Во однос на октомври, кај трошоците на живот се бележи зголемување од 0,5 проценти, а кај цените на мало за 0,2 проценти. Пораст на трошоците на животот во споредба со октомври има кај жестоките пијалаци за 4 проценти, виното за 3,4 проценти, месото за 2,6 проценти, рибата и морските плодови за 2,2 проценти, млекото, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,9 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и ...

Компанијата Џонсон Мети Македонија обезбеди лабораториска опрема за Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како признание за долгогодишното партнерство и како гест на добра волја. Со оваа поддршка, студентите подобро ќе се подготват и ќе ги извршуваат практичните вежби вклучени во барањата на студиската програма. Донацијата се состои од 60 парчиња лабораториска опрема, вклучувајќи: заштитна опрема, колби, ...

Струмица идната година треба да добие Скејт парк откако деновиве беше потпишан договорот за изградба меѓу општината и фирмата ,,Планиметрика” од Струмица која го доби тендерот. Пешо Инженеринг, Џови Компани од Мокрино и Планиметрика од Струмица се јавија на распишаната јавна набавка за изградба на Скејт парк од страна на Општина Струмица, но на јавната аукција најниска цена достави токму Планиметрика. Паркот согласно барањата од Техничката ...

Идната година ќе почне изградбата на октупно дистрибутивни центри во Струмица и Ресен. Вака најави премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министерот за земјоделство Љупчо Николовски го презентираа Буџетот за развој на земјоделството за 2023 во која за поддршка се обезбедени 11,9 милијарди денари. ,,Не можеме да зборуваме за развиено земјоделско производство ако немаме современи откупни и дистрибутивни центри. Следната 2023 година почнува ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 01.12.2022 година. Со тоа од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,00 ден/литар За еден денар се намалува и малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од први декември. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР ...

На 03.12 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници. ,,При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на ...

Со афалтирањето на преостанатите 800 метри од патот, од крстосницата на патот Гевгелија-Смрдлива Вода до Ума, по повеќе од една деценија целосно се заокружува оваа сообраќајница, со што се отвора можноста за развој на руралниот туризам во овој крај. Изградбата на последната делница од патот за Ума чини 6.700.000 денари, од кои 1,5 милион денари се средства од Буџетот на Општина Гевгелија, а преостанатите се обезбедени од Бирото за регионален ...

Заврши шестата финална активност во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ кој го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини. Станува збор за вкупно шест специјализирани обуки за професионални пожарникари и доброволци од пгораничните региони на Македонија и Бугарија а се одржуваа во земајва и кај источниот сосед. Целта на обуките ...

Заврши изградбата на бетонскиот одводен канал во Моноспитово во должина од 500 метри со кој ќе се решава проблемот со одведување на атмосферските води од ова населено место . Станува збор за проект кој чинеше 73,4 илјади евра кој општина Босилово го реализираше со средства од Министерството за локална самоуправа. ,,Изградбата на големиот одводен канал во Моноспитово заврши. Овој зафат беше долгогодишно барање на граѓаните од Моноспитово. Во ...

Утре треба да финишира асфалтирање на локалниот патен правец Добрашинци – Нова Маала во должина од 1016 метри и ширина од околу 5 метри. Асфалтирањето почна во петокот а утре треба да се заокружат сите градежни работи. Ова е последната, завршна фаза, од целосната реконструкција за која средствата во висина од 10 732 328 денари, општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа. „Со реализацијата на овој проект, жителите од двете ...

Академија Пандев го забележа и десетиот пораз во првенството откако на гостувањето кај стружани загубија со 1:0. Струмичани не го издржаа притисокот на лидерот Струга Трим Љум кој отпорот го скршија во 70 тата минута. Пандевци се на 9 тата позиција заедно со Победа со која имаат идентичен број бодови -12. На своето конто тимот на Александар Васоски имаат само 3 победи и исто толку нерешни натпревари. Крадењето авторски текстови е казниво со ...

ЗНМ го одржа редовното изборно собрание на кое како регистрирани медиумски работници со право на глас беа присутни 487. За Претседател на ЗНМ е избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа. За членови на Управен одбор се избрани: Анета Блажевска Аслан Вишко Сенат Зулбеари Трајче Илиевски Мишко Иванов Маја Јовановска Петар Клинчарски Искра ...

Aмбасадорот на Јапонија во земјава Хиронори Савада беше во посета на општина Гевглеија каде пред една година донираа нов рентген апарарат вреден 60 698 евра. тој денеска оствари средба со првиот човек на Гевгелија Аднон Сарамандов но и со директорто на гевгелисакта болница Димитар Крџов на кои се разговараше за продлабочување на соработката и во иднина. ,,Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во ...

На 30.11.2022 во 22.30 часoт на регионалниот пат Богданци – Дојран, кај место викано „Паљурци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, но возилото не застанало. Набргу, возилото било пронајдено покрај патот, а во негова близина биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле спроведени во ...

„Ветивме и ќе го реализираме патот од Добрашинци до Нова Маала Работите на терен се при крај и во наредниот период ќе следува асфалтирање на овој патен правец. Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник се и остануваат мој приоритет. Капитален проект од големо значење за овој дел од општина Василево. Општината мора да се стабилизира финансиски од наследените долгови, но во ниту еден момент ...

