Женската кошаркарска репрезентација на Македонија успеа да слави на премиерниот дуел од квалификациите против Данска, како најава за подобри денови на овој национален тим во периодот што следи. Квалификацискиот циклус продолжува веќе денеска, и тоа со домашен дуел против селекцијата на Грција (18 часот, СРЦ Кале). Грција важи за главен фаворит за првото место во групата, секако и за триумф на овој дуел, но во првото коло претрпеа пораз на ...

Екипата на Шкендија против Шкупи го игра заостанатиот натпревар во рамките од 12. коло. И во мигови кога има пауза, и кога тетовскиот тим дава неколку репрезентативци (Рамадани, Цаке, Гаје), сепак, се реши да го игра овој меч. Иако без репрезентативците, тетовските „црвено-црни“ важат за големи фаворити против последнопласираниот тим на табелата. Сепак, од таборот на актуелниот првак не сакаат да го потценат ривалот. Велат дека оние кои ќе ...

Флорентино Перез е подготвен да се повлече од функцијата претседател на Реал Мадрид, шокантна информација што доцна синоќа прв ја лансираше шпанскиот новинар Пепе Алварез, повикувајќи се на извори блиски до првиот човек на „кралскиот клуб“. Флорентино има мандат до 2028 година, но планира а се повлече во вториот дел од 2026. Шпанските медиуми засега не шпекулираат со имиња за новиот претседател, но тврдат дека тоа ќе биде некој од блиските ...

Златко Далиќ продолжува со одличните резултати како селектор на Хрватска откако успеа да ја одведе својата селекција и до петтото големо натпреварување во низа. Далиќ дојде на чело на „коцкестите“ во 2017 година и под негово водство оваа селекција бележи одлични резултати, освојувајќи едно сребро и една бронза на последните два мундијала. Очекувано, тој беше горд на новиот успех со перфектни „пет од пет“ во квалификациските циклуси, не ...

Лука Дончиќ и ЛА Лејкерс експресно се вратија на победнички по последниот пораз од Оклахома Сити, славејќи на гостувањето против Њу Орлеанс со 104-118. Во исчекување на камбекот на Леброн, Дончи уште еднаш покажа дека одлично се снаоѓа во лидерската улога, реализирајќи 24 поени и 12 асистенции. Тој имаше голема помош и од Остин Ривс, кој со 31 поен беше најефикасен во таборот на ЛА лејкерс, додека прв стрелец на Њу Орлеанс беше Марфи со 35 ...

Партизан беше шокиран на гостувањето против Асвел, меч на кој уште повеќе се продлабочи големата криза на белградските црно-бели. Жељко Обрадовиќ во неколку ситуации сезонава застана во одбрана на своите кошаркари, но тоа не беше случај синоќа, кога директно ги обвини за недоволно залагање и концентрација за време на натпреварот со најслабиот тим во Евролигата. „Почнавме на еден недозволив начин, срамота е како изгледавме на теренот. Играчите се ...

Ракометарите на Тинекс Пролет го стартуваат вториот круг од Супер-лигата со дуел со директен ривал за влез во плејофот, гостувајќи во Кавадарци на тимот на Тиквеш (19.45 часот). Избраниците на Матлиески во првата рунда сезонава ги совладаа кавадарчани, успех што утревечер ќе се обидат да го повторат и на теренот на противникот. Андреј Стојановски е еден од младите ракометари на Тинекс Пролет кои максимално ја користи минутажата што ја добива, ...

Хрватска го визираше својот мундијалски билет откако „коцкестите“ вечерва славеа над Фарските Острови со 3-1. Интересно, гостите први дојдоа до предност во Ријека, но Хрватска израмни преку Гвардиол во првото полувреме, а потоа во вториот дел со головите на Муса и на Влашиќ стигна до печатот на мундијалската виза, со недостижна предност пред Чешка на првото место во групата. Х0ландија одигра само 1-1 на гостувањето против Полска, па „лалињата“ ...

Кошаркарите на Партизан повторно се посрамотија откако вечерва по голема борба беа поразени од „фенерџијата“ во Евролигата, тимот на Асвел со резултат 88-87. Францускиот тим имаше само две победи во пресрет на оваа рунда, но одигра максимално мотивирано, ги казни грешките на белградските црно-бели и на крајот заслужено се радуваше на победата. Центарот Тајрик Џонс поради повреда го пропушти натпреварот, а Жељко Обрадовиќ немоќно го следеше ...

