Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија, која била единствената што ја јавила на тендерот во ноември лани за преку јавно-приватно партнерство да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, не бил потпишан. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар? Истиот како што кажа ќе бил потпишан, доколку ...

На 05.03.2025 се одржа првата конференција за IFS (International Featured Standards) во организација на Лидл Северна Македонија во деловниот центар „Премиум“, во Скопје. Настанот обедини повеќе од 140 учесници меѓу кои повеќе од 60 локални производители на прехранбени и непрехранбени производи, експерти од индустријата, претставници од Агенција за храна и ветеринарство, како и претставник од седиштето на IFS и специјализирани агенции за ...

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола на сообраќајот, при што за само еден ден беа санкционирани повеќе од 600 прекршоци. Според официјалните податоци, најмногу казни се изречени за возење со неприлагодена брзина (111), минување на црвено светло (31), како и користење мобилен телефон при возење (41). Како што информираат од МВР, полицијата открила и 58 возачи без возачка дозвола, а санкционирани се и 30 лица кои не носеле ...

Бојан Јовановски познат како Боки 13, на својот Фејсбук информираше дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур донел позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокат Сашко Дукоски за случајот „Рекет“, каде била нападната пресудата за случајот по повеќе основи. -Позитивната одлука на Судот во Стразбур е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и ...

Факултетот за ликовни уметности – Скопје оваа година одбележува 45 години од своето основање, потврдувајќи ја својата водечка улога во високото уметничко образование. Од 1980 година, факултетот е центар за креативен развој, каде што се формираат генерации уметници кои оставаат значаен белег на домашната и меѓународната сцена. Низ децениите, со постојани иновации во наставните програми, ФЛУ останува посветен на унапредување на современите ...

Поради забавување на инфлацијата, Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, па така депозитната стапка сега е 2,5%, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65%, а каматната стапка на маргиналните кредити е 2,9%. „Монетарната политика станува значително помалку рестриктивна,“ изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа оцени дека и покрај олабавување на монетарната ...

По повод денот за жената, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој чекор“. Таа претставува еден вид потсетник дека сигурноста не е луксуз, туку основа за здрав живот и стабилно соочување со секојдневните предизвици. „Во рамки на кампањата, во текот на месец март, Халк Осигурување за сите припаднички на женскиот пол подготви пакети со намалување од 15% на полисите за осигурување на домот и за осигурување од тешки болести. Оваа ...

Просечен жител на Македонија пие околу четири килограми кафе годишно, што е околу 600 шолји во текот на годината. Со оглед на овие бројки, јасно е дека не можеме да замислиме ден без нашиот омилен пијалок. Кафето е дел од нашата традиција и незаменлив ритуал кој носи уживање, моменти на релаксација и поврзување – нешто од кое секако не би сакале да се откажеме. Последните вести покажуваат дека цените на сировото кафе на светските берзи ...

Живееме во свет кој постојано ни наметнува стандарди за успех и совршенство. Кој дури и нѐ поттикнува да се вклопиме во туѓите очекувања, насочувајќи нè кон сигурноста, наместо кон предизвиците кои можат да донесат вистинска среќа! Па така според многумина, посебно родителите, но и пријателите, одредени професии – како доктор, работа во администрација, професор или други „сигурни“ занимања – се патот што нè води кон стабилност. Но, дали ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина ...

Факом АД Скопје лани остварил нето загуба од 198.460.894 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани во тој период Факом имал добивка од 69.974 денари. -Ова се должи пред се на уште една турболентна година со нестабилно пазарно окружување. Изминатата 2024 година беше слаба економска година која треба брзо да се надмине. Нарушувањето на ланците на снабдувањето предизвика раст на цените на материјалите, електричната енергија и другите ...

Битолскиот хирург М. С. (64) од Основниот суд Битола е казнет условно за мито од 150 евра. На судската расправа на 14. февруари, тој признал вина, а од Основното јавно обвинителство Битола поднеле жалба за пресудата, пренесоа повеќе медиуми. Во меѓувреме тој се пензионирал. Според обвинението тој како доктор-хирург на Одделението за хирургија при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил операција на жолчно ќесе врз пациентка, ...

Сите земји членки на Европската Унија (ЕУ) на вонредниот Самит во Брисел, освен Унгарија, како и што се очекуваше, ја повторија својата подршка за Украина, и ја истакнаа потребата, руската агресија да заврши со сеопфатен, праведен и траен мир. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Самит на ЕУ во Брисел: Европа ќе се вооружува Во предлог-заклучоците меѓудругото стои и дека мирот во Украина треба да биде заснован на принципите на Повелбата на Обединетите Нации и ...

Преку јавно-приватно партнерство компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија во следните 20 години ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар, објави Призма. „Ѓока констракшн“ во 2022 година отворила подружница во Скопје.и била единствената компанија која се јавила на огласот, распишан во ноември лани. Таа треба да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата треба да добие 1% од ...

Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија лани остварила добивка од 3.679 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза. Споредено со претходната година, добивката на Друштвото е зголемена за 2.388 илјади денари. За овој период Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 37.745 илјади денари. Споредено со истиот период лани, овие приходи се зголемени за 2.677 илјади денари. Оперативните расходи се зголемени за 2.030 илјади ...

