Претеседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ„Пинк“ коментираше дека вчерашната посета на Албин Курти во Тетово е скандал и дека е промовирана идејата за Голема Албанија. „Она што се случи вчера во Северна Македонија, односно посетата на Курти Тетово е скандал со скандали. Таму беше промовирана идејата за Голема Албанија, беа прикажани симболите на Голема Албанија. Тој е претставен како премиер на сите Албанци и премиер на ...

Еден ден откако Нермин Сулејмановиќ уби три и рани уште три лица, жителите на Градачац се уште се во шок. Во Градачац денеска почнува тридневна жалост, а знамињата се спуштени на половина копје. Екипата N1 разговараше со неколку граѓани од овој град кои велат дека не паметат слични настани. „Градачац е нормално мирен град. Порано немаше такви инциденти“, вели еден случаен минувач. Еден граѓанин вели дека го познавал напаѓачот. „Тој беше лош ...

Регионалниот центар за управување со кризи спроведува интензивна потрага по исчезнат човек од тетовското село Теново. Како што информираат оттаму, денеска во потрагата се вклучени 70 полициски службеници. „Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано, раководителот на РЦУК Тетово и началникот на СВР Тетово известуваат дека од 10:00 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во ...

Најмалку три лица се убиени а уште тројца повредени во крвавиот пир на маж од босанскиот град Градачац кој денеска претпладне убиствата ги пренесувал во живо на социјалните мрежи. Сега ќе видите како изгледа убиство во живо, вели тој на снимката која брзо по објавувањето беше избришана од социјалните мрежи. Она што медиумите успеаја да го зачуваат е неговото признание дека ги извршил убиствата. Според информациите кои ги објавуваат локалните ...

Пронајдена е македонската државјанка за која семеjството бараше помoш на социјалните мрежи да се пронајде. 68-годишната Милица на 09.08.2023 год. тргнала накај Македонија, со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод, но никогаш не стасала, што ги загрижило нејзините блиски. „Jас требаше да ја чекам во Македонија, но ја немаше“ – изјави нејзината братучетка. Таа не пристигнала кога ...

Исчезнала македонска државјанка во Грција. Нејзини блиски на фејсбук објавија дека таа на 9 овој месец со автобусот од Агростоли се упатила до Фискардо, каде што требало да пристигне во 10 часот и да се качи на бродот во 11.30 часот за да пристигне во Василики на Лефкада. „Таму чекале други луѓе со кои требало да отпатува во Македонија. Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот. Си заминуваш и се губи секаква ...

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во ...

Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол. Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци ни потврди д-р Ратко Грков, началник на брзата помош. „Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се ...

Четириесет и еден мигрант загина, а четворица ја преживеаја несреќата кај италијанскиот остров Лампедуза, кога бродот со кој патуваа од Африка беше целосно уништен, велат преживеаните. Преживеаните – тројца мажи и една жена – им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис, во четвртокот, но потонал за неколку часа. Во него имало 45 лица, меѓу кои и три деца, велат тие. По потекло се од Брегот на Слоновата Коска и ...

„Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија. „Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара ...

Од 18 на 8 години се намали затворската казна за младиот Ангелче Николов кој во алкохолизирана состојба ја прегази и ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова и избега од местото на сообраќајката без да ѝ пружи помош. Апелацискиот суд ја објави пресудата на својата веб страница во која е образложена нивната одлука. Пресудата ја донеле судиите Ѓоко Ристов, Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи. Од пресудата се гледа ...

Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема при третманот на 27-годишната пациентка од штипско која почина од оваа болест, велат од Клиниката за инфективни болести. „Точно дека ние како инфектолози сме добро упатени какви се заштити треба да се носат посебно кај вакви болести, независно што е конго-кримска треска. Додека ги добивме резултатите за болеста ...

Пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се намалува затворската казна на велешанецот Ангелче Николов, од 18 на 8 години, била донесена на 10 јули, годинава, потврди Зоран Димитриевски судија одговорен за прашања во врска со предметите од Кривичен отсек на овој суд. Судијата Димитриевски немаше информации зошто пресудата не е „анонимизирана“ поточно објавена јавно на веб страницата на Апелациски суд Скопје но објасни дека денеска превземени ...

Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје – за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка – потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден. По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, не му припаѓаат на некој хотел. Сепак, за оние кои се седум или 10 дена на море и кои целиот ден го ...

Филмот „Барби“ по само две и пол недели прикажувања во кината ширум светот, донесе заработка од над 1 милијарда долари (повеќе од 900 милиони евра), соопшти „Ворнер Брос Пикчрс“. Според продукциската фирма, само во САД и Канада досега се продадени билети во вредност од 549 милиони долари, а од почетокот на прикажувањето на филмот на 21 јули во светот се продадени билети во вредност од 572,1 милиони долари. „Како шефови на дистрибуција, ние не ...

