Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Тимот на Партизан успеа да комплетира уште една операција и го доведе најинтересното име во овој преоден рок од проста причина што истиот во минатото играше за лутиот ривал Црвена Звезда. Нов член на „црно-белите“ е 30-годишниот аргентински интернационалец Лука Вилдоза кој во Белград доаѓа од редовите на Виртус Болоња. Плејмејкерот се враќа во српската престолната, ама сега ќе ги брани боите на Партизан во наредните две години. Тој е петто ...
Вест Хем се покажа како најголемо разочарување минатата сезона и на крајот ја загуби битката со Тотенхем која носеше спас во Премиер лигата, а испаѓањето во Чемпионшип автоматски значеше дека голем број ѕвезди ќе мора да го напуштат клубот. Поради намалениот буџет, „чеканите“ беа приморани да слушаат понуди за своите најплатени играчи, па иако се очекува да останат важни играчи како Боуен и Соучек, клубот веќе значително го ослободи ...
Македонскиот напаѓач, Георг Стојановски на фантастичен начин ја отвори новата сезона во првенството на Бугарија, погоди од центар на првиот меч против ЦСКА 1948 Софија, додека во второто коло стрелаше во дербито на Варна. Имено Спартак предводен од Ѓоко Хаџиевски го потопи Черно Море на негов терен со 3-0, а погодокот со кој гостите ја обезбедија победата беше дело на Стојановски во 88 минута. Внукот на Хаџиевски ја казни лошата реакција на ...
Един Џеко играше на свое второ Светско првенство со Босна и Херцеговина, а по елиминацијата во нокаут рунда, повеќе од две недели е на заслужен продолжен одмор. Џеко си даде повеќе време за да донесе одлука за својата иднина со оглед на тоа што има 40 години, но откако ги ставил сите опции кои ги има на маса, се одлучил за најлогичната. Иако имаше понуди од клубови од Серија А и од МЛС лигата, Џеко во новата сезона ќе го гледаме во ...
ПСЖ подолго време се посочуваше како дестинација број еден за Јан Диоманде, но кога се чинеше дека следи најлесната задача откако самиот играч му се додворуаше на европскиот шампион, дојде до пресврт кој речиси никој не го очекуваше. Францускиот великан доби конкуренција во Реал Мадрид и Ред Бул Лајпциг се најде во ситуација да лицитира за својот најдобар фудбалер, но ПСЖ не само што одби да влезе во такви игри, „светците“ останаа разочарани ...
Челси го промовираше Чаби Алонсо во раната фаза на летниот преоден рок и веднаш после тоа се одлучи за еден интересен потег, и тоа по барање на шпанскиот стручњак кој посака во тимот да донесе играч од доверба. Поради одличната врска која ја имаа во Баер Леверкузен, Чаби го посака Гранит Џака како гаранција во средниот ред на Челси, а бидејќи понудата за Сандерленд пристигна една година по големите напори кои беа вложени за да се донесе ...
Шкендија со мислите дефинитивно е кон реваншот со Браво во Конференциската лига на Европа, но пред да почне подготовката за вториот меч на домашен терен, македонскиот вицешампион си ја одработи задачата на домашна сцена. Слично како сите фаворити во првото коло, Шкендија имаше лесна задача на домашен терен, иако тоа овојпат беше тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската Федерација на Македонија. Скопје не мораше да патува во Тетово ...
Јан Диоманде нетајно му искажуваше љубов на ПСЖ и нагласи дека сака да заврши во европскиот шампион, но иако му се дадоа најголеми шанси на клубот од француската престолнина, високите барања на фудбалерот, но и инволвираноста на најтрофејниот европски клуб во историјата направија трансферот да фати друг правец. Оваа вечер, ПСЖ и официјално се повлекол од операцијата и од наддавањето за извонредниот офанзивен фудбалер кој блескаше и на ...
Тадеј Погачар се издвои како еден од најдоминантните велосипедисти во поновата историја, а тоа го потврди со петта победа на најпрестижната трка во светот. Најновото издание на Тур де Франс доби своја завршница денеска на Елисејските полиња во Париз, па иако на 21-та етапа победник беше Матје Ван Дер Пул, секоја година најважно е кој ќе пристигна на целта со жолтата маичка. По петти пат во својата кариера, таква чест имаше извонредниот ...
Ландо Норис ја оствари првата победа оваа сезона и добивме петти различен победник на последните пет трки во Формула 1, разновидност која дефинитивно е нешто на што не навикнавме во последните неколку години. Со трката на Хунгароринг се означи крај на првиот дел од сезоната и актуелниот шампион Норис ќе замине со насмевка на летен одмор, а истото може да се каже и за Макс Ферстапен, иако Холанѓанецот одново се мачеше со својот болид. Откако ...
