дејан Георгиевски победи на својот прв настап на таеквондо турнирот во рамките на Медитеранските игри во Таранто и денеска ќе го очекува својот нов дуел од следната фаза. Македонецот имаше незгоден противник во Тунижанецот Моатаз Ифауи, но успеа да го победи на поени со 2:1 и на тој начин ја оствари првата победа во категорија 80+ килограми. Во четвртфиналето, противник на Георгиевски ќе му биде турскиот репрезентативец Хусеин Демирчиоглу. ...
Лучијано Спалети морал да зборува на многу теми на првата прес-конференција поврзана со новата сезона во Серија А, а неговиот Јувентус денеска ќе ја има премиерата на гостувањето кај Фрозиноне. Меѓу другите теми, новинарите ја начнале и таа за големиот интерес на Арсенал за Кенан Јилдиз, односно желбата на Микел Артета да го доведе турскиот репрезентативец за сума од околу 100 милиони евра. Спалети смета дека Јилдиз има јасна иднина и таа е ...
Лионел Меси го постигна единствениот гол за Интер Мајами на дуелот со Торонто, а неговата екипа доживеа нов пораз во МЛС. Аргентинецот погоди на асистенција на својот сонародник Де Пол, но гостите од Канада стигнаа до три големи бодови во сезоната во која имаат само пет победи. Сарџент и Етјен набрзина донесоа убедлива предност за гостите во второто полувреме, Меси успеа да намали во 82. минута, но неговиот тим не стигна до израмнување и сега ...
Реал Мадрид ги освои трите бода на незгодното гостување кај Еспањол, а и по овој натпревар, во Шпанија повторно се зборува за Винисиус и се она што што се случуваше околу неговиот настап во Барселона. Домашните фанови бараа втор жолт картон поради симулирање, од Реал Мадрид бараа црвен картон за еден груб старт над него, а на крајот Бразилецот беше поддржан и од тренерот Жозе Мурињо. На прес-конференцијата по средбата, португалскиот стручњак ...
Џенова прими два гола од Наполи во финишот на средбата од првото коло на Серија А, а домаќините се бесни на судиите кои не го поништија првиот погодок, односно реализацијата на Кевин де Брујне. Де Брујне оттурна противнички играч пред да постигне гол, судијата тргна да суди прекршок во напад, но на крајот се повлече, а Наполи го отвори патот кон победата. Спортскиот директор Диего Лопез не го поштедил судијата Марко Ди Бело, ниту неговите ...
Манчестер Јунајтед целосно потфрли на гостувањето кај Хал Сити и дозволи да загуби на премиерата во новата сезона, и тоа од тим кој многумина веќе го видоа како апсолутен фаворит за враќање во Втора лига. Новајлијата во елитното друштво му ги замрси сметките на Мајкл Карик и профитираше од лошата поставеност на „ѓаволите“ при прекини, а во победата од 2:0, доста потфрлија и големите летни засилувања кои добија своја шанса во стартниот тим. ...
Играчите на Еспањол организирано се бранеа и изгледаа тактички беспрекорно речиси 90 минути на натпреварот против Реал Мадрид, но едно мало опуштање и невнимание на крајот заврши со гол за победа на „кралевите“. Фаворитот освои тешки три бода благодарение на „џокерот“ Карлос Еспи на самиот истек на 90-та минута, а до тој момент, натпреварот беше 1:1 и Еспањол имаше „бод во џеб“. Засилувањето од Леванте ги разочара навивачите од Барселона кои ...
Фудбалската репрезентација до 20 години е дел од Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто, а во вечерната програма, избраниците на Александар Таневски успеаја да останат непоразени. Играчите до возраст од 20 години одиграа нерешено против селекцијата на Тунис, па слободно може да се каже дека има и за што да жалат со оглед на тоа што испратија осум удари кон голот на противникот. Од осумте обиди на македонските фудбалери, два одеа ...
Реал Мадрид долго време немаше класична „деветка“ во својот прв тим, па иако Карлос Еспи го носи бројот „19“ на својот дрес, јасно е дека младиот напаѓач дојде во тимот на Мурињо да извршува улога какошто некогаш тоа го правеше Хоселу. Младиот напаѓач кој до неодамна настапуваше за Леванте се претвори во херој за Реал Мадрид во првата рунда, бидејќи негова добра снаодливост во шеснаесетникот ги реши големите проблеми за „кралевите“ на ...
