Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Макс Еберл како директор за спорт во Баерн Минхен даде одговори на сите комплексни прашања кои му ги поставија германските новинари, а истите беа поврзани за планификацијата на тимот и излегдот на конечниот ростер кој ќе го има Венсан Компани. Еберл нагласи дека Баерн ги завршил трансфер операциите кога се во прашање нови фудбалери уште во раната фаза на месец јули, или поточно во моментот кога ги потврди двете летни засилувања уште за време ...
Гери Невил е крајно популарен во друштво на Рој Кин и Јан Рајт како домаќините на емисијата која ја водат за „Скај Спортс“, а бидејќи редовно имаат и доста познати гости, дискусиите кои се развиваат се навистина интересни. Последен гостин на легендарното трио беше Вејн Руни и четворицата проговорија за најдобрите голови кои некогаш се постигнати во Премиер лигата, па добар дел од нив се сложија дека најверојатно најдобар е оној на Паоло Ди ...
Франција доживеа разочарување на крајот на Светското првенство и остана без медал во битката на четирите најдобри, бидејќи откако претрпе пораз од Шпанија, „триколорите“ беа надиграни и од Англија во дуелот за третото место. Последниот натпревар во САД означи крај на ерата на Дидие Дешамп и пред два дена започна новата во која лидер ќе биде Зинедин Зидан, а додека новиот селектор започнува со работа за тоа што следи, најголем дел од ѕвездите ...
Турбулентниот период во италијанскиот фудбал заврши со фаќање на целосно нов курс со нови легендарни имиња како лидери на проектот, бидејќи после одбивањето на опцијата да се ангажира Андреа Пирло како селектор на националниот тим, Федерацијата се најде во позиција да бара и нов технички директор. Паоло Малдини си поднесе неотповиклива оставка во друштво на Леонардо и само после 16 денови ја напушти репрезентацијата, а големиот хаос кој ...
Трансфер пазарот во Англија допрва треба да влезе во главата фаза во месец август, но пред да се расчистат комплицираните операции кои традиционално се оставаат за самиот крај, на крајот на месец јули пристигнува вест која ја изненади цела јавност. Еди Хау првично реши да остане во Њукасл и да го води тимот во далеку изменети услови, па иако на крајот на минатата сезона беше уверен дека ќе ја почне новата на „Ст. Џејмс парк“, во последните ...
Џон Стоунс ја почна и ја заврши својата авантура во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, а уште пред да биде официјализирано заминувањето на Шпанецот, англискиот стопер веќе си бараше нова средина. Стоунс доби информација дека нема да му биде продолжен договорот и после цели десет години го напушти Манчестер, па иако имаше домашни понуди, тој на крајот реши да испроба нешто ново. Англискиот репрезентативец сериозно напредуваше под ...
Марк Кукурелја даде низа ветувања за време на Светското првенство во обидот да биде доста поинтересен за јавноста во својата земја, а откако Шпанија стана светски шампион, голем дел од новинарите, но и самиот селектор побараа од него да си стои до зборот и да го исполни главното ветување. Левиот бек најави дека ќе го истетовира ликот на Луис де ла Фуенте доколку Шпанија освои втора светска титула во својата историја, па откако тоа се случи, ...
ФИФА имплементираше низа нови правила пред стартот на Светското првенство и најави дека дел од нив ќе важат само за турнирот во САД, Мексико и Канада, а ова посебно важеше за контроверзното правило поврзано со задолжителната пауза на средина на полувремињата. Наместо две полувремиња од 45 минути, на изминатиот мундијал гледавме натпревари со четири четвртини, бидејќи триминутната пауза во секое од полувремињата беше задолжителна и се ...
Бруно Фернандеш се уште е на продолжен одмор и се нема приклучено на тренинзите на Манчестер Јунајтед, но пред да биде дел од групата, капитенот веќе е во напредни индивидуални тренинзи за да се адаптира за предизвиците кои следат. Играчот за врска имаше разочарувачко Светско првенство како и сите свои сонародници, но еден сувенир од мундијалот стана доста популарен поради фактот што Бруно го претстави додека тренира на летниот одмор. ...
Шпанија го освои 23. Светско фудбалско првенство и тоа откако во завршниот меч на турнирот ја доби Аргентина со 1-0 со гол во дополнителните 30 минути. Ова беше меч кој на крајот донесе и непотребна тензија и тоа по последниот судиски свиреж, неколку Аргентинци имаа реакции, влегоа во конфликт со Шпанците, а сега тоа однесување може да им донесе казни од страна на ФИФА. Имено Светската фудбалска федерација информираше дека е отворена ...