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов зеде учество на заедничкиот консултативен комитет КоР-Македонија. Во Скопје беше одржана тематска дебата на темата „Енергетската криза во Европа-што македонските општини можат и треба да прават“. На дебатата Градоначалникот Ристов имаше своја презентација за проектот „Зелена топлина“ кој е во фаза на спроведување во општина Радовиш. Во рамките на Проектот ќе бидат поставени фотоволтаици за ...

Првиот човек на општина Василево Славе Андонов заедно со советникот Ридван Мемедов денеска остварија средба со амбасадорот на Турција во земјава Хасан Мехмет Секизќок на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу општина Василево и труската амбасада во Македонија. Како што објави градоначалникот на Василево Славе Андонов се разговарало за соработка во повеќе области се со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните во ...

Вчера во 15.30 часот на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода А.А.(43) од Струмица.Тој бил фатен при извршување „тешка кражба“ во објект во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај лицето биле пронајдени одземените предмети , а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...

Вчера во близина на крстосница „Богородица“ на локалниот пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како од патничко возило „мерцедес“ излегле повеќе лица мигранти. Според полицијата веднаш потоа возилото продолжило во правец на автопатот А1 кон наплатната рампа Смоквица и не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници. По преземени мерки и ...

Бендот ,,YU For you’’ утревечер во Центарот за култура Антон Панов во Струмица со почеток во 20 часот по повод 29-ти Ноември Денот на поранешна Југославија ќе одржи концерт со хитови од златното време на југословенското творештво. Како што не инофрмира Иван Кукиќ концертот ќе трае околу два часа а се предвидени хитови од поголем број на музички групи кои чии песни и до ден денес се пеат. ,, Ќе биде застапена музика од Леб и сол, Time, Indexi, ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг. Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените ...

Вчера во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Крадењето авторски ...

Струмичките ракометари на свој терен славеа победа против Голден Арт КЛ7 со 30:28 Ова е четврта победа за Астраион Хендбол можеби и најдрага ако се има во предвид дека во Струмица гостуваше третиот најдобар тим во досегашниот тек од првенството од Прва лига Група Б за кои ова беше втор пораз Избраниците на Мики Пандев имаа целосна контрола над играта и резултатот против Голден во салата Парк. По почетното испитување на силите, во втората ...

Имаа водство но претрпеа пораз. Вака може да се опише епилогот на Академија Пандев кај гостувањето кај фенерџијата Скопје кој направи пресврт и славеше со 2:1. Академија Пандев по денешното коло го прокнижаа и деветиот пораз во првенството со кој и понатаму остануваат во т.н. опасна зона со оглед дека се закотвени на 8 позиција Во 61 минута струмичани преку Томовски го отворија резултатот откако доби одлична топка од Димовски. Предноста ...

Во автентичен книжевно афирмативен амбиент на Метаноја кафе во Скопје се одржа промоција на книгата Тарафот од Петар Трајков од Струмица. Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. Романот Тарафот е трет роман на авторот Петар Трајков по објавените Орбело (2010) и Дојрански договор 2021). Објавил и две публицистички книги и повеќе текстови. Тарафот е роман од жанрот на историска фикција. Изобилува ...

,,Иако располагаме со минимална опрема и застарени возила од донации секогаш први интервенираме при појава на пожари во нашите заедници’’. Вака раскажуваат волонтерите од двете доброволни противпожарни друштва од Југоистокот ,,Горици’’ од Конче и ,,Дојран’’ од Дојран кои од државата бараат посериозен третман, опрема и теренски возила за справување со пожарите во средини до кои на професионалните единици им се потребни и по половина час за да ...

Општина Радовиш доби признание за добро управување од Советот на Европа и покажала високо ниво на суогласеност со начелата на доброто демократско управување. Станува збор за наградата ,,Европска ознака за извонредно управување,, од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) која освен на Радовиш се додели и на други 8 општини од земјава но и општини од Косово и Хрватска. Признанието го прими првиот човек на Радовиш Ацо Ристов на ...

Пожарникари од Југоистокот но и од соседна Бугарија овие денови учествуваа во практичните обуки за гаснење шумски пожари и спасување на лица од природна катстрофа во рамките на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со Асоцијацијата на југозападни општини од Бугарија. Станува збор за дел од модулите со кои пожарникарите треба да стекнат ...

Одбојкарките на Наковски волеј по втор пат славеа против градскиот ривал Струмица жени и ја потврдија својата доминација ова сезона во струмичката женска одбојка. Во својство на гостинки попладнево забележаа победа со 3:1 во сетови во спортската сала Парк -теренот на Струмица жени, остварувајки ја седмата првенствена победа. Со ова победа ,,наковки” се зацврстија на третата позиција на табелата од која ќе напаѓаат повисок пласман во ...

,,Упатувам силна порака за подигање на свеста, за охрабрување на жените и деца жртви да пријавуваат насилство, а надлежните институции да преземаат координирани и ефикасни мерки за нивна заштита. Нема да дозволиме жените и децата кои се во ризик да ни станат бездомници. Ќе отвориме Куќа за отворено домување од 6 до 24 месеци,, Вака објави Костадин Костадинов првиот човек на општина Струмица чија зграда од синоќа е во портокалово бидејки ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.59
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.58
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
86%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03