Гостувањето на „Ем-Кеј-Ем“ стадионот се покажа како кошмарно за Манчестер Јунајтед, бидејќи отворањето на новата сезона на Премиер лигата не можеше да мине полошо од претрпениот пораз кај новајлијата во елитата. Хал Сити профитираше од индолентната игра на „црвените ѓаволи“ и постигна два гола уште во првото полувреме, период по кој Мајкл Карик се реши да менува уште на полувреме. Доргу беше еден од најлошите на теренот и местото му го ...
Шампионот Интер беше предизвикан од Монца во првиот дел од натпреварот на „Џузепе Меаца“, но во вторите 45 минути брзо ги стави работите под контрола и на крајот извојува прва победа на стартот на новата сезона во Серија А. Тимот на Кристијан Киву отвори со ремек-дело и „проектил“ на Чалханоглу за водство од 1:0, но Монца успеа да се рехабилитира и се врати во игра со голот на Варела за 1:1. Резултатот не даваше најреална слика за тоа што се ...
Наполи стартуваше еден сосема нов проект со Масимилијано Алегри како тренер на првиот тим, но и самиот нагласи дека се наоѓа во доста привилегирана ситуација бидејќи наследил тим кој е добро разработен и воигран од Антонио Конте. Актуелниот италијански вицешампион имаше тешка задача на отворањето на новата сезона и гостуваше на „Мараси“ стадионот во Џенова, па иако тимот на Алегри се мачеше повеќе од 80 минути, на крајот го пронајде патот до ...
Баерн Минхен продолжи онаму кадешто застана во германскиот фудбал минатата сезона, односно ја отвори новата со трофеј кој дефинитивно ќе влијае позитивно врз самодовербата кај избраниците на Венсан Компани. Пред натпреварот голема важност му се даде на Џамал Мусиала кој доби поштеда после двата пада кои ги имаше во неколку дена, па иако сето тоа изгледуваше загрижувачки, ѕвездите на Баерн јасно ставија до знаење дека тоа не им прави посебна ...
Екипата на Охрид вторпат го победи Вардар во период од седум дена, бидејќи по триумфот во финалето во Струга, „гладијаторите“ на Борис Ројевиќ ја одбранија титулата и на домашниот турнир. Трофејот од „Крсте Андоновски“ втора година по ред останува во витрините на Охрид, откако истоимениот тим успеа да го надигра актуелниот македонски шампион и да слави со 29:27 во еден натпревар во кој одново одлучуваа нијанси. Реалноста е дека двата тима не ...
Во дуелот на двата најслабопласирани тимови во Првата фудбалска лига во Хрватска, Славен Белупо успеа да излезе како победник против Горица, а свој учинок на оваа пресметка имаше Илија Несторовски. Популарниот Иле го запиша и вториот гол од стартот на шампионатот, па оној за 2:0 денеска беше одлучувачки за осигурување на триумфот. Иако се играше само 21-та минута од мечот, домаќините стекнаа убава предност против ривалот кој е „давеник“ како ...
Манчестер Јунајтед имаше во план победнички да отвори во новата сезона во Премиер лигата и да стекне самодоверба во пресрет на новите предизвици кои следат, но наместо тоа, тимот на Мајкл Карик доживеа шок кај еден од тимовите кои изборија промоција во месец мај. Хал Сити беше омаловажен од Џо Кол и беше прогласен за нов второлигаш уште пред да биде отворено првото коло, но „тигрите“ со денешната претстава јасно ставија до знаење дека нема ...
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон се одржа денеска во водите на нашето најголемо езеро, а истото доби италијански чин поради еден-два победата на двајца претставници од „чизмата“. Италијанецот Алесио Окипинти мина прв на целта и излезе како победник на денешниот пливачки маратон во Охрид, минувајќи ја делницата од 25 километри за 5 часа, 3 минути и 44 секунди. Второто место му припадна на Николо Ричарди кој ја потврди ...
