Поранешниот министер за внатрешни работи, кој сега е актуелен пратеник на опозициската СДСМ, Оливер Спасовски, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за поранешниот министер Оливер Спасовски за станицата за технички преглед во Сарај Според МВР тој ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станица за технички преглед во скопски Сарај да се стекне со противправна имотна ...

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска си поднесе оставка, откако со денови илјадници граѓани во земјата протестираа против корупцијата и непотизмот и бараа оставка на владата. Протестите започнаа поради предложениот буџет на државата за следната година. Жељазков поднесе оставка пред расправата за интерпелација за работата на владата во бугарскиот Парламент. Засега е нејасно дали по оставката на владата ќе бидат организирани нови ...

Цените на становите не растат само во Скопје. Податоците на Регистарот за цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за првата половина од годинава покажуваат дека најголем раст на цените од 27% има во Охрид. Следи скопски Центар, каде растот е 22%, исто колку и во Тетово, а во Битола растот е пак 20%. Најмалку пораснале цените во Струмица. Таму растот е само 2%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во скопски Центар продадена куќа за 1,1 милион ...

Податоците на Регистарот за цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, за првата половина од годината покажуваат дека најскапиот продаден стан во земјава е во скопската општина Центар. Станот од 105 метри квадратни е продаден за 300 илјади евра. За метар квадратен за овој стан се платени 2.857 евра. Во Центар е и најскапата продадена куќа за овој период. За 373 метри квадратни станбена површина и 1.357 метри квадратни земјиште ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија за 2024 година. Истражувањето открива дека загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128. претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни ...

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол – место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат, создавајќи шопинг искуство и доживувања за сите вкусови, дури и за најпребирливите. Лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица, центарот ги отвора своите врати оваа сабота (13.12.2025) во 12 часот и ве очекува да го почувствувате модерниот амбиент каде секој шопинг момент се надополнува со забава и ...

Во Лондон, на настанот „Gо Global Awards 2025“, Советот за меѓународна трговија – (ITC) ја додели престижната награда „Gо Global 2025 за вонредни достигнувања во делот на услугите во финансискиот осигурителен сектор, на македонското осигурително брокерско друштво ОБД „Еуромак брокер“ АД Скопје. Ова е прва „Gо Global“ награда доделена на деловен субјект од македонската осигурителна индустрија. Свеченоста, којашто ја отвори домаќинот Висконт ...

Дигитализацијата на финансискиот сектор е клучен процес за креирање на одржлива платформа за раст, а развојот и имплементацијата на нови дигитални алатки и иновации ќе продолжи целосно да го менува обликот на финансиските услуги. Мобилните апликации ќе станат главна алатка во финансискиот сектор и во нивен развој треба најмногу да се инвестира, беше констатирано на годинешното издание на „Finance Talks by EOS“. Преку дигитални алатки и ...

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар, информираат од таму. Оваа сабота, 13. декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје во својата деловна приказна со свеченото отворање на својот нов, најсовремен маркет во Гевгелија, сместен во рамките на новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“. Оваа ...

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека лани дури 71 од вкупно 128 локални јавни претпријатија работеле со загуба. Нивната вкупна загуба изнесува 17,4 милиони евра. Вкупните загуби само на првите 10 претпријатија со најголеми негативни финансиски резултати изнесуваат 13,5 милиони евра. На првите три места со најголеми загуби во Македонија се три скопски јавни претпријатија – Водовод и канализација, Улици и ...

Со воведни зборови на други обвинети денеска во затворот во Идризово продолжува судењето за трагедијата во Кочани. Вчера воведни зборови имаа четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), и инспектор во ДЗС, двајца поранешни министри за економија, како и вработен во Министерството за економија. Сите обвинети во случајот се изјаснија дека не се виновни. Трагедијата во Кочани се случи на 16. март. Во пожар во т.н. ...

Синоќа се случил насилен напад во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, при што била загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата. Според информации од вработените од “Инфомакс“, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, ...

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 година во 23:45 часот од страна на Александар Митовски, водител на емисија на порталот “Инфомакс“, кој во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на улицата „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Шофкет Хазари, поранешен државен советник во Министерството за економија, кое е надлежно за издавање лиценца за работа на угостителски објект, кажа дека обвинението против него содржи хронолошки апсурди. Неговиот адвокат Петре Шилегов во воведните зборови нагласи дека органите за прогон треба да објаснат како е можно Хазари, во периодот од 2013 до 2019 година, да се ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Миле Ампов, поранешен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), меѓу друго посочи дека во јавноста се пласирале неточни информации за институционалната одговорност и статусот на т.н. дискотека/кабаре “Пулс“. Неговиот адвокатот Ванчо Шехтански, во воведниот збор посочи дека неговиот клиент, како инспектор до 2022 година, вршел надзори и констатирал дека „Класик“ и ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, судијката Диана Груевска-Илиевска, информираше дека поранешниот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, кој е еден од обвинетите во случајот, вчера излегол од затворски притвор од затворот Скопје. Притворот му бил укинат со решение на Апелациониот суд, а претходно Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје барал истиот да му биде продолжен. За излегување од притвор, ...