Џани Инфантино е под голем притисок во изминатите месец дена поради начинот на кој работи и претседава со ФИФА, а контроверзните потези кои ги повлече за време на Светското првенство кулминираа со информација која ја запали светската спортска јавност. Инфантино како прв човек на ФИФА предложи нов проект во кој ќе се продаде дел од сопственичката структура за организација на Светските првенства на моќни луѓе од Америка кои важат за ...
Клаудио Раниери вторпат во животот стави крај на пензијата за да му се стави на служба на фудбалот, првпат поради саканата Рома, а овојпат за да и помогне на Италија во ситуација кога изгледа доста сложена. Легендарниот италијански стручњак се враќа во репрезентацијата во малку поинаква улога, односно не како селектор, туку како технички директор кој ќе треба да воспостави добра конекција меѓу националниот тим, клубовите и сите младински ...
Сезоната 2025/2026 во англиската Премиер лига ќе биде запаметена по титулата на Арсенал, тим кој три години во низа беше вицешампион за да конечно успее прв да мине низ целта и по пауза од 22 години да го донесе лигашкиот пехар во своите витрини. Меѓутоа претходната кампања донесе и доста други интересни моменти, а од официјалниот јутјуб канал се обидуваа да не потсетат, па така имаме компилација со најчудните голови. Хаверц, Усула, ...
Челси е на добар пат да комплетира два изненадувачки трансфери, да потпише договори со двајца ветерани од Премиер лигата, Дени Велбек и Џордан Хендерсон. Брајтон и Брентфорд нема да им прават никави проблеми на Велбек и Хендерсон да слетаат на „Стемфорд Бриџ“ и се очекува за брзо време овие операции официјално да бидат компетирани и објавени. Гери Невил како човек кој редовни ги следи сите случувања на островот смета дека Челси прави ...
Шкендија утре го пречекува Браво во натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, натпревар на кој клубот од Тетово ќе влезе во негатива од 2-1. „Црвено-црните“ прикажаа добра игра во Словенија, меѓутоа резултатот изостана и сега тоа ќе мора да се промени на средбата на националната арена „Тодор Проески“ ако Шкендија сака пласман во наредната фаза на третото по ранг натпреварување на УЕФА. -Влегуваме за да го добиеме ...
Фудбалерите на Црвена Звезда ја забележаа најубедливата победа на денешните натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите. Српскиот шампион со 5-0 го потопи Ларн од Северна Ирска и со вкупни 9-0 се пласираше во третата рунда каде ги очекува Хапоел Бер Шева кој ја доби двомеч битката со Викингур со 3-2. Вечерва за „црвено-белите“ стрелаа Катаи, Арнаутовиќ, Лоизу, повторно Арнаутовиќ и Букари. Пласман во наредатна фаза обезбеди и нашиот ...
Роберто Манчини се враќа на познато место и со позната функција, селектор на италијанската сениорска репрезентација, позиција на која денеска доживеа официјална промоција. Манчини беше прв фаворит на претседателот Џовани Малаго, ама не и на Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо кои имаа поинаква визија за која откако видео дека не можат да ја спроведат на дело се повлекоа, па првиот човек на ФИГС си ја исполни желбата. Манчини и ја ...
Барселона е во потрага по гол играч, наследник на Роберт Левандовски и првата желба е Хулијан Алварез, меѓутоа цврстиот став на Атлетико Мадрид и фактот дека се уште не попушта го тераат шпанскиот првак да размислува и за други опции, но и таму се соочување со пречки и удари. Медиумите во изминативе денови пренесоа дека Барса сериозно ја разгледувала можноста за ангажман на Ели Жуниор Крупи од Борнмут, играч кој има 20 години и кој минатата ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје го претстави второто засилување за натпреварувачката 2026/2027, второ освежување по Накавион Вајт. ТФТ со пофали со американско засилување: Атлетизам, енергија, цврста игра во двата правци… Нов член на клубот од Тафталиџе е Секу Сила, ас кој има државјанство на САД и Гвинеја. Сила имал извонредна сезона во Шведска во тимот на Кепинг Старс, поточно истата ја заврши со просек од 21,6 поени и 10,7 ...
Еурофарм Пелистер почнува нова приказна, нова сезона во која екипата ќе биде предводен од искусниот и трофеен хрватски стручњак Лино Червар. Поранешниот македонски шампион веќе ги започна подготовките кои ќе бидат од огромно значење за кампањата која престои. Пелистер доведе доста засилувања, а едно од нив е Миха Котар кој е оптимист и верува дека тие како група заедно со поддршката од навивачите можат да испорачаат одлични резултати. -Драго ...
