Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Реплек АД Скопје лани имал приходи од продажба од 33,8 милиони евра (+7%) и консолидирана нето добивка од 305 милиони денари (5 милиони евра), што претставува раст од 36% во однос на 2024 година, соопштија од таму преку Македонската берза. -Паралелно со подобрувањето на профитабилноста, со раст на нето маржата од 11,5% на 14,7%, во текот на годината беа реализирани клучни инвестиции во производни капацитети и дигиталната трансформација, ...
Поради прекин на летовите кон Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), од туристичките агенции апелираат до патниците, за состојбата да се информираат кај нив или кај авио-превозниците. Сите летовои на аеродоромите во Дубаи и Абу Даби моментално се прекинати, се до официјално известување за отворање на истите. „Прекин е заради затворање на регионалниот воздушен простор на Блискиот Исток, а согласно официјални информации на официјалните интернет ...
Поради ескалиција на состојбата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел, нискобуџетната компанија „Виз Ер“ ги суспендира летовите до Израел, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Јордан до 7. март, информираа од таму. И македонските туристички агенции повикуваат патниците да се информираат кај агенциите и авио-превозниците за патување во дестинациите во тој регион. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Патниците да се ...
Binance, една од водечките светски платформи за криптовалути, за првпат го носи едукативниот формат Binance Learning Lab во Скопје, со бесплатна, интерактивна работилница наменета за сите што сакаат да ги направат првите чекори во крипто на јасен, практичен и безбеден начин. Настанот ќе се одржи на 5. март 2026 година во Скопје, во просториите на Адева The Hub, на Бул. Партизански Одреди бр. 17. Учеството е бесплатно со ограничен број места и ...
Од денес, за сите Телеком корисници кои во моментов се наоѓаат на Блискиот Исток (Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија) е активиран бесплатен роаминг пакет од 10 GB, со важност од 7 дена, односно заклучно со 9. март 2026, информираат од компанијата. „Пакетот им овозможува на корисниците да останат во контакт со своите најблиски, без дополнителни трошоци за интернет сообраќај во роаминг. Со оваа одлука, компанијата уште ...
Димко Митрев АД Велес лани остварил нето добивка од 181 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година истата е поголема за 40%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото за овој период има вкупен приход од 325.193 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година, истиот е поголем за 9%. Вкупните расходи изнесуваат 324.683 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 8%. ...
Макстил АД Скопје лани остварил добивка пред оданочување од 509 милиони денари и истата е повисока од остварената во 2024 година, соопштија од таму преку Македонската берза. Нето добивката изнесува 447 милиони денари, и е повисока од остварената во минатата година. -Зголемувањето на нето добивката се должи на признавањето како приход на солидарниот данок, кој беше исплатен во текот 2023 година, велат од таму. Друштвото за овој период има ...
Рудници Бањани АД Скопје лани остварил нето добивка по оданочување од 918.000 денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза. -Во 2025 година Друштвото оствари вкупни оперативни приходи: 58.561.000 денари, од кои приходи од продажба изнесува 58.178.000 денари. Во споредба со 2024 година, намалени се приходите од продажба на домашен пазар како резултат на намалена работа на компаниите кои ...
Драматично расте бројот на македонски државјани кои побарале евакуација поради влошувањето на состојбата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Блискиот Исток пред тотална војна: Продолжуваат воените дејства во Израел, Иран и регионот Според информации од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), заклучно вчера, повеќе од 150 македонски државјани, ги ...
И опозициската ДУИ, по подршката од македонската Влада и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче даде подршка на САД за нападот на Иран. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран Преку соопштение од ДУИ велат дека целосно се солидаризираат со САД, која го нападна Иран, заедно со Израел и дека даваат подршка за секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност. Од таму меѓу друго посочуваат дека ...
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 македонски граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика. Од Министерството велат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток, кои имаат директно влијание врз регионалната и меѓународната стабилност. „Со оглед на очигледните обиди на Иран да таргетира, покрај Израел, и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база ...
Амбасадата на Македонија во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во соработка со тамошните власти и Кралството на Саудиска Арабија ја разгледува можноста за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ. Тие со автобус би биле транспортирани во Саудиска Арабија. „Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/Нота од ...
Во посета на Македонија денеска е генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Ќе го прими претседателката Гордана Силјановска Давкова, а според најавите двајцата по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција. Руте ќе ја посети и македонската Армија. Поради неговата посета во Скопје ќе има посебен сообраќајаен режим. Оваа е втора посета на Руте на Македонија. За првпат дојде во земјава кога беше премиер на Холандија. Фото: Влада Во посета на ...
Во Иран за убиството на ајатолахот Али Хамнеи, најмоќниот човек во земјата, кој владееше 36 години, и се слави и се плаче. Хамнеи беше убиен во нападот на земјата од страна на САД и Израел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Убиен верскиот лидер Али Хамнеи, најмоќниот човек во Иран Нападот предизвика влошување на состојбата на Блискиот Исток, откако Иран изврши напади во Израел, Оман, Катар, Кувајт, Обеднетите Арапски Емирати, Бахерин и Јордан, каде има ...
Нападот на Иран од страна на САД и Израел може да донесе драстично повисока цена на нафтата, по што би следело покачување на цената на бензините, но и на бројни други производи, што ќе ја зголеми инфлацијата на глобално ниво и ќе ја потресе светската економија, анализираат светските агенции. Засега е нејасно дали Иран го затворил Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски извозни правци за нафта. Тој ги поврзува најголемите производители ...
