Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев со фантастична партија во која испорача хет-трик донесе победа за Согдиана во првенството на Узбекистан. Согдинана како гостин славеше над Машал Муборак со 3-1, а сите три погодоци беа дело на Дориев од кои две беа мајстории. Офанзивецот го отвори и затвори натпреварот со стил со атрактивни голови во 5 и 60 минута, додека во меѓувреме и реализираше од пенал во 48 минута. Со ова Македонецот е најдобар ...
Селекцијата на Полска дојде до уште еден голем резултат на најзначајните одбојкарски настапи, овојпат во Лигата на нации. Полјаците ја одбранија титулата во ова натпреварување откако во големото финале во Кина славеа над Соединетите Американски Држави со 3-2 во сетови. Ова за селекцијата која ја предводи Никола Грбиќ е трето славје во ЛН (2023 и 2025) и со тоа воедно потврда дека се најдобри на светот. Завршниот меч беше вистинско уживање, ...
Италијанскиот великан Јувентус ќе се обиде да му состави што поквалитетен тим на Лучијано Спалети во овој преоден рок, а последното засилување кое официјално е потврдено е репрезентативецот на Босна и Хецеговина, Керим Алајбеговиќ. Алајбеговиќ има само 18 години и важи за еден од најголемите таленти, потенцијали во Европа, а Јувентус успеа да го обезбеди неговиот потпис пред Наполи, Аталанта и премиерлигашот Челси кој притискаше до крај ...
Украинецот со македонски пасош, Олег Приходко не успеа да го положи последниот испит и остана без титула на ИТФ фјучерсот во Кошалин што се играше на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец во финалето на турнирот во Полска се соочи со третиот носител Тиаго Переира од Португалија, играч кој одигра перфектен турнир без ниту еден загубен сет. Портуалецот во соочувањето за пехарот славеше со 2-0 ...
Интер го победи Манчестер Сити во пенал рулетот откако натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел, а откако италијанскиот тим го подигна симболичниот трофеј во Хонг Конг, соочување со новинарите имаше Кристијан Киву. Тренерот на Интер е задоволен од тоа како се развива подготвителниот период, но говорејќи конкретно за трансфер пазарот, тренерот директно побара уште едно летно засилување од Бепе Марота. Интер го претстави Џон Стоунс, на добар ...
Милан Илоски постигнува барем по еден гол на последните шест натпревари кои ги игра за Филаделфија, а тој тренд беше продолжен и рано утрово на мечот против Атланта. Напаѓачот со македонско потекло е се попопуларен во американската МЛС лига, со тоа што денеска најави еден луд пресврт на Филаделфија со гол кој долго ќе го памети. Илоски постигна осум голови на последните шест натпревари за Филаделфија, но овој денеска беше убедливо најубав и ...
Ламин Јамал си посака две желби на стартот на минатата натпреварувачка сезона, а откако заврши Светското првенство, стана јасно дека успеа да оставри една од тоа што го замисли. Талентираниот фудбалски суперстар ги посака титулите во Лигата на шампиони и Светското првенство, но иако доживеа мало разочарување на клупски план, она што следеше ова лето сигурно нема да го заборави уште долго. Иако не одигра најдобар можен мундијал на индивидуален ...
Христос Цолис е фудбалерот кој пристигна во Арсенал како замена за Леандро Тросар, а уште на првиот меч кој го одигра во новите клупски обележја, Гркот воодушеви со подвижноста и директниот пристап како брзоного крило. Цолис го засили Арсенал за сума од 40 милиони евра и ова ќе биде еден од поевтините трансфери на Арсенал ова лето, но без оглед на сумата, сите во клубот се уверени дека добија голема гаранција на левото крило. Христос отвори ...
Јошко Гвардиол остави зад себе едно разочарувачко Светско првенство на кое го загуби и стартното место во почетните 11, сето тоа како последица на повредата која направи да биде неизвесен и за настап на мундијалот. Хрватскиот стопер не пристигна во најдобра форма и лошите изданија го преселија на клупата за резерви, па токму поради тоа, исклучително важен за него ќе биде овој подготвителен период пред стартот на новата сезона. Гвардиол вчера ...
Луис Суарез не може против својата страст и одлучи да продолжи со играњето фудбал и покрај тоа што има хроничен проблем со коленото, па дури и во ситуација кога ја има загубено полетноста и брзината, Уругваецот останува голем фудаблски мајстор. Тоа често знае да го прикаже во МЛС лигата која брзо се реактивираше по крајот на Светското првенство, а рано утрово тој беше задолжен за мајсторијата на денот во САД. На натпревар на кој Лео Меси се ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши својот настап на Европското првенство од Б сегментот кое се одржа во Хрватска, а по поразот од Велика Британија стана јасно дека нашите јуниори го освојуваат 14-то место. Во разигрувањето за конечен пласман на континенталниот собир, британските кошаркари беа подобри и славеа со 83:73, па така нашите млади кошаркари се враќаат дома како 14-то пласирата селекција на турнирот. ...