Поранешниот италијански шампион Јувентус е на добар пат да компетира два значајни трансфери, трансфери со кои ќе добие на екстра квалитет во офанзивната линија. „Старата дама“ конечно успеала да пронајде заеднички јазик со Пари Сен Жермен за услугите на Рандал Коло Муани, играч кој одреден период мина во Торино на позајмица и остави добар впечаток. И сега Французинот ќе биде позајмен, ама овојпат Јуве ќе мора да го откупи договорот и целата ...
Македонскиот фудбалски стратег, Ѓоко Хаџиевски нема повеќе да го води прволигашот од Бугарија Спартак Варна. Спартак ја информираше јавноста дека е раскинат договорот со Хаџиевски и тоа на негово барање и тоа само неколку дена откако екипата го потопи Черно Море во дербито. Георг Стојановски стрелаше во дербито, Спартак го разби Черно Море (ВИДЕО) Од клубот му се заблагодарија за се што направи од минатата година кога го презема во тешка ...
Италијанскиот прволигаш Интер остана без неколку имиња по крајот на минатата сезона (Дармијан, Ачерби и Де Фрај) и сега се обидува да донесе неколку замени, засилувања од кои едно дефинитивно треба да биде Џон Стоунс, англискиот репрезентативец кој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен фудбалер. Калчолигашот во исто време работи и на трансферот на Кути Ромеро од Тотенхен, а во меѓувреме ја продолжи соработката со еден значаен ...
Тимот на Еурофарм Пелистер ги „запали моторите“ за новата сезона, сезона во која екипата ќе биде активна на повеќе фронтови. Едно од нивите имиња во „зелено-белиот“ дрес е бекот Мартин Серафимов, играч од репрезентаитвен калибар, играч кој верува дека ќе го даде најдоброто за оваа екипа и тоа под водство на Лино Червар за кого смета дека е Бог и татко на ракометот. -Нема да лажам, Еурофарм Пелистер и Битола беа едни од моите желба за ...
На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3 баскет. Најмлад член на делегацијата е тенисерката Сара Митевска, а најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт. Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува ...
Нејмар со солзи во очите го дочека поразот од Норвешка на Светското првенство и веднаш стави до знаење дека е подготвен за повлекување, па иако неколку легенди како Роналдо и Ромарио му порачаа да не избрзува и да сочека пред дефинитивната одлука, напаѓачот е цврсто решен дека репрезентативната кариера е минато за него. После многу перипетии и притисоци кои се создадоа во бразилската јавност, Карло Анчелоти го повика Нејмар за Светското ...
Паоло Малдини и Леонардо се задржаа само 16 дена во италијанската фудбалска репрезентација, откако двајцата проценија дека се чувствуваат измамено од претседателот Џовани Малаго околу изборот на нов селектор. Токму претседателот на Федерацијата беше тој кој втемели позиција на технички директор со цел италијанската репрезентација да добие поголема автономија и подобра структура во повеќе категории, па иако Малдини беше најавен како човек кој ...
Васко Атанасов остана во МЗТ и ќе го води проектот на тимот уште една натпреварувачка сезона, а бидејќи предизвиците ќе бидат уште поголеми поради учеството на четири фронта, јасно е дека ростерот мора да биде посилен од лани. МЗТ веќе повлече неколку клучни потези до оваа фаза од летото, а денеска ја информираше јавноста дека е договорено и второто странско засилување во името на Ноа Фарахан. – Американскиот бек Ноа Фарахан (25 години, 185 ...
Жозе Мурињо може да биде задоволен од реакцијата на играчите кои ги има на располагање во оваа фаза од летните подготовки, бидејќи Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар на кој славеше со 4:1. Леганес беше гостин во тренинг комплексот на „кралевите“ и ги тестираше силите на избраниците кои ги води Мурињо, кој еден ден по победата реши да им оддаде признание и на луѓето кои вредно работат за да им овозможат врвни услови на него и на ...
Машката кадетска репрезентација може да жали што пропушти голема шанса да оствари победа над фаворизираната Словенија на стартот на Европското првенство, турнир кој за тимот на Горан Кузмановски стартуваше денеска напладне во 12:00 часот. Нашите надежи прикажаа атомски ракомет во првите 30 минути и целосно го надиграа ривалот, а по извонредните 18:12 на паузата, се чинеше дека Македонија е на добар пат да направи подвиг. Такво нешто ...