Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Србија нема да има свој преставник на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, во Брисел, Белгија. Информацијата ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој меѓу друго рече дека неговата земја за првпат во последните 13-14 години, нема да оди на таа меѓународна конференција. Додаде и дека Србија ќе продолжи по европскиот пат, барем додека тој е претседател. Оваа следи откако на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на Европската ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд се стекнал со 50 нови акции. Сега поседува вкупно 16.913 или 6,52% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, Владимир Пецовски, пак се стекнал со 5 нови акции. Сега поседува вкупно 16.555 или 6,39% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, Настел ДООЕЛ Скопје продаде 30 нови акции. Сега ...
Сега веќе поранешната Стопанска банка АД Битола направи и статусна измена во Централниот регистар и со Решение, новото име на Банката е Алта банка АД Битола, информираа од таму преку Македонската берза. Оваа промена доаѓа откако Алта банка АД Белград, Србија, ја купи Стопанска банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола (Фото) ...
Рудници Бањани АД Скопје ќе дели дивиденда. Одлуката како што информираа од таму преку Македонската берза била донесена на Собранието на акционери на 16. декември. Висината на дивидендата е 30 денари по акција бруто. Парите ќе бидат обезбедени од неискористениот дел од добивката остварена во 2022 година, која во 2023 година се распределила за инвестициони вложувања, велат од таму. Вкупната сума за оваа намена е 2.123.021 денари. ПОВРЗАНИ ...
НЛБ Банка, како банка-лидер во дигитализацијата на банкарските услуги во земјава, за првпат на пазарот воведува „Digital first“ – иновативна услуга која обезбедува вистинско дигитално банкарско искуство, информираат од таму. Со „Digital first“, клиентите можат да ја добијат својата нова платежна картичка во дигитална форма веднаш по нејзиното одобрување, имајќи ги своите финансиски средства на дофат на рака, без одложување. Со ова, физичката ...
Од Халкбанк АД Скопје информираа дека нов главен извршен директор на Банката е Д-р Фатих Шахбаз. Од Банката велат дека Народната банка дала одобрение за негово назначување. Шахбаз кариерата ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1. декември 2022 година бил ...
Ништо ново за Македонија на нејзиниот европски пат. И во заклучоците на Советот на Европската унија (ЕУ) за земјите кандидатки за членство од земјата се бара да ги спроведе уставните измени, на кои се обрзала, за да може да се свика втората меѓувладина конференција, без понатамошни одложувања или дополнителни политички одлуки или преведено да ги започне преговорите. Во истите се нагласува дека добрососедските односи и регионалната соработка ...
Љупчо Коцевски вчера поднесе оставка од функцијата републички јавен обвинител. Неговата оставка беше констатирана во македонското Собрание, кое го избира републичкиот јавен обвинител. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка пред седницата за неговото разрешување, Собранието ја констатираше Во Собранието требаше да се расправа за негово разрешување, кое го побара Владата. Премиерот Христијан Мицкоски, кој подолг период бараше ...
Осомничениот за случајот „Синџир“, Љупчо Пецов-Ѓаволот, кој е во фокусот на јавноста откако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше уапсен и осомничен за поткуп од 50 илјади евра, кој ги зел од сестрата на Пецов, сам им се предал на органите на прогон. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот Како што е познато Стафа зел поткуп за да влијае кај судија на Апелациониот суд ...
Дури 35 поранешни и 19 градоначалници кои се новоизбрани не ја испочитувале законската обврска во делот на нивната имотна состојба, информираа денеска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тие, како и сите други функционери имаат законска обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси до Антикорупциска, кога стапуваат на функција, во рок од 30 дена, но и кога истата ќе им заврши, за да јавноста има увид како ...
Пишува проф.д-р Никола Жежов Денеска на 16 декември се навршуваат 105 години од првиот академски час на Филозофскиот факултет во Скопје, кога во далечната 1920 година првите студенти го започнале семестарот и предавањата на насоките по Книжевност, Лингвистика, Историја, Филозофија и Педагогија. Традиција на високо образование во Македонија, повеќе од еден век која треба да се одбележи достоинствено и академски! Сите вработени професори, ...
Ахмед ал Ахмед (43), татко на две деца, муслиман по вероисповед, е херојот во терористичкиот напад на еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија. Тој го ризикуваше својот живот за да спаси многу луѓе откако успеа да го земе оружјето на еден од напаѓачите, при што беше ранет. Тој има две прострелни рани и моментално е во болница. Ахмед продава овошје и зеленчук, а по потекло е од Сирија. За него во тек е кампања на „ГоуФандМи“ ...
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека во 128 претпријатија на локално ниво, лани во постојан работен однос биле 12.009 вработени. Најмногу вработени, по повеќе од илјада, имаат три скопски локални претпријатија – Комунална хигиена, Јавното сообраќајно претпријатие и Водовод и канализација. Од другите градови, претпријатие со најмногу вработени е штипски Исар. Инаку, бројот на вработени во локалните јавни ...
