Бендот ,,YU For you’’ утревечер во Центарот за култура Антон Панов во Струмица со почеток во 20 часот по повод 29-ти Ноември Денот на поранешна Југославија ќе одржи концерт со хитови од златното време на југословенското творештво. Како што не инофрмира Иван Кукиќ концертот ќе трае околу два часа а се предвидени хитови од поголем број на музички групи кои чии песни и до ден денес се пеат. ,, Ќе биде застапена музика од Леб и сол, Time, Indexi, ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг. Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ...

Вчера во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Крадењето авторски ...

Струмичките ракометари на свој терен славеа победа против Голден Арт КЛ7 со 30:28 Ова е четврта победа за Астраион Хендбол можеби и најдрага ако се има во предвид дека во Струмица гостуваше третиот најдобар тим во досегашниот тек од првенството од Прва лига Група Б за кои ова беше втор пораз Избраниците на Мики Пандев имаа целосна контрола над играта и резултатот против Голден во салата Парк. По почетното испитување на силите, во втората ...

Имаа водство но претрпеа пораз. Вака може да се опише епилогот на Академија Пандев кај гостувањето кај фенерџијата Скопје кој направи пресврт и славеше со 2:1. Академија Пандев по денешното коло го прокнижаа и деветиот пораз во првенството со кој и понатаму остануваат во т.н. опасна зона со оглед дека се закотвени на 8 позиција Во 61 минута струмичани преку Томовски го отворија резултатот откако доби одлична топка од Димовски. Предноста траеше ...

Во автентичен книжевно афирмативен амбиент на Метаноја кафе во Скопје се одржа промоција на книгата Тарафот од Петар Трајков од Струмица. Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. Романот Тарафот е трет роман на авторот Петар Трајков по објавените Орбело (2010) и Дојрански договор 2021). Објавил и две публицистички книги и повеќе текстови. Тарафот е роман од жанрот на историска фикција. Изобилува со ...

,,Иако располагаме со минимална опрема и застарени возила од донации секогаш први интервенираме при појава на пожари во нашите заедници’’. Вака раскажуваат волонтерите од двете доброволни противпожарни друштва од Југоистокот ,,Горици’’ од Конче и ,,Дојран’’ од Дојран кои од државата бараат посериозен третман, опрема и теренски возила за справување со пожарите во средини до кои на професионалните единици им се потребни и по половина час за да ...

Општина Радовиш доби признание за добро управување од Советот на Европа и покажала високо ниво на суогласеност со начелата на доброто демократско управување. Станува збор за наградата ,,Европска ознака за извонредно управување,, од Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) која освен на Радовиш се додели и на други 8 општини од земјава но и општини од Косово и Хрватска. Признанието го прими првиот човек на Радовиш Ацо Ристов на ...

Пожарникари од Југоистокот но и од соседна Бугарија овие денови учествуваа во практичните обуки за гаснење шумски пожари и спасување на лица од природна катстрофа во рамките на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со Асоцијацијата на југозападни општини од Бугарија. Станува збор за дел од модулите со кои пожарникарите треба да стекнат дополнително ...

Одбојкарките на Наковски волеј по втор пат славеа против градскиот ривал Струмица жени и ја потврдија својата доминација ова сезона во струмичката женска одбојка. Во својство на гостинки попладнево забележаа победа со 3:1 во сетови во спортската сала Парк -теренот на Струмица жени, остварувајки ја седмата првенствена победа. Со ова победа ,,наковки” се зацврстија на третата позиција на табелата од која ќе напаѓаат повисок пласман во ...

,,Упатувам силна порака за подигање на свеста, за охрабрување на жените и деца жртви да пријавуваат насилство, а надлежните институции да преземаат координирани и ефикасни мерки за нивна заштита. Нема да дозволиме жените и децата кои се во ризик да ни станат бездомници. Ќе отвориме Куќа за отворено домување од 6 до 24 месеци,, Вака објави Костадин Костадинов првиот човек на општина Струмица чија зграда од синоќа е во портокалово бидејки активно ...

Струмичка Беласица оствари победа над Кожуф од Гевгелија во рамките на 13 тото првенствено коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Струмичките синобели на свој терен славеа со 3:1. Стрелеци беа Милушев, Радојчиќ и Митевски додека за гостинскиот состав погоди Ристовски. Ова е петта победа на Беласица со која се проби на седмата позиција на табелата Радовишки Детонит Плачковица дефинитивно знае како да игра против големи фаворити кои целат ...

Денеска (25.11.2022) во 14.45 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица. Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во ...

Против негувателките кои биле задолжени во гупата каде се повреди десетмесечното бебе во гевгелиската градинка најверојатно ќе има дисциплинска постапка за што предлог веќе доставила директорката. Вака информираа од Министерството за труд и социјална политика која денеска направи вонреден инспекциски надзор во клонот ,,Цветови’’ во Гевгелеија за да ја утврди фактичката состојба за настанот кој се случил во вторникот а го објави опозициската ВМРО ...

