Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
На 17.03.2026 во 03:50 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О. (37) од Скопје. Станува збор за возило кое е во сопственост на сопругата на на градоначалникот на Оштина Шуто Оризари, Курто Дудуш, Фатима Османовска. Според пријавеното, тие на безбедносните камери забележале едно маскирано ...
Денеска за најавата за исклучување од неговата партија, опозициската СДСМ, реагираше Петре Шилегов, поранешниот градоначалник на Град Скопје и пратеник на партијата во два мандати. Тој меѓу друго за обвинувањата од раководството на партијата дека бил „уценуван“ и „одработувал“ за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа го право актуелното раководство на СДСМ, за да не било предмет на евентуални кривични истраги. Посочи и дека СДСМ била целосно ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше и раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Маја Тимовска, како сведок на Основното јавно обвинителство. Таа меѓу друго објаснуваше кои документи се обврска за секој субјект што врши изградба, доградба, пренамена и реконструкција на објект (каков што е случајот со „Пулс), кои треба да ги испрати до ДЗС. Според нејзе, ...
Денеска пред една година во раните утрински часови во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани се случи една од најголемите трагедии во земјава. Како резултат на пожарот кој избувна во објектот загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, од кои дел се уште се лекуваат, претежно млади. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сложени хируршки интервенции ги чекаат дел од повредените во “Пулс„ Трагедијата ја шокираше Македонија и светот, но и покажа колку сериозно не функционира ...
Русија и Кина му помагаат на Иран, по нападот на земјата од страна на САД и Израел, на повеќе начини, вклучително и воено, откри иранскиот министер надворешни работи Абас Арагчи во интервју за телевизијата „МС Нау“. Тој меѓу друго кажа дека Русија и Кина се стратешки партнери на Иран во оваа војна, и дека поранешната соработка, продолжува и денеска. Во светските медиуми веќе беа објавени бројни информации дека Русија му помага на различни ...
Велика Британија, Германија, Грција и Италија не сакаат да одговорат на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп, за воено да помогнат за деблокада на Ормуски теснец, за да може да се одвива транспорт на нафтата. Иако европските држави се погодени од нафтената криза, сепак не сакаат да влегуваат во војна со Иран, порачувајќи му на Трамп, дека тоа не е нивна војна. Јапонија и Австралија исто така го одбија американскиот претседател во ...
Денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) треба да ја соопшти новата цена на горивата, која зависи од цената на нафтата на светските берзи, но и од курсот на доларот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот Изминативе денови откако претходната ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 6,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 86,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 88,50 денари за литар, а дизелот за 92 ...
„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакнал гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието, информираат од Народна банка. Според ...
На огласот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), откако Марко Бислимоски поднесе оставка по кривичната пријава од Управата за финансиска полиција, се јавиле двајца кандидати. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција Како што објави државната агенција МИА, се пријавиле Ацо Ристов, кој е поранешен ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска наместо намалување како што се најавуваше соопшти ново покачување на цените на бензините, дизелот и другите горива. Бензините се покачија за дополнителни 7 денари, а дизелот за 6,50 денари за литар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бензините поскапуваат за 7, а дизелот за 6,5 денари Соопштувајќи ги новите цени РКЕ им укажа на нафтените компании да ги ...
И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до Макпетрол АД Скопје од страна на Окта АД Скопје до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании, информираат од компанијата. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст, велат од Макпетрол. ...
Денеска во Кочани се обележува годишината од трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“, каде по пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во Кочани да одаде почит беше премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пратениции… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 63 бели празни столчиња: Кочани им одава почит на загинатите во пожарот во „Пулс“ Времето нема да ги ...
Извршниот одбор на опозициската СДСМ синоќа на седница донел одлука да се иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од партијата, информираа од таму. Оваа следи откако Шилегов јавно ги критикуваше органите на партијата, а од таму пак го обвинија дека бил “уценуван“ и “обработувал“ за владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Шилегов засега не реагираше на одлуката. Како што е познато тој е адвокат, а на пошироката јавност и е познат како поранешен ...
Војната во Иран, која се прошири и во регионот на Блискиот Исток, ќе трае уште најмалку три недели, соопштија од Израелските одбранбени сили (ИДФ). Од таму посочија дека Израел заедно со САД планира да гаѓа уште „илјадници“ цели во Иран, но и во Либан, за да се потисне паравоената проиранска партија Хезболах. Од таму најавуваат и воена акција и на други фронтови. Двете земји за неделава, третата недела од стартот на војната, најавија ...
Хрватската авио компанија „Кроација ерлајнс“ ја укина сензонската линија помеѓу Скопје и Сплит, објави специјализираниот сајт exyuaviation.com. На оваа авио линија се леташе двапати неделно во периодот од 8 мај до 9. октомври. Првпат летови помеѓу Скопје и Сплит беа воведени во 2006 година, кои исто така беа прекинати, а потоа беа вратени во 2015 година. Последен пат оваа линија беше вратена во 2023 година. Линијата Скопје-Загреб на истата ...
Кризата на Блискиот Исток предизвикана од нападот на САД и Израел на Иран предизвика и пад на пазарот на недвижности и нанесува сериозен удар и на туризмот и целата економија на регионот. Како што пренесуваат светските агенции индексот на недвижности (DFMREI) во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, паднал за околу 30% од 28. февруари, кога започнаа нападите. Во ОАЕ кризата донесе последици и во банкарскиот сектор. Американската банка Citibank ...
