Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. „Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.На лице место се ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43.050 денари, а бруто-платата 64. 697 денари. Според податоците на Државниот за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното: „Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека бројот на хоспитализирани пациенти моментално е 162, а 10 од пациентите кои лежат во државата денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување. “Вчера имаше тројца пациенти кои ги испишавме, така што моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ се 12 пациенти, во Стара градска болница 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во ...

На поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши на барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд Кочани му одреди 30 дена притвор за трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а се повредни 196. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се бара 30-дневен притвор за Крешник Бектеши, Размена Чекиќ-Дуровиќ и Беким Хаџиу По 30 дена притвор добија уште 12 лица, а за уште шест осомничени, на кои претходно, како и на Бектеши, им беше определен краткотраен ...

Тетекс АД Тетово ќе дели дивиденда од 55,56 денари бруто по акција, стои во предлог одлуката за престојното Собрание на акционери на Друштвото, објавена преку Македонската берза. Вкупната сума за предвидената дивиденда е 21.600.672 денари од добивката на Друштвото за минатата година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.05.2025 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 12.05.2025 година. Дата на стекнување на право на ...

Триесет дена притвор бара Основното јавно обвинителство за трагедијата во Кочани за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот во истото министерство Беким Хаџиу. Седум полициски службеници веќе добија притвор по 30 дена. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Засега 28 лица осомничени за трагедијата во Кочани, тројца се во болница Засега со истрагата за пожарот ...

За пожарот во Кочани во т.н. дискотека во кој загинаа 59 лица, а 196 се повредени, вечерва се уапсени актуелниот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој пред неколку денови си поднесе оставка, како и неговите претходници Николчо Илијев од опозициската СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ. Илијев беше градоначалник на Општината од 2017 до 2021 година, а Димитровски од 2009 до 2017 година. Папазов ...

Државниот обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за српска „Полтиика“ информираше дека досега за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 59, а беа повредени 196 лица, информираше дека досега се осомничени 28 лица, од кои тројца се во болница. Од осомничените 18 се притворени во предистражна постапка, а за седум полициски службеници се води истрага и тие вчера добија 30-дневен притвор. Најголем дел од нив се осомничени за делото ...

Во годините успешна работа Panteleon GS покажа голема експертиза на наоѓање на вистинските луѓе за вистинските работи, и ги поврза со нивните работи од соништата во големи компании од Соединетите Американски Држави. А сега, со новиот клиент Impel Union, уште една американска компанија која доаѓа од камионската индустрија, се отвора можност за вработување на врвен професионалец од нашата земја на атрактивна, но и посакувана позиција во ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани. „При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се ...

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани. „Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие ...

Од Владата упатија апел до медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите во трагедијата во Кочани, спротивно на препораките, да ги отстранат содржините и да не ги шират ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани -Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар ...

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагираа за неетичкото известувањето на српски медиуми и претставници на странски дописници за погребот на загинатите во Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани Ги повикаа да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат фотографии и видеа кои вознемируваат. ...

Вчера во 15.35 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош е донесена ученичка од с. Орашје, која била повредена со тврд предмет. Веднаш било постапено во однос на пријавата при што било констатирано дека се работи за 11-годишна малолетничка од с.Орашје, која при излегување од основното училиште во с.Одри била физички нападната од нејзин соученик од с.Одри, кој, според пријавеното, ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска потсети дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани -Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на ...

Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој 11 пати возел од Кочани до Скопје кобниот ден, постхумно ќе биде одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 19.03.2025 година во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршиле акциска контрола и презедоле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални ...

Граѓаните на Кочани, денеска кога е погребот на загинатите во пожарот, уште еднаш упатија апел за почит. „Денес е најтажниот ден во историјата на Македонија. Најцрниот и најболен ден за Кочани. Ден на болка, ден на тишина, ден кога срцата се скршени, а солзите не престануваат да течат. Кочани остана без дел од својата младост, без својата иднина, без својата душа. Ова мало градче денеска тажи, секој граѓанин носи неизмерна болка. Нема човек што ...

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. -Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, информира МВР. Тие се лишени од ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека раководител на Одделението за урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово-Ростуше вчера бил фатен како зема поткуп во угостителски објект во Скопје. „Полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово-Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп ...

Во Општата болница Куманово пред неколку дена почина 32-годишниот Ведат Адеми, по алергиска реакција од аналгетик, по примена инфузија во Хируршкото одделение. Вчера министерот за здравство, Арбен Таравари го разреши директорот на болницата, Стефан Трајановски, “поради пропусти во лекувањето“, посочувајќи дека од извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат многу лесно може да се констатира дека имало предуслови за разрешување на ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираа дека Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) забрани вршење било какви операции со воздухоплови без екипаж – дронови, на територијата на неколку општини, населени места и локации. Од МВР велат дека неовластено и некоординирано оперирање со овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица ...

Од Кривичниот суд Скопје го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за притвор за седумте полициски службеници од Кочани и Штип за трагедијата во Кочани, за кои денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Седумте приведени полициски службеници констатирале дека дискотеката во Кочани ги исполнува законските услови за работа Меѓу нив има и началници, а сите ...

Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално, информираат од Здружението на порталите Онлајнмедиа (onlinemedia.mk). -Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камерите да сведочат за скршените души што ќе се збогуваат со своите чеда за последен ...

Седумте приведени полициски службеници констатирале дека т.н. дискотека во Кочани ги исполнува законските услови за работа, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката Станува збор за началници и полициски службеници во Кочани и Штип, кои како што кажа министерот, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност му овозможиле ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, обвинетиот Велибор Манев меѓудругото кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го сликал девојчето со вперен пиштол, за да од нејзините родители бара пари. – Откако завршивме со закопувањето на Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што е и како е на Интернет. Тогаш го кажа тоа, дека се ...

Седуммина осомничени се приведени во врска со трагедијата која се случи во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а 196 се повредени. Тие се уапсени поради незаконското издавање на лиценцата на т.н. дискотека, а од нив четворица се полициски началници, а тројца се полициски службеници во Штип и Кочани. Од Основното јавно обвинителство за нив побараа притвор. -Според дејствијата опишани во наредбата постои основано ...

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 18.03.2025 година во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М. (34) од Сопиште, скопско, Ј.С. (24) од Кочани, Е.Ш. (43) од Скопје, Ј.П. (28) од Скопје, М.Д. (45) од Скопје, М.Ј. (36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ. (51) од Република Србија. За време на јавниот собир на плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без претходно да ...

Од вкупно 12 објекти со активна лиценца, три не ги исполнуваат минимум техничките услови, покажуваат најновите податоци од Државниот пазарен инспекторат. Контролата на останатите девет објекти е во тек. Над 10 инспекциски тимови се на терен и контролите ќе продолжат и во наредните денови, вклучително и проверка на објекти кои немаат важечка лиценца, но работеле во минатото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.11
90%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
90%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
95%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Платина

52864.82

Злато

134976.58

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99