Барселона конечно успеа да врзе две евролигашки победи, и тоа веднаш по смената на тренерот Жоан Пењароја под чие водство каталонскиот гигант се мачеше во елитното европско натпреварување. По трилер-триумфот во Минхен над Баерн, кошаркарите на Барса вечерва славеа на домашен терен против Виртус Болоња со резултат 88-81, за приклучок до самиот врв на табелата. Најзабележителни кај Барселона во овој триумф беа Пантер со 17 и Клајбурн со 13 поени, ...

Навивачите на Реал Мадрид денеска имаа причина за загриженост откако од Франција пристигна информација дека најпрвин Килијан Мбапе, а потоа и Едуардо Камавинга го напуштиле репрезентативниот камп жалејќи се на повреди по последниот дуел со Украиа. Вечерва сепак стигнуваат смирувачки ноти од Мадрид, откако весникот „Марка„ со објава дека двајцата фудбалери воопшто не се повредени, повикувајќи се на извори од клубот. Мбапе пристигнал здрав во ...

МЗТ Скопје уште еднаш демонстрираше шампионска игра, славејќи во дерби дуелот против ТФТ со убедливи 80-67. Откако минатиот викенд го совладаа Пелистер среде Битола, „металците“ вечерва беа подобри и од ланскиот финалист ТФТ, погрижувајќи се повеќе да нема непоразени екипи во мак-баскетот (единствениот пораз на МЗТ е службен, на дуелот со новиот суперлигаш Ангели). Вечерашното дерби мина во знакот на „сино-белите“, кои со цврста одбрана си го ...

Со една промена во играчкиот состав ќе биде нашиот женскиот сениорски национален тим за наредниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година, оној против селекцијата на Грција. Со оглед на „структурата“ на наредниот противник, селекторот Александар Ашаданов се одлучи за една малку, поинаква, односно повисока формација, и во „финалните 12“ ја стави Теа Трајковска, која ќе треба да биде во онаа внатрешна линија во нашата селекција во ...

Жарко Пешевски одигра маестрално во нападот на Е. Пелистер, предводејќи го македонскиот првак до триумф над Пик Сегед, за само втора победа сезонава за битолчани во елитното европско натпреварување. Пешевски беше енигма за гостите од Унгарија, македонскиот пивот постигна седум гола без промашување, последниот со мајсторски шут со левата рака под фаул од противниците, со што заслужено беше избран за најдобар пивот во седмото коло од Лигата на ...

Во очекување на последниот натпревар на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026, и гостувањето против Велс на Островот, на кој само треба да се заокружи резултатскиот успех на нашата репрезентација со веќе обезбедениот мундијалски бараж, некако ми текна на една приказна од периодот на дел од моите настапи на Островот, и тоа како млад „вардарец“ првите во дресот на поранешна Југославија, и заедно со еден од најдобрите фудбалери ...

Карло Анчелоти по неколку години преговори конечно седна на клупата на бразилската репрезентнација, а повеќе од јасно е дека трофејниот стратег е доведен со јасна цел – оваа јужноамериканска селекција да се бори за трофејот на претстојниот мундијал закажан за следното лето. Анчелоти беше одлично расположен на својата последна прес-коференција, говорејќи за својата желба – во финалето на СП 2026 со Бразил за противник да ја има својата Италија. ...

Анадолу Ефес по голема борба успеа да слави над Баерн Минхен со минимални 74-72, дуел што за жал го одбележа уште една повреда во таборот на турскиот кошаркарски гигант. Шејн Ларкин беше играчот што настрада вечерва, одличниот поентер пред крајот на првата четвртина ја загуби топката, некако успеа да ја спаси, но во тој маневар го повреди мускулот и беше изнесен од теренот, по што повеќе не се враќаше во игра. Ефес од самиот почеток наметна ...

Барселона веќе неколку месеци е во потрага по врвен напаѓач, а Хулијан Алварез беше едно од најголемите имиња на листата на желби. Аргентинскиот репрезентативец совршено се вклопува во визијата на клубот, кој сака да ја реновира офанзивната линија на тимот, првенствено на позицијата централен напаѓач. Сепак, денешните информации од Шпанија носат ладен туш за каталонскиот гигант. Според порталот „Фичајес“, Челси се подготвува да испрати огромна ...

Северноамериканската професионална фудбалска лига МЛС ќе има координиран календар на натпревари со најдобрите фудбалски лиги во светот од летото 2027 година, објави раководството на МЛС. МЛС ја нарече промената „една од најзначајните случувања во историјата на лигата“ и рече дека „продолжува да работи со Здружението на играчи на МЛС за да се финализира договор за план за транзиција“. Во сегашниот формат, натпреварите од МЛС се играат од февруари ...

Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2-0 како гостин во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда. Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество. Меси се најде во почетниот состав, па публиката можеше да ги види светските шампиони во акција во речиси најсилниот состав. Меси беше главен протагонист во триумфот, со асистенција и гол, а Лаутаро ...

