МЗТ Скопје полека се екипира за новата сезона и го подготвува ростерот за предизвиците кои следат, а денеска ја извести јавноста за ангажман на лице кое е добро познато во клубот. „Штрковите“ се пофалија со потписот на повремен македонски репрезентативец, односно играч кој ќе биде дел од ротацијата на бековските позиции во првиот тим. – Никола Василевски повторно во сино-белото јато! Поранешниот младински репрезентативец е нов кошаркар на МЗТ ...

Аргентина се бранеше цели 120 минути во Њу Џерси и не успеа да се доодбрани од налетите на шпанските фудбалери, а клучниот момент се случи на стартот на второто продолжение. Една акција по десната страна заврши со центаршут и спуштена топка од Нико Вилијамс, по што на неа налета Феран Торес кој небранет од никого погоди за 1:0 и втор историски момент за Шпанија на Светските првенства. Идентично како во Јоханесбург пред 16 години, доволен беше ...

Жоан Капдевила мораше да се помачи за да стигне од САД и да добие електронска патна дозвола од „ЕСТА“, но откако со многу потешкотии ги надмина проблемите, славниот лев беке вчера беше дел од финалето на Светското првенство. Светскиот шампион од 2010-та година во живо гледаше како избраниците на Луис де ла Фуенте ја повторуваат историјата од пред 16 години, а тој заедно со Марк Кукурелја се погрижил да се повтори еден незаборавен ритуал, кој ...

Аргентинските фудбалери почуствуваа како е да се биде на другиот дел од страната во едно финале на Светско првенство, а горчливото искуство по вторпат во својата кариера го доживеа долгогодишниот капитен на „гаучосите“, Лионел Меси. Четири години по освоената титула во Катар, Аргентина вчера загуби во финалето во Њу Џерси, но по последниот судиски свиреж на Славко Винчиќ, видовме и сцени кои не доликуваат на една мундијалска завршница. Нахуел ...

Лионел Меси беше целосно неутрализиран и изолиран на натпреварот против Шпанија, а причина за тоа беше страшната доминација на „црвената фурија“ во големото финале во Њу Џерси. Шпанците го играа својот фудбал и воопшто не им дозволија на Аргентинците да влезат во својот препознатлив френетичен ритам, па во меч во кој беше јасно дека може да одлучува еден момент, актерите на теренот се обидуваа на било каков начин да стекнат предност. Во ...

„МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси беше домаќин на големото финале на Светското првенство, а Американците ја имаа честа да пречекаат и голем број легенди од минатото кои вчера имаа улога на големи навивачи. Шпанија се избори за втора ѕвездичка над својот грб и ја освои втората светска титула во историјата благодарение на голот кој го постигна Феран Торес, но покрај еуфоријата на теренот, доста разбрането беше и во ВИП ложата. Добар дел од ...

Ламин Јамал беше добро чуван од аргентинските дефанзивци и не доби многу простор за игра, но во натпревар на кој „гаучосите“ се бранеа со сите сили, ниту еден шпански фудбалер не доби многу време да размислува. Европската земја на крајот победи благодарение на тимската игра и добро изработената акција по која Феран Торес прерасна во национален херој, а овој момент се покажа како клучен во едно финале во кое имаше многу борба и одредена ...

Марк Кукурелја беше хит за цела нација откако Шпанија ја освои европската титула пред две години, а сега повторно се очекува неговото излагање во јавноста да биде едно од најследените, пред се поради ветувањето кое го даде пред Светското првенство. Новиот фудбалер на Реал Мадрид најави дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија освои светска титула, па откако вчера тоа и се случи на „МетЛајф“ стадионот во Њу ...

Леандро Паредес ги загуби нервите по последниот судиски свиреж на Славко Винчиќ, но иако мешаницата која настана меѓу него, Гарсија и Гави се најде во центарот на вниманието, повторените снимки покажаа дека главата ја изгубил уште еден аргентински фудбалер. Јужноамериканската крв зовре во моменти на големи емоции и тензии на теренот, па по последниот знак кој го даде словенечкиот судија, видовме и сцени кои не доликуваат за едно финале. ...

Лионел Скалони донесе најголема радост за Аргентина пред четири години како селектор на селекцијата која го освои турнирот во Катар, но четири години подоцна, емоциите се сосема различни за „гаучосите“ кои повторно играа во големото финале. Шпанија се покажа како претежок ривал за досегашните светски шампиони и тимот на Скалони беше целосно немоќен во офанзивен план, па после рапслет во кој пресуди голот на Феран Торес, сосема очекувано беше ...

