Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот, кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата Бојан Мартиноски му подари верба. Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка. „На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на „Дрисла“. „Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 ...

Од моментот на траењето на кризната состојба односно од постапувањето на МВР во затворот „Идризово“, драстично се намали бројот на извршување на разбојништва на кражби на територијата и на општина Гази Баба, меѓутоа и на територијата на градот Скопје, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали има ефекти од кризната состојба односно од асистирање на полицијата за обезбедување на затворот. Според ...

Вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник изврши комисија на Јавното обвинителство на Република Северна ...

За одредена затворска казна на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Титаник“, денеска од Кривичниот суд – Скопје информираа дека Апелациониот суд при одлучувањето, во казната му го засметал и издржаниот притвор. Тој според нив изнесува 1 година и 9 месеци. „Во однос на непотврдените информации кои викендов беа лиферувани во јавноста во однос на обвинетиот М.Ј. кој по правосилна пресуда врз основа на ПРИЗНАНИЕ НА ...

Вработени во ЈП „Комунална хигиена“ претепале колега кој чистел отпад во Скопје. Според инфармациите од полицијата ова се случило доцна синоќа, откога камионите на претпријатието излегоа од дирекцијата и почнаа да го собираат сметот во Скопје. „На подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. Ц. (28) од Скопје, вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје поради тоа што ...

Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја. Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи. Помош ...

Од наредната недела, поточно од среда, подрачјето на целата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно температурите ќе се движат во интервал од 35 до 39 степени. Значителен пораст на температурите се очекува четврток и петок, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство во континуитет ќе информира со соодветни препораки ...

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јавува ТВ21. Како што објавивме и претходно, вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието Тие бараат подобри услови, но и повисоки плати. Сепак, според ...

По повеќедневна дебата, холандската влада падна поради спор околу спојување на семејствата на бегалците. Премиерот Марк Руте најави оставка, а нови избори се очекуваат наесен. „Разликите меѓу четирите коалициски партнери околу миграциската политика се непремостливи. Жалам поради овој чекор, но тоа е политичка реалност“, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Во текот на денешниот ден, кралот Вилем-Александар би требало да го прими премиерот ...

– Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде војна, истакна Бајден. Ниту генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг и другите членки на Алијансата не дадоа ...

– Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал. -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку ...

МВР информира дека вчера во 10.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(73) од Скопје, постапувајќи по пријава според која на 05.07.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот двор од неговата куќа се соблекол и недолично се однесувал пред нив. По целосно документирање на ...

ДУИ е нападната од сите страни, рече претседателот на партијата, Али Ахмети, на настан во Чаир по повод изборот на новиот состав на чаирскиот разгранок. Ахмети порача дека ДУИ е клучот за функционирањето на државата и не се урива така лесно бидејќи ДУИ е родена од УЧК и од крвта на мачениците, а не во телевизиски студија. Рече дека додека биле во коалиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги напаѓал, а тоа се случувало оти биле и сега се клучната партија без ...

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе. „Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“. Со оглед ...

Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетатата Ирена Ивановска на рочиштето за изрекување пресуда за сучајот „Софтвери“. Имено, двајцата беа неправосилно осудени на четири години ( Даниел Станчев), односно на три години и шест месеци (Ирена Ивановска). До запросувањето дојде откако обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените меѓу кои и за Даниел Станчев. Трајчева како една од ...

По соопштувањето на пресудата за Драги Рашковски обвинителството побара притвор поради опасност за бегство. Во прилог обвинителството вели дека Рашковски има пари да бега и тоа кај сестра му во Словенија која располага со доволно парични средства да му овозможи бегство. Во текот на процесот според обвинителството тој вршел влијание на сведоци. Истото го побара и за останатите осудени. Пред малку беше соопштена пресудата од 8 години затвор за ...

Драги Рашковски е осуден на 8 години затвор. Во Основниот кривичен суд во Скопје ја соопшти пресуда за случајот „Софтвери“ во кој првообвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и уште други лица. Случајот се однесува на набавки поврзани со софтвери за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни и за биометриска идентификација, како и ...

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по анонимна пријава бил повикан на разговор во СВР Куманово за наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината. – Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. СВР Куманово постапува по анонимна пријава, во континуитет се случува истиот ...

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е ...

Основното јавно обвинителство покренува постапка против 20 лица за криумчарење луксузни возила. Пет од лицата за кои се покренува истражната постапка се вработени во Министерството за внатрешни работи. – Основно јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка за кривично дело Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи, но и прикривање на предмети ...

Откако украинскиот претседател Зеленски рече дека руските сили поставиле експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје, руски нуклеарен функционер тврди дека Украина вечерва ќе изврши напад врз централата, пренесува „Јутарњи“. Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за гранатирање околу електраната, а од неодамна и за планирање постојани напади врз неа. Ренат Карча, руски нуклеарен советник, го изјави ова набргу откако ...

Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да ги блокира онлајн медиумите за да се бори против понатамошните немири во Франција. -Неопходно е да се размислува за тоа како младите луѓе кои протестираат ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјави вчера Макрон на состанокот со градоначалниците во Париз. Според него, ако работите излезат од контрола, можеби ќе треба да се регулираат социјалните мрежи или да се затворат. Во ...

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден надзор на Клиниката за Гинекологија. Под лупа се околностите кои ја предизвикале родилката од Скопје во неделата вечерта да скокне од прозорец од првиот кат на зградата, велат од Министерството за здравство, каде по завршениот надзор ќе стигне извештајот од ДСЗИ. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзор за утврдување на фактичката состојба. По ...

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на Обвинителството. „Ги потсетуваме сите политички фактори на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент – „лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата ...

Украина изврши напад со беспилотни летала врз Москва, соопшти руското Министерство за одбрана, принудувајќи ги авионите да се пренасочат од меѓународниот аеродром Внуково. Пет беспилотни летала наводно биле користени во нападот, чија цел биле и локации во поширокиот регион околу главниот град, јавува BBC. Министерството за одбрана соопшти дека сите беспилотни летала биле соборени и дека нема жртви или материјална штета. Украина не ја презеде ...

И покрај смртта на малиот Кико, за него се одржа хуманитарниот концерт, а како што беше најавено финансиите се префрлија за друго момче кое има потреба од финансии. Неговото семејство се одлучи паричните средства да бидат пренаменети за лекување на малиот Стефан. За оваа донација која вреди половина милион денари соопшти јутуберот Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение. Како што најавив пред 2 ...

Почнувајќи од мене, нека се отвори истрага за сите функционери од Демократската унија за интеграција и за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент. Ова во изјава за ТВ 21 денеска го кажа првиот човек на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ...

Франција ја доживеа петтата ноќ на немири, со тешки судири меѓу полицијата и демонстрантите во јужниот град Марсеј, но ноќта сепак беше помирна отколку во изминатите денови. Немирите започнаа откако полицијата во вторникот го уби 17-годишното момче од алжирско потекло Нахел во париското предградие Нантер. Неговиот пријател, кој бил во автомобилот, објавил видео на социјалните мрежи во кое вели дека сака да ја претстави својата верзија за ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Калај

43.91