Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Министерот за здравство Арбен Таравари апелираше до македонските медиуми да ги почитуваат приватноста и достоинството на жртвите. „Објавувањето снимки и фотографии од повредените во нивните најранливи моменти може да предизвика дополнителна болка, не само за нив, туку и за нивните семејства, и да влијае на нивниот процес на закрепнување. Затоа, упатувам искрен апел за одговорно известување, кое ќе стави акцент на поддршката и помошта за оние на ...
За трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа најмалку 59 лица, од страна на Основниот суд во Кочани, поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, добија по 48 часа притвор. Судот постапуваше по барање на Основното јавно обвинителство, а тие вчера од Скопје со полиција беа спроведени таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Бектеши и Трајковски со полиција ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување на соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 ...
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да може да се закопаат големиот број на загинати во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Починатите лица од Кочани се уште не се закопани, бидејќи нивните тела се на обдукција. Агенцијата Ројтерс објави снимка од дрон од подготовките за тоа, а починатите ќе бидат закопани во посебен дел од гробиштата во Кочани. Од Општината Кочани освен за проширувањето на гробишта, информираа и дека парцелите и погребалните ...
Синоќа во Основното јавно обвинителство за трагедијата во Кочани беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој вчера под притисок на јавноста си поднесе оставка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот на Кочани си поднесе оставка, откако го притисна јавноста Од Обвинителството информираа дека за време на истиот, тој дал определени појаснувања и сознанија, кои ќе се споредуваат со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, денеска од полициската станица во скопски Карпош е спроведен во Основниот суд во Кочани, пренесе телевизијата Телма. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бектеши уште во полиција, засега за него нема правна квалификација Поранешниот министер Бектеши на распит, потпис на фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека ставила Чекиќ-Дуровиќ Тој е еден од 14. лица за кој Јавното обвинителство за трагедијата во Кочани бара ...
И Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март да се прогласи за Ден на жалоста поради трагедијата во Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во Црна Гора денеска е прогласен за Ден на жалост, во Србија и Бугарија утре Утрешниот ден за Ден на жалос 18 март го прогласија и владите на Србија и Бугарија, а денеска е во Црна Гора. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бектеши уште во полиција, засега за него нема правна квалификација Цел свет виде ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши од вчера е во полициската станица во скопски Карпош за пожарот во Кочани во кој загинаа 59. лица, а неговиот адвокат Еленко Миланов, денеска изјави дека за него засега нема правна квалификација. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поранешниот министер Бектеши на распит, потпис на фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека ставила Чекиќ-Дуровиќ Бектеши може да биде задржан во полиција 24 часа, а времето му истекува. ...
Од неформалната група „Кој е следен?“ по трагедијата во Кочани повикаа на јавен собир во Скопје и низ земјава. „Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на дизелот е 68,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 ...
На денешниот протест во Кочани поради трагедијата во која т.н. дискотека „Пулс“ загинаа најмалку 59. лица беше демолирано кафулето „Класик“ на сопственикот на двата објекта. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица Учесници на протестот ја каменуваа и зградата на Општината Кочани и го бараа градоначалникот Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка под притисок на јавноста, да излезе, а полицијата ги спречи да ...
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа. „Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата. Само 12 поседуваат лиценца, и тоа од тие не знаеме колку се се уште валидни бидејќи претпоставувам на некои рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година,“ одговори Мицкоски на новинарско прашање. Тој нагласи дека нема да има милост и го нарече настанот во ...
Колеги на Владимир Блажев Панчо од групата ДНК на социјалните мрежи информираа дека се влошила неговата состојба. Моментално тој бил на интензивна нега во Систина. Во пожарот на нивниот концерт во т.н. дискотека во Кочани загина речиси целиот состав на ДНК. Загина пејачот Андреј Ѓориески, професорката – придружниот вокал Сара Пројковска, музичарите Филип Стевковски, Андреј Коларов и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин ...
Министерот за здравство Арбен Таравари се огласи по повод смртта на возачот на Итната медицинска помош од Кочани, кој почина во сон, по напорениот работен ден пренесувајќи повредени во пожарот во дискотеката. „Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори на повикот за спасување, но неговото сопствено срце не издржа. ...
