Иран целосно го отвори Ормускиот теснец по договорот за 10 дневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Токму прекинот на огнот во Либан беше еден од условите Иран да се согласи на договор со САД за завршување на војната, кој предвидува и целосно отварање на теснецот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Израел и Либан договорија примирје од 10 дена Информацијата на социјалната мрежа Х ја соопшти иранскиот министерот за надворешни работи, Абас Арагчи. -Во ...

Шведска е уште поблиску до целта да биде првата европска земја целосно без чад, откако уделот на дневни пушачи се намали на само 3,7 отсто, покажува најновиот извештај на Шведскиот совет за информирање за алкохол и други дроги (CAN). Клучот на успехот, според шведските експерти, е во комбинацијата на ограничувања и достапноста на помалку штетни алтернативи. Според извештајот на CAN, стапката на пушење во Шведска е преполовена од 2013 година. ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Настел ДООЕЛ Скопје, кој е акционер со над 5% од вкупниот број на акции, продал нови акции на компанијата. Настел продал 363 акции на Реплек, и сега поседува вкупно 14.691 или 5,67% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продолжува да продава акции во Реплек“ Ситко Антонио“ купи акции на “Реплек“ Генералниот директор на Реплек, Душан Пецовски, купи нови акции на ...

Алта ретаил ДОО Белград, која е дел од Алта групацијата, која преку Алта банка АД Белград е сопственик на Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола), има намера да се стекне со целосна контрола над друштва во сопственост на акционерското друштво за управување Фортенова група од Загреб, Хрватска, информираа од македонската Комисија за заштита на конкуренцијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека компанијата склучила Анекс бр.8 на подизведувачкиот Договор за градежни работи со изведувачот Синохидро подружница Скопје за секција 1 на автопат Кичево – Охрид во износ од 28.844.414 евра со краен рок на завршување на работите до 30.04.2027 година, како и Анекс бр.8 на подизведувачкиот Договор за градежни работи со Синохидро подружница за секција 2 на автопатот во износ од ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение за судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов. Како што е познато во ѕидот на домот на неговите родители во Неготино на 18. јануари годинава беа најдени 350 илјади евра, кои не ги имал пријавено и за кои немал доказ за нивното потекло. Ристов е судијата на кој требало да влијае поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, за да ...

Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност против премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Истата следи откако Мицкоски пред неколку дена изјави дека има чувство дека функционери на поранешната влада на СДСМ ќе станат предмет на прогон, а денеска рече дека тоа чувство му е се посилно, а СДСМ, тоа го протолкува како политички прогон врз опозицијата. Кривичната во Основното ...

Судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, за кого денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за “Противправно стекнување и прикривање имот“ и “Перење пари и други приноси“, откако во домот на неговите родители во Неготино најде заѕидани 350 илјади евра, останува во куќен притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинение за судијата Ѓоко Ристов: 350.000. евра биле спакувани во ѕидот во 13 ...

Пратеничката група на опозициската СДСМ денеска поднела интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Информацијата на Фејсбук ја соопшти пратеникот на СДСМ, и поранешен министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според него истата се темелела “на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни ...

Израел и Либан вчера договорија прекин на огнот од 10 дена. Договорот беше постигнат по разговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Жозеф Аун, иако либанската влада нема директна контрола врз шиитско либанското (проиранско) паравоено движење Хезболах. Претставникот на Хезболах, Ибрахим ал-Мусави за новинската агенција АФП изјави дека движењето ќе се придржува до ...

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“, информираат од таму. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. -Континуитетот на ова признание ...

Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и производи преку Wolt, со специјална промотивна понуда за новите корисници и настан по повод лансирањето. Wolt, технолошката платформа позната по брза и едноставна достава, официјално се шири и во Битола. Ова проширување доаѓа една година по официјалното лансирање на Wolt во Македонија, каде што досега услугата беше достапна исклучиво во Скопје. Со ова проширување, ...

Бегалецот Никола Груевски, кој е поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е во фокусот на јавноста откако идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија, која досега ја одбиваше. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар Во меѓувреме медиумите во Македонија анализираат колку иста е возможна, но и го отвараат прашањето дали тој веќе добил унгарско државјанство, што ...

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да лежи затвор за поткуп од 50 илјади евра со признавање вина, од Затворот „К’шање“ во Куманово, каде беше во притвор, е преместен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје“ во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фехми Стафа признал вина за 50 илјади евра поткуп, доби 15 месеци затвор Информацијата денеска ја ...

Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол предупреди дека на Европа ѝ останаа „можеби уште шест недели резерви на гориво за авиони“. Ова би резултирало со можни откажувања на летови доколку резервите на нафта и понатаму се блокирани поради војната во Иран. Бирол, во интервју за Асошијетед прес оцени дека поради блокадата на Ормускиот теснец, светот во моментов се наоѓа во „најголемата енергетска криза досега“ и ...

