Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто, Канада, беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада, информираат од Комората. Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, ...
Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca-Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати, информираат од таму. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca-Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата, велат од таму. Andrew David Cup се доделува од 2005 година и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), направи измени на Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, со што се овозможува за цената на горивата да се реагира на вонредни седници кога било во текот на неделата, а не како што беше до сега само во понеделник. Кога започна енергетската криза поради војната во Иран и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари. Истата е повисока за 8,3% во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари пак изнесувала 70.066 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 3,5 денари, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Дизелот сега ќе се продава за за 95,50 денари. Бензиниот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 86,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 88,50 денари за литар. Се зголемува ...
Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека по одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор на Банката и добиеното Решението на Извршниот одбор на Народната банка, Зарије Коралија, се именува за член на Управен одбор (УО) на Банката. Тој ќе има мандат од една година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Белград се стекна со нови акции на Алта банка Битола Државата веќе нема акции во Алта ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР, информираа од таму. Контролите опфатиле 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. При контролата биле утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што претставува околу 37 проценти од опфатените случаи. „Овие 29 лица користеле вкупно 236 ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на земјава. Истата ќе трае 30 дена, а е донесена поради “судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државата“. -Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и ...
Роберт Малезански и Горан Блажески, се двајцата нови пилоти кои ќе ги возат „ер тракторите“ за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираа од таму. Тие во Шпанија успешно ја завршиле преобуката и се стекнале со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. Сега ДЗС има пет пилоти кои имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони. Лани ДЗС имаше само еден пилот ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, истакна дека видливи поскапувања има кај јајцата и кај маслото, и дека кај други производи тоа не е забележано. Тој додаде дека трговците зголемувањето го оправдувале со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки. „Ако видиме неетично однесување од снабдувачите и маркетите, како Влада ќе ги преземеме сите мерки. ДПИ е на терен“, ...
Војната во Иран која се прошири во целиот регион на Блискиот Исток влегува во четвртата недела. Никој не знае кога ќе заврши, а во меѓувреме на светот му се случи најголемото пореметување на транспорт на нафта во историјата, што пак придонесе за раст на цената, а се очекува кризата да ја зголеми и инфлацијата во светот и да го намали економскиот раст. Освен нападите на Иран од страна на САД и Израел, за кризата со нафтата, но и со гасот, чија ...
Ирак е последната земја која прогласи “виша сила“ за испорака на енергенси, поради конфликтот на Блискиот Исток, кој беше предизвикан од нападот на САД и Израел на Иран. Претходно ваква состојба прогласија и Бахреин, Кувајт и Катар. Прогласување “виша сила“ значи активирање на договорна клаузула која ги ослободува страните од одговорност во случај на вонредни и непредвидени настани кои се надвор од нивна контрола. На тој начин државите ...
Ирански балистички ракети со среден дострел во петокот ја погодија американско-британска воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, со што светот дозна дека Иран има ракети со дострел и од над 4.000 километри. Досега се сметаше дека ракетите на Иран се со дострел до 2.000 километри. Оваа значи дека на мета на Иран можат да бидат и американските бази и цели и во Европа, а не само тие на Блискиот Исток. Израелските одбранбени сили ...
Податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникаци (АЕК) за 2025 година покажуваат дека според број на активни претплатници на пазарот на мобилна телефонија, А1 Македонија има најголем удел од 48,08%. Следи Македонски Телеком со 45,93%, МТЕЛ со 4,42%, Телекабел со 1,36%, Мтелмобајл со 0,10% и Греен Мобиле со 0,11%. Лани имало 1.954.643 активни претплатници, што е раст за 1,82% во однос на претходната година. ...
Предлагачите на новиот закон за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на сопствениците на малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси и не ги вградија нивните аргументи во драфт-верзијата на законот која наскоро треба да стигне до Владата. Уште при објавувањето на првичната верзија на законското решение, малите трговци предупредија дека ќе бидат сериозно економски ...
ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%, одлучи Владата на денешната вонредна седница. Премиерот Христијан Мицкоски објасни дека со намалувањето на данокот, цената на бензините нема да се зголеми, а на нафтата ќе се зголеми за 3,5 денари. „Доколку не се намалеше ДДВ-то, бензините оваа недела требаше да поскапат 6,5 денари колку што е според последните движења на италијанската берза. Дизелот ќе поскапи за 3,5 денари, а 7 денари се ...
Според податоци на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), во Македонија и по воениот конфликт на Блискиот Исток се точат меѓу најевтините горива во регионот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов Поради тоа граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава да точат бензин и дизел, а трендот го потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера соопшти ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, останува во куќен притвор, кој го доби по враќањето во Македонија, откако беше во бегство 14 месеци. Тој е во куќен притвор во неговиот дом во скопски Чаир, каде е под 24-часовен надзор, а остана и без пасош. Груби е осомничен во случајот за проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За што се гони Артан Груби Тој се уште ...
