Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На 7. мај поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски бил на службен разговор во Министерството за внатрешни работи (МВР), објавија повеќе медиуми, а информацијата ја потврдија и од полицијата. Засега нема официјални информации зошто Николовски, кој е и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, бил на разговор во Единицата за економски криминал и корупција во Секторот за внатрешни ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека кога ќе му завршил премиерскиот мандат најверојатно ќе се врател помеѓу студентите на факултет, оти како што кажа, не се сметал за професионален политичар, туку за инжинер. Неговиот мандат завршува во 2028 година. Во 2019 година стана редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, се огласи на Фејсбук за информацијата дека на 7. мај бил на распит во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, неофицијално, за случај во кој бил осомничен за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поранешниот министер Љупчо Николовски бил на разговор за ...
Речиси секоја недела од полицискиот билтен дознаваме за нов случај на малолетничко насилство. И тоа многу често, неочекувано, и помеѓу девојчиња. Последниот се случи на подрачјето на скопски Бит Пазар. Малолетничка тепала соученичка, а пак друг малолетник го снимал тепањето. И сето тоа се случувало во двор на училиште. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Малолетничка натепана од соученичка во училиште во Бит Пазар, друг малолетник го снимал тепањето Истовремено ...
Актуелниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, е еден од двајцата претседатели на владејачката коалиција Вреди, која стана партија. Другиот копретседател е Биљал Касами, актуелниот градоначалник на Општина Тетово. еМагазин разгледа каков имот пријавил Меџити до Антикорупциската комисија кога по четврти пат стана градоначалник на Општина Чаир. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Галерија) Кој дојде на Конгресот: Вреди стана партија Каков имот пријавил На ...
Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците подобро да ги разберат најважните работи пред да го направат првиот чекор. Главната порака е јасна: крипто-секторот носи можности, но и ризици што значително се разликуваат од оние кај традиционалните инвестиции. ...
Премиум пристап кон климатизација, сега и на локално ниво Енерџи Нет Електрик, авторизиран дистрибутер на Мицубиши Електрик, го донесе својот препознатлив пристап кон климатизацијата и на македонскиот пазар, преку два продажни центри во Скопје кои веќе функционираат и нудат поинакво искуство при избор на клима уред. Лоцирани во Мичурин и на улица Илинденска, овие простори не се класични продажни салони, туку внимателно конципирани изложбени ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март највисока цена за стан во земјава е постигната за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода. Истиот бил продаден за 130 илјади евра, или метар квадратен чинел 2.888 евра. Бројот на продадени станови во овој период бележи пад од 27%, споредено со последниот квартал од минатата ...
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...
ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“, информираат од таму. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Булевар “Македонско-косовска бригада“ 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија, информираат од таму. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13. мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе ...
Од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза информираа дека со Решение од Централниот регистар се направени промени во Управниот одбор (УО) на Друштвото. Методи Пишев, кој беше одговорен за за набавки и логистика е отповикува од позицијата член на УО, а Василики Вацхлиоти е назначен за нов член на УО. Во УО на Жито лукс се и Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава освен станови, помалку се продале и куќи, земјоделско земјиште и деловни простори. За овој период бројот на продадени куќи во Македонија е намален за 23%. Пад од 8% има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, а кај деловните простори, падот изнесува 11%. Во скопската општина ...
Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Народната банка издала решение за претходна согласност за именување на Маида Захировиќ Салом за независен член на Надзорниот одбор (НО) на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Од таму информираат и дека воедно е извршено и бришење од Централниот регистар на независниот член на НО, Каспар Линус Бауман, поради истек на мандат. Во НО се и Јованка Јолеска Поповска, ...
На автопатот Кичево-Охрид од Коридорот 8, проблемот со 14. свлечишта кои се појавија и дополнително го одложија неговото завршување, се решава со т.н. галерии. Станува збор за комплициран инженерски потфат. Автопатот, кој се гради 12 години, треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач Синохидро склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра. ...
Запрена е истрагата за случајот за набавка на мазут за потребите на државната ТЕЦ Неготино, во кој според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со истрагата беа опфатени 13 лица меѓу кои и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир ...
Поради провокацијата на новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, која во изјава наместо македонски употреби “северномакедонски“ партнер вчера на бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) му бил упатен усен демарш во врска со употребата на терминот, информираа од МНР. „На средбата му е упатен усен демарш во врска со ...
По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон декласифицираше нови документи за неидентификувани летачки објекти (НЛО). Истите се базираат на сведоштва ма цивили и од астронаути, а се однесуваат на период од неколку децении, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за околу 160 датотеки, кои се достапни на страната на американското Министерство за одбрана. Се најавува објавување на уште документи. Во нив меѓу друго има и ...
Војната помеѓу САД и Иран продолжува. Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американскиот предлог за завршување на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Одговорот на Техеран во 14 точки вклучувал итен прекин на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има понатамошни напади врз Иран. Во него исто така се барало надомест на ...
Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро, кој беше политички азилант во Унгарија, заедно со неговата сопруга, избегал во САД, пренесуваат полските и европските медиуми. Оваа следи откако новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар најави негова екстрадиција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар Информација ја потврди и државниот обвинител на Полска, Валдемар Зурек, како и Зиобро. Не е ...
Пекабеско АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 55.646.098 денари, која е помала од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани Друштвото имало нето добивка од 63.919.719 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 1.325 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 1%. -Во структурата на вкупните приходи најголемо ...
Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, информираат од таму. -За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените ...
Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно ...
За две години е продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8. Сега новиот рок е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Причината за продолжување на рокот според Николоски е тоа што имало застој од две години, бидејќи претходната влада не направила ништо, а во ноември лани надзорниот инженер побарал да се продолжи рокот за завршување ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за четири денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98, за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 89,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и тој понатаму ќе се продава за 85 ...
Новиот рок за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8 е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За две години продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчни Од делницата Тетово-Гостивар се завршени 8,4% од предвидените работи. На оваа делница се работи на 14 од предвидените 17,5 километри. Од ...
Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...
Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на менаџментот купиле акции на компанијата. Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции. Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции. Како што веќе пишуваше еМагазин, повеќе членови на менаџментот на Друштвото изминатиов период купуваат акции ...