Срѓан Керим, поранешниот министер за надворешни работи и поранешен амбасадор на Македонија во Обединетите Нации, го паркирал своето возило непрописно на велосипедска патека во скопско Дебар Маало. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Граѓани натераа пајак служба да крене неправилно паркирано „порше“ Истото под притисок на граѓани беше подигнато од пајак службата на Паркинзи на Општина Центар, откако претходно полицаец не дозволуваше тоа да биде направено. ...

Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути Binance е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути. Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, обвинетиот Влатко Кешишев, свртен со грб одговараше на прашања на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Тој повтори некои работи од претходното рочиште, кога за првпат сведочеше, а меѓудругото ја опишуваше рутата по која се движеле возилата „цитроен“ и „рено кангу“, кога Жежовски и Ѓорчевска биле киднапирани и убиени. ...

Основното јавно обвинителство Кочани, кое ја води истрагата за трагедијата во Кочани, каде во т.н. дискотека загинаа 60, а беа поврдени 203 лица, ја запре постапката за управителот на истата, Александар Карадакоски, кој почина од повредите во Литванија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката во Кочани Тој беше осомничен како управител на „МММ Кафе“ ДООЕЛ, која управуваше со т.н. дискотека, но само на хартија. ...

Во сабота, на 5 април 2025 година, во село Побожје, Скопско, ќе биде донесен препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар. „Свечениот пречек на иконата ќе биде во 16:00 часот, пред манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, над селото Побожје. Потоа ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба, со која ќе началствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. ...

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година, информираат од Народна банка. „На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за ...

Полицијата, а не ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), одбивала да го подигне возилото во Дебар Маало, реагираа денеска од Општина Центар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Граѓани натераа пајак служба да крене неправилно паркирано „порше“ „Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. ...

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера, при која автомобил излета во Вардар кај Челопек, повредени се возачот Т.М. (39) од Тетово и малолетно дете. „На 03.04.2025 година во 19:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат кон селото Челопек, кај мостот на реката Вардар, возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.М. (39) од Тетово, излетало во реката,“ се вели во соопштението од МВР. Увид на местото на ...

Во скопско „Дебар Малоо„ граѓани ја натераа пајак службата да „крене“ непрописно паркирано возило, бидејќи од Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) првично не сакаа да го земаат истито, оти наводно било на полицаец, кој бил на службена должност. Според граѓаните „поршето“ таму непрописно било паркирана четири часа. Од Министерството за внатрешни работи демантираа дека возилото било на полицаец, настанот се случил на 22. март. Фото: Фејсбук/Обоцки ...

Првиот квартал од 2025 година Реплек АД Скопје го заврши со раст на приходите од продажба во сегментот Фармација од 26%, во споредба со истиот период во 2024. Со ваквиот резултат, компанијата го надмина бизнис планот за овој период од тековната година за 2,5%, информираат од таму. Од 1 јануари до 31. март 2025 година, Реплек АД реализираше приходи од продажба во фармацевтскиот сегмент во висина од 7,8 милиони евра, од кои 1,8 милиони евра ...

Воведувањето на царини од 33% за извоз на производи од земјата во САД нема да има значително директно негативно влијание. Сепак, индиректните последици не треба да се занемарат. Сведоци сме на создавање на нови глобални економски односи, а во овие процеси нема место за паника, туку за темелна анализа, проценка на нови потенцијали и преструктурирање на економијата. Ова беа главни заклучоци на дебатата „Финансиски трендови на глобалните пазари и ...

Вознемирувачко видео на кое се гледа како маж со мопед удира дете, а потоа бега, масовно се споделуваше на социјалните мрежи. На детето му биле констатирани телесни повреди во болницата „Свети Наум Охридски‘“. Полицијата го најде возачот. Станува збор за Ч.Т. (63) од Скопје, кој ќе добие кривична пријава по брза постапка за загрозување на безбедноста на сообраќајот, за безобзирно возење и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинетиот Влатко Кешишев, кој за првпат сведочеше на минатото рочиште денеска ќе биде испрашуван од првообвинетиот Љупчо Палевски Панчо. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена ...

