Министрите на ЕУ наскоро ќе најават нови мерки за безбедност во сообраќајот, од кои некои ќе ја намалуваат моќноста на моторот доколку возачите надминат одредена брзина Според извештајот, сите нови автомобили треба да бидат опремени со ограничувачи на брзината, со цел да се усогласат со новите прописи на Европската унија. Министрите наскоро ќе најават голем број нови мерки за безбедност на возилата, од кои некои ќе ја намалуваат моќноста на ...

Потресите главно ќе ги погодат производителите на мотори со внатрешно согорување и трансмисија Пазарот на резервни делови за автомобили се соочува со вистинска катастрофа во наредните години. Ова е оценката на консултантската фирма McKinsey & Company, чиј извештај го цитира Drive. Според експертската студија, ако во 2019 година пазарот на резервни делови за мотори со внатрешно согорување во светот се проценувал на 73 милијарди долари, ...

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 11.04.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ...

Холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство објави дека автомобили од марката Mercedes ќе се користат за следење на состојбата на патиштата Модерните автомобили се полни со сензори и камери, a моделите на Mercedes не се исклучок. Затоа, ваквите возила секојдневно собираат вредни информации за патиштата, состојбата во сообраќајот и времето. Овие (анонимни) податоци сега се испраќаат до таканаречениот Mercedes-Benz Vehicle ...

„Тоа е Jeep, треба да може да издржи мал наклон“, веројатно така си помислила оваа возачка пред да се реши да го одмине автобусот на тесниот пат Трпението е доблест, а се чини дека возачката на овој Jeep Compass го нема. На социјалните мрежи е објавено видео на кое возачот на Jeep Compass наидува на автобус на пат кој не е доволно широк едноставно разминување. И наместо да почека големиот автобус да се тргне настрана за да се ...

Пред само 10 години преживувањето во тежок судир било скоро невозможно! Колку се напреднати автомобилите? Секако тема за дискусија во која би се спротивставиле многу аргументи за и против, но како и да е, најдобро е ова да се објасни со практичен пример. Осигурителниот институт за патна безбедност (IIHS) е американско здружение слично на Euro NCAP во Европа и неговата примарна цел е да ја подобри безбедноста на патиштата. Човекот со име ...

Високите маржи на горивaта би можеле да останат високи и во наредните месеци, а можеби и години Едно од клучните прашања на светската економија е секако цената на нафтата. Но, ситуацијата на пазарот е една работа, а маржите на производителите на нафтени дестилати се нешто сосема друго. Тие се на историски високо ниво, а Goldman Sachs се обидел да одговори зошто е тоа така. Залихите на дизел и авионско гориво се на најниско ниво, а сезонски ...

Иако компанијата сè уште е прилично тивка, велат дека E-Direct Drive е „електричен погон со најголема густина на моќност во светот“ Tushek TS900 Apex официјално ќе биде претставен на 21 април, а станува збор за словенечки хибриден хиперавтомобил кој досега е најлесниот на планетата Земја. Планирани се само 36 единици од TS900 Apex и 12 од TS900 RacerPro. Ова второт издание ќе биде само варијанта за тркачка патека, со однос ...

На почетокот тоа не беше проблем бидејќи симптомите биле едвај забележливи. Но, како што одминувало времето, моторот почнувал да звучи се полошо Еден сопственик на Subaru Impreza од 2008 година сподели приказна на Reddit, во која објаснува низ што се поминал поради чудниот звук на автомобилот, за да открие дека одговорот лежи во едноставно отстранување на мало парче пластика. Имено, неговиот автомобил почнал да звучи чудно, а многу тресел во ...

Lamborghini во периодот јануари до декември 2021 година продал 8.405 автомобили, што минатата година ја прави најдобрата во историјата на брендот Lamborghini објави дека во првите три месеци од оваа година продал вкупно 2.539 возила ширум светот, што и официјално најдобриот квартал во историјата на италијанската марка. Ова е зголемување од пет проценти во однос на 2021 година. Lamborghini во периодот јануари до декември 2021 година продал ...