Лино Червар денеска ја имаше првата прозивка и го одржа првиот тренинг како тренер на Еурофарм Пелистер, а повеќе од јасно, лидер на неговиот проект ќе биде долгогодишниот капитен, Филип Кузмановски. Иако размислуваше одредено време, популарниот „Фитиљ“ процени дека новиот проект со Червар е доволно атрактивен за да остане во Битола, па сега негова цел е да го израдува цел град и фановите какошто тоа го правеа во изминатите години. ...
Ерлинг Халанд е современа гол машина која не престанува да ги тресе противничките мрежи, но навистина интересно е тоа што Норвежанец идеално се вклопува во модерниот фудбал кој е исполнет и со доста провокации. За разлика од други фудбалери кои реагираат негативно, Халанд го дочекува со насмевка сето она што се пласира и споделува на социјалните мрежи, па така и тој беше мета на доста потсмев за време на мундијалот. Низа „мемиња“ ги ...
Нејмар го одигра првиот натпревар за Сантош по крајот на Светското првенство, а уште на воведниот меч против Чапекоенсе ја покажа својата класа. Иако многу се збореше за неговиот пад во формата и незаслужениот повик кој го доби од Карло Анчелоти, Нејмар рано утрово им ги затна устите на дел од критичарите, а имаше и посебна прослава и „поздрав“ за сите оние кои велат дека покерот му е поважен од фудбалот. Откако постигна мајсторски гол по ...
Неделната програма во Првата македонската фудбалска лига понуди два натпревари, а на првиот видовме апсолутна доминација на тимот кој несреќно испадна од Конференциската лига. Силекс покажа моќ и квалитет против екипата на Башкими и ги испрати кумановци со „сет“ голови во својата мрежа, најава која ветува доста тешка сезона за зелено-црните. Башкими не можеше да парира во ниту еден момент и прими шест парчиња во својата мрежа, а поразот од ...
Феран Торес беше херојот на Шпанија на Светското првенство, човекот кој со својот гол во финалето против Аргентина и ја донесе втората мундијалска титула на „црвенета фурија“. Тој во моментов е на одмор, а во меѓувреме има доста шпекулации кога е во прашање неговата иднина во Барселона, клуб со кој е под договор до 2027 година. Напаѓачот веќе се поврзува со неколку клубови од најдобрите лиги на светот, но засега нема нема ништо конкретно и ...
Бредли Баркола е еден од фудбалерите кои највисоко котираат на трансферот пазарот во Франција, не само поради несигурниот статус кој го има во тимот на Луис Енрике, туку и поради фактот што самиот размислува за заминување надвор од Париз. По две титули во Лигата на шампионите во кои беше во втор план, Баркола смета дека заслужува да игра во клуб кој ќе му гарантира стартна улога, а бидејќи Луис Енрике не одобрува такво нешто со било кој ...
Многумина се сомневаа во Родри, но фудбалерот на Манчестер Сити уште еднаш покажа дека е светска класа и како капитен, лидер ја предводеше Шпанија до пехарот на Светското првенство. Родри беше главен на средината на теренот, држеше се под контрола во сите натпревари и на крајот беше и прогласен за најдобар фудбалер на 23. мундијал кој се одржа САД, Канада и Мексико. Шпанскиот селектор Луис Де Ла Фуенте не може да ги разбере оние кои се ...
Лионел Меси е на краток одмор по исцрпувачкото Светско првенство во кое одигра клучна улога во патот на Аргентина до големото финале каде Шпанија се покажа како пресилен ривал и славеше со 1-0 по дополнителните 30 минути. Ова дефинитивно беше силен удар за Лео и најдобар доказ за тоа беа неговите солзи по финалниот натпревар, емоции кои многумина ги протолкуваа како крај за напаѓачот во аргентинската репрезентација. Меси досега нема ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на единаесеттата трка од овогодинешниот Ф1 шампионат, трка за Големата награда на Унгарија. Актуелниот шампион вчера ја освои пол позицијата, а денеска потврди дека тоа не е случајот и најдобро се снајде на легендарната „Хунгароринг“ за прво славје во оваа кампања. Британецот го освои првото место пред Макс Ферстапен од Ред Бул и лидерот во генералниот пласман Кими Антонели. Трагичар пак беше Оскар ...
