Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Легендарниот француски репрезентативец Оливие Жиру синоќа беше херојот на Лил во победата на неговиот тим против Црвена Звезда, со кој Французите се пласираа во осминафиналето на Лига Европа. Престојот на легендарната „Маракана“, Жиру го искористи да ги разгледа и клупските простории и музејот на Црвена Звезда, а таму посебно место се издвоени фотографиите на најдобриот македонски фудбалер во историјата, Дарко Панчев, посебно онаа од пеналот ...
Италијанката Федерика Брињоне го освои својот втор златен медал на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо, откако победи во велеслалом пред Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд. Брињоне, која веќе го освои златото во спуст на овие Игри откако сериозно го повреди коленото пред десет месеци, доминираше како и во првото возење и на крајот славеше со време од 2:13,50, 62 стотинки пред Хектор и Стјернесунд. Најдобрата ...
Фудбалерите на Динамо одиграа 3-3 против Генк по продолженијата во реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа и беа елиминирани од Европа. Динамо го доби регуларниот дел од мечот со 1-3 по што се отиде на продолженија, но таму примија два гола и го завршија натпреварувањето. Херој на „модрите“ во овој дел беше Лука Стојковиќ со два постигнати гола. Динамо добро се држеше до 100. минута, потоа Кардосо Варела направи грешка, а Јуња Ито ...
Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го постигна решавачкиот гол против Јувентус, но не го прослави голот со кој неговиот тим се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите. Јувентус победи со 3-2, но Галатасарај се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7-5. Иако „бјанконерите“ водеа со 3-0 на крајот од регуларниот дел и играа со еден играч помалку во текот на второто полувреме, Осимен го постигна решавачкиот гол во ...
Англиските медиуми објавуваат дека Роберто Мартинез е додаден на списокот кандидати за нов тренер на Манчестер Јунајтед. Овој потег изненади многумина, затоа што Манчестер Јунајтед бара тренер кој може да донесе стабилност и квалитет, а Роберто Мартинез, според аналитичарите, не може да донесе апсолутно ништо повеќе од Карик кој во моментов добро ја врши работата како привремен тренер. Сепак, клубот сака долгорочно решение, што Карик, според ...
Според британски извори, лондонскиот гигант Челси внимателно ја следи ситуацијата околу договорот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Наводно, постои реална можност искусниот напаѓач да го напушти Блискиот Исток веќе ова лето. Роналдо моментално игра за Ал Наср, каде што има исклучително профитабилен договор. Сепак, шпекулациите сугерираат дека 41-годишниот ас би можел да се обиде да изнуди трансфер и да се врати на европската сцена. ...
Според информациите од европските медиуми, Ливерпул планира голем удар во преодниот рок насочувајќи се кон една од ѕвездите на Реал Мадрид. Клубот од Енфилд, наводно, е „подготвен да потроши значителни средства“ за да го засили својот состав пред новата сезона. Тоа ќе биде продолжение на формирањето на „фудбалска сила“, по доведувањето на Керкез, Вирц, Екитике, Исак… Иако идентитетот на целниот играч сè уште не е официјално потврден, шпански ...
Денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите сакаше мега-дерби уште во осминафиналето од најквалитетното клупско европско натпреварување и пресметка меѓу гигантите Реал Мадрид и Манчестер сити. Од останатите двојки дефинитивно интересно ќе е повторувањето на финалето од последното светско клупско првенство во САД, и дуелот меѓу ПСЖ и Челси. Барселона ќе игра со Њукасл, а најголемото изненадување низ досегашниот тек, норвешкиот ...
Легендарниот аргентински фудбалер Мартин Демикелис ќе го има својот прв тренерски ангажман во шпанската Ла Лига, откако поранешниот играч на Баерн Минхен потпиша договор со Мајорка. Договорот е со важност до крајот на сезонава, со автоматско продолжување за уште една година ако Мајорка успее да обезбеди опстанок во елитното шпанско фудбалско друштво. Овој тим моментно се наоѓа на 18. место на табелата кое води во втората лига, а Демикелис ...
Ливерпул утре на „Енфилд“ ќе го пречека тимот на Вест Хем, дуел за кој Арне Слот повторно нема да може да смета на услугите на Флоријан Вирц. Германскиот офанзивец поради болка во грбот го пропушти последниот меч со Нотингем Форест, првите прогнози беа дека проблемот не е премногу сериозен, но Вирц воопшто не тренираше изминатата седмица, по што стана јасно дека нема да може да настапи викендов. „Искрено, не знам кога повторно ќе го имам Вирц ...