Од вчера Австралија е првата земја во светот која ги забрани социјалните мрежи за помладите од 16 години. Забраната моментално опфаќа 10 платформи, меѓу кои се и Тик Ток, Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм, а листата ќе се менува ако се појават нови платформи. На платформите доколку не го почитуваат новиот закон им се закануваат казни и до 33 милиони долари. Од 10. платформи, само Икс на Илон Маск не информираше дали ќе се усогласи со новиот закон. ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек, се стекнал со 5 нови акции. Сега поседува вкупно 31.905 или 12,31% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек Настел продаде нови акции во Реплек Сава пензиски фонд купи нови акции на ...

Општина Струга склучи договор за основен проект за измени во тек на градба за изградба на собирната улица „Туристичка“ од крстосницата со улицата „ЈНА“ до населбата „Езерски Лозја“ во границите на ДУП – втора фаза, со трговското друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство Илинден АД Струга. Договорот е во вредност од 40.195.841 денари или 653.591 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 544,6 илјади евра склучи Општина Струга со ...

Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат. Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на вашите омилени јадења, се донесуваат од алгоритми, разбирањето како тие ...

Во Собранието денеска е изгласан Буџетот за 2026 година. За истиот гласаа „за„ 71 пратеник, 14 беа „против„, а воздржани немаше. Буџетот за следната година тежи околу 6,7 милијарди евра. Во него растот на бруто-домашниот производ (БДП) е проектиран на 3,8%, а инфлацијата на 2,5%. Вкупните приходи се проектирани на 374,9 милијарди денари, расходите на 414,2 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 39,2 милијарди денари или 3,5% од планираниот ...

Денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани. На денешното рочиште одбраната на обвинетите треба да продолжи со воведните зборови. Според списокот на обвинети, воведни зборови треба да даде одбраната на поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џеват Селами и инспекторот Љупчо Грнчиштанов. По нив за воведни зборови е одбраната на ...

Родителите на загинатите во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, вчера побараа правда и во македонското Собрание, во рамки на првата седница на постојната Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Тие меѓу друго порачаа дека барањето правда за нив не е политика, туку борба за живот, побараа одговорност за трагедијата и од актуелни функционери и случајот да се третира како сериозна повреда на човековите права, со акцент на ...

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а сега пратеник на опозициската СДСМ заработи кривична пријава од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради основано сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластувањето“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи. -На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ...

Шабан Салиу, еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој сега е актуелен министер без ресор, на денешното рочиште за трагедијата во Кочани меѓу друго кажа дека во ДЗС во периодот од 2012 до 2017 година никогаш не пристигнале документи со барање за согласност или мислење од т.н. дискотека/кабаре „Пулс“, ниту, пак, било каква пријава од правно или физичко лице за објектот. Тој во своите ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, Аднан Џаферовски, еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во воведните зборови меѓу друго кажа дека обвинението за него е паушално и дека не му е јасно. -Не смееме да дозволиме едно зло, една трагедија, да ја одмаздиме со друга. Бараме правда, а не нова неправда. Моја совест е чиста. Обвинет сум за “несторување со умисла„ во нефункционален ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, меѓу друго посочи дека не постои ниту еден факт кој го поврзува со пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Според неговиот адвокат Еленко Миланов обвинението против Максути е неосновано. Тој посочи дека неговиот клиент не може да се доведе во причинско-последична врска со ...

На денешното рочиште, одбраната на еден од четворицата обвинети поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, кажа дека обвинението за него се темели на нецелосни и погрешно утврдени факти. Според неговиот адвокат Јасмин Калач, меѓу друго, Основното јавно обвинителство не обезбедило доволно докази за кривичното дело што му се става на товар на неговиот клиент, а Селами според него немал законски надлежности да ...

На денешното рочиште одбраната на еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија, Ваљон Сараќини, кажа дека лиценцата издадена во 2012 година била за друг објект, а не за „Пулс“, каде што се случи трагедијата. -За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е за што е обвинет поранешниот министер за економија кога во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случил пожарот. ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија за пожарот во „Пулс“, меѓу друго кажа дека издадените лиценци за т.н. дискотека „Пулс“ за периодот што му се става на товар, од 2018 до 2022 година, се издадени со факсимил. -Што значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од Крешник Бектеши, рече неговиот адвокат Еленко ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
36%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.04
76%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Сребро

2179.44