Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани. Воедно, во листата на контакти вклучени се и претставништвата во земјите кои понудиле помош за хоспитализација и лекување. Целата листа ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тешко повредените се ...
Студентите на УКИМ ќе организираат заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан. „Денеска со почеток од 12 ч. на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе. Воедно, ве известуваме дека ...
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани животот го загубија најмалку 59 лица. Меѓу загинатите е и момчето Виктор Јорданов од Кочани, кој како што споделуваат на социјалните мрежи, останало да спасува настрадани во пожарот. „Во моментот кога пламенот се закануваше да проголта се, Виктор Јорданов не се повлече. Тој застана храбро, исправен пред стихијата, решен да спаси што повеќе животи, додека самиот остануваше зад сите. Виктор, твоето срце ...
Меѓу 59. загинати во пожарот во т.н. дискотеката во Кочани се и седум членови на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреј Ѓорѓиески, кој успеал да излезе од објектот, но се вратил да спасува настрадани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани Загина и професорката – придружниот вокал Сара Пројковска, музичарите Филип Стевковски, Андреј Коларов и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тонецот Игор Велков и ...
Јавното обвинителство соопшти дека до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. „Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за осум лица, додека останатите тројца се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од ОЈО. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Македонската амбасада во Софија е во контакт со Министерството за здравство на Република Бугарија и болницата Пирогов во Софија, болниците во Варна и Пловдив во врска со повредените лица кои се згрижени во здравствените капацитети таму. „На сите семејства и блиски на згрижените, Амбасадата им стои на располагање за секаков вид помош и поддршка која може да им биде потребна. Телефонските броеви на Амбасадата се достапни во секое време: ...
Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. „Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки,“ ...
Братството на Свештената Бигорска Обител упати сочувство до семејствата и ближните на трагично загинатите и повредените во катастрофалниот пожар во Кочани. „Оваа невидена трагедија кај нас, којашто одзеде десетици млади животи, смртно ја рани и онака измачената народна душа. Болката од овие загуби е неизмерна, а ние, како браќа и сестри во Христа, како граѓани на Македонија, неизбежно ја чувствуваме како своја. Со тешко воздивнување се молиме за ...
Не можеме да најдеме зборови со кои може да ја изразиме нашата тага за тоа што им се случи на нашите драги колеги од ДНК, велат од Авалон продукција. „Никој на овој свет не заслужува ваква смрт, а не пак професионалци какви што на своето работно место се Андреј, Сара, Ѓорги, Мартин, Филип, Александар Коларов, Александар Ефремов, Жучко… Почивајте во мир. Сочувство до фамилиите и најблиските. Ако за нешто може да се каже дека е повеќе од ...
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ги објави првичните резултати од истрагата, откривајќи сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“. Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа: – Објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант; – Немал доволен број на ППЕ Апарати, односно само два; -Немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека Обвинителството ќе препорача притвор за 10 лица, од 48 часа, а под истрага се околу 20 лица. „За десет лица ќе препорачаме притвор од 48 часа, со тоа што истиот може да се продолжи и до 30 дена ако има потреба“, изјави Коцевски. Тој додаде дека за оваа несреќа ќе се стават на располагање сите капацитети на Обвинителството. „Ќе ги ангажираме сите вештаци, ќе се истражи чија е одговорноста ...
За трагедијата во Кочани, во која при пожар во т.н. дискотека загинаа 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, а 155 лица се повредени, вечерва на распи во полициската станица во скопски Карпош е поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, јавија повеќе медиуми. Тој е на распит поради лиценцата за т.н. дискотеката како кабаре. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција откри дека фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека е издадена ...
Рано наутро во пожар во т.н. дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, од кои тројца се малолетници. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете Повредени се 155 лица, од кои дел се во критична состојба, а дел се испратени во соседните земји. Пожарот се случи за време на концерт на ДНК, а меѓу загинатите се речиси сите членови на групата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И Андреј од ДНК загина во пожарот ...
Проследете го во живо обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за трагедијата која утрово се случи во Кочани: Во пожарот во т.н. дискотека загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници, и речиси целиот состав на групата ДНК, која таму имаше концерт. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани (Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку ...