Две италијански екипи ќе ги одмерат силите во осминафиналето од Лигата на Европа, беше одлучено со ждрепката што се одржа денеска во Нион. Рома и Болоња ќе играат еден против друг, со што Италија ќе остане со еден четвртфиналист во второто по квалитет европско натпреварување. Нотингем Форест за противник ќе го има Митјиланд, додека Лил по драматичната елиминација на Црвена Звезда ќе се сретне со Астон Вила, тим што се вбројува меѓу главните ...
Бевме многу подобри од Азербејџан, на наш, домашен терен во СРЦ „Кале“. Во ноември ја совладавме и Ирска, на гостински паркет во Даблин. Вечерва од 18 часот, во салата во „Градски парк“ во Скопје, најдобрите македонски кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг. По многу години, ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот го игра третиот меч од претквалифациите за Евробаскет 2029, со јасна цел да се стигне до победата и да се направи уште еден чекор кон пласманот во главните квалификации за наредниот континентален собир. Македонија го почна сигурно овој циклус, со победи над Азербејџан и над Ирска, но птоа дојде до неочекувана промена на кормилото, смена на селекторот Марјан Илиевски, на чија место ...
Македонскиот стратег Југослав Тренчовски пишува во моментов историја на клупата на Радомље во словенечкиот фудбал, привлекувајќи го максималното внимание, не само на балканските медиуми, но и на светските фудбалски аналитичари за кои играта на ‘малиот клуб’ од Словенија е вистинско изненадување. Клубот, кого фудбалските аналитичари пред стартот на сезоната го сместуваа меѓу оние кои исклучиво ќе се борат за опстанок во словенечката лига, сега ...
Со натпреварот меѓу Башкими и АП Брера, денеска во Куманово официјално се отвора 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. По првиот пораз во пролетниот дел од сезоната на гостувањето кај Вардар, кумановци се враќаат на домашен терен со јасна цел – втора победа пред својата публика. Тренерот на Башкими, Баже Јанакиевски, може да биде задоволен од дефанзивната линија која на последните три натпревари прими само еден гол. Сепак, тимот се ...
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра. Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1-1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно. Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара споменатата сума како отштета откако претходно на Спортинг Лисабон му беа исплатени околу седум милиони евра за неговото доаѓање. Вкупно, ...
Поранешниот НБА кошаркар Крис Бош реши да сподели со јавноста една застрашувачка ситуација што му се случила. Како што самиот вели, преживеал само благодарение на комбинација од околности. Учесникот на 11 ол-стар настани и двократен шампион беше принуден предвреме да се пензионира на 32-годишна возраст, во време кога сè уште важеше за еден од најдобрите крилни центри во најсилната лига во светот. Причината за ова беа постојаните згрутчувања ...
За првпат во Македонија ќе се одржат „Спортските игри за млади“, проект што ги обединува дечињата од целиот Балкан под покровителство на Министерството за спорт. Со приклучувањето кон „Спортските игри за млади“, стануваме дел од големото регионално спортско семејство во кое веќе се Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. По тој повод во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски организираше прием за федерациите ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија на 7 март со почеток во 17 часот ќе ја пречека Белгија во рамките од квалификациите за ЕП, дуел што ќе биде одигран во салата во Куманово. Раководството на Куманово донесе добар потег, одредувајќи цената на билетите за овој дуел да изнесува скромни 100 денари, се со цел салата да биде што повеќе надполнета и ракометарките да ја добијат поддршката од трибините што ја заслужуваат. „Нашата женска ...
ПСЖ повторно играше „топло-ладно“ во лигашкиот дел од ЛШ и преку 1/16 финалето успеа да се најде во новата нокаут фаза од елитното европско натпреварување. Ждрепката сакаше европскиот првак за ривал во осминафиналето да го добие премиерлигашот Челси, а тренерот Луис Енрике јасно стави до знаење дека очекува неговите избраници да одиграат слично на ланската сезона, кога со низа импресивни настапи во нокаут-фазата на крајот се искачија на врвот ...