Тешките времиња бараат тешки мерки, но зад нив стојат и последици… Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека бензинот Е15 ќе биде одобрен за употреба во текот на летото 2022 година – во обид да се спречи поскапувањето на горивата. Тешките времиња бараат тешки мерки, но зад нив стојат и последици. Заштедите за потрошувачите на гориво веројатно ќе бидат мали (околу 10 центи по галон) во споредба со можната огромна штета што ...

Корејскиот електричен хечбек, првиот од новата електрична линија на Ioniq освои голем број вредни награди – во категориите дизајн и електричен автомобил на годината, а сето тоа крунисано со награда Светски автомобил на годината Њујорк е дом на овогодинешните награди за Избор на светски автомобил на годината, а оваа година Hyundai има неколку причини за славење. Некако очекувано, во изборот доминираат електричните автомобили. Тие се ...

Американскиот милијардер и извршен директор на Tesla, Илон Маск, нуди 41,4 милијарди долари за да го купи Twitter. Понудата на Маск е 54,20 долари по акција. Тој напишал писмо до претседателот на Twitter, Брет Тејлор, велејќи дека неговата понуда е конечна. „Инвестирав во Twitter бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за ...

„Немаше никој, а потоа почна да вози“ Изминатиот викенд во округот Ричмонд во Сан Франциско полицијата сопрела автономно тест возило. Видео од настанот е објавено на Twitter. Објавата покажува како автономниот Chevrolet Bolt EV застанал пред раскрсница, а потоа бил прегледан од полициски службеник. Во моментот кога тој се одалечил, возилото повторно почнало да се движи напред, повторно застанувајќи на другата страна од ...

По четири години на пазарот, BMW X7 летово пристигнува во редизајнирана и подобрена верзија со мотори до 530 КС Во основа, моделот останува ориентиран кон удобност и просторност, но со дополнителна спортска нота во нивото на опрема M Sport и уште поефикасна варијанта M60i. Што е главната новина? Дефинитивно предниот дел на големиот SUV кој пристигнува со ново лице кое можеме да го очекуваме кај сите идни модели (X5, X6, Series 5, 7 …) ...

Google првично не дозволи апликацијата да биде објавена во нивниот Play Store, но попушти па апликацијата може да се преземе во Велика Британија Новата апликација за паметни телефони, која им овозможува на корисниците да снимаат автомобили со камера и да утврдат дали тие го прекршуваат ограничувањето на брзината, предизвикува контроверзии по само неколку недели на пазарот во Велика Британија. Апликацијата наречена Speedcam Anywhere може да ...

Четиринаесеттата верзија на Huracan ги комбинира техничките карактеристики на неколку модели како и стилските елементи на најретките Lamborghini модели Lamborghini претстави специјална верзија Huracan Tecnica која ги комбинира карактеристиките на варијантата EVO со погон на задните тркала и STO варијантата со големо задно крило, а дизајниран е да им обезбеди на сопствениците супериорна забава зад воланот, како на пат, така и на тркачка ...

Актуелниот Formula 1 шампион и возач на Red Bull Racing Макс Верстапен ја критикуваше брзината на Aston Martin Vantage кој се користи како возило за безбедност во F1 шампионатот. Моделот Aston Martin Vantage како безбедносно возило во Formula 1 го вози поранешната DTM ѕвезда Бернд Мејландер, а два пати беше во „акција“ за време на овонеделната трка во Австралија на Алберт парк. Причината беше откажувањето по заглавувањето во ...

Тимот на Rimac во месец март завршил две интензивни недели зимско тестирање со Сотозеро, тест центарот на Pirelli во близина на Арктичкиот круг во Шведска Со невообичаено топли дневни температури, тимот на Rimac тестирал ноќе кога температурите биле најекстремни, пред да ги испорача првите сериски автомобили. По неколку години симулации и тестирања на патеки, и во тест центри низ Европа, целосно електричниот Rimac Nevera со 1.914 КС веќе ги ...

Сè поскапува, па дури и цените на половните автомобили. Но дали конечно може да се види крајот на дивеењето на цените? Индексот на цените на AutoScout24 укажува на почеток на нов тренд. Во однос на февруари, цените на половните автомобили и во март останале стабилни. Но, годишната споредба покажува поинаква слика: во однос на март лани, цените на половните автомобили пораснале во просек за 3.245 евра, што одговара на раст на цените од ...