Министерот за здравство Арбер Таравари информираше дека 47 повредени од пожарот во дискотека во Кочани ќе се лекуваат во странство, станува збор за најкритичните. „Во Солун веќе се пристигнати тројца, во Бугарија се заминати и сместени 14 пациенти од кои во Софија ќе се лекуваат осумина, а во Пловдив и Варна по тројца. Во Србија веќе се отидени двајца повредени, по еден во Белград и во Ниш, а во Турција се тројца. Во Истанбул вечерва ќе патуваат ...
Во Клиниката Жан Митрев се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани, информираат од таму. „Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната. „Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и ...
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и три малолетници, но и речиси целата група ДНК, која имаше концерт во истата. Меѓу загинатите е и пејачот Андреј Ѓорѓиески. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И Андреј од ДНК загина во пожарот во Кочани Како што соопшти градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на Фејсбук, тој првично излегол од т.н. дискотека, но се вратил да спасува настрадни во пожарот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И ...
И гитаристот на ДНК, Александар Коларов е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Тој е петтиот член од музичкиот состав кој беше на сцената, во кобната вечер. Загинаа пејачот Андреј Ѓоргиески, пратечкиот вокал Сара Пројкоска, музичарите Филип Стевановски и Горги Горгиев. Панчо има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ И пратечкиот вокал на ДНК, Сара Пројковска помеѓу загинатите во пожарот И ...
Владата денеска на вонредна седница донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор) и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата. ...
Владата на денешната вонредна седница прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи,“ соопштуваат од Влада. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Т.н дискотека работела со фалсификувана лиценца, осомничени 20 лица помеѓу кои и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека осомничени се повеќе од 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените се починати, дел се во болница. „Дел од приведените се луѓе кои имаат директна вина за овој кривично-правен настан, односно приведено е едно лице кое е организатор и имаме сомнение дека има директна вина. Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на ...
Тројца починати малолетни лица, а повредени се повеќе од 20 малолетници, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Во дискотеката имало 500 лица, а продадени биле 250 билети. Најголем број од жртвите се иднетификувани, сите тела се извадени од дискотеката, а во критична состојба се 22 лица кои ќе бидат пренесени на лекување во Турција, Бугарија, Грција и Србија,“ изјави Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бројката на загинати во пожарот ...
Почина и Андреј Ѓоргиески, дел од дуто ДНК. Тие синоќа имаа концерт во дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа најмалку 59 лица, а се повредени над 155. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете Во пожарот загинаа и други музичари кои соработуваат со ДНК. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тапанарот на ДНК Горги Горгиев, помеѓу загинатите во пожарот Музичарот Филип Стевановски, член на бендот на ДНК и ...
Пратечкиот вокал на ДНК, Сара Пројковска е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица,“ информираат од Факултет за музичка уметност. Засега, официјално е потврдена смртта на пејачот Андреј Ѓоргиески и музичарите Филип ...
Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на личната болка на семејствата на загинатите и повредените лица, велат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). „Информирањето треба да биде засновано на ...
Освен тапанарот Горги Горгиев, засега е потврдена и информацијата дека помеѓу загинатите во дискотеката во Кочани е и друг член на бендот Филип Стевановски. Стевановски, по потекло од Куманово, бил и директор на Центарот за култура Штип. „Филип Стевановски е магистер по џез и директор на штипскиот Фестивал за детски песнички „Весело Штурче“, познат е кај штипската и македонската музичка публика како истакнат во својата продуцентска и ...
Тапанарот на ДНК, Горги Горгиев е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, каде што оваа група имаше настап. „Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој ...
Бројката на загинати лица во пожарот во дискотека во Кочани се зголеми на 59, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 35 од загинатите лица се идентификувани, од нив 31 се од Кочани, а 4 од Штип. Повредени се 155 лица кои се распоредени низ болниците во земјава. Помеѓу загинатите е и полицаец кој бил на должност. По четворица лица е распишана централна потерница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По четворица лица е распишана централна ...
Полицаец oд Пробиштип кој вршел контрола е помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Колега полицаец загина во пожарот во кочанската дискотека при вршење контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанци. Овој полицаец требало да биде награден за најдобар полицаец за територијата Пробиштип. Загина при вршење на контрола за евентуално откривање дрога и малолетници,“ ...