Тотенхем едвај спаси „жива глава“ и избегна испаѓање во понизок ранг на крајот на минатата сезона, а откако сериозно инвестираше и вложи повеќе од 200 милиони фунти на трансфер пазарот, Роберто Де Ѕерби најави дека неговиот нов тим ќе атакува на излез во Европа. „Петлите“ влегоа со огромни амбиции во новата натпреварувачка сезона во англиската елита, но ако се суди според стартот, Италијанецот и неговите играчи имаат уште многу работа пред ...
Англиската Премиер лига стартуваше вчеравечер со натпреварот на шампионот Арсенал, продолжи со саботните натпревари кои беа предвидени на програмата, но денеска, се одигра и дел од второто коло во Чемпионшип. За разлика од елитната Премиер лигата, Втората лига во Англија стартуваше пред една седмица, па денеска натпревар од второто коло одиграа Бирмингем и Бристол Сити. Средбата меѓу двата ривали заврши 2:2, а момент на мечот дефинитивно беше ...
Унаи Симон оствари уникатен мундијалски рекорд откако не прими гол повеќе од 600 минути на Светските првенства, па иако беше пречекан како светски шампион денеска на „Сан Мамес“, првиот меч во новата сезона дефинитивно нема да го памети по добри нешта. Симон, Лапорт и Вилијамс добија стоечки овации пред стартот на големото дерби кое Севилја, кое на крајот испадна исклучително тежок тест за домашните фанови. Работите значително ги закомплицира ...
Пелистер влезе во новата сезона со огромни амбиции експресно да се врати во македонската елита, но гордоста на Битола не успеа да победи и на вториот натпревар по разочарувачкото реми кое го одигра со Камјани. „Зелено-белите“ на втор натпревар во низа останаа без доволно муниција, па разочарувачките 0:0 со Брера Струмица донесоа поделба на бодовите со ривалот од Струмица. Пелистер не успеа да победи и покрај фактот што Брера речиси цело второ ...
По една година во понизок ранг, Монца се врати во италијанската елита, а судбината посака овој тим уште во воведната рунда да го тестира актуелниот шампион. Интер во сезоната влегува како тим кој сите ќе сакаат да го победат, но тоа послужи како мотивација за Хакан Чалханоглу во раната фаза од премиерното коло. Турчинот доби повратна топка од Диуф, а потоа испорача „проектил“ во свој стил кој заврши ефектно во мрежата на Монца. Мајсторијата ...
Арсими полека успеава да се опорави од ужасниот старт на сезоната кој го имаше во Првата македонска фудбалска лига, па откако прими дури девет гола во воведните две кола, сега стигна до втор триумф во низа. Гостите од Чегрене пристигнаа во македонската престолнина за да играат против Шкендија Арачинови, а во еден цврст и тежок натпревар, на крајот пресуден се покажа „џокерот“ Каба Јакупи. Натпреварот во Чаир беше решен во последните десетина ...
Плазма Спортските игри за млади уште еднаш потврдија зошто се настан број еден во Европа. Игрите се уникатно доживување за сите учесници, но и за сите поддржувачи. Претпоследниот ден на меѓународното финале беше резервиран за Ол-стар спектаклот и свечената церемонија по повод 30 години од Плазма Спортските игри за млади. Ол-стар мечот започна со квизот „Стани зелен амбасадор“, дел од проектот „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – Спаси ја ...
Без никаква посебна најава од италијанските медиуми, Елиф Елмас денеска беше претставен како големо засилување од Аталанта за новата натпреварувачка сезона, што значи дека клубот од Бергамо одлично си ја завршил работата и успеал да ги избегне добро познатите траси на трансфер експертите. Изостанокот на било каква најава за оваа зделка пристигна како изненадување и за италијанските медиуми, но Аталанта гордо го претстави новото летно ...
Поради честите повреди кои ги имаше минатата сезона, Алехандро Балде често беше покриен од други соиграчи на левата бековска позиција, а таквиот ритуал направи дефанзивецот веќе да не биде недопирлив во стартниот тим на Ханси Флик. Жерард Мартин сериозно напредуваше како лев бек и на таа позиција може да покрие и Жоао Кансело, па во ситуација кога остануваат десет ден од летниот преоден рок, Ханси Флик не исклучи и изненадувачка продажба на ...