Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека српската власт е секогаш подготвена за договор и дека поканата за разговори до опозицијата сѐ уште стои, додавајќи дека ако нема одговор на таа покана, „наскоро“ ќе бидат распишани вонредни избори во земјата. „Тоа значи дека наскоро ќе го распуштиме српскиот парламент, бидејќи има рокови“, рече Вучиќ. Според него, откако премиерката Ана Брнабиќ ќе поднесе оставка, тој како Претседател има ...

– Околу 600 квадратни километри од украинската област Херсон на југот на земјата се поплавени, а 68 отсто се однесуваат на левиот брег на реката Дњепар, кој е под руска окупација, изјави денеска гувернерот на областа Олександр Прокудин. Тој на Телеграм напиша дека просечното ниво на водата утрово бил 5,61 метар. Околу 14. 000 куќи се поплавени откако украинската брана Каховка беше пробиена, а околу 4. 300 луѓе се евакуирани, јави денеска ...

Премиерот Димитар Ковачевски кажа какви понуди му дал на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Првата била избори по промена на Уставот, втората влез во Владата откако ќе се отвори Уставот. Ковачевски рече дека му понудил на Мицкоски да се направат уставните измени, а да важат откако ќе заврши втората меѓувладина конференција. Договор помеѓу премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – нема. „Понудив, за да обезбедиме, иако е обезбедено со ...

Грабеж утринава во Стопанска Банка во трговскиот центар Беверли во населбата Капиштец во Скопје. Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари. По што лицето избегало со пленот. Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори својот став за уставните измени, во изјава после одржувањето на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски. Тој потенцирал дека 44-те пратеници од најголемата опозициска партија нема да прифатат отворање на Уставот под диктат. -Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски и би го издвоил: во рамките на Парламентот да почне дискусија и се изгласа потребата за промена на ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. – Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за ...

Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката Жан Митрев се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД. Со оваа ...

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, потврдија за „Фокус“ Според информациите, причините за овој чекор засега се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев. Од Судски совет стигнала потврда за двете оставки, но без детали за причините и непознато е кога ќе се закаже седницата на која тие треба да бидат констатирани. Герасимовски е ...

Јовев беше пречекан денеска на клиниката со аплауз, а поддршка му изразија вработените и пациенти кои ги оперирал и на кои им ги спасил животите. Пациентите, меѓу кои и оние со трансплантирано срце, апелираа Јовев да не се разрешува, бидејќи, како што истакнаа, тој е голем професионалец во својата работа Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но моето разрешување веќе преминува во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е ...

50-годишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат утринава. „ На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на ...

Претседателот Зеленски на својата страница на Телеграм сподели видео од оштетената брана Каховка. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар како дел од хидроцентралата Каховка. Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, која исто така е под руска контрола. Украинската војска соопшти дека руските сили ја ...

Банкомат на една домашна банка рано утрово биле целосно оштетен, откако на него била поставена експлозивна направа. Станува збор за банкомат лоциран на улица во скопската општина Бутел. Во експлозијата нема повредени лица, а покрај банкоматот од детонацијата оштетени се и три возила. Случајот за „360 степени“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека утрово околу 3.38 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје ...

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми добија условни казни за пожарот во модуларната болница во Тетово, додека докторот Бобан Вучевски кој беше обвинет за „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“ е ослободен од обвинение. Тетовската болница треба да плати милион денари, а семејствата на загинатите во трагедијата отштета ќе можат да побараат во ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот на 2. јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година. 6-годишното девојче и нејзиното семејство биле соседи со сторителот. ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Информацијата ја потврди министерот, одговарајќи денеска на новинарски прашања во Гинекологија Чаир, по промоција на новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче. Доктор Јовев за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека е на ...

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ апелираше да не се објавуваат слики и видеа од децата кои загинаа во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. „Ги замолувам сите да не ги споделуваат видеата и фотографиите од убиените деца од Рибникар што денеска (без да ги замаглат!) ги објавија одредени „новинари“ Билјана Лукиќ и политичарите Рада Трајковиќ. Ве молам, немојте“, рече премиерката Брнабиќ и додаде: „Ова е, исто така, кршење на ...

