Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Необјавени песни на познатиот американски гитарист Џими Хендрикс се дел од каталогот сувенири коишто му припаѓале на покојниот музичар, а би требало да бидат понудени на аукција во ноември. Организатор на наддавањето е продавницата за забавни сувенири „Пропстор“ (Propstore). – Кога првпат имавме можност да ја истражиме оваа архива, веднаш бевме воодушевени од длабочината и значењето на материјалот, изјави Марк Хонам, консултант за музика и ...
Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година. Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, ...
Сончево и потопло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе има мала до умерена локална облачност со слаб до умерен северен ветер. Вдолж Повардарието ветрот од север ќе засилува. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 28 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. ...
Четворица војници загинаа, а 58 се повредени во напад со беспилотно летало чија цел била воена база во северен Израел, соопштија израелските одбранбени сили. Седум војници биле тешко повредени во нападот врз базата „во непосредна близина на Бињамина“ – град на околу 33 километри јужно од Хаифа. Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, чија цел беше камп за обука на бригадата Голани на ИД во областа, која се наоѓа меѓу Тел Авив и Хаифа. ...
Имав работен појадок со германската стопанска комора во Берлин, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Зборував за нашите приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката. Германија е нашиот најголем трговски партнер и остануваме посветени да ги искористиме потенцијалите за да го подобриме животот на сите наши граѓани. Мораме да направиме ...
Во реалноста, уништувањето на патните правци не прави никаква разлика. Двете Кореи остануваат поделени со една од најсилно утврдените граници во светот, а уништените патиштата не се користеле со години. Но, симболиката на нападот доаѓа во време на особено жестока реторика меѓу двајцата корејски лидери. Видеото споделено од јужнокорејското Министерство за одбрана покажа неколку експлозии на патиштата на северната страна на воената демаркациона ...
По тој повод, се организира манифестацијата „Отворени денови на Институтот“, која ќе се одржи од 14 до 18 октомври 2024 година. Оваа манифестација ќе биде можност да се одбележат овие важни настани, да се продлабочи свеста за нивното значење и да се потсетиме на делото и визијата на Крсте Мисирков, како и на важноста на македонскиот јазик како основа на нашата културна и национална самобитност. 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков ...
Кометата А3, позната и како Тсучиншан-АТЛАС, не ги разочара астрономите кои предвидоа колку светла и видлива би можела да биде, бидејќи во саботата дошла на околу 44 милиони милји од Земјата. Сликите од Велика Британија, САД и Азија ја покажаа кометата во внатрешниот Сончев систем. Овој феномен се случува приближно на секои 80.000 години – што значи дека последен пат кометата била видлива од Земјата кога неандерталците оделе на планетата. Се ...
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов—се изјаснија за невини. Денеска треба да сведочи мајката на Вања, која побара јавноста да биде исклучена од овој случај, но судот тоа не го прифати. Второто рочиште што требаше да се одржи на 7 октомври, беше одложено бидејќи Боре ...
Стефан Бошков, внук на Стив, лично му ја предаде виолината на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, кој пак вети дека виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на херојот. На својот фејсбук профил, од Националната установа соопштија: „На наше огромно задоволство, утрово во просториите на НУ Завод и музеј- Битола,внукот на Стив Наумов , Стефан Бошков, времено ја отстапи виолината на која свирел нашиот ...
– Придружувајќи се кон оваа глобална иницијатива, преку јавен собир имаме за цел да ја подигнеме јавната свесност за важноста од грижа за менталното здравје, а со особен осврт на поврзаноста со факторите од работната средина како место каде поминуваме огромен дел од нашиот живот и е тесно поврзана со сите аспекти на нашето живеење и целокупна благосостојба, соопшти Клиниката. Посочува дека темелите на кои се гради индивидуалната и колективна ...
Променливо облачно и топло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во Скопје претпладне променливо облачно. Попладне ќе има услови за повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Информација од ова утро 10.10.2024 Минимална температура (во °C) 6 Берово, 9 Попова Шапка, 10 Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка, Куманово, 11 Тетово, ...
Ураганот Милтон на Флорида пристигна околу 2 часот по полноќ по локално време, со ветрови од 200 километри на час. Најмногу е погоден округот Сент Луси на Атлантикот на Флорида, каде има најмалку двајца загинати, пренесува Еј-би-си њуз. Според шерифот на овој округ Кит Пирсон, повеќе од 100 станбени објекти се уништени, а повеќе од милион домови на Флорида останаа без струја. Повеќе од 100 илјади лица се сместени во центрите за евакуација низ ...
По вечер посветена на Џо Кокер, „Рене пее блуз“ е вториот кураторски проект на Котон блуз фестивал за оваа година. Овој концерт ќе се одржи на 11 октомври во скопскиот клуб „Маракана“ и ќе биде последна најава на главниот настан на петтото издание на фестивалот, што ќе се случи во ноември. Бендот го предводи пејачката Рената Симоновска, која ќе ја придружуваат гитаристите Владко Симоновски и Кристијан Магденовски, Коста Стевановски на бас и ...
