Кризата на Блискиот Исток, која настана по нападот на Иран од страна на Израел и САД, освен што донесе раст на цените на нафтата, златото и гасот, ќе влијае и на цените на авионските билети. Причината е растот на цената на авионското гориво. Тоа пред кризата се продаваше по цена од 85 до 90 долари за барел, а денови по цена од 150 до 200 долари за барел. Воениот конфликт го наруши и глобалниот авионски сообраќај, што придонесе да карти за ...

32 земји-членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) ја поддржаа иницијативата за ослободување на 400 милиони барели нафта од итните резерви, за да се надомести губењето на снабдувањето предизвикано од затворање на Ормускиот теснец. Итните резерви ќе се пласираат на пазарот постепено, во временска рамка што ќе зависи од националните околности и потребите на секоја држава. Иако не станува збор за долгорочно решение, сепак се очекува ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 9 нови акции на компанијата. Сега поседува вкупно 16.570 или 6,39% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сава пензиски фонд и Владимир Пецовски купија нови акции на Реплек, Настел продаде Настел продолжува да продава акции на Реплек, Владимир Пецовски купи нови Генералниот директор на Реплек, Пецовски, купи акции на ...

Од Универзална Инвестициона Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов се именувани за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Банката. Тие ќе имаат мандат од четири години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од Народната банка. Кои се Бебов и Валентинов Дичев Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, а основните правни студии ги завршил на ...

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат по драстичниот раст предизвикан од кризата на Блискиот Исток. Цената првично почна да паѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран е “практично завршена“, а дополнително падна поради извештаите на Меѓународната агенција за енергетика кои предлагаат најголемо ослободување на резерви на нафта во нејзината историја, поради потенцијални прекини во ...

Од 17. март се воведува нова авио линија од Охрид до Братислава, Словачка. Информацијата ја соопштија од Амбасадата на Словачка во земјава. Од таму меѓу друго посочуваат дека оваа директната авио-линија ќе отвори нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата, а на посетителите од Словачка да ги откријат ...

Македонија ја зацврсти својата позиција на светската технолошка мапа. Тројца истакнати Microsoft сертифицирани тренери (MCT) од тимот на Семос Едукација, се закитија со титулата „Top 100 Quality Award winners“, признание кое Microsoft го доделува на само 100-те најдобри едукатори во светски рамки. Елена Димовска, Дејан Вакански и Дејан Кумпаниоски се имињата кои стојат зад овој историски успех. Покрај тоа што овие признанија се нивен личен ...

Шведско-македонската Стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, најавува настана тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“, со цел зајакнување на економската соработка помеѓу Македонија и нордиските пазари. „На настанот ќе се дискутира што е тоа што го бараат нордиските компании кога влегуваат на нови пазари и како локалните македонски бизниси и производители можат да се позиционираат ...

„Јавното претпријатие Колекторски систем-Скопје во 2024 година фактурирало само 33% од испуштената пречистена вода, а со акумулирани обврски повеќе од 8 милиони евра и блокирана сметка од неговото основање, претпријатието се соочува со сериозни финансиски предизвици, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето,“ се вели во извештајот на Државен завод за ревизија. „Инфраструктурните објекти (цевковод, пумпни станици и ...

Синоќа од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, до Меѓународниот аеродром Скопје беше евакуирана втора група на македонски државјани. Станува збор за 150 патници, од кои најголемиот дел биле македонски државјани, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Трошоците за овој и за останатите летови се целосно покриени од државата. Фото: МНР Синоќа од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, до Меѓународниот аеродром ...

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поведе постапки против 234 советници во општините, кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во предвидениот рок, што претставува прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во оваа бројка не се вклучени советниците од Општина Куманово, за кои претходно било утврдено непочитување на обврската и за кои ...

Уставниот суд пресече дека системот „Сејф сити“ останува во функција, и ги oтфрли сите иницијативи со кои уставно и законски се оспоруваше новиот систем. За подносителите на иницијативите беше спорно тоа што во службената комуникација на МВР со граѓаните не се користи и албанскиот јазик како службен јазик во државата, тоа што системот се спроведува само во Скопје, Тетово и во Куманово како и тоа што со овој проект се наметнува законска ...

На 3. март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски. Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска ...

На 2. март (понеделник), во „Јуроп хаус“ во Скопје, од 19 часот, ќе се одржи промоција на новиот роман од Лидија Димковска, „Тринаесеттиот“. Овој е прв роман за деца и млади од авторката која важи за една од најпреведуваните домашни писателки и е добитничка на многубројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои се и наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор ...

Судот ги отфрли обвинувањата дека Binance им помагал на терористи, учествувал во нивни активности или бил дел од заговор со нив. Ова претставува јасно и целосно правно отфрлање на сите поднесени барања. Binance, најголемата светска крипто-берза според бројот на регистрирани корисници, денес соопшти дека американскиот федерален суд во Јужниот округ на Њујорк ги отфрлил сите тужбени барања поднесени против компанијата согласно Законот за борба ...

