Секогаш е задоволство да се прославуваат успесите, особено кога тоа се прави на искрен начин, кој јавноста го препознава. Но, за секој успех е потребен труд, многу работа и квалитетен и посветен тим кој е подготвен да ги реализира дури и најамбициозните замисли. Токму таков е тимот на Публицис Груп, кој ја освои наградата за Најдобар корпоративен настан на овогодинешниот BEAM Festival, за организирање на прославата за 40-от роденден на НЛБ ...

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во февруари остварила промет од 197,5 милиони денари и таа е најтргуваната акција на Македонската берза во февруари, покажува билтенот што го објави Берзата. Со акцијата на Алкалоид АД Скопје е остварен промет од 62,8 милиони денари, а со акцијата на Макпетрол АД Скопје, 38,6 милиони денари. Во Топ 5 се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје. Акцијата на Комерцијална банка АД ...

Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Живко Мукаетов, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, купил 300 акции. Тој сега поседува 131.300 обични акции на Алкалоид или 9,17% од вкупниот број на акции. Акции купил и Виктор Стојчевски, член на Управниот одбор и директор на финансии. Тој купил 200 акции и сега поседува 0,70% од вкупниот број на акции. Оливера Панева, член на Управниот одбор и ...

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“ и дел од градска магистралната улица „Новопланирана 1“ во Кочани (јужен булевар влез од кај Грдовци), со друштвото за производство, трговија и слуги ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип. Вредноста на договорот е 117.414.152 денари или 1.909.173 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 983,6 илјади евра склучи Министерството за транспорт со „Адра„ Договор од ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, евакуирани од територијата на Израел, кои по копнен пат се упатија кон Египет, попладнево со владин авион безбедно слетаа во Скопје. „Евакуацијата беше реализирана во координација со надлежните институции и со поддршка на дипломатско-конзуларните претставништва, при што организацијата на транспортот од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, како и ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во разговор со својот азербејџански колега негирал дека Иран е одговорен за нападот со дронови во Азербејџан и најавил истрага за инцидентот. Азербејџан затвори дел од својот воздушен простор во близина на границата со Иран на 12 часа, откако утрово се случи напад со дрон во автономната енклава Нахичеван. Дрон ја погоди зградата на аеродромот, при што две лица беа повредени, а друг дрон ...

МЕПСО АД Скопје склучи договор за реконструкција и санација на комадни згради во трафостаници за подобрување на енергетски карактеристики, интеграција на обновливи извори на енергија и намалување на емисии на CO2, со друштвото за производство, градежништво, трговија и услуги Ју-см ДООЕЛ експорт-импорт село Гургурница, Брвеница. Договорот е во вредност од 105.910.633 денари или 1.722.124 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 2,2 милиони евра склучи ...

Фершпед АД Скопје лани остварил вкупни приходи од 4.221.416 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2024 година, истите се намалени за 10,5%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Оперативните приходи во износ 4.210.071 илјади денари учествуваат со 99,7% во вкупните приходи и истите се намалени за 11% во споредба со оперативните приходи во 2024 година. Финансиските приходи во износ од 11.345 илјади денари бележат ...

Лотарија на Македонија АД Скопје лани остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 6.662 илјади денари, и позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ од 6.648 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 27.859 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година ...

Општина Струга информира дека ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот „ауди А6„, набавено од Општината за времето на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, со почетна цена од 1.344.636 денари (21.800 евра). Аукцијата ќе се одржи на 16 март, во 10 часот на интернет-страницата e-stvari.mk. „Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека безбедносната ситуација е стабилна, но на економски план ќе се почувстуваат последици, пред се преку зголемување на цената на нафтените деривати. „Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, тука пред сѐ мислам на притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот. Повеќе на нафтата, бидејќи ние немаме премногу голема зависност во делот на гасот. Полека завршува и ...

21-годишната Мартина Ристевска, денеска беше меѓу сведоците на судското рочиште за „Пулс“. Таа рече дека обезбедувачите во дискотеката го жртвувале своето здравје, за да спасат што повеќе животи и без нивната акција ќе имало многу повеќе жртви. Тие помагале иако и самите биле во лоша состојба и според нејзините искази, повраќале црно ама ставале маица преку устата и носот и пак оделе да извлекуваат луѓе. Кристијан Китанов исто така рече дека ...

Документ на американската тајна служба ЦИА декласифициран во јануари годинава открива дека во 1992 година Грција му понудила финансиска помош за Македонија од 100 милиони долари на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров, за промена на името на државата. Како што стои во документот “и покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери од 100 милиони долари финансиска помош под услов ...

Иран денеска одговори на протестната нота на Турција и негираше дека лансирал ракета кон воздушниот простор на таа држава. Во соопштението на Генералштабот на иранските вооружени сили било наведено дека го почитуваат сверенитетот на Турција и негираат дека испалиле каква било ракета кон нејзина територија. Вчера, НАТО собори ракета над Турција, поради што на разговор беше повикан иранскиот амбасадор, државата испрати протестна нота до Иран и ...