Челси досега ги претстави Палестра, Роџерс, Лакроа и Велбек како големи засилувања за новиот проект на Чаби Алонсо, но трансферите во Лондон нема да застанат тука и денеска е договорено уште еден играч по вкусот на шпанскиот стручњак. Покрај Џордан Хендерсон кој треба да му се приклучи на Челси во најскоро можно време, на „Стемфорд Бриџ“ ќе слета и засилување од шпанската престолнина, или поточно од Рајо Валјекано. Челси веќе неколку дена ...
Роберто Манчини после три години се врати на селекторската позиција во Италија и неговиот кам-бек донесе измешани реакции на „чизмата“, пред се поради фактот што трофејниот стручњак сам си замина од репрезентацијата за да заработи големи пари во Саудиска Арабија. Ова „предавство“ и ден денеска ги отвора раните кај голем број италијански љубители на фудбалот, а меѓу нив најверојатно е и Џанлуиџи Буфон кој во текот на својата кариера играше ...
Англиската Премиер лига со години наназад важи за најпопуларната и најбогата во Европа и светот, а тоа го гледаме на дело од сезона во сезона пред стартот на главните возбудувања. Финансиската моќ на англиските клубови посебно дојде до израз во последната деценија и тоа е тренд кој им дава огромна предност на премиерлигашите, па така додека италијанските и шпанските клубови се мачат да реализираат зделка поголема од 50 милиони евра, во ...
Арсенал ја надигра Џирона со 4:1 и запиша убедлива победа на пријателскиот тест кој се играше вчера, а по средбата против шпанскиот ривал, Микел Артета имаше соочување со новинарите кои со нетрпение чекаа негово излагање во јавноста. „Топчиите“ се поврзуваат со многу звучни имиња во последно време како актуелни шампиони во Англија, но ситуацијата посебно стана „жешка“ откако Реал Мадрид му испорача ултиматум на Винисиус. Ваквото делување од ...
Лионел Меси ја заврши двенеделната пауза по крајот на Светското првенство и одлучи да му стави на располагање на својот тим, кој рано утрово одигра 2:2 против Колумбус во МЛС лигата. Фудбалските разочарувања најдобро и најбрзо се забораваат со нови предизвици на теренот, а Меси денеска влезе во игра во второто полувреме на стартот на вториот дел. Иако Интер Мајами беше подобар ривал, фаворитот сепак не успеа да слави и натпреварот заврши 2:2, ...
Роберт Левандовски досега одигра два натпревари на гостински терен во МЛС лигата, но требаше да го дочека првиот на домашен терен за да се претстави во најдобро светло пред новите фанови. Полската гол машина е симбол за постигнување погодоци во текот на целата кариера, а рано утрово го отвори контото и во САД. Чикаго Фајр запиша победа од 2:1 над Шарлот благодарение на најзвучната ѕвезда која ја доведе оваа лето, бидејќи двата погодоци беа ...
Депортиво А Коруња мина низ вистинска голгота во изминатите осум години пред да се врати во шпанската Ла Лига, а во ситуација кога се избори за она кое долго го чекаше, некогашниот шпански шампион полека го менува кадарот за првата сезона во елитата од 2018-та година. Најзвучно засилување досега е Пјер Емерик Обамејанг кој ќе биде задолжен да ги тресе противничките мрежи во сезоната која престои, но сепак најскапо засилување досега за ...
Реал Мадрид остави зад себе еден тренинг натпревар против Леганес кој го доби со 4:1, но вчера беше одигран првиот официјален натпревар како дел од пресезонската подготовка на „кралевите“ под водство на Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак за првпат извлече свои заклучоци по еден меч во вториот мандат како тренер на Реал Мадрид, а по ремито од 2:2 против Фиорентина, искусниот Жозе посочи дека тимот прикажал три различни лица во текот на 90-те ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус долго време работеше на трансферот на Рандал Коло Муани во Торино, трансфер кој конечно треба да се реализира. Французинот имаше неколку успешни месеци во таборот на „бјанконерите“ во 2025 година и од тогаш постојано почна да се поврзува со Јувентус, но тој минатата кампања ја мина во Тотенхем кој не се одлучи да го откупи договорот од ПСЖ. Ова одново го запали алармот кај „старата дама“ која во ...