Брера направи џиновски скок на петтата позиција на прволигашката табела откако струмичани попладнево како гости го изненадија Башкими, славејќи со 0-2. Струмичкиот прволигаш игра одлично во последно време, успевајќи експресно да го остави зад себе изненадувачкиот пораз на домашен терен од Работнички минатата рунда и да стигне до посакуваните бодови против Башкими. Клучен момент на натпреварот беше 44. минута, кога Ивановски по еден ...
Фиорентина со многу драма дури по продолжение ја елиминираше Јагиелонија, а „виолетовите“ од Фиренца во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА ги очекува ново гостување во Полска. Раков ќе биде следниот ривал на Фиорентина беше одлучено на денешната ждрепка, при која беа извлечени уште неколку интересни парови. Самсунспор по елиминацијата на Шкендија сега за противник ќе го има тимот на Рајо Валјекано, АЗ Алкмар ќе се сретне со Спарта ...
Македонската женска фудбалска репрезентација ги почна подготовките за првите натпревари од новиот квалификациски циклус. Овој пат нашата селекција е дел од Ц лигата во квалификациите за пласман на Светскиот шампионат. Со почетокот на овој циклус се отвора и ново поглавје во историјата на националниот тим бидејќи во составот предводен од Александар Андов доминираат фудбалерки кои беа дел до младинските репрезентации кои изминатиов период ...
Антоан Гризман дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид, но тоа нема да се случи на крајот на сезонава како што беше најавено, туку на почетокот од месец март, јавуваат шпанските медиуми. Гризман кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата како член на Орландо, а раководството на американскиот клуб успеало да го убеди Французинот да се пресели преку Атлантикот порано од првичните прогнози. Причина се парите – доколку Гризман потпиша за Орландо до 10 ...
Кошаркарите на ЛА Лејкерс доживеаја уште еден пораз, овој пат од Феникс, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. Болен пораз за Лејкерси, со тројка на Ројс О’Нил во последната секунда за победа на Феникс од 113-110. Со тоа залуден беше извонредниот настап на Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 41 поен, осум скока и осум асистенции. Но, остана неподдржан од останатите соиграчи, најпрво Леброн Џејмс кој имаше само скромни 15 поени. ...
Шкендија ја заврши најдобрата европска сезона во историјата, со елиминацијата од турски Самсунспор во битката за осминафинале во Конференциската лига на УЕФА. По синоќешниот пораз од 4-0 на гостувањето во Турција, шефот на стручниот штаб на тетовци, Јетон Беќири ги презентираше впечатоците од двомечот со Самсунспор, но и за целокупната европска сезона. „Сакам да и честитам на екипата на Самсунспор за пласманот во осминафинале, мислам дека го ...
Спортскиот суд на Германската фудбалска федерација го казни Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 440.250 евра за 11 случаи на навивачки инциденти, објавија германските медиуми. Казната опфаќа десет случаи на неспортско однесување и еден случај на дискриминаторско неспортско однесување од страна на навивачите на Ајнтрахт. Случаите се случиле во седум првенствени и еден куп натпревари. Главно станува збор за разни видови пиротехнички средства, но ...
Минатата сезона, бразилски Сантош очајно се бореше за опстанок и некако успеа да остане во друштво на најдобрите благодарение на Нејмар, а навивачите се надеваат дека нема да мора да гледаат вакви сцени во својот клуб и оваа сезона. Сепак, откако не се истакнаа премногу во првите три кола, конечно ја остварија својата прва победа во новата сезона. Синоќа го пречекаа Васко пред своите навивачи и успеаја да победат со 2-1, а Нејмар уште еднаш ...
Динамо Загреб доживеа елиминација во Лига Европа по вистинска драма и продолженија на реванш дуелот против Генк во Белгија. Откако на првиот меч од плеј-офот за пласман во осминафинале, „модрите“ загубија со 1-3 во Загреб, со истиот резултат им се реваншираа на Белгијците добивајќи го мечот во Генк во регуларниот дел со 1-3. Но, потоа во продолженијата примија два гола за конечни 3-3. Во финишот на првиот дел од регуларните 90 минути, ...
Фудбалерите на Селта, Нотингем Форест и Болоња се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа. Овие тимови ги одбранија победите од првите натпревари од плејофот и ги оправдаа улогите на фаворити во реваншот, иако на ниту еден од нив не им беше лесно. Во Виго, Селта одбрани 2-1 од првиот натпревар во Солун против ПАОК и успеа да им одолее на сите напади на грчкиот тим, а потоа и да ги победи со 1-0 и на реваншот, со голот на Сведберг во ...