Центар за јавно здравје Велес на барање на Општина Велес на 13 јуни земал примероци на површинска вода од три места на Езеро „Младост“, поточно од локациите „Плажа 1“ , „Брод Панини“ и „Мотел на Велешко“. По петдневните испитувања во соопштените резултатите на јавната здравствена институција пишува дека „по однос на микробиолошките индикатори водата во велешко езеро оценета е за добра додека по однос на физичко-хемиските параметри одговара на ...

На денешен ден се празнува споменот на Св. Наум Охридски (летен Св. Наум). Св Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа. Св. Наум најголемиот дел ...

„Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од Европа, цели региони, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност од 9 на Ув индексот. Сепак, во недела, 6 јули, во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град. Што се ...

Младински центар Велес, во соработка со Europe House Veles, го најавува почетокот на Летната академија за дигитални и комуникациски вештини, која ќе се одржува во текот на јули и август ова лето. Оваа академија ќе им понуди на младите луѓе уникатна можност да ја унапредат својата кариера и да развијат вештини кои ќе им помогнат да се истакнат на современиот пазар на труд. Академијата е интензивен и практичен курс што опфаќа низа работилници и ...

Светиниколските пожарникари вчера гаснеле три пожари на територијата на општината. Првиот пожар избил во 09:00 часот во кругот на Акционерското друштво „БИМ“ каде се запалиле трска и ниска вегетација. Таму пожарникарите интервенирале со 2 против пожарни возила и со 1 теренско возило. Три часа подоцна се случила втората интервенција над запалена трева во близина на објекти кај „Агровита“ со едно против пожарно возило. Пожарникарите во 15:45 часот ...

Македонската традиција вечерва ќе оживее на сцената под отворено небо во Велес. Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе приреди целовечерен концерт во Амфитеатарот на Младински парк. Велешани ќе имаат можност да уживаат во магијата на македонскиот фолклор – преку деведесет минути игра, песна и раскошни носии од сите краишта на земјата. На сцената ќе се изнижат автентични кореографии и звуци што со децении го слават богатството на ...

Исто како на велешките улици каде годинешните учесници на 20 Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“ беа дел од Дефиле така и во Амфитеатар на Младински парк домаќините не ги штедеа овациите и аплаузите за да ги наградат настапите на фолклористите, ансамблите, музичарите и уметниците. Пред свеченото отворање на фестивалот настапија и најмладите Велешани од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ како и хористките и хористите на Градскиот хор „Свети Кирил ...

Од печат излезе најновата, 11-та по ред книга на познатиот велешки и македонски сатиричар Димитар И. Вилазорски, со наслов „Сенки под знамето“. Ова е прва книга на авторот составена исклучиво од сатирични епиграми, вкупно околу 270, напишани во изминатите три години. Над 200 од нив веќе беа објавени во триесет и пет броја на списанието за хумор и сатира „Балканиум“, издание на Славјанскиот универзитет и неговиот Институт за култура и уметност. ...

„Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно, суво, сончево и многу топло време во Македонија (многу топол и сушен период) кој што носи опасност од појава на шумски пожари. Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ...

Најголем број од приватните специјализанти кои потпишаа Договор за работа, положија стручен испит и Англиски јазик се од интернистичката гранка. Интерно одделение во Општа болница Велес доби 3 специјализанти по Интерни болести и по 1 Гастроентерохепатолог, Нефролог и Ендокринолог. Исто така, двајца приватни специјализанти по Гинекологија се распоредени на работа на Одделението за гинекологија и акушерство додека еден Психијатар е дел од Нервно ...

Со воведувањето на целосната забрана за движење во сите шуми и на целото шумско земјиште, се забранува движење и престој во шумските излетнички места меѓу кои спаѓа и популарното излетничко место „Бареш“ за светиниколчани. „Бареш“ се наоѓа во ѓуришкиот дел од општина Свети Николе во кој жителите вообичаено се разладуваат во сенките на боровата шума и се дружат со приготвување скара. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение ...

Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми” се воведува од денеска до 31 август годинава. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...

На обиколницата во Демир Капија патничко возило „митсубуши“ со демиркаписки регистарски ознаки излетало од коловозот. Возилото го управувал осумнаесет годишниот Н.Д од Демир Капија кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кавадарци. Во возилото со него биле и деветнаесет годишниот Д.П и уште еден малолетник кои се здобиле со телесни повреди кои исто така им биле констатирани во кавадаречката ...

Пожар кој избувнал во близина на депонијата во Росоман се проширил и зафатил три приватни ниви, при што изгореле лозови насади, овоштарници и системи за наводнување. Нема повредени лица, но е причинета значителна материјална штета. Според информации од Секторот за внатрешни работи Велес, пожарот избувнал вчера околу 14:00 часот, по што брзо се проширил поради високите температури и сувата вегетација. На терен интервенирала Територијалната ...

Во пријатната летна атмосфера во дворот на Јуроп Хаус во Велес, се одржа првата работилница од новиот серијал на настани под наслов „Креативни дружби“. Настанот обедини љубители на уметноста, креативци и млади ентузијасти кои имаа можност да ги изразат своите уметнички вештини низ несекојдневно дружење и сликање на шолчиња. Работилницата се одвиваше во духот на креативна размена и инспиративна соработка, каде учесниците не само што создадоа ...

