Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
По трите стартни порази од Грузија, Босна и Унгарија, јуниорската репрезентација на Македонија ја запиша и првата победа на Европското првенство од Б сегментот кое се одржува во Ријека и Опатија, а со тоа го избегна последното место во групата. Во директниот дуел за четвртото место во групата, Македонија избори победа против Шведска со резултат 69:60 ова попладне, па со тоа ги заковаа скандинавците на дното на табелата. Шведска имаше ...
Сеск Фабрегас имаше извонреден раст како фудбалски стручњак во Комо и тоа го тера да го води тимот до уште повисоки скалила, а откако беше обезбеден историски пласман во Лигата на шампиони, јасно е дека пред клубот следи најпредизвикувачката сезона. До оваа фаза од летниот преоден рок, Комо успеа да потврди три засилувања во имињата на Либерали, Мила и Каики и Фабрегас посочи дека е задоволен од тоа што го добил досега, но вели дека клубот ...
Борусија Дортмунд низ годините се етаблираше како клуб кој вади максимална цена на младите ѕвезди кои се пробиваат на германската и европска сцена, а иако „милионерите“ важат за вистински мајстори кога се во прашање трансфер операциите, тоа не значи дека на „Сигнал Идуна парк“ не се прават пропусти. Последен доказ за тоа е играчот кој го брка Борусија веќе неколку недели, а за кој најверојатно во блиска иднина ќе мора да плати 50 милиони евра ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер се задолжи да најавува по едно ново засилување на секои 24 часа, па по потврдените аквизиции на Благој Димитриев и Алонзо Едвард Денинг, денеска пристигна вест за трето летно засилување. Гордоста на градот Битола продолжува со констуирање на тим за новата натпреварувачка сезона, а најнов член кој му се приклучува на тимот кој го води Тане Спасев е Коста Кириловски. – КК Пелистер го доведе третото ново име во ...
Едуардо Камавинга е еден од фудбалерите за кои Реал Мадрид е подготвен да слуша понуди ова лето, но во период кога Французинот треба да го убеди Жозе Мурињо дека заслужува нова шанса на „Санатијаго Бернабеу“, на играчот за врска сигурно нема да му помогнат потези како оној вчера против Леганес. На пријателскиот меч кој се одигра во Шпанија, Реал Мадрид го победи Леганес со 4:1, а во отсуство на голем број ѕвезди кои се уште не се вратени на ...
Чаби Алонсо од првиот ден инсистира Челси да добие на искуство во летниот преоден рок кој е актуелен, а по неуспешниот обид да го добие Гранит Џака, шпанскиот стручњак се насочи на две други имиња. Колку и да звучи изненадувачки, Челси реши да го ангажира Дани Велбек во завршната фаза од неговата кариера, бидејќи искусниот голгетер ќе слета на „Стемфорд Бриџ“ на 35-годишна возраст. По најавите кои пристигнаа пред неколку дена, ова утро ...
Предвидувањата на Пеп Гвардиола се исполнија и најдобрата верзија на Родри ја видовме на мундијалот кој се одигра во САД, Мексико и Канада, а една недела откако беше избран за МВП на турнирот, играчот за врска ја направи планираната операција на грбот. Иако имаше болки и проблеми во текот на сезоната, Родри реши да не се оперира пред најважниот турнир во својата кариера, но откако мундијалското патешествие заврши со светска титула, многу ...
По многу големи турбуленции и перипетии во изминатите неколку дена, италијанската Федерација ги објави имињата на новиот селектор и технички директор, избор кој дојде по неодобрен мандат за Андреа Пирло и неотповикливи оставки на Паоло Малдини и Леонардо. Претседателот Џовани Малаго не ги послуша одлуките на двајцата луѓе кои ги задолжи за организирање на спортскиот проект, па во ситуација кога висеше иднината на италијанскиот фудбал, вчера ...
Машката кадетска репрезентација вчера отпатува за Белград и го одработи последниот тренинг пред официјалниот старт на Европското првенство, турнир кој за нашите надежи започнува денеска во 12:00 часот. Избраниците предводени од Горан Кузмановски се најдоа во тешка група од која дел се велесили како Франција и Шведска, па според квалитетот на ривалите, многу веројатно најодлучувачки ќе биде првиот меч. Македонија ја отвора својата авантура на ...
Карло Анчелоти се врати во Рио де Жанеиро неколку недели по елиминацијата на Светското првенство и одржа состанок со водечките луѓе на Конфедерацијата, по што испрати и јасна порака во кој правец ќе се движи бразилскиот состав во периодот кој следи. Разочарувањето на Светското првенство само потврди дека Дон Карло има уште многу работа пред себе, а иако во меѓувреме доби понуда да ја води својата Италија, Анчелоти остана верен на зборот и ...