Иранска балистичка ракета вчера повторно влезе во турскиот воздушен простор. Таа беше неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО во источниот Медитеран. Делови од истата паднале на ненаселено земјиште во Газиантеп, во југо-централна Турција, која е земја членка на НАТО. Нема загинати или повредени. По инцидентот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди Иран да се воздржи од понатамошни „провокативни ...

По драстичниот раст на цената на нафтата, српската Влада вчера, до 19. март, привремено го ограничи извозот на нафта и нафтени деривати. Како што информираа од таму целта на одлуката е да се обезбеди стабилно снабдување со гориво и да се спречат можни ценовни шокови на домашниот пазар. Земјата привремено го забрани извозот на дизел, бензин и сурова нафта по сите транспортни правци. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Цената на нафтата драстично падна додека во ...

На 4. март кога веќе беше јасно дека цената на нафтата ќе почне да расте, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го измени Правилникот за утврдување на цените на горивата. Таа ја укина одлуката донесена во време на енергетската криза во 2022 година со која цените се менуваа секогаш кога промената требаше да биде поголема од два денари за литар, со што се оставаше можност цените да се ...

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација. Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со ...

На денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на шест лиценци за одгледување на канабис. „Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски ...

Во најновата анализа на Finance Think, за тоа, колку глобалниот нафтен шок ќе се пренесе во домашната економија, од Институтот за економски истражувања и политики велат дека иако глобалните нафтени шокови се пренесуваат во домашната економија, нивниот ефект врз општото ценовно ниво е релативно умерен. „Краткорочно, дури и значајно зголемување на цената на нафтата има ограничен ефект врз инфлацијата, додека долгорочниот ефект се материјализира ...

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во контролите на над 300 бензински станици, не откриле криење на залихите на гориво, рече денеска директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски. Тој појасни дека во триесетина бензиски станици престанале со точење гориво откако ги истрошиле залихите. „По час-два можеби и четири часа, по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три четири дена,“ ...

Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) вчера го објави новиот истражувачки документарен филм „Редакција: Цената на правдата“, кој открива сериозни неправилности во работењето на Вишото јавно обвинителство Скопје и начини на кои високо профилирани судски предмети можат да завршат без судска разрешница. „Истражувањето се темели на Извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, сведоштва од вработени во институцијата ...

На денешната редовна седница Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител, откако претходно го разгледала мислењето на Советот на јавни обвинители за постапката. Одлуката била донесена по сеопфатна дискусија, водејќи се од принципите на професионалност, интегритет, стручност и посветеност на владеењето на правото. „Ненад Савески во моментов е судија во Основниот кривичен суд ...

Во моментов не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со поскапувањето на нафтените деривати. Тој оцени дека и по најното поскапување на бензинот и на дизелот, Македонија има убедливо најниска цена на нафтата и во моментот нема опасност од недостиг. „Очекуваме притисок и периодот кој што следи, но имаме доволно количини. Разговараме со ...

Од 27 до 29. март 2026 година, 32. издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. Домаќин на оваа пролетна енергија е „Дајмонд мол“, современ урбан простор што ја рефлектира токму таа трансформација: отворен, флексибилен, европски. Со поддршка на УНИБанка како генерален партнер, ова издание ја нагласува модата како економска и културна сила, индустрија што создава ...

Организаторите на Осмомартовскиот марш „Нема да не снема“, оценија дека вчерашниот протест бил најмасовен до сега. „Ви благодариме од срце на сите кои вчера марширавте низ Скопје. Благодарение на вас 8 март 2026 ќе остане запомнет како најмасовниот женски протест во исторјата на земјата. Не застануваме, не забораваме, борбата продолжува секој ден,“ велат организаторите. На протестот беше порачано дека гневот нема да помине се додека жената не ...

Цената на нафтата достигна 118 долари за барел, за прв пат после податоци за тргувањето од 2022 г. Аналитичарите очекуваат дека таа би можела да скокне на 150 долари за барел, доколку не се обнови патувањето низ Ормуски Теснец. Производоството на нафта е намалено во Ирак, на Кувајт а можно е намалување на производството и во ОАЕ поради пополнување на складишните капацитети. Фото/Unsplash Цената на нафтата достигна 118 долари за барел, за прв ...

На дел од бензинските пумпи во Словенија снемало гориво, пишуваат словенечките медиуми. Дел од нив пишуваат дека читатели им се јавувале од различни делови на Словенија, жалејќи се дека на некои од филијалите не можеле да наполнат гориво. Според словенечките нафтени компании побарувачката ја надминало понудата, а поради војната на Блиски Исток, цената е драстично зголемена. „Движењето на малопродажните цени на горивата во Словенија е поврзано ...

Градежната компанија Стентон Градба е изведувач на проектот за изградба на нов универзитетски објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, чиј камен темелник беше поставен во петокот, 7 март. Станува збор за капитален зафат од областа на високото образование и градежништвото, кој претставува значајна инвестиција во современа образовна инфраструктура. Според предвидената проектна документација, вкупната површина ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
91%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66