Англиските медиуми пред само 24 часа пишуваа за историскиот бронзен медал кој го освои „Гордиот албион“ на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но откако заврши големото финале на Светското првенство, дел од таблоидите имаа нова голема причина за славје. По болниот пораз од Аргентина во полуфиналето, Англичаните повеќе симпатии покажаа кон европската земја, а крајниот епилог од финалето во Њу Џерси донесе и провокативни наслови. Англиските ...

Епилогот од големото финале на Светското првенство донесе измешани емоции кај актерите на двата тима, од една страна огромна радост и максимална сатисфакција, а од друга огромно разочарување и тага која ќе трае подолго време. Шпанија заслужено победи во финале во кое доминираше 120 минути и со голот на Феран Торес стигна до втора светска титула во својата историја, па иако во најголем дел од средбата гледавме фер игра и спортска битка каква ...

Лионел Меси го одигра завршното танго на светските првенства и стави крај на шестото учество кое и самиот рече дека ќе биде последно, турнир на кој иако даде се од себе, сепак немаше сили за да најде решение за моќната Шпанија во друштво на своите соиграчи. Без ниту еден директен шут кон голот на Унаи Симон, Аргентинците немаа на што да се надеваат во финалето во Њу Џерси, па после натпревар со толку голема магнитуда, беше јасно дека ќе ...

Феран Торес не постигна ниту еден гол на Светското првенство до големото финале и добиваше мала минутажа од селекторот Луис де ла Фуенте, па иако во една фаза од турнирот беше и најкритикуван шпански фудбалер, на крајот момчето кое потекнува од Валенсија се претвори во вистински јунак на цела нација. 47 милиони Шпанци со огромно задоволство се израдуваа на голот вреден втора светска титула за „црвената фурија“, а бидејќи Торес се претвори во ...

Килијан Мбапе ја доби битката со Лионел Меси и ја освои „Златната копачка“ на ова Светско првенство на кое заврши како најдобар голгетер, турнир на кој францускиот капитен постигна десет погодоци. Со два погодоци повеќе од Меси, Мбапе на крајот ја доби тесната битка и воедно стана најдобар голгетер во историјата на мундијалите, но со исклучок на оваа награда која ќе заврши во рацете на Килијан, сите три останати заминаа во раце на шпански ...

Шпанската фудбалска репрезентација триумфираше на Светското првенство кое вчера заврши со финалето во Њу Џерси, а со својот настап на целиот турнир, па и на дуелот со Аргентина, потврди дека заслужува да стигне до вториот голем мундијалски успех во историјата. Избраниците на Луис де ла Фуенте доминираа на пресметката со веќе поранешниот светски шампион, а епилогот на финалето и мундијалот допрва ќе донесе и интересни коментари од фудбалската ...

Жил Кунде беше дел од француската репрезентација која на крајот заврши на четвртото место на 23. Светско фудбалско првенство. Дефанзивецот имаш пристојни настапи на мундијалот, а за време на истиот се појавија шпакулации околу неговата иднина. Тој беше поврзуван со Баерн Минхен со тоа што во вестите се говореше дека Барса би била отворена за ваква операција ако пристигне понуда која би била примавлива. Французинот има договор до 2030 година и ...

Англија го освои третото место на Светското првенство што е нивен најдобар резултат уште од 1966 година, но и покрај тоа постои незадоволство, критики пред се на сметка на селекторот Томас Тухел. Секако има забелешки и за играчите, а еден од оние кој постојано е присутен во медиумите со коментари е поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил. Невил има измешани чувства по се што се случи на турнирот и за него е вистинска штета што ...

Шпанија одигра едно од најдоминантните финалиња на светските првенства и вистинско чудо беше како не го реши победникот во регуларниот дел, но откако остана и со играч повеќе на теренот, беше јасно дека четата на Луис де ла Фуенте ќе направи се за да не стигне до пенал рулетот. После 20 обиди за гол, шансата на стартот на второто продолжение во гол ја претвори Феран Торес, па овој момент се покажа како пресуден момент во едно финале во кое ...

Репрезентацијата на Шпанија е нов светски шампион и тоа откако вечерва ја надигра Аргентина на средбата на стадиoнот Метлајф во Њу Џерси. Шпанците славеа со 1-0 по продолженијата, но ова можеше да се случи многу порано затоа што „гаучосите“ одиграа катастрофален меч, меч кој на крајот го завршија со два упатени удари, ниту еден во рамките на голот на Симон. „Црвената фурија“ имаше шанси, полушанси во основниот дел, меѓутоа не успеваше да го ...