На 10 се зголеми бројот на загинати во масакарот во училиштето во градот Кахраманмараш, во истоимената покраина во Турција. Тоа починало во болница, јавуваат турските медиуми. Уште неколку лица по пукањето во училиштето се во критична состојба. Убиствата ги изврши Иса Арас Мерсини (14), осмоодделенец, со пет оружја и седум шаржери, кои биле на татко му, кој е поранешен полицаец. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Осмоодделенец во Турција ...

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства.Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, клиентите кои ќе депонираат средства преку преку мобилната апликација на Банката, НЛБ мКлик, добиваат повисоки каматни стапки, што го прави он-лајн депозитотне само попрофитабилен, туку и ...

Во свет каде што финансиската транспарентност станува валута сама по себе, Diners Club Македонија го лансираше својот најнов производ кој ветува дека ќе го редефинира односот на потрошувачите кон кредитните картички. Diners One не е само нов пластичен додаток во паричникот; тоа е стратешки одговор на потребите на новата генерација корисници кои бараат моќ без скриени трошоци. Филозофијата е едноставна: Прва. Бесплатна. Засекогаш. Ако една ...

Комерцијална банка и Mastercard со јубилеен настан одбележаа 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија. Како пионер и лидер во иновативните платежни решенија, Комерцијална банка пред три децении ја издаде првата меѓународно брендирана картичка во земјата, со што засекогаш ги промени начинот на плаќање и навиките на македонските граѓани. Во присуство на високи претставници од Комерцијална банка и од Mastercard, како и ...

Управниот одбор на Гранит АД Скопје му предложи на Собранието на акционери да исплати дивиденда, информираа од Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 135.739.996 денари бруто од акумулираните нераспределени добивки остварени до 31.12.2008 година. Висината на дивидендата по акција е 49 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 27.05.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Страшо Милковски купи ...

Хотели Метропол АД Охрид во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓу друго соопшти дека по основ на бруто плата за извршниот директор, награди и надомест за членовите на Одборот на директори биле исплатени вкупно 3.758 илјади денари. Извршен директор е Филип Мишевски, а во Одборот се и Драган Наков, кој е претседател на Одборот и неизвршен член, Сашо Наков, неизвршен член, Јелена Наков, неизвршен член и ...

Комерцијална банка АД Скопје најави воведување на дигитална картичка, која ќе биде достапна веднаш, подготвена за плаќање во дигиталниот свет од првиот момент и која ќе биде секогаш достапна. „Многу брзо ќе воведеме целосно дигитална картичка, секој ќе може да си поднесе барање и да си добие картичка на самиот телефон, без физички да ја подигне. Меѓутоа одиме на принципт digital first not digital only, затоа што оставаме можност на клиентите ...

Во македонското Собрание денеска беше усвоен Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија до 20. јули годинава. Одлуката ќе почне да се применува од 21. април, откако истата ќе биде објавена во Службен весник. Истата е резултат на продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати поради конфликтот на Блискиот Исток, кој го предизвикаа САД и Израел со ...

Поранешниот градоначалник на Општина Делчево, Горан Трајковски (54), заработи нова кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), за „злоупотреба на службената положба и овластување“. -Пријавениот, како градоначалник на Општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани не се појави ниту еден сведок на Основното јавно обвинителство. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството на сведоците Ана Томева и Лина Крстова, вешто лице од областа на психијатријата да им направи психијатриско вештачење за да се процени дали тие може повторно да сведочат или пред Судот да се прочитаат исказите што ги дале претходно во ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе учествува на 5. Дипломатски форум во Анталија, а претходно се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во Долмабахче, Истанбул. „Му благодарам на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за гостопримството, конструктивниот и искрен разговор во Долмабахче, Истанбул. Согласни сме дека македонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка, со значаен ...

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој се гонеше за поткуп од 50 илјади евра признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за затворска казна од 15 месеци објави порталот Скопје 1. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра Како што е познато тој заврши во притвор откако во декември лани беше ...

Андреј Пајмакоски, еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално се најде во новиот број на престижното модно списание Хај Волтаж. Иако нашиот Андреј веќе има соработувано со најголемите светски брендови како Versace и Boss овој пат се најде во моден едиторијал каде е облечен во неколку оригинални модни парчиња. „Неговата фантастична кариера како интернационален модел го одведе во различни модни центри каде го градеше ...

Агенцијата Ројтерс пренесува дека експерименталната таблета против рак на панкреас на компанијата „Револушн Медисинс“ им го продолжува животниот век на пациентите. Станува збор за лекот daraxonrasib, а пациентите кои примале по една таблета од него дневно, го продлжиле животниот век до 13,2 месеци, во споредба со 6,7 месеци кај оние кои се третираат со хемотерапија. Таблетата е во доцна фаза на клиничко испитување и истата ги таргетира RAS ...

За купување гласови за престојните предвремени парламентарни избори во Бугарија досега биле запленети дури 1 милион евра. Информацијата ја соопшти тамошниот премиер, Андреј Ѓуров. Според бугарското Министерство за внатрешни работи досега пристигнале 1.740 пријави за нерегуларности поврзани со изборите, што е значителен раст, споредено со изборите претходната година, кога имало 418 поплаки. Шемите за купување гласови како што соопштија од таму ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27