Еден маж (28) е уапсен бидејќи за само неколку дена оштетил околу 260 автомобили во Карлсруе, а деновиве треба да се појави пред судија, соопштуваат од германската полиција Според информациите, штетата е повеќе од половина милион евра, а тој се предал на полицијата и признал материјална штета. Своите наводни постапки ги оправдувал со завист кон сопствениците на автомобили. Жртвите биле претежно автомобили од висока класа паркирани во ...

Легендарното име не се користи од 1955 година. Таа година, Fiat престана да го произведува малиот Fiat 500, кој поради изгледот беше познат како Topolino (мало глувче). Несомнено е дека ова е едно од најпознатите имиња на Fiat во историјата, но и на целата италијанска автомобилска индустрија во доменот на модели од големи серии. Topolino сега би можел да се врати, благодарение на Stellantis. Концернот веќе го лансираше малиот Citroen Ami, а ...

Прогнозите на VW се совпаѓаат со оние на BMW, од каде неодамна тврдеа дека очекуваат недостигот на чипови да продолжи и следната година Се чини дека сите надежи кои ги имаа производителите на автомобили во врска со решавање на кризата со чипови оваа година исчезнаа. Извршниот директор на групацијата Volkswagen смета дека проблемот со снабдувањето ќе постои уште најмалку две години. Главниот финансиски директор на VW, Арно Антлиц, во интервју ...

Кинеската автомобилска индустрија не е многу стара, но во последните 20 години од обичен плагијатор се разви во водечка индустрија. Во своето најново видео на YouTube, познатиот автомобилски дизајнер Френк Стивенсон не води низ временскиот тајмлајн на кинеската автомобилска индустрија. Кинескиот пазар на автомобили имаше голема криза на идентитетот во раните 2000-ти, а Стивенсон го демонстрира тоа со прикажување на неколку возила кои не само ...

Редакцијата на најстариот автомобилски магазин во светот повторно ја ажурираше листата на најубави возила во историјата на индустријата. Рака на срце, листата е многу подолга и се состои од дури стотина модели, но самиот врв е оној што е најинтересен. Убавината е во окото на гледачот, па ваквите списоци сè уште се крајно субјективни. Дополнително, јавна тајна е дека британските новинари не се склони да ја критикуваат домашната ...

На стартот на новата сезона во Twingo Cup во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје, викендов се возеа две трки на патеката Хунгароринг во Унгарија како дел од календарот за 2022 година во кој има вкупно 12 трки на шест европски патеки Владимир Тренески и Давид Малинковски победија на двете трки возени во неделата, а Малинковски заедно со Зоран Мираковски беа единствените возачи кои на двете трки успеаја да се качат на ...

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ...

Минатата година, продажбата на електрифицирани возила во ЕУ се зголемила за десет пати, а бројот на јавни полначи само два и пол пати Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) ги повика сите земји-членки на ЕУ итно да ги засилат инвестициите во инфраструктурата за полнење на автомобили, комбиња, камиони и автобуси. Минатата година, продажбата на електрифицирани возила (електрични и plug-in хибриди) во ЕУ забележа ...

Фантастичен почеток на сезоната за Ferrari! Возачот на Ferrari, Шарл Леклер, продолжува да импресионира на почеток од сезоната и дојде до својата втора победа во три трки од шампионатот во Formula 1, овој пат на трката за ГН на Австралија! Ова беше прва трка во Австралија по 2019 година, а Леклер ја обезбеди третата победа за Ferrari на последните четири трки во Австралија. На второто место заврши Серхио Перез кој му донесе барем малку среќа ...

Причината за симнувањето на Mondeo од понудата е падот на продажбата, но и лудилото на клиентите по теренци и кросовер модели По 29 години Ford го прекина производството на Mondeo. Последната единица на некогаш исклучително популарната лимузина оваа недела излезе од производните линии на фабриката во Валенсија. Иако новата генерација ќе продолжи да се продава во Кина, неа нема да ја видиме во Европа. Причината за симнувањето на Mondeo од ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
80%
1021
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
2.06
88%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.07
69%
1022
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
0.51
91%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
82%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
82%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
81%
1021
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
87%
1019
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $