Исчезнатиот планинар Стојче Пецевски е пронајден починат. „Заврши потрагата по исчезнатиот планинар Стојче. За жал пронајден е починат. Информациите се потврдени и од Центарот за управување со кризи и од Министерството за внатрешни работи. Благодарност до сите кои веднаш се приклучија на апелот за негово пронаоѓање,“ информираше планинарот Игор Смилев. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Исчезна велешки планинар на ридот Гроот, се молат планинари да се вклучат во ...

Независниот кандидат Венко Крстевски денеска од страна на Советот на Општината Кочани е избран за в.д. градоначалник на Општината. Тој доаѓа на местото на Љупчо Папазов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој под притисок на јавноста поднесе оставка по трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 61, а беа повредени 203 лица, а потоа завши во притвор. Крстевски доби девет гласа „за„, еден повеќе од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков. ...

Малопродажните цени на бензинот „Еуросупер БС-98“, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за половина денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 71,50, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продваат по 64,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ не се менува и останува 73,50 ...

Binance Research, аналитичката единица на компанијата Binance, го објави извештајот Tariff Escalation and Crypto Markets: Impact Analysis, кој го истражува влијанието на растечката глобална протекционистичка политика, со фокус на новите американски царини од 10% до 54% за увоз од Кина врз макроекономските услови и пазарот на криптовалути. Овие мерки претставуваат најагресивно зголемување на царините од 1930 година до денес и најавуваат можна ...

Денеска заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите за нејзиното грабнување и убиство. Тој меѓудругото кажа дека на нејзиниот телефон денот кога исчезнала, пратил две смс-пораки во периодот од 13 до 15 часот, кога во неговиот дом веќе имало инспектори. Првата порака гласела: „Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“, а подоцна се сетил дека не ја потпишал истата и пратил уште ...

Со освоените 15 медали, од кои осум златни, „Макпетрол“ на неодамнешното државно првенство повторно ја истакна својата доминација во карате-спортот. Ова е уште една потврда за фактот дека во периодот од 2001 до годинава, оваа скопска екипа е убедливо најуспешната во земјава. Епитетот најтрофеен е добиен поради најголемиот број освоени медали на сите натпреварувања организирани од националната карате федерација (КФРСМ), Европската (ЕКФ), како ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на Обединетите ...

На РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.- 31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што ...

Досега со истрагата на Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека/кабаре во Кочани се опфатени дури четворица поранешни министри за економија, сите кадри на ДУИ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани Во куќен притвор се поранешните министри Беким Незири и Ваљон Сарачини, а за поранешниот министер за економија, Дритон Кучи, кој е актуелен македонски амбасадор во ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На денешното рочиште треба да заврши испрашувањето на таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, а по него за првпат ќе сведочи првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во ...

Екс министерите за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, добија куќен притвор заедно со уште петмина, во рамки на проширената истрага со која се опфатени нови 19 лица, за пожарот во т.н дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска на прес-конференција информираше дека од 19 новоосомничени, за четворица се бара притвор, за седум лица куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, додека за уште ...

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу доби 30-дневен притвор, заедно со уште тројца осомничени во истрагата за пожарот во т.н дискотека/кабаре во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска на прес-конференција информираше дека од 19 новоосомничени во врска со проширената истрага за пожарот во т.н дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, за четворица се бара притвор, за седум ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска на прес-конференција информираше дека од 19 новоосомничени за четворица се бара притвор, за седум лица куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, додека за уште седум се предложени мерки на претпазливост. Едно лице од новоосомничените воопшто не се наоѓа во Македонија. Покрај оние за кои постои сомнение за директна одговорност, Коцевски вели дека се истражува и одговорноста на сите ...

Денеска во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. Како и во изминатите години, така и денес, учесничките успеаја да го наполнат Градски Парк со спортски дух и позитивна енергија. Приближно 3.000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од 3 километри, во близина на фонтаната „Лотос“, ...

Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи. „Лицето ...

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. „Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто ...

Денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“, организиран од семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“. Граѓаните преку транспаренти порачаа „Нашите ангели заслужуваат правда“, „Стоп за селективна правда“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ и слично. Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, изразувајќи го незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните ...

Македонскиот амбасадор во Норвешка, Дритон Кучи најави дека ќе се врати во државата, откако МВР го побара на информативна средба во врска со трагедијата во „Пулс“ во Кочани. „Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. ...

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата. „Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка ...

Поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами се уапсени во рамки на истрагата за пожарот во т.н дискотека/кабаре во Кочани, пишува 360 степени. Истрагата се проширува за 23 нови осомничени, а 19 од нив се приведени или се приведуваат. Меѓу нив е Дритон Кучи, исто така ...

Основачот и сопственикот на компанијата БС, бизнисменот и поранешен министер за финансии, Борис Стојменов на Фејсбук обвини дека неговите синови Емил и Марјан Стојменов со помош на институциите ја ограбиле компанијата за 30 милиони евра. Според неговата објава тоа се случило не поради корупција, туку поради непознавање на законите. -Моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС, чијшто сопственик и основач сум јас со мојата ...

Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“, кој заврши во притвор поради поткуп од 20 илјади евра не пријавил каков имот поседува во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), што му е обврска, велат од таму за еМагазин. Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тој барал поткуп од 100 илјади евра, а на крај беше уапсен ...

Државата се уште не ја продала запленетата гарнитура на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која заврши во затвор за случајот “Рекет“, објави Фокус. Според пресудата требаше да и се конфискува посреден или непосреден имот во вредност од 50 илјади евра. И беа блокирани сметките, на кои немало пари, па и беше одземен имот. Како што пишува Фокус одземениот имот според нејзиниот син Лазар Јанев бил од наследство, а истиот е ...

Минатиот месец Основниот суд Кочани им одреди притвор на 24 од вкупно 27 осомничени за пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а 203 беа повредени. Вчера Основното јавно обвинителство до Судот достави предлог за продолжување на мерката притвор за сите осомничени. За тројца од нив се бара замена на затворскиот со куќен. Куќен притвор се бара за двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и припадник на обезбедувањето на т.н. ...

За храна за бездомните животни во прифатилиштето досега се потрошени само 1.600 евра, а не 60.000 евра, велат од ЈП Комуналец во Општина Битола. Од таму додаваат дека до крајот на спроведување на рамковниот тендер ќе бидат реализирани 6.000 евра. „Ги демантираме сите информации дека во ЈП Комуналец во Општина Битола се потрошени над 50.000 евра за храна за кучиња. До 31.12.2024 година, предметниот период на завршната сметка, потрошени се ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој одговараше на прашања на обвинителките Жаклина Кратевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска од Основното јавно обвинителство, но не сакаше да одговара на прашања на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на кој само му рече дека првпат му бил посочен во ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во периодот од 17 март до 10. април извршил 297 надзори на угостителски објекти со пријавена дејност диско клубови, диско клубови на отворен простор, ноќен клуб, кабаре, кафе бар, гостилница, ресторан, ресторан за свадби, бистро, хотел… и изрекол 360 казни во вкупна вредност од 3.436.000 денари, соопшти денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. Издадени се и 28 решенија за привремена забрана за ...

Сега веќе поранешниот в. д. директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, Мухсин Арифи, кој заврши во притвор за поткуп од 20 илјади евра е исклучен од неговата партија Алијанса за Албанците (крилото на министерот за здравство Арбен Таравари). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Уапсениот директор на Геријатрија примил поткуп од 20.000 евра за да смести неподвижно лице Како што информираа од Обвинителството тој ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, на прашања на обвинителките од Основното јавно обвинителство одговараше таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски. Меѓудругото кажа дека иако биле ангажирани многу полицајци за исчезнувањето на Ѓорчевска, ништо конкрено не видел од нив дека преземаат за нејзино пронаоѓање. -Тие не испрашуваа со колку недвижен имот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09