Како што стојат моментално работите, годинава, поради кризата на Блискиот Исток, Шпанија, Италија, Хрвтска, Малта, Португалија, но и Карибите, Доминиканската Република, Јамајка…, ќе бидат изборот на туристите за летување. Како што пишува Гардијан, туристите поради кризата ги менуваат традционалните дестинации како Кипар или Турција, кои се блиску до кризниот регион. Најголеми загуби од туризмот пак ќе имаат земјите околу Персискиот Залив, кои ...
САД троши по над милјарда долари на ден во војната со Иран. Според податоци на американското Министерство за одбрана, само во првите шест дена од војната, САД потрошил повеќе од 11,3 милијарди долари, пренесоа тамошните медиуми, кои коментираат дека истите се повисоки, бидејќи во оваа бројка не се пресметани сите трошоци. Само трошоците за замена на потрошената муниција се веќе над 10 милијарди долари. Војната заклучно со денеска влегува во ...
Додека светот се прашува кога ќе заврши војната на Блискиот Исток, САД, за следната недела заедно со Израел, најави уште посилни напади на Иран. Војната веќе влезе во третата недела, а најавата за новите посилни напади ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News Radio. На прашањето пак кога ќе заврши војната одговори дека ќе завршела кога „ќе го почувствувам тоа во коските“. Трамп изминатиов период даваше драстично различни ...
САД го нападна иранскиот остров Харг, кој беше поштеден од нападите на Иран во последните две недели. Станува збор за една од клучните области во Иран, во Персискиот Залив, кој се наоѓа на околу 43 километри од иранскиот брег. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата Низ него, бидејќи е во длабоко море, минуваат околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран и затоа се ...
За првпат од почетокот на војната во Иран, САД го нападна островот Харг, економски најклучната област во земјата. САД соопшти дека нивните воени сили погодиле над 90 воени цели на островот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) САД го нападна иранскиот остров Харг, нова причина за раст на цената на нафтата Зошто е важен за Иран? Станува збор за корален остров кој е долг осум километри и се наоѓа во северниот дел на Персискиот Залив. Од копно е оддалечен ...
Најмалку 15,1 милијарди долари приходи од извоз на нафта изгубија земјите од Персискиот Залив поради конфликтот на Блискиот Исток, анализира Financial Times, повикувајќи се на податоци на агенциите за анализа на стоки. Како што е познато овие земји се исто така цел на напади на Иран, кој таму гаѓа американски бази, но и цивилни и економски цели. Најмногу изгубила Саудиска Арабија, која е најголемиот извозник од тој регион, најмалку 4,5 ...
Почнувајќи од вчера, Окта АД Скопје, најголемиот снабдувач со нафтени деривати во Македонија, им понуди на трговците со горива, попуст од 2 денари по литар за дизелот и бензините. Одлуката на компанијата следи по присоците на пазарот во земјава, кои се резултат на кризата на Блискиот Исток, по нападот на Иран од страна на САД и Израел, кој придонесе за драстичен раст на цената на нафтата, која деновиве се движеше од над 80 до околу 120 долари ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека војната во Иран била „речиси готова“, оти немало веќе што да се напаѓа таму, ама САД не сакале да се повлечат предвреме. -Мора да го завршиме она што го започнавме. Не сакаме да се враќаме на секои две години, изјави тој. Додека Трамп деновиве дава слични изјави, војната на Блискиот Исток се разгорува. Сите страни во конфликот секојдневно се напаѓаат, а Иран продолжува да гаѓа цели поврзани со ...
Додека бројни земји низ светот, меѓу кои и Македонија, веќе ги чувствуваат последиците од војната на Блискиот Исток, иако не се инволвирани во истата, американскиот претседател Доналд Трамп се пофали оти неговата земја заработувала многу пари од растот на цената на нафтата. Според него растот на цената на нафтата, која периодов прави “падни-стани“ и се движеше од над 80 до околу 120 долари за барел, ќе бил корисен за Американците. -САД се ...
Од кризата на Блискиот Исток, добивка освен САД, ќе има и Русија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Трамп се пофали дека САД заработувале многу пари од растот на цената на нафтата Американската Влада дозволи купување руска нафта на море, а образложението за ваквата одлука е да се амортизирал растот на цената на нафтата. Одлуката стапи на сила вчера и се однесува само за продажба на руска сурова нафта и нафтени деривати кои веќе се натоварени на бродови и се ...
Вчера, на 12. март во Љубљана беа прогласени деветте добитници на 12. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA). Главен говорник на церемонијата беше Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија. Дванаесетта година по ред, овој конкурс им оддава признание на извонредните истражувачки достигнувања на лекари и фармацевти од единаесет земји од Централна и Источна Европа. Оваа година меѓу финалистите беше трудот на ...
Сирените за тревога од воздушен напад утрово се огласиле во воздухопловната база „Инџирлик“ на НАТО во Турција. Жителите на градот Адана, кој се ноѓа во близина на базата, биле разбудени од сирени, а во базата се огласил црвен аларм. Според одредени снимки, наводно се гледа светол објект како лета на небото, кон воздухопловната база. Одбраната на НАТО неодамна собори балистичка ракета над небото во Турција, за која Иран тврдеше дека не е ...
НАТО синоќа по третпат пресретна балистичка ракета испукана од Иран кон Турција, откако почна нападот на САД и Израел на Иран. Информацијата ја потврдија од НАТО и турското Министерство за одбрана. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сирени за тревога од воздушен напад во воздушната база на НАТО во Турција Ракетата влегла во турскиот воздушен простор, која е членка на Алијансата, а била неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО, ...