Блискиот Исток е пред тотална војна, од која последиците ќе ги почуствува целиот свет. И денеска продолжија нападите на Израел на Иран, на што земјата возврати со контра напади, а продолжи и да напаѓа американски бази во регионот, но и цивилни цели. Експертите сметаат дека нападите на Иран на цивилни цели во регионот е да ги вовлече сите земји од Блискиот Исток во конфиликот, за кој никој не може да каже колку ќе трае. Сите страни во ...
Макошпед АД Скопје лани остварил добивка од 4.319 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 3.556 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираа од таму преку Македонската берза. -Остварените вкупни приходи изнесуваат 36.571 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат намалување. Оперативните приходи изнесуваат 27.349 ...
Од Триглав Осигурување АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Војдан Јорданов, поднел оставка од функцијата член на Одбор на директори и извршен директор на Триглав Осигурување. -Дополнително, известуваме дека и Дарко Поповски, поднесе оставка од функцијата неизвршен член на Одборот на директори. Одборот на директори на Триглав Осигурување продолжува со својата работа со оптимизиран број на членови, со што се создаваат услови за ...
Макпетрол АД Скопје лани остварил вкупен приход од 31,3 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 212,5 милиони денари, односно остварен е раст од 0,68%, соопштија од таму преку Македонската берза. -Во структурата на приходите, најголем удел со 98,4% имаат приходите од продажба, од кои 96,86% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,54% се остварени преку продажба на странски пазар, односно преку извоз на млазно ...
Од денеска, 1. март, дел од цигарите се продаваат по нова цена, повисока за 10 денари, потврдија од маркети за еМагазин. Станува збор за цигарите на Империјал тобако ТКС АД Скопје: Родео, Вест, Давидов и Жаде. Засега нема најава за поскапување на други брендови на цигари. Зголемувањето е дел од редовното усогласување со акцизната политика на државата, која предвидува постепено покачување на акцизите на тутунските производи до 2030 година. Од ...
И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го оправдува нападот на Иран од страна на САД и Израел, посочувајќи дека истиот следел откако биле исцрпени сите дипломатски механизми. Тој како што изјави денеска, вели дека нападот бил добар за иранскиот народ, како што неодамнешната интервенција на САД во Венецуела била за доброто на народот таму. Очекува деескалација на работите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија даде поддршка на САД за нападите на ...
Синоќа во Вила Водно се одржа седница на Советот за безбедност поради нападот на Иран од страна на САД и Израел, кој Македонија го подржа, и поради влошувањето на состојбата на Блискиот Исток. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран Како што информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја свика седницата, на истата врз основа на информации од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за ...
Истрагата дали 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане е сериски убиец открива вознемирувачки детали, но и пропусти на институциите, кои почнаа да го истражуваат тоа дури откако тој беше осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек. Сега надлежните органи истражуваат дали тој е поврзан со смртта на уште пет жени, три од годинава, две од лани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се истражува смртта на пет жени во врска со ...
Утринава Израел го нападна Иран. Како што пренесуваат светските агенции станува збор за превентивен напад, а во истиот учествува и САД, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека истиот ќе биде масивен. Засега светските медиуми јавуваат за напад во близина на канцелариите на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, (кој е највисоката политичка и верска фигура во земјата, над претседателот и другите владини функционери, и е ...
Утринава САД и Израел го нападнаа Иран, а на социјалните мрежи се појавија видеа во кои ирански граѓани го слават нападот и извикуваат: “Го сакаме Трамп“. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање до американските граѓани за нападот, ги повика припадниците на Исламската револуционерна гарда и иранските вооружени сили да го положат оружјето за што ќе добијат имунитет, и им порача дека „другата опција е сигурна ...
Иран го нападна Израел, како и американските бази во Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан и Кувајт, откако утринава земјата беше нападната од страна на Израел и САД, пренесуваат светските агенции. Американскиот претседател Доналд Трамп најави масовна операција чија цел е соборување на иранскиот режим. Оваа следи по маскарот врз иранските граѓани од страна на иранскиот режим во неодамнешните протести, како и неуспешните ...
Во повеќе градови низ светот ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Израел и САД го нападнаа Иран Се славеше со протести против режимот во Иран во Франција, Шведска, Швајцарија… По нападот на Иран, следеше контра напад на Израел и на американските бази во Кувајат, Катар, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Бахерин. Американскиот претседател Доналд Трамп информираше дека станува збор за ...
Во вчерашните напади на Иран од страна на САД и Израел е убиен ајатолахот Али Хамнеи, потврди Иран. Хамнеи беше највисоката политичка и верска фигура во земјата, над претседателот и другите владини функционери, и беше одговорен за клучните државни одлуки. Претходно за неговата смрт информираа и американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кои како што пренесуваат светските медиуми, им била покажана ...
Грчките граѓани денеска на тригодишната од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади, масовно излегоа на улиците на протести. Најголеми беа во Атина и Солун, а учесниците на протестот порачаа дека не се работи за несреќа, туку за убиство и побараа криминалот во врска со Темпи да не се сокрие. Семејствата на загинатите и нивните роднини порачаа дека ќе се борат до крај сè додека не биде задоволена правдата и не ...