На 24.11.2022 година во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп. Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Синоќа во 20.05 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Ѓорги Василев“, „Ристо Ќурчиев“ и „Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица и моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...

Како дел од проектот „Културно – Историското наследство е нашето богатство“ кој во партнерство со општина Радовиш го спроведува Граѓанскиот Креативен Центар “КРЕА” – денес започнаа градежните активности околу радовишкиот Јавор. Со проектот е опфатена непосредната околина на јаворот заедно со паркот и со дел од крстосницата на улиците Гоце Делчев и Јавор. Постоечката ограда околу дрвото заради ослободување на коренот ќе биде отстранета и истиот ...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во гевгелиска градинка имало брутално насилство врз десетмесечно бебе, а првиот човек на градинаката сакала да го забоштои случајот. Како што подвлече пратеничката Ангелина Митева бебето со тешки повреди завршило го гевгелиската болница. ,,Во вторникот, 22 ноември годинава, во детската градинка „Цветови“, во Гевгелија, се случи брутален инцидент, а 10-месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со ...

Босилово има најголема заштеда на електрична енергија од општините во Југоистокот во месец октомври споредено со истиот месец од минатата година. Вака покажува анализата на Министерството за економија кое ги објави податоците колку државниот сектор штеди електрична енергија согласно препораките од Владата за примена на мерки за штедење заради енергетската криза. Општина Босилово заштедила дури 46 % електрична енергија минатиот месец, во споредба ...

Повеќе домашни и странски клубови се интересираат за 16 годишниот голман на Академија Пандев – Славе Вргов од Моноспитово зад кого застана и италијанскиот фудбалски агент Алесио Сундас кој пак во младиот Вргов гледа како нова ѕвезда на европскиот фудбал. Вргов не сакаше да конкретизира кои се клубови веќе покажале интерес за него, бидејки тој е фокусиран на редовните тренинзи и контуинираното вложување во голманската кариера. Вргов во јануари ќе ...

Набавка на еко електрични автобуси и поставување на модерни смарт постројки, поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и соларен катастар, ова се трите приоритетни проектни иницијативи за буџетската 2023 години. Тие добија најмногу бодови од вкупно предложените 9 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот и бизнис секторот на годинашниот Буџетски форум во општина ...

Градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Вака одлучија првите луѓе на десетте општини од овој дел на државата на седницата во Гевгелија. Ристов доаѓа на местото на Андон Сарамандов а во своето прво обраќање подвлече дека очекува поддршка од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за користење на европските пари за реализација на одредени проекти во ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која од ноќеска ќе се намалат малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за два денари за литар. Дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по стари цени. Од полноќ максималните цени на Еуросупер БС-95 ќе изнесуваат 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,50 денари за литар. Дизел горивото ...

Турската општина Умраније која брои околу 800 илјади жители ќе донира детски забавен парк за најмладите граѓани на општина Василево. Ова најава доаѓа како резултат на посетата на првиот човек на Василево Славе Андонов на ова општина каде се сретна со градоначалникто на Умраније Исмет Јилдирим. На средбата се разговарало за можната соработка во иднина и на други полиња со оглед дека во ова општина живеат голем број иселеници од општина Василево ...

Деновиве излезе од печат најновата поетска книга од познатиот македонски поет Борче Панов која е насловена како „АНАТОМИЈА НА НЕБОТО„ . Ова е негова седумнаесетта поетска книга а е поддржана од страна на Министерството за култура како авторско издание. Борче Панов е роден на 27 септември 1961 година во Радовиш, Република Северна Македонија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Во два мандати бил член на ...

На 20.11.2022 во 21.30 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија. Претходно, во 20.15 часот на наплатната рампа Смоквица, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари ...

Единствени сигурно утврдени факти до пладне на 16.11.2022 се дека во полско погранично село со Украина паднала една или две ракети, при што загинале две лица и дека пректилот/те биле од руско производство, но дека не може да се потврди од каде се истрелани, иако последната изјава на американскиот претседател е дека ракетата била истрелана од украинската противвоздушна одбрана Последната вест е дека потеклото на ракетата што падна во село во ...

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари годинава, реториката на рускиот екс-претседател Димитри Медведев стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор. Тој на социјалните мрежи за ЕУ, НАТО и за Украина употребува зборови како „наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“, а голем дел од ...

На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други Пишува: Весна Коловска Рускиот министер за надворешни работи, ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
69%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.72
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.34
84%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1006
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Сребро

1876.20

Кобалт

58.42

Цинк

3.22

Калај

40.49

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Платина

52864.82

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60