Како и што најавија вчера студентите денеска на заеднички час во голем број се собраа пред платото на Универзитетот „Кирил и Методиј“ за да го изразат својот револт за трагедијата во Кочани и да им одадат почит на загинатите 59 лица. Во нивната намера не ги спречи ни дождот. Заедничкиот час почна со седумминутен молк точно напладне. Истиот беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши, па беше повикана и Брза Помош. Од Универзитетско ...
Во Кочани денеска се одржува протест поради трагедијата која се случи во т.н. дискотека, во која во пожар загинаа најмалку 59 лица. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и правда, а како што јавува фоторепортерот на еМагазин, Игор Бансколиев, од Кочани, на две лица кои биле дел од протестот им се слошило и биле згрижени од Црвениот крст. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја ...
Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на пејачот Андреја Ѓорѓиески од ДНК кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани спасувајќи други луѓе, се огласи во јавноста по повод овој трагичен настан. „Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на ...
Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. „За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим ...
Во Кочани во кое од вчера и воздухот тежи од тага и бес, граѓани во редици чекаат да се потпишат во книгата на жалост, која е поставена на плоштадот во градот, јавува од Кочани фоторепортерот на еМагазин, Игор Бансколиев. Денеска во 13 часот се планира и протест поради трагедијата во т.н. дискотека, каде во пожар загинаа најмалку 59 лица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Tоа е штала, и функционирала така 15 години со криминал, со мито, со корупција, вели ...
Новинари, камермани и фотографии од целиот свет дојдоа во Кочани, по трагедијата, во која во пожар во т.н. дискотека загинаа најмалку 59 лица, од која тројца малолетници. Светските медиуми, како и нашите се чудат како можела оваа шупа да биде дискотека и кабаре, пренесува фоторепортерот на еМагазин од Кочани, Игор Бансколиев. Трагедијата е топ вест низ целиот свет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца Во ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот ДНК, а лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите. Тошковски го потенцираше и наодот од обвинителот Љупчо Коцевски дека дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство, и во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека во Полициски станици на подрачје на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, се обавуваат службени разговори, меѓу кои и поранешен министер. Во СВР Штип приведени се 13 лица, неформален сопственик на дикотека, продавач на влезници, лица од обезбедување, сопственик на објект на дискотека, три лица од Државен пазарен инспекторат, едно лице од трудов инспекторат, и уште едно лице кое ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој денеска преку Фејсбук информираше дека поднесува оставка, а не на прес-конференција, која ја вети, вчера бил на распит во полицијата, по налог на Јавното обвинителство, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот на Кочани си поднесе оставка, откако го притисна јавноста Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, си поднесе оставка, а за тоа информираше на Фејсбук. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски Вчера не сакаше да коментира кога за оставка го прашаа новинарите. Најави и прес-конференција која не се случи. Оставката ја даде под големиот притисок на јавноста и ни по 24 часа по трагедијата не ...
Пациентите во болниците се во стабилна состојба, но има нов момент пациенти кои иако се чувствувале добро подоцна почувствувале симптоми, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. Тој апелираше сите што биле во дискотеката за време на пожарот и ако немаат симптоми да се консултираат со матичните лекари. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски појасни дека можни се вдишувачки изгореници на дишните органи. И пациентите ...
Кочани утрово го потресе нова трагедија. Починал Иле Гоцевски, долгогодишен возач во службата на Итната медицинска помош. Вчера, како и секој ден, извршувал свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица од пожарот во дискотеката. По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на настанот ...
Тројца спортисти загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, голманот Дамјан Танески (18) од Штип кој бранел во Мал Ајакс. Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров (25) и кошаркарот на Дино Баскет, Петар Ивановски (20). Спортските активности неделава ќе бидат ставени на минимум. „Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека ...
Соседните земји посебно сочувствуваат со болката на македонскиот народ, па така поддршка пристигнуваат насекаде од регионот. Во Црна Гора денеска е прогласен Ден на жалост, а во Србија утре. Во Србија се испратени повредени на лекување, а денеска пристигнува и тим на лекари специјалисти во Македонија. Кулата во Белград синоќа беше обоена во боите на македонското знаме, со натпис „Србија е со Македонија“. Поддршка дадоа и голем број познати ...
Денеска во Кочани со почеток во 13 часот во Градскиот парк ќе се одржи протест за трагедијата во т.н. дискотека, каде во пожар загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и тројца малолетници и речиси целиот состав на групата ДНК, која таму имаше концерт. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало Протестот се организира на социјалните мрежи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кочани го потресе нова трагедија: Почина возач ...