До ВМРО-ДПМНЕ се уште не стигнала покана за одржување лидерска средба вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервјуто за 360 степени, но како што истакна очекува деновиве да се знае датумот, местото и форматот, односно таа средба да биде само меѓу него и Ковачевски. Неофицијално, лидерската средба би требало да се одржи во среда. Премиерот деновиве рече дека сака да се разговара за одлуките што треба да се донесат поврзани со ...

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара од пратениците во косовското Собрание да го поддржат неговото барање за гласање недоверба на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната собраниска седница, на која се расправа за состојбата во северно Косово, Харадинај го обвини Курти за предизвикување нестабилност во тој дел од земјата, населен со мнозинско српско население, како ...

Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а ...

Во понеделник на седница на Судски совет, повторно на тапет е работењето на екс претседателката на судски Весна Дамева. Во центарот и овој пат е предметот Таргет Тврдина и судијата Енвер Беџети за кој советот претходно утврди дека неоправдано долго го држел предметот за масовното прислушување . Од Советот за Телма потврдуваат дека под точка разно ќе се дискутира дали Дамева имала судир на интерес и учествувала во постапки за оценување на ...

Припадниците на Кфор денес со бодликава жица ја оградија општинската зграда во Звечан на северот на Косово.Околу зградата се собрале и вработените во локалната самоуправа. Војниците на Кфор се во опрема за разбивање толпи, а присутна е и специјалната косовска полиција со блиндирани возила. Ноќта на Косово минала мирно, иако насекаде се видливи засилени полициски сили. Поранешниот претседател на собранието на општина Звечан Срѓан Милосављевиќ ...

Аптеките во земјава веќе се снабдени со антибиотиците „Оспен“ и „Амоксиклав“, кои главно се користат за деца, а повеќе од 3 месеци ги немаше на полиците на аптеките. Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека од вчера се дистрибуираат значителни количини од овие антибиотици и оти проблемот е надминат. Според него, целиот свет се соочува со недостиг на антибиотици и оти слични проблеми во земјава се очекуваат и во иднина. „Имаме ...

На 52 годишна возраст во кусо и тешко боледување почина првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат како „ Драги Шпага“ . Драги бил погребан вчера на гробиштата во Драчево во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство. Според информациите на медиумите, Драги тешко го поминал периодот со корона а минатата година му бил откриен рак на белите дробови. Инаку Драги Шпага јавноста го памети како првиот победник ...

Секојдневно добивам заканувачки пораки, се пожали денес Христијан Пендиков, секретарот на затворениот бугарски клуб во Охрид. Половина година по инцидентот кога беше претепан, се врати од Бугарија во Охрид за да присуствува на судското рочиште и да даде исказ за настанот кој се случи на 19 јануари. „Лично да се плашам, не се плашам, но не е убаво чувството да добивате по 20-30 закани, смртни, пцуење на фејсбук, да читаш коментари. Сега сум ...

Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска одржа избори на кои 1 419 редовни и вонредни професори, доценти и студенти гласаа за избор на нов ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана новиот ректор со добиени само 27% од вкупниот број на гласови според Единствениот избирачки список, односно 392 гласа. Разликата помеѓу гласовите на професорите ...

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека повредите биле такви што не барале хоспитализација, пренесува Интерфакс. Собјанин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на терен. Претходно, Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради. Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на ...

Христијан Пендиков утрово се појави во родниот Охрид за да даде изјава пред истражителите во Охрид, а ќе присуствува и на утрешното судење против напаѓачите кои на 19 јануари го претепаа затоа што се чувствувал како Бугарин. Ова му е прво враќање во родниот град по лекувањето во Софија, јави БГНЕС. Тој треба да го опише нападот врз него и причините за него, иако според обвинителството инцидентот се слиучил поради тоа што Пендиков се ...

Според Обвинителството, двајцата обвинети директори имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го исполниле. За обвинетиот доктор Вучевски, пак, Амети потсети на сведочења од роднини и рече дека дозволил присуство на роднини на пациентите. Одбраната, пак, очекува на 5 јуни да слушне ослободителна пресуда бидејќи смета дека не се докажало обвинението На 5 јуни судијата Јордан Велковски од Основниот кривичен суд Скопје ќе ја ...

Подржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почнаа да ја слават победата на претседателските избори. Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите. Според новинаската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361. Иако државната комисија сѐ уште ...

Холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, денеска во интервју за Радио Слободна Европа порача дека ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три-четири години. Јасна е изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи, кој во петокот од Скопје предупреди дека неспроведувањето на уставните ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Калај

48.78