Со втората елиминација на вториот испит во Европа оваа сезона, Вардар ја заврши својата летна авантура во натпреварувањата на УЕФА, и тоа со научена лекција дека лошите изданија на домашен терен беа кобни за претрпените порази. По неуспехот со Купс, Вардар повторно стигна до продолженија благодарение на далеку подобро издание на гостински терен, но и овојпат немаше сила за целосен пресврт во второто квалификациско коло во Конференциската ...
Динамо беше пред елиминација од швајцарски Тун на домашен терен и се чинеше дека е пред сигурно збогување со Лигата на шампиони, но кога работите изгледаа најтешко на теренот, гостинскиот тим остана без стрелецот на вториот гол и тука почна да се буди надежта на Хрватите. По првиот меч кој заврши 1:1, Тун водеше со 0:2 на „Максимир“ и се беше во најдобар тек на Швајцарците до 67-та минута, а тогаш црвен картон заработи Бурки. Исклучувањето на ...
Натпреварот меѓу Интернационалн и Крузеиро во Бразил се одигра пред шест дена, но во последните 24 часа стана посебно популарен поради една историска санкција која може во целост да го промени фудбалот. Имено, Крузеиро го доби натпреварот и славеше со 1:2, но на оваа средба остана без своето големо летно засилување кое го играше само вториот натпревар. Габриел Печ здоби тешка повреда на ногата поради ужасен старт за кој Виктор Габриел доби ...
Има уште доста време за новите возбудувања во Премиер лига, но сезоната 2025/2026 понуди навистина многу и официјалните канали на најсилната англиска фудбалска конкуренција се обидуваат да не вратат назад и не потсетат она што го видовме, а беше незаборавно. Најновата компилација е со фантастични голови, 20 ремек дела, по еден од секоја екипа која настапуваше во ПЛ во натпреварувачката 2025/2026. Зубименди, Роџерс, Митома, Жоао Педро, Пино, ...
Челси одигра крајно возбудлив натпревар на дебито на Чаби Алонсо како менаџер на првиот тим, бидејќи пријателсата против ВС Вондерерс понуди дури десет голови. Англискиот фаворит губеше со 3:4 во самата завршница и се чинеше дека Шпанецот ќе стартува со пораз, но тогаш на сцена стапи Жоао Педро кој се покажа како „џокер“ од клупата. Бразилецот постигна хет-трик за 9 минути и обезбеди победа за Челси од 6:4, а по импресивното влијание кое го ...
Македонскиот фудбалски стратег, Југослав Тренчовски и официјално е назначен за нов предводник на словенечкиот великан Олимпија Љубљана. Тренчовски имаше добри резултати на клупата на малиот Радомље, резултати кои сега му ја отворија вратата кон Олимпија како наследник на Мишо Бречко. -Ова е голем предизвик за мене, можеби најголем во мојата досегашна тренерска кариера. Да се работи за најголемиот клуб во Словенија е голема чест. Кога Олимпија ...
Манчестер Сити ги започна подготовките за новата сезона, а покрај потврдените излезни трансфери и засилувања, како и продолжување на договорите со неколку првотимци, на репертоарот има и еден проблем за решавање. Савињо е фудбалерот кој побарал од премиерлигашот да го стави на трансфер листата, односно да му дозволи да замине што е можно поскоро, при што веќе се навестува и неговиот следен клуб. Бразилецот не се снајде најдобро во тимот на ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска бил хоспитализиран, но лекарскиот тим успеал брзо да го реши проблемот, по што првиот човек на шпанскиот шампион со соопштение потврди дека се чувствува добро. Лапорта објаснил дека имал проблем со аритмија и морал да побара лекарска помош, но неколку часа подоцна можел да потврди преку својот адвокат дека се е во ред со неговата здравствена состојба. – Се заврши добро. Мојата аритмија е ...
Раководството на Лацио договорило трансфер за талентиран играч со Нордсјеланд, но одговорните во клубот биле шокирани откако 19-годишниот фудбалер одбил да се пресели во италијанскиот прволигаш. Лацио се обидува да го освежи ростерот по доаѓањето на новиот тренер Џенаро Гатузо, а еден од играчите кои бил препорачан од скаутите бил Ноа Маркман. Нордсјеланд прифатил трансфер сума од 6 милиони евра за дефанзивецот, но младинскиот репрезентативец ...
ИФАБ како тело кое ги усвојува и утрдува фудбалските правила испрати порака до судиите дека не смеат да го повторат потегот на судиите кои по грешка му доделија црвен картон на швајцарски репрезентативец на СП 2026. Брил Емболо беше исклучен во четвртфиналето меѓу Швајцарија и Аргентина, откако ВАР собата го повика главниот судија да ја прегледа снимката во ситуација во која првично му беше покажан жолт картон на Паредес. Судијата одлучи дека ...
