Како изгледа корупцијата кога низ неа ќе погледнат жените? Кои се предизвиците со кои се соочуваат при пристапот до информации, ресурси и учество во процесите на одлучување? И зошто е неопходно родовата перспектива да стане составен дел од стратегиите за борба против корупцијата? Одговорите на овие прашања беа во фокусот на тркалезната маса на тема „Поврзување на локалните и националните институции во креирање на родово сензитивни и инклузивни ...

Освен примените 11 приватни специјализанти, кои паралелено со специјализацијата веќе работат со менторство на долгогодишните лекари на Одделенијата на Општа болница Велес, на почетокот на годинава, јавната здравствена установа склучила спогодби за непрекинато вршење на здравствената дејност со лекари специјалисти од други јавни установи во државата со цел да ги издава потребните здравствени услуги како на Велешани така и на граѓаните, пацинети ...

На автопатот А1, Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино вчера доцна попладне, во 18:10 часот, го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола. „При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека С.Р управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. ...

Во несреќа којашто се случи завчера вечер, недела, 13 јули, во Велес почина бизнисменот Зоран Љутков, основач и сопственик на неколку семејни фирми меѓу кои најпозната е „Пододекор“. Четириесет и две годишниот Љутков беше роден во Велес, каде живееше и работеше. Како бизнисмен беше препознатлив по донаторство и помагање на спортски клубови, бројни спортски и културни манифестации и граѓански здруженија во општината. Љутков беше сопруг и татко на ...

Поради продор на поладен воздух од север на висина над регионов, како дел од Европа, ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија. „Денес, вторник, 15 јули, во пладневните и во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со ...

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска го посети Секторот за внатрешни работи во Велес, каде што оствари работна средба со раководството на секторот. Посетата е дел од пошироки активности на Министерството за внатрешни работи за унапредување на безбедносната состојба и подобрување на институционалниот капацитет на терен. Според информации од МВР, на средбата се разговарало за тековните активности на СВР Велес, предизвиците ...

Македонската Работната бригада со вкупно 32 бригадири ќе учествува во изградбата на нови 500 м2 плажа на езерото „Гази вода“ кај Нови Пазар, во соседна Србија. Од нив се 12 млади кои заедно со своите врсници од бригадите од Словенија, Босна и Херцеговина, Турција и домаќините, од Србија, ќе се натпреваруваат за добивање на значката Ударник на траса и во попладневните слободни активности за да го добијат признанието „Најдобра бригада“ на ОРА ...

На автопатот А1, на делницата Неготино – Градско, во близина на селото Црвени Брегови, вчера околу 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово привеле две лица под сомнение за криумчарење мигранти. Станува збор за Џ.Џ. (19) и М.А. (18), двајцата од Струмица, кои биле затекнати како со патничко возило марка „Фиат“ со скопски регистарски ознаки превезуваат 11 мигранти од Египет, од кои девет се малолетници. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес вчера попладне изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп – Градско, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која тројца лица се повредени. Несреќата се случила кога патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, при движење во остра лева кривина, изгубило контрола и излетало од коловозот. Автомобилот минал преку веќе оштетен дел од заштитната ограда и ...

Во пресрет на патрониот празник на Општина Градско — Павловден, д-р Бошко Илиев успешно го исплива Подлешкото езеро, трипати заобиколувајќи го во вкупна должина од 3,5 километри за време од 1 час, 26 минути и 13 секунди. Како што објаснува Илиев на својот фејсбук профил оваа успешна реализација на пливачкиот наста е уште една промоција на убавото езеро, Подлешко, кое е дваесет и второ во Македонија и негов 171-ви испливан маратон. -Три пати ...

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки ни нуди нова доза од својата прецизна мисла во форма на седум свежи афоризми. Со остроумие и дух, тој ја отсликува денешницата каква што навистина е – без шминка. -Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг. -Штом оркестарот на некоја политичка партија е раштиман, тогаш: или инструменталистите се аматери и самоуки свирачи, или лидерот-како диригент на оркестарот, не ги познава нотите. ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека Уверение за жителство за моментална адреса на живеење отсега може да се добие и електронски. Оваа услуга, која е една од најбараните на шалтерите на МВР, достапна е на националниот портал uslugi.gov.mk. Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737 МВР во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги ...

„Под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, но овој пат со по умерен интензитет, во текот на новата работна седмица, во периодот од понеделник 14 јули па се до петок 18 јули, продолжува сушниот период во Македонија. Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност, а повремено ќе засилува ветерот од северен и од североисточен правец. Само во вторник, 15 јули, ќе има услови за сосема слаб и краткотраен ...

Второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре, 12 јули, во раните утрински часови, соопштија од Општина Велес. Третирањето ќе го опфати целото градско и приградско подрачје на Велес, како и текот на реката Вардар на делницата од северниот влез кај село Башино село, низ градот Велес, па сè до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари. Источната граница на третирањето ги опфаќа езерото Младост, селото Отовица и месноста ...

Интервјуто со дипломираната новинарка, сопствничка и уредничка Божана Ќулавкова го подготвивме и го објавуваме дестеттина дена по роденденот на овој значаен локален медиум за информирање, забава и релаксација во изминатиот, долг но тежок, тразициски период кој беше платформа за слободен говор, дебата и информирање во времиња кога тоа не беше секогаш лесно. Со честитки за упорноста и истрајноста, разговорот со Божана Ќулавкова го подготвивме во ...