Во своето обраќање во македонското Собрание, претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јандроковиќ, меѓудругото порача дека не било коректно што Македонија се уште не ги отворила преговарачките поглавија со Европската Унија (ЕУ). „Се надеваме дека нашето партнерство во НАТО ќе биде надградено со вашето членство во ЕУ. Нам, во Хрватска, ни е важно што одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија беше донесена за време ...

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ. „Од ...

Повеќе од 20 години нотарите во земјава работат според исти тарифи, а од друга страна, цените растат во сите сектори, од енергетиката до секојдневните трошоци. Со цел да се одржи квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат нотарите, нужна е корекција и прилагодување на тарифите. Дали ова значи само повисоки давачки за граѓаните или, напротив, подобра правна заштита и ефикасност? Нотарите се клучна алка во правниот систем, гарантирајќи ...

Денеска во Брисел се одржува вонреден Самит, на кој учествуваат лидерите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), а главната тема е како да се обезбедат пари за сопствена безбедност и помош за Украина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен веќе претстави план за вооружување на ЕУ вреден 800 милијарди евра. Самитот следи откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Европа ќе мора сама да се грижи за својата ...

Имако Вино, една од најголемите и најиновативни винарии во Македонија, го лансира Fama – елегантно пенливо вино создадено од сортите Chardonnay и Pinot Grigio. Виното за прв пат ќе биде претставено следната недела во хотел Мериот во Скопје, на годишниот настан за доделување награди на најдобрите компании во Е-трговијата, а брзо потоа ќе биде достапно и во селектирани локали низ државата. За ова пенливо вино од компанијата велат дека нуди ...

Следното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ќе биде утре, а веќе е познато и кога ќе се испрашуваат обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски Палчо. Тие ќе бидат испрашувани на 12, 17, 19, 24 и 26. март. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски тврди дека бил во банка на денот кога е убиена Вања, но според Обвинителството, неколку ...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија Лидл го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија. Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално е во фаза на заградување на ...

Адинг АД Скопје лани остварил добивка пред од оданочување од 79.868 илјади денари, која споредено со претходната година е повисока за 77,1%, соопшти компанијата преку Македонската берза. За овој период компанијата остварила приходи од 586.890 илјади денари, кои се повисоки за 12% и расходи од 518.096 илјади денари, кои се повисоки за 9,1%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По повод 55 јубилеј, Адинг засадува за идните генерации Адинг ја зголеми добивката за 20,9% ...

По повеќе од две години заврши судскиот процес за нападот на охриѓанецот Христијан Пендиков, секретарот на поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“. Основниот суд во Охрид вчера ги осуди на затворска казна од по осум месеци неговите напаѓачи, Илија Спасески и Борче Ангелов, но исто така нападот го квалификуваше како тепачка со тешка телесна повреда, посочувајќи дека мотивот “омраза” не е докажан. Случајот доби политичка ...

Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“ се откажал од кривичен прогон на Бојан Јовановски Боки 13, за случајот „Меѓународен сојуз“, објави skopje1.mk. Тој нема да бара ни оштетно побарување. Амзоски сега смета дека Јовановски воопшто не е виновен. Адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ, за порталот вели дека Јовановски и Амзоски склучиле спогодба. „Адријан Амзовски се откажа од оштетно побарување и од кривичен ...

Реплек АД Скопје бележи тренд на пораст во оперативните приходи. Истите се во рамки на очекуваното и лани тие изнесувале 2.004.170 илјади денари, што е зголемување за 7% во однос на 2023 година, соопшти компанијата преку Македонската берза. -Оперативните расходи согласно предвиденото изнесуваат 1.741.384 илјади денари и бележат зголемување од 8% во однос на истиот период претходната година. Приходите од продажба како дел од вкупните оперативни ...

Екипа на еМагазин од Солун Синоќа низ Грција имаше нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи, во која пред две години загинаа 57 лица, претежно млади. Екипа на еМагазин го следеше протестот во Солун, каде за неколку дена една од најпознатите улици во градот, Игнација, повторно беше преплавена со луѓе, во најголем дел млади. Откако се собраа во близина на плоштадот Аристотелис, поворката маршираше до Железничката станица. Гневот ...

САД нема да споделува разузнавачки информации со Украина, што негативно ќе влијае на способноста на украинската војска да ги гаѓа руските сили на бојното поле. Оваа следи откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп ја укина воената помош за Украина, за да ги натера украинските власти да почнат мировни преговори со Русија. Дел од светските медиуми објавија дека дека суспензијата е сепак „селективна“, што овозможува размена на ...

Гранит АД Скопје лани остварил единечни вкупни приходи од 3.843.186 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 27%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите од продажба изнесуваат 3.521.627 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 30%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се ...

Лотарија на Македонија АД Скопје лани остварила добивка од 12.122 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Приходите на Друштвото за овој период изнесуваат 34.031 илјади денари и истите се зголемени, споредено со претходната година. Расходите се намалени и изнесуваат 20.559 илјади денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лотарија на Македонија со добивка во третиот квартал Мирјана Настовска Митрова избрана за член на Одборот на директори на ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
1019
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.63
74%
1017
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.46
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
86%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
1017
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
94%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
10.29
93%
1011
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1016
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99

Иридиум

145787.60

Платина

52864.82

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Цинк

3.22