Јувентус успеа да му најде друг клуб на Лоис Опенда, а Белгиецот ќе се надева дека ќе може да се врати во препознатлива форма во француското првенство. Едно од најголемите трансфер промашувања на италијанскиот клуб од денеска и официјално е нов член на Олимпик Лион, а Французите го најавија неговото доаѓање со специјално видео. За заемот Лион ќе плати 3,5 милиони евра и ќе ја преземе обврската за платата на Белгиецот, но Јувентус не вклучил ...
Бредли Баркола не сака да потпише нов договор со ПСЖ и решил да го напушти актуелниот европски шампион само поради фактот што не ја добива посакуваната минутажа од тренерот Луис Енрике. Францускиот репрезентативец отишол и чекор подалеку, па веќе разговарал со Андони Ираола, потврдувајќи му дека е подготвен да потпише за Ливерпул, клубот кој бара освежување во офанзивниот дел по заминувањето на Мохамед Салах. Ливерпул ќе треба да направи ...
Македонскиот шампион Вардар имаше водство од 0:2 на гостувањето кај Рига, но не успеа да издржи до крајот и беше елиминиран од летонскиот ривал (5:2), по продолжение на реваншот од квалификациите за Конференциската лига. „Црвено-црните“ имаа гол негатива од првата средба, но истата беше избришана со мајсторскиот гол на Бабунски во 17. минута. Голот на Бабунски можете да го видите на овој линк Сепак, само две минути подоцна Најдовски направи ...
Икер Касилјас зад себе има успешна и трофејна фудбалска кариера, а во меѓувреме често е актуелен во фудбалската јавност со своите коментари и изјави поврзани со актуелни настани. Поранешниот голман беше активен и за време на мундијалот, а по големиот успех на неговата земја, фокусот ќе биде свртен кон клупските случувања. Касилјас зборувал за „ЕСПН Бразил“ чиј новинар побарал од него да ги избере омилените клубови во најпознатите светски ...
Кошаркарскиот клуб Работнички се пофали со договор со американскиот кошаркар Дарин Говенс, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот тим. Говенс имаше успешни настапи во дресот на ТФТ, по разделбата со составот од Тафталиџе се претпоставуваше дека ќе направи трансфер во посилна европска лига, но на крајот решил да го продолжи својот престој во Македонија. – Работнички АД Скопје ја известува јавноста дека нов член на клубот, воедно и ...
Мануел Нојер останува дел од Баерн Минхен во новата сезона, но таа веројатно ќе му биде и последна во успешната фудбалска кариера. Искусниот голман отворено зборувал за својот статус, признавајќи дека бил блиску да донесе одлука за пензионирање уште ова лето. – Нема да ги играм натпреварите и да размислувам дали тоа ќе ми биде последен на еден или друг стадион. – Но, делува реално дека ќе се пензионирам по крајот на сезоната, – рекол Нојер. ...
Манчестер Сити се подготвува за новата сезона со нов менаџер и без неколку досегашни играчи од ростерот на Пеп Гвардиола, додека истовремено клубот веќе обезбеди и работи на нови засилувања. Но, раководството не ги заборава ниту играчите кои имаат посебна важност за менаџерот Енцо Мареска, а кои со нови договори потврдуваат дека планираат да останат на „Итихад“ уште долг период. Денеска, таков потег е направен со Јошко Гвардиол, со што ...
Килијан Мбапе уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција во француската репрезентација на неодамна завршеното СП, а имаше одлична соработка со веќе поранешниот селектор Дидие Дешамп. Взаемното почитување се чувствуваше во потезите и изјавите од двете страни, а Мбапе заслужено ја доби и капитенската лента, која веројатно ќе ја носи и по пристигнувањето на Зинедин Зидан. Зизу денеска беше официјално промовиран како наследник на Дешамп, а ...
Во новата сезона Комо ќе игра во Лигата на шампионите, а овој историски успех носи и императив за засилување на екипата и поголем избор за тренерот Сеск Фабрегас. Шпанскиот стручњак го одведе тимот од езерото во Топ 4 во Серија А и раководството се обидува да ги исполни неговите трансфер желби, но барем засега италијанскиот тим се соочекува со непосакувани препреки. Тревор Чалоба беше прв пик на Фабрегас за стоперските позиции, но Комо не ...
Марк Кукурелја беше еден од креаторите на големиот успех на Шпанија на СП 2026, а реши да го испочитува и своето ветување дадено пред финалето против Аргентина. Левиот бек беше еден од неколкуте шпански репрезентативци кои најавија дека ќе го истетовираат ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на своето тело, доколку Шпанија стигне до мундијалската титула, а засега е единствен кој го исполни ветувањето. Денеска, новиот играч на Реал Мадрид ...