Бугарската „Фондација Македонија“ после влезот во македонскиот фудбал, планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија. Првиот човек на фондацијата, Виктор Стојанов за „А1он“ открива дека со помош на донации од активисти во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во нашата земја кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи. – Донациите се од активисти граѓани ...

Вчера во Грција се одвивала вистинска драма! На социјалните мрежи се појави објава за алармантна потрага по тригодишното момче од Србија кое се изгубило во Неи Пори! За среќа, потрагата вродила со плод, а момчето Михајло набрзо било пронајдено живо и здраво и вратено кај родителите. – Денеска во Неи Пори се изгуби тригодишното дете по име Михајло. Сите станавме на нозе да го бараме детето. Агонијата траела половина час, за среќа детето било ...

Молскавично се рашири веста дека во Македонија поточно покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, се собрале неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави да кампираат во земјава, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Станува збор за групата „собири на виножитото“ (Rainbow gatherings), неформална организација основана во САД уште во шеесеттите години од минатиот век. „Лабаво организирана трупа од нудисти, хипици и ...

Руската армија изврши напад со прецизно оружје врз воздушните бази на украинската армија во регионите Хмелницки и Ровињската област, соопшти Министерството за одбрана на Русија. „Вооружените сили на Руската Федерација извршија групен напад со прецизно оружје со долг дострел, воздух и море, врз воздухопловните бази на вооружените сили на Украина во областите Староконстантинов, Хмелницкиската област, Дубно и Ровињската област“, изјави на брифинг ...

Откажале сопирачките на службениот автомобил Мерцедес на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на пат кон Тиват каде одел службено, пишува „Вијести“. Системот за сопирање на службеното возило наеднаш престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред познатата голема удолница. Инцидентот се случил во понеделникот на 31 јули кога премиерот на Црна Гора бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, на ...

Откако ноќеска екипите на штипската противпожарна бригада успеале да го локализираат и стават под контрола пожарот кон вчера избувна покрај патот Штип – Радовиш, утрово повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. „Пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево, кој ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8:30 часот повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. ТППЕ Штип веќе се тргнати кон местото на ...

Силното невреме што ноќеска ја зафати Словенија и големите поплави кои ги предизвика однесоа најмалку три човечки животи. Информацијата ја објави словенечката новинската агенција СТА (STA), повикувајќи се на полицијата. Од словенечката полиција за агенцијата изјавиле дека едно лице – словенечки држвјанин загинал кај Камник, додека двајца државјани на Холандија ги загубиле животите во планините во областа Крањ. Точните околности за нивната смрт, ...

Пороен дожд почна синоќа во некои делови на Словенија, а словенечката агенција за животна средина (Арсо) издаде црвено предупредување за северниот дел на земјата. Најмногу дожд наврна на југот од подножјето на Јулијанските Алпи и во областа кон Горењска и Корушка. Во тие региони во текот на ноќта наврнале меѓу 100 и 200 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на месечната количина на врнежи, изјави метеорологот Бране Грегорчич за Радио ...

Вчера на големиот национален празник, Илинден била исчкртана со спреј бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље, којашто се наоѓа во Инџиково, од каде е тој. Пречкртана била и плочата со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“. Осквернавен е и комплексот во кој се наоѓа бистата и во кој има и 9-метарски крст, а оштетени се повеќе икони во овој парк посветен на загинатиот полицаец. Паркот се наоѓа во близина на ...

Две лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани, на местото викано Студена вода, која во полиција била пријавена во 17 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи во денешниот Билтен, загинале еден малолетник и 33-годишната Џ.С. од прилепското село Канатларци. Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село ...

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски ...

– Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Пред присутните Пендаровски кажа младите ...

Дозволете ми најпрво од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Македонија да им го честитам овој национален и државен празник, бидејќи Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност. Ден за кој што многу наши браќа и сестри во минатото го положиле својот живот, ја дале својата крв за да можеме ние денеска слободно да живееме во независна држава Македонија. И овој ден Илинден претставува водилка ...

Денеска Република Северна Македонија е успешна мултиетничка приказна која ѝ е подеднакво потребна на Европа, како што Европа ни е потребна нам. Ова го порача премиерот Димитар Ковачевски во својот говор одржан на манифестацијата на тврдината Кале во Скопје по повод 2 Август, Илинден. „Обединети ја добивме битката за членство во НАТО, обединети можеме да ја добиеме и следната битка – полноправно членство во Европската Унија. Тоа го направивме со ...

Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки…а сега Стела – напиша министерката на ФБ. Несекојдневен настан се случи во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода. Истото ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
67%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
78%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.67
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
98%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
90%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
12.35
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44