Поранешниот генерален менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон се пензионира привремено од кошарката за да се фокусира на себе и своето семејство. Харисон беше отпуштен во Далас пред неколку дена, а веста за неговото пензионирање од кошарката ја објави инсајдерот од НБА, Крис Хејнс. Според Хејнс, Харисон добро се држи и покрај сè што се случи. „Тој е во добро расположение. Ќе одвои малку време да биде со своето семејство и да се оддалечи од сè. ...

Олимпијакос повторно остана без Кинан Еванс, па сето тоа грчкиот тим го принудува повторно да излезе на пазарот. Еванс се врати на теренот по година и пол, а потоа доживеа уште една повреда што ќе го одвои од теренот подолго време. Пред натпреварот со италијанскиот тим, новинарот на грчкиот „Спорт24“ Харис Ставру објави дека Пирејците се активни на пазарот, а едно од имињата што се појави беше Нандо де Коло. Де Коло има договор со Асвел, а пред ...

Германскиот тренер Јирген Клоп, по ангажманот во Ред Бул каде што е раководител на фудбалските операции, ќе добие нов ангажман. Ќе се врати на фудбалот, но не како тренер, туку како аналитичар. Германецот ќе биде стручен аналитичар за платформата „MagentaTV“ за Светското првенство во 2026 година. Истата работа ја работеше за „ZDF“ на Светското првенство во 2006 година и на Европското првенство во 2008 година. За време на Светското првенство во ...

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, ги честеше сите вработени во репрезентацијата на Норвешка, по пласманот на селекцијата на идниот Мундијал. По мечот камерите го „уловија“ голгетерот како купува бургери од најблиската сендвичара. „Силна изведба од капитенот“, коментираше норвешкиот играч од средниот ред Сандер Берге. Норвешка формално не е пласирана на Мундијалот, меѓутоа во последното коло на гостувањето во Италија треба да загуби со 9-0, за ...

Македонскиот шампион Е. Пелистер стигна до вториот триумф сезонава во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во вистински трилер натпревар го совлада унгарскиот гигант Пик Сегед. Митревски прикажа одлична игра на голот со неколку клучни интервенции, вклучително и онаа во 11. минута кога гостите имаа само еден постигнат гол . Токму таа одбрана е избрана за втора најдобра во 7. коло во Лигата на шампионите. 🧤 TOP SAVES – Round 7 🧤 1️⃣ ...

Двократниот европски шампион Вардар останува перфектен на стартот на новата сезона во домашниот шампионат, откако вечерва во меч од 12. коло од Суперлигата славеше во „Јане Сандански“ против Струга со убедливи 36-21. „Црвено-црните“ фуриозно го почнаа натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа сигурна предност од 16-9. Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 36-21. Вардарци ...

На 18 ноември, во Кардиф, А репрезентацијата на Македонија гостува кај селекцијата на Велс во натпревар од квалификациите за СП 2026. Со цел непречено и безбедно одвивање на мечот, ФФМ ги упатува следните важни информации добиени од домаќинот за сите македонски навивачи што ќе присуствуваат на стадионот во Кардиф, а се однесуваат на организацијата и безбедноста: – Стадионот се отвора два часа пред почетокот. Препорачуваме пристигнување најдоцна ...

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство 2026 година откако беше исклучен на натпреварот со Ирска од 2-0. 40-годишниот играч го доби првиот црвен картон во репрезентаивната кариера, поради удар со лакот во грб на противнички играч. Роналдо дефинитивно ќе го пропушти последниот натпревар од квалификациите против Ерменија на 16. ноември, меѓутоа лошата вест е што Кристијано со овој црвен ...

Сегашниот селекторт на Србија, Вељко Пауновиќ се согласи да ја предводи селекцијата на дуелите против Англија и Летонија, а потоа да ги води преговорите во врска со договорот со ФСС. „Спорт клуб“ пренесува дека поранешниот стратег на Овиедо ќе добие договор на пет години, односно до 2030 година. Истиот извор наведува дека властите во ФСС ќе ги продолжат преговорите по завршување на квалификацискиот циклус. Новиот селектор на Србија ќе има многу ...

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, го напушти кампот на Франција. Тој ќе го пропушти последниот квалификациски натпревар на тимот за Светското првенство против Азербејџан во недела. Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот има воспаление на десниот зглоб. Мбапе се враќа во Мадрид, каде што ќе биде подложен на дополнителни тестови. Играчот го пропушти вториот натпревар на Франција од октомвриските квалификации. Вчера, тимот на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.15
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
95%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23