Општина Градско трета година по ред ќе го одбележи својот патрон, Павловден, со традиционалната манифестација „Храна, вино и традиција“, која ќе се одржи во недела, на 13 јули, со почеток во 20:30 часот на шеталиштето во центарот на општината. Музичката програма ветува незаборавна вечер за сите посетители. Настанот ќе го отвори популарниот 4u Band, по што следува настапот на српската музичка ѕвезда Гоца Тржан од 21:30 до 23:00 а потоа од 00:30 ...

Општина Велес го објави огласот за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување. „Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на (АВРСМ), да се вклучат во мерката 6.2 – јавни работи за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво ...

„Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопје и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. ...

Марина Деспотовска Јовева пред 41 година беше бригадирка на Младинската работна бригада „4 јули“ од тогашниот Титов Велес и од Република Македонија којашто на Младинска работна акција „Белград“ учествуваше во разубавувањето на главниот град на државата Југославија. По над четири децении, Деспотовска Јовева, изминатиот викенд со желба да го види ефектот од пулскавиците на своите раце замина на Средба на акцијаши ветерани во Белград, Република ...

Младата велешанка Вероника Саздовска преку литературата зборува за тишината во која живеат многу млади – осаменоста, стравовите, борбата со анксиозност и депресија. По нејзината прва книга „Среќната девојка“, таа повторно се обраќа на читателите со две нови изданија – „Без крај“ и „Животот е убиец, а ти борец“ – во кои отворено и храбро пишува за внатрешните битки што многумина ги водат без глас. Дваесет и три годишната велешанка за Дума.мк ...

За закони, процедури и постапки за заштита на новинарите од закани, вербални и физички напади, пријави, онлајн притисоци и SLAPP тужби против новинари како и медиумските работници разговараа и дебатираа преставници на СВР Велес, Основен суд Велес, Основно јавно обвинителство Велес, бизнис заедницата и новинарите. На разговорот и на дебатата претходеше тричасовна обука на новинарите во Велес за предизвиците на слободното и професионално ...

Екипите на Противпожарната единица од Свети Николе вчера интервенираа на четири различни локации поради повеќе пријавени пожари, притоа ангажирајќи значителен број возила и ресурси. Првиот пожар е пријавен во 14:28 часот во месноста „Преодски ливади“, каде интервенирале две противпожарни возила и едно теренско возило. Станувало збор за запалена сува трева. Набргу потоа, во 15:00 часот, бил пријавен нов пожар во месноста „Крушки“, каде се ...

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните коишто живеат во близина на локации каде има пожари. Во нив се вели дека населението треба да ги следи известувањата од надлежните служби преку медиумите и да ги почитува сите наредби за евакуација или засолнување. „Ограничете го изложувањето на чад. Држете ги прозорците и вратите затворени. Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух. Засолнете се во безбеден ...

Стрип центарот на Македонија од Велес го објави последниот повик за пријавување на Меѓународниот стрип конкурс „Велес 2025“, кој традиционално се одржува во рамки на Меѓународниот стрип салон. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани автори од земјата и странство, без разлика на пол и возраст, да го испратат својот труд најдоцна до 8 август 2025 година. Интересот за годинашниот конкурс веќе е на завидно ниво. Според координаторот на ...

Во Македонија следува претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Сепак ќе биде значително посвежо со голем пад на температурите на воздухот, особено наутро и во ноќните часови, кога на повеќе места ќе се спуштаат до близу, па дури и под 10 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски. „Оваа недела врнежи во државата нема да има, што значи дека сушниот период и понатаму ќе продолжи. До крајот на денов, четврток, 10 ...

Во ноќните часови на 8 кон 9 јули, во периодот од 19:00 до 01:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес спроведоа засилена акциска контрола насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. -Во рамки на контролата, која се реализираше на поширокото подрачје на градот, беа констатирани вкупно 53 прекршоци. Од нив, осум се однесуваат на управување возило без ...

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, постапувајќи по меѓународно барање на Интерпол – Србија, на 7 јули, вечерта околу 22 часот ја пронашле 15- годишната малолетничка од Република Србија, која била пријавена како исчезната во нејзината матична држава. Малолетничката била лоцирана во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес. Според првичните информации, девојчето изјавило дека доброволно пристигнало во Велес со намера да стапи ...

Половина час по полноќ, вчеравечер, во просториите на СВР Велес бил извршен службен разговор со малолетно лице од село Горно Оризари, при што присуствувал негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес. Поточно, во истото село, малолетникот управувајќи мотоцикл без регистарски таблички, одбил да застане на знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи. При тоа, удрил во еден од полицајците, а потоа и во паркирано ...

Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели на државата и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец. Ветерот повремено и локално ќе постигне брзина до околу 60/70 км/час, соопшти метео прогнозерот Славчо ...

Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес, вторник, 8 јули, донесе снег на Словенечките планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија, соопшти метеро прогнозерот Славчо Поповски. „Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре, среда 9 јули, доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток, 10 јули, ќе стигне во Македонија, условувајќи засилен ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

58.42

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Сребро

1878.05