Во Македонија се до 10 јули ни следува долг, сушен и многу топол период. Ќе бидеме под влијаните на Сиптропски Антициклон, односно многу топла воздушна маса која ќе биде поврзана со поле на висок воздушен притисок,соопшто метео прогнозерот Славчо Поповски. „Времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Што се однесува до температурите, тие ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на лица кои ќе добијат финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Бројот на семејства од Велес е мал, во споредба со други градови во Вардарски регион. Како што соопштија од Министерството според резултатите: • 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...

Дваесет и осум млади играорци од фолклорниот ансамбл „Керамичар“ од Велес беа дел од петтото издание на Меѓународен детски фестивал „Deffest“ што се одржа во Младеновац, Србија. Играорците беа облечени во различни традиционални носии и настапија со четири кореографии. За секоја од нив добиваа долги аплаузи и овации што говореа дека беа миленици на публиката. . Во рамки на фестивалската програма настапија и фолклорни ансамбли од Србија, Бугарија ...

Стручното жири на 12-ти Меѓународен амбиентален театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија, во состав Исидора Миниќ, драмска уметник, д-р Зоран Максимовиќ, театролог, и претседател на жирито Горан Ибрајтер, писател и извршен директор на „Стеријино позорје“ од Нови Сад наградата за најдобар актер му ја додели на Исидор Јовановски, актер на НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес. Наградата за најдобар актер го носи името ...

Велешани во месец мај трошеле просечно 153 литри во секунда вода за пиење. Еден месец подоцна со зголемувањето на температурите просечната потрошувачка на вода за пиење се искачи на 168 литри во секунда. „Потрошувачката на вода е најголема во периодот од 18:00 до 23:00 часот. Апелираме до граѓаните за рационално користење на водата,“ соопштија од Јавното комунално претпријатие „Дервен“. Во летните месеци на изминатите години имаше периоди кога ...

Се е подготвено, од денеска, Велес е домаќин на јубилејниот 20 –ти Интернационален фестивал на фолклор „Велес“. Попладнево во градот пристигнуваат првите фолклорни ансамбли и музички состави кои од утре вечер, 1 јули до сабота, 5 јули ќе учествуваат на фолклорниот фестивал. Локацијата е иста, Амфитеатар на Младински парк се разликуваат дел од учесниците, гости додека домаќините се исти, сите фолклорни друштва, оркестри и пејачки групи од Велес. ...

Афористичарот Никола Бошковски Коки со нови седум понеделнички афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк. Коки за оваа недела ви напиша: „Љубовта е слепа, но во бракот се отвораат очите.“ „Со децении наназад бевме пијани од разно – разните политички коктели што ни ги сервираа недоветни политичари, но сега на повидок се новите избори и времето кога треба…ДА СЕ ОТРЕЗНИМЕ.“ „Некои луѓе се паметни кога зборуваат, некои кога молчат, на некои пак, ...

Територијата на Македонија, како и на целиот регион, од денес, понеделник, 30 јуни, па се до следниот понеделник, 7 јули. ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. „Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво, многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес, ...

Сообраќајката се случила вчера попладене, околу 17:40 часот, на крстосницата од улиците „Јордан Хаџи Констатинов Џинот“,„Браќа Капчеви“ и „Ангел Мишев“ во Велес. На раскрсница кај Стар Мост патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.З.(27) од Велес, удрило во пешакот Г.С.(70) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.С., констатирани во Општата болница Велес. Според портпаролот на Општа болница ...

„Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов, 28 и 29 јуни, во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 70 км/час. И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено ...

Граѓани кои живеат на улица „Прохор Пчински“ се очевидци додека нивни соседи од околните улици реагираат на немила случка што се случила минатата сабота во овој дел на Велес кога од автомобил во движење по угорницата над црква „Света Богородица“ се откачила натоварена приколка и го разнела излогот со влезната врата на просторот на црква „Света Богородица“. Граѓанските реакции се однесуваат на последиците од случката затоа што пред продавницата и ...

Дваесет и осум играорци од Ансамблот за народни игри и песни „Керамичар“ од Велес заминaa во Република Србија за да учествуваат на Детски меѓународен фолклорен фестивал во Младеновац. Младите играорци ќе настапат со четири кореографии: „Овчеполка“, „Поречки“, „Прилепки“ и „Тропнало“, преку кои ќе ја претстават македонската фолклорна традиција како и градот Велес. -Целта на оваа турнеја е да се промовира македонскиот фолклор пред меѓународна ...

Mладиот и надежен фолклорист на КУД „Коле Неделковски од Велес, Христијан Саздовски во соработка со Бобан Трпковкси од ФА „Гласоечки Собор“ од Долни Полог беа организатори на несекојдневен културниот настан во Велес поточно на промоција на „Народното културно наследство во Долни Полог: Ревија и краткометражен филм на Бобан Трпковски“. Присутните имаа можност да го проследат празнувањето на верскиот празник Ѓурѓовден во Долни Полог преку ...

Сообраќајната несреќа се случила, ноќеска, околу 23:00 часот, на улица „Вардарска“ во Велес, кога патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21) од Велес, излетало надвор од коловозот во населба Шорка. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20), Ш.Р.(19) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Цинк

3.23