Владата најавува вонредни мерки заради цената на нафтата на светските пазари, на седница која што е закажана за утре во 12ч. Иако до сега властите тврдеа дека нема потреба од мерки, сепак случувањата на Блиски Исток, бараат да се превземат мерки за да се спречи инфлација и стабилизирање на цената на горивата. Едни од можните мерки се намалување на ДДВ од 18 на 5%, како и намалување на акцизата. Владата најавува вонредни мерки заради цената ...
По Русија, САД и на Иран, привремено му укина санкции за продажба на нафта. Станува збор за иранска нафта која веќе е на море, односно која е во фаза на транспорт, како што беше случајот и со руската нафта. Како што велат американските власти укинувањето на санкциите е во наредните 30 дена, до 19. април, а целта на одлуката е да се намали притисокот врз глобалниот енергетски пазар по кризата на Блискиот Исток. Станува збор за 140 милиони ...
Пожарот кој беше подметнат во хала на фабриката за оружје ЛПП Холдинг во Парудбице на истокот на Чешка е терористички напад, но нејасно против кој, бидејќи таму не се произведуваат дронови за Израел туку за Украина, а полицијата и службите за безбедност проверуваат четири различни верзии, соопштија чешките власти. Министерот за внатрешни работи Лубомир Метнар рече дека во пожарот никој не е повреден и дека најверојатно е терористички напад, ...
Под совозачкото седиште на неговото возило биле пронајдени 50. илјади евра што ги зел Васе Анакиев, актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што е познато Анакиев од сопственик на фирма барал да му даде 100 илјади евра на три рати за да овозможи стока која била задржана на граничен премин, да влезе во земјава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Барал 100 илјади евра за да дозволи ...
Деновиве се обележуваше годишнината од трагедијата во Кочани, каде по пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, претежно млади. Централното обележување беше во Кочани, град кој имаше најмногу жртви, а почит на различни начини, од заседувања дрвца до хуманитарни настани, се даде и во Штип, Струмица и Виница, од каде исто така имаше загинати. Настан имаше и во Тетово и Куманово. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Почит за ...
Податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), покажуваат дека синдикалната минимална кошница во март пораснала за 436 денари, споредено со претходниот месец. На едно четиричлено семејство според ССМ за основни потреби во март му биле потребни 67.818 денари Со изнајмен стан од 60 метри квадратни пак основните трошоци за март изнесуваат 83.193 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница во последните три месец ...
Binance го проширува моделот на континуирано, непрекинато тргување — модел што е карактеристичен за крипто-пазарите — и во светот на традиционалните финансии, овозможувајќи им на корисниците да тргуваат со перпетуални договори поврзани со традиционални финансиски инструменти во секое време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на една единствена платформа. Овој развој претставува чекор кон поврзување на инфраструктурата надигиталните средства ...
Од 28. февруари од кога САД и Израел го нападнаа Иран, се убиени дури девет високи ирански функционери. Последниот е Есмаил Хатиб, министерот за разузнавање на Иран, еден од најклучните во земјата. Пред него беа убиени врховниот лидер Али Хамнеи, началникот на Генералштабот, Абдолрахим Мусави, главниот командант на Исламската револуционерна гарда, Мохамед Пакпур, шефот на националното полициско разузнавање, Голамреза Резајан, шефот на ...
Конфликтот на Блискиот Исток поради нападот на Иран од страна на Израел и САД им носи големи загуби на земјите од овој регион и во туризмот. Според проценките на Светскиот совет за патувања и туризам, туристичкиот сектор на регионот губи околу 600 милиони долари дневно во трошењето на посетителите поради војната. Моменталните проценки се дека земјите годинава ќе имаат загуби во туризмот од 11 до 27%. Регионот пред војната беше и еден од ...
Деновиве беа обесени тројца Иранчани, кои биле дел од масовните протести во декември и јануари, во кои тамошниот режим уби илјадници свои граѓани, пишува Iran International. Нема официјални податоци колку лица, претежно млади, осуди на смрт, се погубени по протестите. Затворите како што пренесуваат светските медиуми се преполни со лица кои беа уапсени по протестите, а иранските власти јавно преку државните медиуми им се заканија на своите ...
Земјите од Блискиот Исток деновиве бележат големи загуби и во туризмот, а истата судбина ги снајде и земјите од Југоисточна Азија, поради прекините на летовите во земјите од Персискиот Залив, кои се еден од најважните авијациски глобални коридори за поврзување на Европа, Азија и Африка. Загуби веќе бележат Тајланд, Малезија, Индонезија, Виетнам… Доколку војната во Иран, која трае веќе три недели, продолжи до осум недели, Тајланд на пример ...
По нападот на Иран од страна на Израел и САД, освен цената на нафтата, која веќе донесе нови проблеми на светската, но и на македонската економија, продолжува и растот на цената на природниот гас. Конфиликтот од Иран се прошири во целиот регион на Блискиот Исток, а по нападот на Иран врз индустрискиот комплекс Рас Лафан во Катар, еден од најважните гасни центри во светот, цената на гасот се вивна уште повисоко, за 25%. Израел пак го нападна ...