Калчолигашот Рома доживеа убедлив пораз од Кардиф од 4-1 на денешниот пријателски меч, натпревар на кој клубот од италијанската престолнина покажа многу слабости. Кардиф е тим кој оваа година влегува во Чемпионшип лигата, претходно Рома прими три гола и од Кан што доволно покажува дека тренерот Џан Пјеро Гасперини има доволно причини да биде загрижен и незадоволен. -Мислам дека се мачевме во некои ситуации, особено во одбраната во текот на ...
Англискиот шампион Арсенал со сигурен и убедлив триумф над Џирона од 4-1 ги отвори пријателските средби во подготвителниот период за натпреварувачката 2026/2027. „Топчиите“ покажаа сила на „Монтоливи“, реализираа во вистинско време, ги користеа слабостите на противникот што на крајот им донесе победа од три разлика. Се тргна од голот на Хаверц во 16 минута, потоа во 30 новото засилување Цолис зголеми на 2-0. Домаќините се врати во игра во 50 ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грција од 73:42 во средбата од второто коло од групата Д на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во Романија. За разлика од вчерашниот натпревар каде се прикажавме во добро издание против Данска, вечерва немавме решение за фаворизираната Грција. Јужниот сосед ги доби првите четвртини со 19:13 и 21:7 и потоа немаше никаков проблем рутински да ја заврши задачата ...
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Трпчевски влегува во посакуваниот ритам и бележи добри партии во дресот на Браге од Шведска. Денеска Браге беше подобар од Ландскрона со 2-1, а вториот погодок за домаќините беше дело на македонскиот напаѓач. Трпчевски на последните пет средби во втората шведска лига има учинок од два погодоци и три асистенции. Со вкупно 20 бода неговиот тим се наоѓа на 11. место на табелата. ...
Барселона имаше уште една успешна сезона под водство на Ханси Флик, сезона во која беа освоени две титули во Шпанија (лигата и Супер Купот), успеси во кои свој удел имаше и Маркус Рашфорд. Англичанецот на вкупно 49 средби на каталонците постигна 14 гола и запиша 14 асистенции, но и тоа не беше доволно за да биде продолжен неговиот престој на „Камп Ноу“. Клубот одлучи да не ја активира или поточно искористи опцијата да го откупи договорот од ...
Реал Мадрид го имаше најсилниот тест во досегашните подготовки за новата сезона, соочување со Фиорентина на кое не успеа да победи. „Кралевите“ по 24 минути игра водеа со 2-0 со погодоците на Ендрик и Сирија, но потоа подзастанаа и му дозволија на калчолигашот да воспостави контрола и да создава шанси. Пиколи во 41 минута стрелаше за 2-1, а во вториот дел нововлезениот Кен ги постави конечните 2-2. Наредниот пријателски меч за шпанскиот клуб ...
Англискиот премиерлигаш Челси го официјализираше третото засилување во овој преоден рок по дефанзивецот Марко Палестра и офанзивецот Морган Роџерс. Нов член на „сините“ е искусниот Дани Велбек кој на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа од редовите на Брајтон, тим за кој во минатата сезона даде 13 погодоци на 37 средби во Премиер лигата. -Кога ќе слушнете за интересот од Челси, тоа е нешто што ве исполнува со огромна гордост. Познавајќи ја историјата на ...
Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец, Олег Приходко е на чекор од освојување на титулата на ИТФ фјучерсот во Кошалин што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Приходко денеска на турнирот што се игра во Полска му пресуди на првиот носител, домашниот рекет Даниел Михалски со 2-0 во сетови. Олег издоминира во првиот сет со 6-1, додека во вториот доби посилен отпор, ама пронајде начин и со 6-4 ја затвори оваа ...
Интер и Манчестер Сити се подготвуваат за новата сезона, а како дел од тие подготовки одиграа пријателски меч во Хонг Конг во кој победа на крајот издвојува италијанскиот шампион. За кратко време од 14 до 20 минута падна по еден гол на двете страни, Мубама стрелаше за „граѓаните“, Павар за „нероаѕурите“. До крајот немаше промени на резултатот, мрежите мируваа, па ударите од единаесет метри го одлучија победникот. Премиерлигашот реализираше ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Јани Атанасов одлично се снаоѓа во новата приказна во неговата кариера, поглавјето во Казахстан во дресот на Актобе. Во минатата лигашка рунда тој стрелаше против Окжетпес, додека денеска одново постигна гол и тоа во сочувањето со Кизилжар. Јани во 38 минута погоди со глава и израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме Актобе заработи два црвени картони, ситуација која беше ...