Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека вредноста на синдикалната минимална кошница за мај изнесува 68.743 денари. Во споредба со вредноста на кошницата од април кога изнесуваше 68.797 денари, таа е намалена за 54 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...

САД ќе го намали бројот на своите воени бригади распоредени во Европа од четири на три, соопшти американското Министерство за одбрана. Еден бригаден тим брои помеѓу 4.000 и 4.700 војници. Намалувањето на бројот на американски војници на европско тло следи по постојаното инсистирање на САД по доаѓањето на претседателската позиција на Доналд Трамп, дека американските сојузници во Европа треба да инвестираат повеќе во сопствената одбрана. Дел од ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 4 нови акции. Сега поседува вкупно 16.575 акции или 6,39% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции на Реплек “Ситко Антонио“ купи акции на “Реплек“ Сава пензиски фонд купи нови акции на Реплек Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се ...

Компанијата М Кар, официјален увозник на BMW за Македонија и Косово, денеска пред македонската јавност го претстави новиот BMW iX3 – првиот модел од револуционерната Neue Klasse платформа на BMW, која означува почеток на една целосно нова ера за брендот. Уште пред официјалното пристигнување на пазарите, новиот BMW iX3 веќе доби значајно меѓународно признание, освојувајќи ги титулите „World Car of the Year 2026“ и „World Electric Vehicle ...

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...

Лани во Македонија загубите на вода на национално ниво изнесувале дури 63,05%, стои во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ). Споредено со лани загубите се намалени за само 0,16%. Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен регион од 73%, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен регион 47,88%. Фактурираната количина на вода во ...

Албански државјанин сакал да внесе половина милион евра во Македонија, скриени во бункер на минибус, информираа денеска од Царинската управа. Девизите и возилото се трајно одземени, а за сторителот – Џ.Г., веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд Куманово. Заплената се случила на граничниот премин “Табановце“, а минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој се превезувани седум патници. Парите биле откриени по ...

Македонија од Европската комисија (ЕК) доби најмногу пари од Планот за раст на Западен Балкан на Европската унија (ЕУ) – 65,7 милиони евра. Албанија доби 49 милиони евра, Црна Гора – 44,2 милиони евра, а Србија ништо. Овие пари како што многу пати досега нагласија од ЕУ, земјите ги добиваат во зависност од тоа како ги спроведуваат реформите. За Македонија, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата. ...

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, од Основното јавно обвинителство беа презентирани видео снимки и слики поврзани со „Пулс“, кои покажуваат дека во објектот и пред кобната ноќ, како што веќе кажаа повеќе сведоци на претходните рочишта, се користеле огномети. Како што е веќе познато токму тие се главната причина за настанувањето на пожарот. Па, така, од Обвинителството меѓу друго презентираа видео од 2019 година на ...

Наводното шпионирање во Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста, а од декември лани предистрага за тоа води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предводено од Ислам Абази. Предистрагата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дали некој во Кабинетот на Сиљановска ...

Поради изјавите со кои го подржа протестот за полагање правосуден испит на албански јазик, на вонредниот и ополномоштен албанскиот амбасадор во Македонија, Денјон Мејдани, му бил упатен устен демарш од страна на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР). Тој не отишол во МНР, туку го пратил неговиот заменик. МНР ги оценило неговите изјави како потенцијалното мешање во внатрешните работи на земјава, како ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавено дека имало наводно шпионирање во нејзиниот Кабинет. За тоа од декември лани предистрага води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а истата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дали некој во Кабинетот ...

Џонатан Андик, синот на основачот на модниот светски гигант „Манго“, Исак Андик (71), е уапсен за неговата смрт. Андик загина во декември 2024 година на планинарење во Каталонија, Шпанија, а неговиот син тогаш кажа дека татко му случајно паднал од карпа откако се лизнал на една од патеките. Случајот беше прогласен за несреќа, но поради недоследности во изјавите на неговиот син и други докази, шпанските истражители продолжија да го испитуваат ...

Спецјализираниот сајт за авијација exyuaviation.com објави дека германскиот превозник „Луфтханза“ ги прекинува летовите од Скопје до Франкфурт, Германија. Авио компанијата нуди алтернативни врски до Скопје преку Виена, со „Аустријан ерлајнс“ која е исто така дел од Групацијата „Луфтханза“. “Луфтханза“ почна да лета од Скопје во април 2023 година, а леташе од седум до десет пати неделно, зависно од периодот на годината. Зимава ги скрати ...

На повидок е решение за македонските и професионалните возачи од регионот кои поради работа ќе патуваат во Хрватска. Имено, хрватскиот Сабор усвои измени на Законот за странци со кои се отвора можност за специјални долгорочни визи за професионалните возачи од регионот. Оваа треба да биде решение за нивниот повеќегодишен проблем со дозволениот престој во Шенген зоната. Швајцарија пак веќе издава долгорочни визи за транспортерите. Дали оваа ...