Екипата на Оклахома Сити Тандер не успеа да го повтори успехот од сезоната 2024/2025 или поточно не ја одбрани титулата во НБА лигата иако важеше за прв фаворит. Ова беше знак дека дефинитивно ќе се направат одредени промени и тоа ОКЦ дефинитивно го прави. Најновиот потег е ослободувањето на најдобриот дефанзивец Лугенц Дорт кој беше испратен во Атланта Хокс. Во размената учествуваше и Далас Маверикс кој го доби Закари Ризаше, додека во ...

Вилијам Салиба се повреди на мечот со Шпанија на Светското првенство и како што стојат работите подолго време ќе мора да отсуствува од терените. Тоа е дефинитивно проблем за Арсенал затоа што Французинот во комбинација со Габриел се можеби најдобриот стоперски тандем во Премиер лигата и светот. „Топчиите“ имаа опција, тука се Инкапие, Калафиори, Москера, талентираниот Салмон, но „Сан“ пренесува дека актуелниот англиски шампион мерка едно ...

Наредната недела започнува новата сезона во Првата македонска лига, а Башкими е еден од клубовите кој ќе биде дел од елитната фудбалска конкуренција во 2026/2027. Меѓутоа клубот од Куманово се соочува со доста проблеми, најдобар доказ за тоа е што дури денеска назначи тренер што ќе ја води екипата. Се работи за Гајур Реџепи кој ќе има тешка задача да дојде до поволни резултати затоа што клубот го напуштија најголемиот дел од играчите од ...

Антонио Конте изминативе две години ги мина на кормилото на италијанскиот прволигаш Наполи, клуб на кој во двете години му донесе, онаа првата супер значајна во Серија А, втората пак во Супер Купот на Италија. Меѓутоа сега оваа приказна е готова, Конте е слободен агент, тренер кој може без проблеми да ја избере новата средина, но како што стојат работите тој има намера да направи пауза од фудбалот. -Опуштен сум, двете прекрасни години во ...

Шпанија и Аргентина ќе го имаат завршниот танц на 23. Светското првенство, соочување по кое победникот ќе биде на тронот во наредните четири години. „Црвената фурија“ ја брка втората ѕвездичка и повторување на успехот на славната генерација од 2010 година, додека „гаучосите“ ја бараат четвртата ѕвезда и одбрана на светската титула, два пехари во низа што претходно има успеало само на Бразил и Италија. Предводникот на Шпанците, Де Ла Фуенте се ...

Англија го оствари најголемиот успех на Светските првенства од 1966 година и го освои третото место на мундијалот на кој домаќини беа САД, Мексико и Канада. Англичаните во битката за бронзата во луд меч славеа над Франција со 6-4, но се уште и понатаму се зборува за поразот од Аргентина во полуфиналето. Аргентинците го надиграа „гордиот албион“ и сосема заслужено славеа со 2-1, меѓутоа јавноста на островот беше бесна на селекторот Томас Тухел ...

Пред нас е финалето на Светското првенство, битка за најважниот трофеј во светот на фудбалот, борба која ќе ја водат Шпанија и Аргентина. Шпанците се актуелен европски шампион, Аргентинците пак најдобра репрезентација во Јужна Америка и актуелен светски првак што јасно говори дека треба да имаме супер финале. Стартот е закажан за 21 часот, меч за кој доста познати имиња дадоа прогноза, а во таа група влегува и Џо Харт кој ја изненади ...

Адриен Рабио е под договор со Милан до 2028 година, но во изминатиов период има доста шпекулации кога е во прашање неговата иднина особено откако си замина тренерот Масимилијано Алегри. Алегри имаше одличен однос со Французинот, а со оглед на тоа што стратегот сега го предводи Наполи се појавија вест дека играчот од средината може да ги следи неговите стапки. Дали е тоа навистина реално ќе покаже времето, потврдено е дека Рабио по одморот ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години оствари победа над Босна и Херцеговина (91:81) на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Одигравме уште еден квалитетен натпревар од почеток до крај и сосема заслужено на крајот го освоивме деветтото место на турнирот. Најефикасен во македонскиот состав беше Сергеј Младеновски со 17 поени, на кои додаде четири асистенции и три скока. Марко Луканоски натпреварот го заврши со ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија избори и втор триумф над Грција на тест натпреварот што се одигра во Скопје. Вчера нашите млади ракометари славеа со 31:29, додека денеска бевме уште поубедливи и триумфиравме со 26:20. И на овие средби избраниците на Горан Кузманоски покажаа дека се во добар ритам што е повеќе од потребно пред тоа што следи, настапот на Европското првенство. Имаме навистина тешка група, група во која ривали ќе ни ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96