Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Холандскиот малопродажен трговски ланец Spar планира да отвори маркет во Кавадарци. Информацијата за еМагазин ја потврдија од Општината Кавадарци, од каде велат дека компанијата веќе бара соодветна локација, според нивни информации. Во регионот Spar е присутен во Косово и Албанија. Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја ...
Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење, информираат од таму. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со ...
Советот на Општина Охрид го изгласа буџетот за следната година. Вкупните приходи по сите основи се предвидени да изнесуваат 2.375.182.576 денари. За капитални расходи се предвидени 25.354.000 денари. За поддршка на локалниот економски развој се предвидени 9.300.000 денари, а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490 денари, информираше на Фејсбук, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. За одржување и користење на паркови и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски информираше дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи. „Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција! Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје излезе и со низа препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои се ...
Републичката јавна обвинителка Анита Топалов Исајловска ќе биде вршител на должност на позицијата државен јавен обвинител, додека не се избере нов државен јавен обвинител. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Анита Топалов Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител Таа доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка, откако претходно Владата побара негово разрешување. На позицијата ќе остане не повеќе од шест месеци. еМагазин разгледа каков имот ...
Градинките „Калинка“ и „Црвенкапа“ беа исполнети со смеа, детска радост и празнична магија, Дедо Мраз пристигна со стил со црвениот Geely Coolray, носејќи подароци и безброј насмевки. Дечињата со возбудени погледи и со гласни поздрави го пречекаа својот гостин како пристигнува со црвениот Geely Coolray. Љубопитни и искрени, дечињата го пофалија црвеното возило на Дедо Мраз – Geely Coolray, кое стана дел од нивната празнична приказна. ...
Глобалните пазари влегуваат во покревка фаза, бидејќи макроекономските податоци сè појасно укажуваат на синхронизирано забавување на економската активност. Последните податоци за вработеноста, инфлацијата и PMI индексите сигнализираат ослабена динамика, при што стапката на невработеност во САД го надмина проектираниот праг од 4,4% на Федералните резерви. Ова отвора прашања дали пазарите ќе се оддалечат од долгогодишниот наратив „лоши вести се ...
Петта година по ред, Македонската берза ги додели годишните награди во повеќе категории. Настанот со обраќање пред присутните го отвори главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев. Годинава на настанот беа доделени 10 награди во различни категории, како и 5 признанија. Добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2025 година се: Категорија „Акција со најголем промет“ Акција со најголем промет во 2025 година е ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот друштвото за услуги МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје се стекнал со дополнителни 7.000 обични акции и сега поседува вкупно 70.220 обични акции, односно 15,53% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот ...
Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија, информираат од таму. -Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не ...
Со спроведената ревизија на финансиското работење и усогласеноста на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2024 година, Државниот завод за ревизија утврди слабости и недоследности кои укажуваат на потреба од подобрување на финансиското управување, зајакнување на контролите и целосно почитување на законската регулатива, информираа од таму. -Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето и поради нивното ...
Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени над 200 лица. Судењето треба да продолжи со воведните зборови на одбрана на Александар Нацев, кој Основното јавно обвинителство го смета за реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека. Воведни зборови треба да даде и одбраната на ...
На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на обвинетиот Александар Нацев, кого Основното јавно обвинителство го смета за вистински сопственик на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека, кажа дека тоа не било точно. Според неговиот адвокат Дејан Стојчев, Нацев бил вработен во фирмата како консултант од 2024 година, ангажиран поради неговата експертиза во областа на безбедноста, а не како лице со овластувања за ...
Дали и присуството на цијанид во т.н. дискотека “Пулс“ било причина за смрт, прашаа денеска родителите на загинатите во Кочани пред новото рочиште за трагедијата. Тие, како што рече Александар Наунов, татко на загинато девојче во „Пулс“ и претседател на здружението „16 Март 2025 Кочани“, се сомневаат дека токсиколошките анализи на надлежните институции за причините за смрт на нивните деца не се целосни и дека се потребни дополнителни ...
Откако одбраната на сите обвинети за трагедијата во Кочани заврши со воведните зборови, на денешното рочиште сведочеше првиот сведок на Основното јавно обвинителство, Дејан Николов. Тој е сопственик на авто-лимарски сервис, кој се наоѓа веднаш до т.н. дискотека од 2009 година, па од 2012 година па натака имал можност да види како објектот на т.н. дискотека се пренаменува и реновира. Таму претходно имало конфекција и магацин за ташни. И тој ...
Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври, велат од Народна банка. „Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што ...
Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), државното акционерско друштво за производство на електрична енергија, Скопје, склучи договор за набавка на гумени транспортни ленти со платно за РЕК Битола, со друштвото за производство, трговија и услуги Зимак стретен ДООЕЛ Битола. Вредноста на договорот е 147.039.800 денари или 2.390.891 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ со „Спектартермо“ Договор од 1,9 милион евра склучи ЕСМ ...
Од Македонската берза информираа дека Фабрика Карпош АД Скопје е ставена на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. -Внесување на друштвото Фабрика Карпош АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на Друштвото, велат од таму. Друштвото сака целосно да го ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2025 година, изнесува 45.943 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9%. Ваквото зголемување според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и ...
Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање. Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци ...
На 23. декември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, информираа од таму. На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. „Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност ...
„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на Берзата, како и високите стандарди на отчетност и транспарентност кон инвеститорите, ...
НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуствопреку мобилен телефон, информираат од таму. Со пораката “Што ако можеш сè?“, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна ...
За 461.250.000 денари или околу 7,5 милиони евра Владата ќе набавува 100 нови амбулантни возила. Одлуката за набавката била донесена на вчерашната владина седница, информираше министерот за здравство Азир Алиу на неговиот Фејсбук профил. Средствата ќе бидат обезбедени “со преземање обврски во рамки на развојниот дел од Буџетот во наредните четири години“. Истите ќе бидат распоредени во јавните здравствени установи низ државата. Тој информира ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против Б.С. (61), Ј.Д. (53) и Д.А. (44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. -Во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, ...
Поранешниот министер за здравство, Беким Сали, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер за европски прашања. Тој доаѓа на местото на Орхан Муртезани, кој беше разрешен. Мухамет Хоџа, поранешниот владин портпарол, пак, беше избран за нов министер за животна средина и просторно планирање. Сали и Хоџа станаа нови министри откако поранешниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост за 2024 година, при што изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, информираа од таму. -Со ревизијата е утврдено дека ...
Владата на денешната седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука, информираат од таму. -Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Една од главните точки во годишното обраќање на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Собранието беше европската интеграција на Македонија. Во својот говор меѓу друго кажа дека за да продолжат преговорите меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ), потребна е политичка волја, наша, но и на Унијата. -Ние сме предложиле повеќе политички решенија, а ЕУ треба да избере едно од нив или да најде самата решение. Ако можеше да го да ...
Како што веќе објави еМагазин, Сервис Петрол ДОО Скопје е купувачот на 224.000 обични акции на Фабрика Карпош АД Скопје, кои преставуваат 74,89% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош Акциите ги продаде Градежен институт Македонија (ГИМ) АД Скопје и повеќе не е акционер во Друштвото. Од компанијата преку Македонската берза информираа дека планираат да објават намера за ...