За месец август е закажан стартот на новата сезона во англиската Премиер лига што значи се уште има доволно време за да екипите се подготват, но уште поважно да направат потези во актуелниот летен преоден рок. Дел од екипите веќе се засилија, продадоа дел од играчите, меѓутоа допрва се очекува ова вистинското, клубовите да „згрмат“ затоа што се знае нивната финансиска моќ. Во исчекување на зделките, трансфер операциите пред се на големите ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико е веќе зад нас, но одредени ситуации и понатаму се коментираат и тоа од луѓе од највисоката сцена како што е американскиот претседател Доналд Трамп. Имено Трамп имаше што да каже за потегот на херојот на шпанската репрезентација Феран Торес кој на славјето на светската титула се појави со интересна капа, капа со натпис, слоган кој беше заштитен знак за кампањата, целото движење на сегашниот прв ...
Трката за големата награда на Бахреин од Формула 1 шампионатот ќе се одржи, но во Малезија, земја која денеска е потврдена како домаќин на откажаната трка од пред неколку месеци. Патеката Сепанг е потврдена од ФИА и Формула 1 како трка која ќе биде вметната меѓу две трки во Азија, а ќе го носи името ГН на Бахреин иако ќе се вози во околината на Куала Лумпур. Гран-при викендот во Малезија е закажан од 2 до 4. октомври, односно една недела пред ...
Њукасл веќе остана без двајца клучни играчи ова лето (Ентони Гордон и Сандро Тонали), а може да загуби и уште еден, капитенот Бруно Гимараеш. Бразилецот е посакуван од страна на Арсенал, информациите се дека веќе личните услови се веќе договорени и сега клубовите се на потег да пронајдат заеднички јазик. Засега сумата која ја нуди актуелниот шампион не е прифатлива за „страчките“, но тоа може да се промени во иднина и за тоа е свесен тренерот ...
Искусниот стратег Лино Червар се враќа на ракометната сцена и тоа во Македонија каде ќе го предводи поранешниот шампион Еурофарм Пелистер. Клубот од Битола му ја даде довербата на Червар и од него има големи очекувања, но Лино е човек кој не се плаши од предизвици и веќе има јасен план за тоа како треба да изгледаат „зелено-белите“. -Морам да кажам дека ми е чест да бидам тука и да го водам Пелистер. Тука ќе биде и крајот на мојата кариера. ...
Ерата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е завршена, а на жешкото столче сега седна италијанскиот стратег Енцо Мареска. Мареска е добро познато име во синиот дел од Манчестер, човек кој работеше во младата екипа, потоа беше и асистент на Гвардиола за да сега дојде да го води првиот тим што ќе биде најголем предизвик и мисија особено затоа што го наследува човекот кој постигна фанастични резултати, успеси, титули и остави неизбришлива трага во ...
Шкендија ја очекува реваншот со Браво во второто квалификациско коло во Конференциската лига, но пред максимално да му се посвети на тој предизвик има една домашна задача и тоа против Скопје. Се работи за дуел од првото коло кое ќе се одигра на комплексот на ФФМ во Скопје, со почеток во 19:00 часот. -Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. Амбициите остануваат исти — одиме на шампионската титула и сакаме да започнеме успешно, онака како ...
Екипата на Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за натпреварувачката 2026/2027, сезона во која македонскиот прволигаш ќе биде предводен од искусниот Лино Червар. Подготовките започнаа со работен состанок, Червар го претстави планот за работа и им посака добро здравје и успешна сезона на ракометарите. Тимот денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе третиот пораз во исто толку натпревари на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. Вчера потлекнавме во последната четвртина против Босна и Херцеговина, во петокот загубивме од Грузија, а денеска немавме никаква шанса за позитивен резултат во соочувањето со Унгарија. Бевме надиграни во првата четвртина со 21:6, па иако во преостанатиот дел бевме ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Тихомир Костадинов и во иднина ќе настапува во Чешка, но во друга средина. Тој од 2025 година беше дел од Сигма Олумуц со тоа што вториот дел од минатата кампања го мина на позајмица во редовите на Словацко. Токму Словацко е тимот кој одлучи да го откупи неговиот договор, односно одлучи да му верува и го „врза“ до 2028 година. Во сезоната 2026/2027 настапи на 13 средби на кои постигна 1 гол и запиша 3 ...
Џермејн Дефо не се прослави со својот прв тренерски ангажман и доби отказ од англиски нисколигаш по само неколку месеци. За ситуацијата да биде полоша, раководството на Вокинг отворено им посочи на медиумите дека соработката со Дефо е прекината поради непрофесионалниот однос на поранешниот англиски репрезентативец. Дефо ја извршуваше функцијата четири месеци и го водеше тимот во Националната лига на само шест средби, а отказот го доби на две ...