Обврската за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција наместо од јуни годинава ќе се применува од 1. јануари 2027 година. Одлужувањето е за да можат возачите и пазарот полесно да се приспособат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За од јануари 2027 година одложено правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција Казната за непоседување на овој комплетот е 30 евра, а истиот содржи неколку специфични фармацевтски ...

На седница на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се избрани нови претседатели на повеќе општински комитети (ОК), од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани на позицијата. Партијата доби и нов портпарол на партијата – Валентин Манасиевски, кој е долгогодишен активист на партијата. Дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, а моментално е на мастер студии на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Оваа се ...

„Слободен печат“ објави дека се води предистрага за сомнеж за можна шпионажа и неовластено извлекување податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Како што пишува весникот предистрагата, која се уште не е завршена, ја води Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат од таму за “Слободен печат“. Истата се води од декември лани, по добиен ...

Неделата на турската кујна се слави секоја година во периодот од 21 до 27. мај, а манифестацијата се организира под покровителство на првата дама, нејзината екселенција Емине Ердоган. Годинешната тема на Неделата на турската кујна е „Трпезата на наследството“ и ја претставува турската кујна како живописно, споделено културно наследство, кое се развивало со векови преку миграција, ритуали, колективен придонес и долгогодишна традиција. Неделата ...

Грција и официјално по бројните непроверени информации во македонските, регионалните, но и европските медиуми, потврди дека ни една земја нема да биде измена од новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во земјата. Медиумите периодот пишуваа дека од правилото преку летово ќе бидат измени граѓаните на Велика Британија, а шпекулираа дека тоа ќе важи и за граѓаните на Србија. Сепак, како што веќе пишуваше еМагазин, на полицијата на границите ќе ѝ биде ...

Од 18. јуни сите возила кои влегуваат во соседна Грција треба да носат нов пообемен комплет за прва помош. Информацијата ја соопштија од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“. Казната за непоседување на овој комплет е 30 евра. Комплетот содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници. Исто така како што информираат од таму фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва ...

Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Цената пак на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денари. Со новата одлука бензиниот Еуросупер БС-95 ќе биде 87 денари за литар, на бензиниот Еуросупер БС-98, 89 денари за литар, а на дизелот, 92 денари. Цената ...

Од 1. јануари 2027 година ќе важи правилото за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција. Одлуката е објавена во Службениот весник на Грција. Претходно беше најавено дека правилото ќе се применува од 18. јуни годинава. Казната за непоседување на комплетот е 30 евра, а истиот содржи 16 специфични предмети. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 30 евра казна за возачите во Грција кои немаат нов комплет за прва помош Што треба да ...

Македонија е во ситуација поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје. Тоа едноставно не е коректно и не е фер кон држава која сака да стане дел од Европската унија (ЕУ), кажа словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во Љубљана, по средбата со македонската колешка Гордана Сиљановска Давкова, која е во посета на земјата, посочувајќи дека сегашниот модел на одлучување овозможува билатерални прашања и политички блокади ...

Во македонското Собрание денеска беше изгласан Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа по 3.000 денари месечно. Целта е да се поттикне вработувањето во производствениот сектор. Мерката се однесува на млади лица кои се веќе вработени или ќе засноваат работен однос во компании од производствена дејност, а услов е да имаат завршено најмалку средно образование. Во ...

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Скопје во арената „Борис Трајковски“ во баражот за Светското првенство ја совлада репрезентацијата на Словачка со 38-23. Со победата Македонија се пласираше на Светското првенство кое се одржува следната година од 13 до 31. јануари во Германија. Оваа е осми по ред во низа пласман на Светско првенство за земјава и вкупно десетто. Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук Македонската ...

Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што ...

На вонредна седница Владата денеска ги продолжи мерките за пониска акциза и намален ДДВ на горивата до 1. јуни. „Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1. јуни 2026 година. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси“ напиша на Фејсбук, министерката за ...

Новите драмски текстови „Сингл“ од Катерина Момева, „Трудници“ од Габриела Стојаноска Станоеска и „Летај Исак, не застанувај“ од Мартин Миљев се избрани од жирито на пичинг-форумот „Драмолетање 2.0.“ што се реализира во рамките на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тие се избрани меѓу 13-те пристигнати на конкурсот што беше распишан во октомври минатата година. Наградените автори ќе учествуваат на пичинг-форумот што ќе се одржи за време ...

По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“. Со ова дефиле, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.05
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.74
41%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.01
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.19
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
43%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
2.24
28%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.33
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Кобалт

56.29