Популарната социјална платформа во сопственост на кинеска компанија, повторно на удар на американските власти. TikTok се соочува со нови тужби поднесени од 13 американски сојузни држави и округот Колумбија во вторник, обвинувајќи ја популарната платформа за социјални медиуми за повредување и неуспех да ги заштити младите луѓе. Тужбите поднесени одделно во Њујорк, Калифорнија, округот Колумбија и 11 други држави, ја прошируваат правната борба ...
Северна Кореја денеска ги прекинува сите патни и железнички пристапи до Јужна Кореја, во обид целосно да ги раздели двете земји. Војската кажа дека Северна Кореја трајно ќе ја затвори и блокира јужната граница и ќе ги утврди областите на својата страна. „Ова е самоодбранбена мерка за спречување војна и одговор на воените вежби во Јужна Кореја и на честото присуство на американските нуклеарни средства во регионот“, објави корејската народна ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Согласно националната и меѓународна правна регулатива, државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка, можат да бараат да се задолжат надлежните органи, да ги донесат Основните плански документи, од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како Општи акти“, се наведува во Начелниот став. Седницата се одржа по ...
Денес (среда) во Македонија ќе имаме повеќе облачност, а особено во претпладневните часови, како и околу пладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Особено во западните предели ќе засилува ветерот од југозападен правец. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно со услови за локален дожд во делови од регионот. Што се однесува до температурите, тие денес (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 26 степени, ...
Јаболка: Здрави и вкусни во секоја форма Јаболката, без разлика дали се слатки или кисели, се одличен избор за секој оброк. Можете да ги консумирате свежи за ужина или да ги потпечете за вкусна вечера. Овие овошја се богати со витамини и антиоксиданти, што ги прави идеални за периоди кога вирусите се почести. Со четири грама диететски влакна по јаболко, тие помагаат во одржување на здравата пробава и чувство на ситост. Прокељ: Здравствена ...
Кога се појавија вести дека следните два планирани филма на Мартин Скорсезе – биографскиот филм за Френк Синатра и религиозната драма „Животот на Исус“ – се одложуваат, почнаа да се вртат неосновани гласини дека големиот режисер се пензионира. На крајот на краиштата, Скорсезе има речиси 82 години и можеби е подготвен да забави откако ќе работи без престан повеќе од 50 години. Но, за време на појавувањето во Торино, Италија во понеделникот ...
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени По студеното утро, денеска нè очекува претежно сончево време со умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисток.Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 11 степени, а максималните од 19 до 27 степени. Сончево ќе биде и во Скопје. УХМР најавува умерена облачност во котлината и ...
Бидејќи Кирк е посттропска бура, Националниот центар за урагани го заврши издавањето на совети за оваа бура. Се очекува Кирк да ослабне, но сепак ќе има влијанија врз делови од Европа. Силни, силни ветрови и обилни врнежи ќе бидат можни за делови од Велика Британија и северна Франција. Додека тропската активност во Атлантикот има тенденција да се намалува до октомври, влијателните системи можат и се случуваат во текот на последните два месеци ...
Според Горан Трајковски, директор на ДПИ, пазарната инспекција во последниот период открила пелети кои се продавале како висококвалитетни словенечки производи, но во реалноста не потекнуваат од Словенија и не ги исполнуваат барањата за квалитет. Директорот Трајковски информираше дека инспекциските контроли откриле значителни злоупотреби на пазарот, каде пелети се декларираат како „А1 класа“, што е стандард за највисок квалитет на пелети за ...
Холивудскиот актер Ал Пачино во интервју за „Њујорк тајмс“ откри дека ја надминал тешката форма на коронавирус во 2020 година и дека еден ден се чувствувал „невообичаено лошо“. Тој развил висока температура и дехидрирал, па медицинска сестра дошла во неговиот дом да му даде течности. Меѓутоа, неговата состојба дополнително се влошила. – Седев во мојата куќа и само исчезнав. Така. Немав пулс. За неколку минути, брза помош пристигна надвор пред ...
Градот Тетово се снабдува со намалено количество на вода, а водата од јавната водоводна мрежа во Градот Гостивар не е безбедна за пиење, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово соопшти дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, састемот на филтер станицата засега е целосно затворен. Поради тоа, Градот Тетово се снабдува со намалено количество на вода, а екипите ...
Во делови од Скопје денеска ќе има посебен сообраќаен режим, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје. Со посебниот сообраќаен режим ќе бидат опфатени улиците на поширокото централно подрачје на градот, а полициски екипи од Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го регулираат сообраќајот. СВР Скопје упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Посебниот сообраќаен режим ...
Ситуацијата во Јабланица е навистина трагична. Ново свлечиште дополнително ја комплицира потрагата по исчезнатите луѓе, а последиците од поплавите се огромни и многу луѓе останаа без свои домови. Спасувачките екипи работат неуморно, но во услови на ваква катастрофа, напорите се навистина предизвикувачки. Тридневната жалост е малку утешна во овие тешки времиња за семејствата на загинатите. Важно е да се продолжи со поддршка на заедницата и да ...
– Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар, чија интерпретација ќе допринесе за создавање вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции. Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, кое ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика, Тоше Проески, ќе ги пееме песните на ...
Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по ...