Два дрона од Иран, денеска ја погодија територијата на Азербејџан. Еден дрон го погоди аеродромот Нахчиван, при што две лица беа повредени, а вториот слета во близина на училишна зграда во областа Шекерабад. Азербејџанското Министерство за надворешни работи го осуди нападот, велејќи дека тоа само ќе ги зголеми тензиите во регионот. Иранскиот амбасадор е повикан на разговор во Баку, за да го објасни инцидентот. Фото/Unsplash Два дрона од ...

Институтот за економски истражувања и политики Finance Think во нивната кратка анализа на социјалните мрежи, одговорија на главното прашањето кое се поставува по војната на Блиски Исток, а тоа е дали следува глобален нафтен шок? Според нив, одговорот дека следува нафтен шок е избрзан. Од таму велат дека истото прашање го поставиле и во деновите кога САД изврши интервенција врз нуклеарните капацитети на Иран, во јуни 2025. „Ормуски Теснец е ...

Lidl продолжува со засилено темпо да инвестира во земјава. Со симболично поставување камен-темелник, компанијата денеска го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, лоциран во скопската општина Гази Баба. Продажниот објект ќе се гради на парцела во лесно достапно подрачје и со директен пристап до главните градски сообраќајници. Со ова Lidl го најавува проширувањето на својата продажна мрежа како дел од стратешкиот и ...

Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин. „Лицата кои изразија ...

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на обвинетите во случајот побара спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници, кој се однесува на истиот кривично-правен настан. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, предложила да се води единствена постапка, а кон овој предлог се приклучија и останатите бранители. Тие образложија ...

Судечкиот совет донесе решение дека не се прифаќа предлогот на бранителите, за спојување на повеќето предмети поврзани со дискотеката „Пулс“. Судијката Диана Груевска Илиевска образложила дека тоа уште повеќе би значело одолговлекување на постапката, затоа што би следувало дека, освен тимот од 15 обвинители што постапуваат по овој предмет, би било потребно присуство и на дополнителни обвинители од ОЈО ГОКК. Судот, образложувајќи ја фазата во ...

На денешното рочиште за „Пулс“, Ивана Коцевска адвокатката на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, уште еднаш го повтори барањето тој да биде префрлен од затворот Куманово во Идризово, поради „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“. Но, обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, се ...

Шокира фактот дека во 2025 имало 4.745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два месеца во 2026 – веќе четири случаи на фемицид, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова, на пленарната седница во Собранието „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“, која секоја година се одржува по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март. Таа потенцираше дека овие алармантни бројки се слика на општество во ...

Карате клубот „Макпетрол” го заокружи билансот од настапите на Балканските првенства во периодот 1999 – 2026 година со вкупно 213 освоени медали: 41 златен, 64 сребрени и 108 бронзени. Овој резултат дополнително ја потврдува позицијата на клубот како најуспешен македонски спортски карате-колектив по број на одличја од Балканските првенства. Последен придонес во оваа статистика дојде минатата седмица во Бања Лука, каде што на Балканскиот ...

Ќе биде ли вовлечен и НАТО во конфликтот на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел. Во конфликтот веќе се вовлечени над 10 земји од Блискиот Исток, а денеска од Министерството за одбрана на Турција соопштија дека противвоздушната одбрана на НАТО соборила ирански проектил што се движел кон земјата, која е членка на НАТО. Во инцидентот немало жртви и штети. Како што информираат од таму балистичката ракета била откриена како ...

Откако системот за воздушна одбрана на НАТО собори балистичка ракетa над Турција, државата испрати протестна нота до Иран. По инцидентот турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан испратил протестна нота до Иран, а Анкара го повикала на разговор иранскиот амбасадор, од кого се побарало разјаснување за истиот. Последните информации говорат дека ракетата можеби била насочена кон база во Кипар, но е нејасно дали станува збор за намерна ...

Мермерен комбинат АД Прилеп лани остварил приходи од продажба од 1.877.664 илјади денари што претставува намалување за 4% споредено со претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварената оперативна добивка за годината е во износ од 869.049 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за 2024 година во износ од 1.022.778 илјади денари претставува намалување за 15%. EBITDA за периодот од 1 јануари до ...

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот лани остварил нето загуба по оданочување од 290.040 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Оперативни приходи се 2.401.297 илјади денари и истите бележат намалување од 22% во однос на истиот пресметковен период од претходната година. -Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување во споредба со истиот период од минатата година, додека ...

Гранит АД Скопје лани остварил единечни вкупни приходи од 3.157.541 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година, истите бележат намалување за 18%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Приходите од продажба изнесуваат 2.812.079 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување пред се пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше ...

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во Македонија, информираа од таму. Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, услуги за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
91%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50