Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор (НО) на компанијата купила 310 акции. Таа сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции на Гранит. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит Страшо Милковски купи 3.000 акции на Гранит Членови на менаџментот на Гранит купија акции на компанијата Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Виолета ...
Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека на 10. март пиварницата се стекнала со 5 сопствени акции. -Вкупниот број сопствени акции што ги поседува Друштвото е 1.218, што претставува 3.05% од вкупниот број акции од издавачот Прилепска пиварница, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница повторно откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница Од Прилепска пиварница АД Прилеп ...
Општина Штип склучи договор за конзерваторски реставраторски работи и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар во Штип (повторена постапка), со друштвото за производство, промет и услуги Стентон градба ДОО од селото Долно Оризари, Битола. Вредноста на договорот е 94.378.809 денари или 1.534.615 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ “Стентон Градба“ ќе го гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Договор од 1,1 милион евра склучи Општина Штип ...
За евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток, досега се реализирани четири организирани летови. Според податоци на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) се евакуирани 458 патници. За реализиција на евакуацијата, МНР склучи договор за закуп на авион, со Авиалог ДООЕЛ Скопје, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки. Истиот поради итноста на ситуацијата е склучен без објавување на оглас, а е во ...
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. „ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги изнесувал 237 ...
ОКТА, водечки снабдувач со горива во Македонија, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари, информираат од таму. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува ...
„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација. „Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за ...
Нов директор на најголемата термоелектрана во Македонија, РЕК Битола, е Иван Куковски, потврдија за еМагазин од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје, во чии рамки работи оваа подружница. Тој доаѓа на местото на Тони Петрушевски, кој побарал да биде разрешен од лични причини. Петрушевски, како што велат од ЕСМ, ќе остане во компанијата, како помошник во Кабинетот на генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Петрушевски за директор ...
Следната недела Советот на јавните обвинители треба да избере нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Оваа доаѓа откако Мустафа Хајрулахи поднесе оставка. За позицијата во “трка“ се обвинителите од Вишото јавно обвинителство Скопје – Фатиме Фетаи, Владимир Милошоски, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје – Александар Маркоски и Јасмина Костеска Здравеска, како и Џелал Бајрами, од Основното ...
Компанијата dm drogerie markt го означи почетокот на платформата „Иднина која инспирира“ со настан што обедини волонтерска активност, панел-дискусија и споделување лични волонтерски приказни. Станува збор за нова платформа насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Во рамки на настанот повеќе од 100 новинари, инфлуенсери, соработници, волонтери и претставници на ...
Додека изминативе денови цената на нафтата прави „падни-стани“, од Иран испратија заканувачка порака дека светот треба да се подготви за драстичен раст на цената од 200 долари за барел. Пораката ја испрати Ебрахим Золфакари, портпаролот на воената команда на Иран, кој посочи дека цената на нафтата зависи од регионалната безбедност на Блискиот Исток, која е нарушена по нападот на земјата од страна на Израел и САД, по што Иран во кризата ги ...
Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Туркије останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Туркије е ...
Цената на нафтата деновиве се движи од 80 до 100 долари, откако претходно порасна до околу 120 долари за барел, што првично предизвика раст на цената на бензините и дизелот низ целиот свет. Доколку кризата на Блискиот Исток продолжи ќе растат и цените на бројни производи, а тоа ќе придонесе до раст на инфлацијата. Паралелно со цената на нафтата, расте и цената на гасот. Поради нефункционирањето на Ормутскиот теснец веќе драстично расте цената ...
Во врска со актуелните информации и случувања поврзани со состојбата на Блискиот Исток, ве информираме дека во моментов нема безбедносни или оперативни ограничувања за реализација на туристичките патувања кон дестинации како што се Кипар, Турција, Египет, Тунис и други туристички дестинации кои се дел од нашата програма, велат од Национална асоцијација на туристички агенции. Сите летови се реализираат редовно и согласно планираниот распоред, ...
Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini, информираат од таму. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата ...
Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат и услови за влез во следните активности на терен, информираат од државната компанија Номагас. Станува збор за значаен чекор во развојот на еден од најважните енергетски инфраструктурни проекти во државата, кој има стратешко значење ...
Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29. март во комплексот „Борис Трајковски“, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и ...
Блокчејн е децентрализирана дигитална книга на записи што безбедно ги евидентира трансакциите преку распределена мрежа на компјутери. Првично е развиен како технолошка основа за криптовалути како Биткоин, но со текот на времето прерасна во моќна технологија со примена далеку поширока од дигиталните пари. Во својата суштина, блокчејн е специфичен тип база на податоци. Наместо податоците да се чуваат на еден централен сервер, тие се распоредени ...
Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025, национална иницијатива што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Компанијата беше наградена во категориите Мобилна апликација за е-трговија на годината, Маркет плејс и мулти е-продавница и Најдобра новоотворена е-продавница, со што, уште пред да одбележи една година почетокот на официјалното работење во Македонија, се вброи меѓу најистакнатите и најнаградуваните дигитални ...
Ни одлуката на 32 земји-членки на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за ослободување на 400 милиони барели нафта од итните резерви, не помогна да се стабилизира цената на нафтата. Денеска таа повторно надмина 100 долари, откако пред неколку денови стигна и до 120 долари, по што почна да паѓа и се движеше на околу 80 долари за барел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Меѓународната агенција за енергија ќе ослободи 400 милиони барели нафта од итните резерви, ...
Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од таму. -При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции. Грижата за животната средина е ...
Денеска е потпишан осмиот анекс за изградба за автопатотот од Кичево до Охрид, кој се гради веќе 12 години, а истиот ќе продолжи да се гради уште една година. Анексот е во вредност од 186 милиони евра, а со него треба да се овозможи санација на 14 свлечишта и да се направи еластична одбојна ограда, контролен центар, како и дополнителните работи за изградба на паралелни патишта, информираа од Јавното претпријатие Државни патишта. Станува збор ...
Синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина, Косово, пристигна третиот организиран лет со патници од Македонија кои беа евакуирани од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин. Тие претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, Саудиска Арабија. Како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) во авионот имало 151 патници, од кои 109 се македонски државјани. Фото: МНР Синоќа на ...
Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани сведочеше Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница. Тој во своето сведочење меѓу друго кажа дека во објектот недостигале основни противпожарни апарати, хидрантот бил празен, помошната врата била заклучена, на долниот дел дури и со катанец, и без квака, а тоалетот имал решетки без пристап за помош. Овие недостатоци биле ...
На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ сведочеше и Трајче Димишковски, кој од 2023 до 2025 година работел во агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека. Тој меѓу друго кажа дека незнаел кој му бил статусот на обвинетиот Александар Нацев, кој Основното јавно обвинителство го смета за реален сопственик на „Рубикон“. Рече дека Нацев понекогаш се појавувал за да помогне во координација на луѓето и давал насоки за ...
Дури по една година од трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ на 16. март лани загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, во македонското Собрание денеска се одржа комеморација. На истата освен пратениците, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министри, како и родители на загинатите. По комеморацијата родителите на загинатите изразија разочарување што истата се одржува ...
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил средба со претставници на големите маркети, потенцирајќи дека Владата активно ја следи состојбата и нема да дозволи отстапувања и профитерство. „Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на ...
Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески, е предлогот на Владата за нов државен јавен обвинител. Предлогот е испратен до македонското Собрание, кое треба да го избере. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владата го предлага Ненад Савески за нов државен јавен обвинител еМагазин разгледа каков имот пријавил кога станал судија. Каков имот пријавил На негово име поседува стан во Гостивар. Вози „опел“. На име на сопругата пријавил кредит. ПОВРЗАНИ ...
На 11 март, на денот кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ го прогласи победникот на наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ за 2026 година. На прес-конференцијата, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, беше соопштено дека ракописот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ на Ванчо Полазаревски е втор победник на ...