НЛБ Банка Скопје успешно го комплетираше новиот Управен одбор, информираат од таму. Откако Народната банка додели согласности на тројца нови членови на Управниот одбор, истовремено продолжувајќи го мандатот на еден постоечки член, проширениот Управен одбор, под раководство на претседателот Тони Стојановски, е целосно конституиран и подготвен да ја води Банката во следното поглавје. Како што беше претходно соопштено, во јули годинава, ...
За 2026 година, Реплек АД Скопје очекува нето маргина од 15%, што претставува приближно 6 милиони евра нето добивка, стои во Бизнис планот на компанијата објавен преку Македонската берза. -Овој резултат произлегува од зголемениот обем на извоз, модернизирани производствени процеси и засилена комерцијална активност на стратешките пазари. Во однос на 2025 година, се очекува раст на нето маргината од 14% (5 милиони евра нето добивка) на 15%, ...
На 27. март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе бидат доделени престижните признанија PRO PR Globe People Achievement Awards. Добитниците на ова признание ги номинираат поранешни лауреати, меѓу кои и пет светски комуникациски здруженија: Public Relations and Communications Association (PRCA) – Здружение за односи со јавност и комуникации, International Public Relations Association ...
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка, пред одржувањето на денешната седница за негово разрешување во Собранието, на која истата само се констатираше. „Заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“, рече Коцевски меѓу друго на прес-конференција. Предлогот за негово разрешување го даде Владата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владата ја продолжи ...
Пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за општината Аеродром, се новите потпретседатели на СДСМ. И двајцата се избрани како предлози на лидерот Венко Филипче на вечерашнава седница на партијата. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови е и поранешниот градоначалник ...
Пишува Архимандрит Кирил Бигорски Постои еден парадокс во историјата на уметноста кој Аристотел го наслутил, но никогаш не го формулирал до крај: комедијата. Во својата најчиста форма таа е сестра на трагедијата, и двете се хранат од истиот извор: човечката ранливост во време-просторот и местоположбата на поединецот сред џунглата на општеството. Постои и еден момент во животот на секоја култура кога таа мора да се соочи со сопственото ...
Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се зголеми на најмалку 15, а 27 лица се повредени. Најмалата жртва е десет годишно девојче, а најстарата е маж на 87-годишна возраст, кој го преживеал Холукаустот. Напаѓачите пак биле татко и син. Таткото, кој имал 50 години е убиен за време на нападот, а 24-годишниот син е уапсен и хоспитализиран со тешки повреди. Нападот беше насочен кон еврејската заедница ...
Меѓу 15 загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди, во Сиднеј, Австралија е и францускиот интернационалец Ден Елкајам (27), фудбалер во македонскиот клуб од Австралија, Рокдејл Илинден. Информацијата е објавена на Фејсбук профилот на клубот, а ја потврди и потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачки видеа) На 15 се зголеми бројот на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, најмалата жртва има 10 ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за декември за долгови доспеани до 31.08.2025 година и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. На Листата на ...
Македонија2025 ги објави резултатите од својата работа во 2025 година. Организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година, Македонија2025 имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за развој. ...
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека уште поголеми од загубите се долговите на локалните јавни претпријатија, остварени лани, мерени преку нивните краткорочни обврски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои локални јавни претпријатија лани имале најголема загуба Според нивните завршни сметки, дури 126 од 128. локални јавни претпријатија имаат долгови кои вкупно изнесуваат 193,2 милиони евра. Најголеми долгови има истото ...
Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity ...
Мрежата на авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје е побогата за уште една нова дестинација од денеска, 15. декември 2025 година. Виз ер попладнево почна да лета на новата линија од Скопје до Прага со првиот лет кој од Меѓународниот Аеродром Скопје полета во 14:20 часот, додека подоцна вечерва во 19:25 часот авиокомпанијата ќе ги обнови летовите до Келн. Со заедничка прес конференција, Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Н.Е. ...
Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година, информираа од таму. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата, посочија од таму. Како ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-Е V) се намалуваат за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари по литар, на Еуросупер БС-98, 75 денари по литар, а на дизелот 66,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен дека зел поткуп од 50.000 евра за да убеди судија во Апелацискиот суд Скопје да укине притвор за осомничено лице, доби 30 дена затворски притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стафа зел 50 илјади евра за да убеди судија да укине притвор: Детали за случајот за екс државниот правобранител од Обвинителството Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека притворот го добил поради опасност од ...
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој заврши во притвор, зел поткуп од 50.000 евра за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“, објави порталот 360 степени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фехми Стафа доби притвор од 30 дена за поткуп од 50 илјади евра Како што објави порталот Стафа бил адвокат на Пецов, а парите ги зел од неговата сестра. Поткупот бил за да Стафа издејствува кај судија од ...