По апсењето на сега веќе поранешниот член на обебедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков, кој е во притвор, имало претреси кај повеќе полициски службеници, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Сарамаков, членот на обезбедувањето на Мицкоски, кој заврши во притвор за одавање службена тајна -По спроведување на акцијата извршени се и повеќе претреси кај полициски службеници, ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 59, а беа повредени 203 лица, се истражуваат и актуелни началници и полицајци, за потенцијална одговорност. Тој потенцираше дека истрагата ја води Основното јавно обвинителство и дека истата не смее да се претвори во линчување. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во 2022 се барало одземање на лиценцата на дискотеката „Пулс“ Зад кои ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини има значајни импликации врз глобалната трговија и може да предизвика промени во меѓународните економски односи, велат од Finance Think. „Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1,4%, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче оцени дека разговорот со премиерот Христијан Мицкоски во Владата бил конструктивен, а начелно договориле формирање на заеднички тела и комисии. „Начелно договоривме дека ќе работиме на начинот да формираме заеднички тела или работни групи во делот пред се на спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони кои што треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, нешто што ги тангира сите, ...

Oдлуката на САД за царинските трошоци, e очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, велат од Влада. „Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. Она што е значајно да се спомене е дека нема ...

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата. Ова се дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, ...

Ѓоко Поповски, поранешниот помошник на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осуден за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), “Тенк„ за набавката на фамозниот „мерцедес„, излегува од затвор. Во „Службен весник“ е објавена одлуката за негово делумно помилување од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Тој беше осуден и за друг случај на СЈО, „Триста“, кој се однесуваше за ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како економии со висок степен на интегрираност ...

Бизнис центарот “Соравиа“ кој изминатиов период беше во фокусот на јавноста откако таму акционер без пари стана внукот од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрим Ахмети, повторно е топ тема, откако истиот извршител го даде на продажба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„ За да учествувате во купувањето потребни Ви се минимум 22,4 милиони евра, која е почетната цена за продажбата закажана за 24. ...

ТТК Банка АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, објави и вкупни суми за примањата и надоместоците на Управниот и Надзорниот одбор. Членови на Управниот одбор (УО) се Драгољуб Арсовски, кој е претседател на Одборот и генерален извршен директор, а членови се Наталија Алексова и Димитри Трповски. Членови на Надзорниот одбор (НО) се Бобан Гоговски, кој е претседател и генерален директор на Тетекс АД ...

33% ќе изнесуваат новите реципрочни тарифи на САД кон Македонија, покажуваат табелите за „реципрочни тарифи“ кои вчера ги презентираше американскиот претседател Доналд Трамп. Вчерашниот ден, (2 април) Трамп го прогласи за „Ден на ослободувањето“. Пораката е дека сака да и ги врати парите на својата земја, со воведување царини кои ќе ја стимулираат американската економија. Воведените стапки се движат од 10% до 49%, за Европската Унија тие се 20 ...

еМагазин вчера објави дека германскиот синџир на маркети Лидл купил парцела за маркет во скопско Драчево – Кисела Вода, две во Охрид, и по една во Струмица и Гостивар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лидл купил парцела во Драчево, две во Охрид и по една во Струмица и Гостивар Во Скопје веќе се гради маркет на Лидл на местото каде порано беше Бриколаш. Лидл исто така започна со изградба на маркет и во Кавадарци, во Битола еден е веќе готов, а се планира уште ...

За притворениот, сега бивш член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков во Министерството за внатрешни работи (МВР) се воделе две дициплински постапки, чии епилог не е познат, објави телевизијата Телма. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Сарамаков, членот на обезбедувањето на Мицкоски, кој заврши во притвор за одавање службена тајна Во периодот од септември 2020 до декември 2024 година против него во Одделот за внатрешна контрола во ...

Германскиот ланец на маркети Лидл купил парцела во скопско Драчево – Кисела Вода, две во Охрид и по една во Струмица и Гостивар, дознава еМагазин. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Логистичко дистрибутивниот центар на Лидл во Куманово во финална фаза За информацијата ја контактиравме и Лидл од каде го одговорија следното: „Во врска со вашите прашања ве информираме дека компанијата Лидл има повеќе активности во Северна Македонија, со постојана комуникација ...

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип денеска почна со работа фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е дел од „Магна Интернационал“. Истата се протега на 18.000 метри квадратни, инвестицијата е 40 милиони евра, а се очекуваат 600 вработувања. Ова е втора инвестиција на канадската компанија. Првата е во ТИРЗ Струга. Градежните работи ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека не знаел кој бил инцијаторот за грабнувањето на Ѓорчевска и Жежовски, а разговорите за тоа, според него, ги воделе првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и обвинетиот Велибор Манев. Според него Палевски бил организаторот. Рече дека во киднапирањето на Жежовски и Ѓорчевска учестувал и обвинетиот Боре ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Родиум

255598.44